шинзо абе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shinzo-abe/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Jul 2022 11:27:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шинзо абе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shinzo-abe/ 32 32 Погребан поранешниот јапонски премиер Абе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pogreban-poraneshniot-japonski-premier-abe/ Tue, 12 Jul 2022 11:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=527495

апонците денеска се простија од поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше погребан во будистички храм во Токио. Стотици луѓе се собраа околу храмот во центарот на Токио за да се простат од Абе.

Додека поминуваше погребната поворка насобраните граѓани облечени во црно и со цвеќе во раце извикуваа „Абе-Сан“.

Знамињата во Токио се спуштени на половина копје.

На погребот во храмот присуствуваа вдовицата на убиениот поранешен премиер Аки Абе, членови на блиското семејство, премиерот Фумио Кишида и високи претставници на Либерално-демократската партија на Абе.

На 8 јули, 67-годишниот Абе беше застрелан за време на предизборен митинг, а почина во болница. Властите ја продолжуваат истрагата за 41-годишниот осомничен, Тецуја Јамагами, кој беше уапсен на лице место во западниот јапонски град Нара.

The post Погребан поранешниот јапонски премиер Абе appeared first on Република.

]]>

апонците денеска се простија од поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше погребан во будистички храм во Токио. Стотици луѓе се собраа околу храмот во центарот на Токио за да се простат од Абе. Додека поминуваше погребната поворка насобраните граѓани облечени во црно и со цвеќе во раце извикуваа „Абе-Сан“. Знамињата во Токио се спуштени на половина копје. На погребот во храмот присуствуваа вдовицата на убиениот поранешен премиер Аки Абе, членови на блиското семејство, премиерот Фумио Кишида и високи претставници на Либерално-демократската партија на Абе. На 8 јули, 67-годишниот Абе беше застрелан за време на предизборен митинг, а почина во болница. Властите ја продолжуваат истрагата за 41-годишниот осомничен, Тецуја Јамагами, кој беше уапсен на лице место во западниот јапонски град Нара.

The post Погребан поранешниот јапонски премиер Абе appeared first on Република.

]]>
Јапонците се простуваат од Абе, утре ќе биде неговиот погреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japoncite-se-prostuvaat-od-abe-utre-kje-bide-negoviot-pogreb/ Mon, 11 Jul 2022 16:21:57 +0000 https://republika.mk/?p=527107

Голем број луѓе пристигнуваат во храмот во Токио за да му оддадат почит на некогашниот јапонски премиер Шинзо Абе, чие убиство ја засени изборната победа на неговата владејачка партија.

Премиерот Фумио Кишида, кој има шанса да ја зацврсти сопствената моќ по успехот на изборите, како и американската министерка за финансии, Џенет Јелен, беа меѓу стотината присутни на оддавање почит на Абе, три дена по неговото убиство за време на предизборен собир.

https://republika.mk/vesti/svet/objavena-snimka-od-pukanjeto-vrz-poraneshniot-japonski-premier-napagjachot-mu-prishol-odzadi/

Најдолговечниот јапонски премиер, кој поднесе оставка во 2020 година, ќе биде погребан утре.

Присутно е длабоко чувство на тага поради неговата загуба. Премиерот Абе беше визионерски водач и ја зајакна Јапонија. И знам дека неговото наследство ќе живее и ќе резултира со просперитетна Јапонија - изјави Јелен.

Властите ја продолжуваат истрагата за 41-годишниот осомничен, Тецуја Јамагами, кој беше уапсен на лице место во западниот јапонски град Нара.

Според јапонски медиуми, во полиција осомничениот изјавил дека со месеци го планирал нападот, обвинувајќи го поранешниот премиер за врски со верска организација, што ја обвинува за финансиската пропаст на својата мајка.

The post Јапонците се простуваат од Абе, утре ќе биде неговиот погреб appeared first on Република.

]]>

Голем број луѓе пристигнуваат во храмот во Токио за да му оддадат почит на некогашниот јапонски премиер Шинзо Абе, чие убиство ја засени изборната победа на неговата владејачка партија. Премиерот Фумио Кишида, кој има шанса да ја зацврсти сопствената моќ по успехот на изборите, како и американската министерка за финансии, Џенет Јелен, беа меѓу стотината присутни на оддавање почит на Абе, три дена по неговото убиство за време на предизборен собир. https://republika.mk/vesti/svet/objavena-snimka-od-pukanjeto-vrz-poraneshniot-japonski-premier-napagjachot-mu-prishol-odzadi/ Најдолговечниот јапонски премиер, кој поднесе оставка во 2020 година, ќе биде погребан утре.
Присутно е длабоко чувство на тага поради неговата загуба. Премиерот Абе беше визионерски водач и ја зајакна Јапонија. И знам дека неговото наследство ќе живее и ќе резултира со просперитетна Јапонија - изјави Јелен.
Властите ја продолжуваат истрагата за 41-годишниот осомничен, Тецуја Јамагами, кој беше уапсен на лице место во западниот јапонски град Нара. Според јапонски медиуми, во полиција осомничениот изјавил дека со месеци го планирал нападот, обвинувајќи го поранешниот премиер за врски со верска организација, што ја обвинува за финансиската пропаст на својата мајка.

The post Јапонците се простуваат од Абе, утре ќе биде неговиот погреб appeared first on Република.

]]>
Почина поранешниот јапонски премиер Абе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-poraneshniot-japonski-premier-abe/ Fri, 08 Jul 2022 09:41:35 +0000 https://republika.mk/?p=525775

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе, им поодлегна на повредите откако беше застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара.

Поранешен припадник на јапонската морнарица Тацуја Јамагами двапати пукаше во Абе. Јамагами веднаш е приведен.

https://republika.mk/vesti/svet/objavena-snimka-od-pukanjeto-vrz-poraneshniot-japonski-premier-napagjachot-mu-prishol-odzadi/

Абе не покажувал знаци на живот кога бил префрлен во болница.

The post Почина поранешниот јапонски премиер Абе appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе, им поодлегна на повредите откако беше застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара. Поранешен припадник на јапонската морнарица Тацуја Јамагами двапати пукаше во Абе. Јамагами веднаш е приведен. https://republika.mk/vesti/svet/objavena-snimka-od-pukanjeto-vrz-poraneshniot-japonski-premier-napagjachot-mu-prishol-odzadi/ Абе не покажувал знаци на живот кога бил префрлен во болница.

The post Почина поранешниот јапонски премиер Абе appeared first on Република.

]]>
Објавена снимка од пукањето врз поранешниот јапонски премиер, напаѓачот му пришол одзади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/objavena-snimka-od-pukanjeto-vrz-poraneshniot-japonski-premier-napagjachot-mu-prishol-odzadi/ Fri, 08 Jul 2022 08:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=525803

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога бил застрелан поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе.

Претходно беше објавено дека Абе бил застрелан на предизборен митинг во градот Нара.

https://twitter.com/aarjunx/status/1545257269104762880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1545257269104762880%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fvijesti%2Fsvijet%2Fobjavljen-video-atentata-na-bivseg-japanskog-premijera-napadac-mu-prisao-iza-ledja%2F220708004

Абе е префрлен во болница, а јапонските медиуми објавија дека е во сериозна состојба и се бори за живот.

The post Објавена снимка од пукањето врз поранешниот јапонски премиер, напаѓачот му пришол одзади appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога бил застрелан поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе. Претходно беше објавено дека Абе бил застрелан на предизборен митинг во градот Нара. https://twitter.com/aarjunx/status/1545257269104762880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1545257269104762880%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fvijesti%2Fsvijet%2Fobjavljen-video-atentata-na-bivseg-japanskog-premijera-napadac-mu-prisao-iza-ledja%2F220708004 Абе е префрлен во болница, а јапонските медиуми објавија дека е во сериозна состојба и се бори за живот.

The post Објавена снимка од пукањето врз поранешниот јапонски премиер, напаѓачот му пришол одзади appeared first on Република.

]]>
Поранешниот јапонски премиер Абе застрелан на митинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-japonski-premier-abe-zastrelan-na-miting/ Fri, 08 Jul 2022 06:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=525720

Pоранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е застрелан за време на митинг во градот Нар.

Абе бил застрелан двапати додека држел говор, поради што паднал на земја. Неговиот напаѓач е уапсен.

Поранешниот гувернер на Токио Јоичи Масузое во твит објави дека 67-годишниот Абе бил во состојба на кардиопулмонален застој.

Терминот често се користи пред официјално да се потврди смртта во Јапонија.

Агенцијата за управување со пожари и катастрофи потврди дека г-дин Абе имал рана од куршум на десната страна на вратот, а исто така претрпел поткожно крварење под левиот дел од градниот кош.

Не е јасно дали и двата истрели го погодиле или дали куршум го погодил по вратот и отишол на друго место.

„Поранешниот премиер Абе беше застрелан околу 11:30 часот по локално време (02:30 по Гринич) во Нара. Еден човек, за кој се верува дека е напаѓачот, е приведен. Состојбата на поранешниот премиер Абе во моментов е непозната. изјави за новинарите главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно.

„Која и да е причината, таков варварски чин никогаш не може да се толерира и ние остро го осудуваме.

Абе држеше говор за еден кандидат во Нара кога се случи нападот - очевидци сведочат дека виделе маж кој носел голем пиштол и пука од зад грб.

Веднаш паднал на земја раскрвавен. Службениците за безбедност го привеле напаѓачот кој не се обидел да побегне.

Абе бил „свесен и реагирал“ додека бил транспортиран во болница по пукањето

NHK додаде дека осомничениот - кој е идентификуван како Тецуја Јамагами - користел рачно изработен пиштол. Се верува дека има околу 40-те години и дека е жител на Нара.

Според извештаите на локалните медиуми, се верува дека тој е поранешен член на јапонските поморски сили за самоодбрана, односно јапонската морнарица.

Абе беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.

The post Поранешниот јапонски премиер Абе застрелан на митинг appeared first on Република.

]]>

Pоранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е застрелан за време на митинг во градот Нар. Абе бил застрелан двапати додека држел говор, поради што паднал на земја. Неговиот напаѓач е уапсен. Поранешниот гувернер на Токио Јоичи Масузое во твит објави дека 67-годишниот Абе бил во состојба на кардиопулмонален застој. Терминот често се користи пред официјално да се потврди смртта во Јапонија. Агенцијата за управување со пожари и катастрофи потврди дека г-дин Абе имал рана од куршум на десната страна на вратот, а исто така претрпел поткожно крварење под левиот дел од градниот кош. Не е јасно дали и двата истрели го погодиле или дали куршум го погодил по вратот и отишол на друго место. „Поранешниот премиер Абе беше застрелан околу 11:30 часот по локално време (02:30 по Гринич) во Нара. Еден човек, за кој се верува дека е напаѓачот, е приведен. Состојбата на поранешниот премиер Абе во моментов е непозната. изјави за новинарите главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно. „Која и да е причината, таков варварски чин никогаш не може да се толерира и ние остро го осудуваме. Абе држеше говор за еден кандидат во Нара кога се случи нападот - очевидци сведочат дека виделе маж кој носел голем пиштол и пука од зад грб. Веднаш паднал на земја раскрвавен. Службениците за безбедност го привеле напаѓачот кој не се обидел да побегне. Абе бил „свесен и реагирал“ додека бил транспортиран во болница по пукањето NHK додаде дека осомничениот - кој е идентификуван како Тецуја Јамагами - користел рачно изработен пиштол. Се верува дека има околу 40-те години и дека е жител на Нара. Според извештаите на локалните медиуми, се верува дека тој е поранешен член на јапонските поморски сили за самоодбрана, односно јапонската морнарица. Абе беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.

The post Поранешниот јапонски премиер Абе застрелан на митинг appeared first on Република.

]]>