шинѕо абе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shindzo-abe/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Jul 2022 14:04:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шинѕо абе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shindzo-abe/ 32 32 Jaпонскиот премиер бил убиен со рачно изработен пиштол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonskiot-premier-bil-ubien-so-rachno-izraboten-pishtol/ Fri, 08 Jul 2022 14:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=526009

Осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе, 41-годишниот Тецуја Јамагами признал дека пукал со рачно изработен пиштол, соопшти јапонската полиција на прес-конференција.

Јамагами изјавил дека имал огорченост кон „конкретна организација“, а верувал оти Абе е дел од неа. Тој бил невработен и со воз стигнал до Нара, градот каде беше застрелан Абе додека држеше говор.

Во неговиот дом пронајдено е и друго рачно изработено оружје, но и голем број експлозиви. Како резултат на тоа, евакуирани се луѓето што живеат во близина.

Се истражува дали Јамагами дејствувал сам.

За случајот е формирана работна група од 90 лица.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека нема да отстапи пред насилството и ќе ја продолжи изборната кампања, со цел да обезбеди „слободни и фер избори“ за Долниот дом на Парламентот оваа недела, објави Кјодо

The post Jaпонскиот премиер бил убиен со рачно изработен пиштол appeared first on Република.

]]>

Осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе, 41-годишниот Тецуја Јамагами признал дека пукал со рачно изработен пиштол, соопшти јапонската полиција на прес-конференција. Јамагами изјавил дека имал огорченост кон „конкретна организација“, а верувал оти Абе е дел од неа. Тој бил невработен и со воз стигнал до Нара, градот каде беше застрелан Абе додека држеше говор. Во неговиот дом пронајдено е и друго рачно изработено оружје, но и голем број експлозиви. Како резултат на тоа, евакуирани се луѓето што живеат во близина. Се истражува дали Јамагами дејствувал сам. За случајот е формирана работна група од 90 лица. Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека нема да отстапи пред насилството и ќе ја продолжи изборната кампања, со цел да обезбеди „слободни и фер избори“ за Долниот дом на Парламентот оваа недела, објави Кјодо

The post Jaпонскиот премиер бил убиен со рачно изработен пиштол appeared first on Република.

]]>
Поранешен војник пукаше во јапонскиот експремиер Шинѕо Абе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshen-vojnik-pukashe-vo-japonskiot-ekspremier-shindzo-abe/ Fri, 08 Jul 2022 07:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=525735

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара.

Напаѓачот е 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој е уапсен по инцидентот. Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол.

Фуџи ТВ објави дека Јамагами бил поранешен припадник на јапонската морнарица.

Врз Абе беа истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.

Абе е јапонски премиер со најдолг стаж. Тој беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми. Абе беше наследен од неговиот партиски сојузник Јошиде Суга, а подоцна од Фумио Кишида.

The post Поранешен војник пукаше во јапонскиот експремиер Шинѕо Абе appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара. Напаѓачот е 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој е уапсен по инцидентот. Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол. Фуџи ТВ објави дека Јамагами бил поранешен припадник на јапонската морнарица. Врз Абе беа истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот. Абе е јапонски премиер со најдолг стаж. Тој беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми. Абе беше наследен од неговиот партиски сојузник Јошиде Суга, а подоцна од Фумио Кишида.

The post Поранешен војник пукаше во јапонскиот експремиер Шинѕо Абе appeared first on Република.

]]>