шимпанзо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shimpanzo/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jan 2024 09:06:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шимпанзо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shimpanzo/ 32 32 Шимпанзото на Мајкл Џексон живее повлечено и во депресија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/shimpanzoto-na-majkl-dhekson-zhivee-povlecheno-i-vo-depresija/ Wed, 31 Jan 2024 09:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=738858

Шимпанзото Баблс некогаш беше познато милениче кое ги освои срцата низ светот патувајќи со кралот на попот Мајкл Џексон на турнеја. Денеска тоа е речиси непрепознатливо. Со 41 година и тежок 84 килограми живее повлечено и во депресија

Од 2005 година, Баблс живее во Центарот за големи мајмуни во Флорида, каде што значително се промени. Иако се навикна на камерите во текот на животот со познатата пејачка, денес не може да ги поднесе. Во неговите очи се гледа тага, а новинарите ретко го посетуваат. Баблс денес води сосема поинаков живот во споредба со времето со Џексон.

Додека беше со Мајкл Баблс живееше бајковит живот. Тој спиеше во креветче во собата на Мајкл, ја користеше истата бања, вечераше на масата на Џексон и јадеше пуканки во приватното кино на пејачот. Меѓутоа, денес неговиот живот е сосема поинаков.

The post Шимпанзото на Мајкл Џексон живее повлечено и во депресија appeared first on Република.

]]>

Шимпанзото Баблс некогаш беше познато милениче кое ги освои срцата низ светот патувајќи со кралот на попот Мајкл Џексон на турнеја. Денеска тоа е речиси непрепознатливо. Со 41 година и тежок 84 килограми живее повлечено и во депресија Од 2005 година, Баблс живее во Центарот за големи мајмуни во Флорида, каде што значително се промени. Иако се навикна на камерите во текот на животот со познатата пејачка, денес не може да ги поднесе. Во неговите очи се гледа тага, а новинарите ретко го посетуваат. Баблс денес води сосема поинаков живот во споредба со времето со Џексон. Додека беше со Мајкл Баблс живееше бајковит живот. Тој спиеше во креветче во собата на Мајкл, ја користеше истата бања, вечераше на масата на Џексон и јадеше пуканки во приватното кино на пејачот. Меѓутоа, денес неговиот живот е сосема поинаков.

The post Шимпанзото на Мајкл Џексон живее повлечено и во депресија appeared first on Република.

]]>
Реакции во Грција за усмртување на шимпанзо кое побегна од Зоолошката градина во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/reakcii-vo-grcija-za-usmrtuvanje-na-shimpanzo-koe-pobegna-od-zooloshkata-gradina-vo-atina/ Mon, 27 Jun 2022 10:06:43 +0000 https://republika.mk/?p=520197

Усмртувањето на 27- годишното шимпанзо откако побегна од Зоолошката градина што се наоѓа во предградие во близина на Атина, предизвика низа реакции во Грција, меѓу кои и мирен протест, како и барање од заменик-министерот за животна средина за целосно расчистување на случајот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во саботата наутро, кусо пред 10 часот вработените забележале дека „alpha male“ шимпанзото Базу побегнало по инцидент со другите шимпанза и успеало да излезе од самата зоолошка и да стигне до паркингот пред влезот.

Како што соопштија од „Атика зоолошката градина“ веднаш бил активиран безбедносниот протокол, била известена полицијата, евакуирани посетителите, а шимпанзото било одведено во изолиран простор каде што во присуство на ветеринар било оценето дека е неопходно усмртување.

Објаснија дека нивото на адреналин било на особено високо ниво и затоа не се земала предвид опцијата да му се дадат седативи, бидејќи кај животни во мирна состојба делуваат за пет до десет минути, а во конкретниот случај ќе биле потребни и до 20 минути.

Заменик-министерот за животна средина и енергија на Грција Јоргос Амирас преку писмо до Зоолошката градина и периферијата Атика бара целосно расчистување на случајот, како и проверка на условите под кои работи зоолошката. Армирас бара да биде информиран за потеклото на конкретните животни, за нивното меѓусебно влијание за соодветноста на просторите, за безбедност на посетителите во екстремни случаи на бегство, како и за безбедносниот протокол што предвидува убивање на животното.

Дополнително, надлежните служби од Министерството ќе испратат експертски тим во зоолошката за да се проверат сите законски документи за поседување на дивите животни.

Сопственикот на „Атика зоолошката градина“ Жан Жак Лесуер за грчките медиуми објасни дека нивен приоритет е заштита на вработените и посетителите и затоа била донесена одлуката шимпанзото да биде усмртено.

Додаде дека постојат меѓународни протоколи за справување со вакви ситуации и шимпанзата се први на листата на опасни животни во случај на бегство

-За нас во „Атика зоолошката градина“ тоа што се случи со Базу е трагично. Правиме истрага за да сфатме како животното избегало од делот со шимпанзата, бидејќи има три реда електрична ограда и ров со вода. Се проценува дека бил дивјачки нападнат од група од седум други шимпанза, објасни Лесуер.

Останува енигма како шимпанзото успеало не само да го напушти просторот, туку и да излезе од зоолошката и да стигне до паркингот, а самиот парк е на голема површина.

Ова не е првпат од атинската зоолошка да побегнат животни и да бидат убиени со оглед на тоа дека пред четири години, побегнаа два јагуари додека во зоолошката имаше посетители и тогаш, како и сега беше активиран безбедносниот протокол и животните беа убиени.

На крајот од јануари снежната бура што ја зафати Атина, предизвика материјална штета во Зоолошката градина и побегнаа 32 птици од загрозени видови.

The post Реакции во Грција за усмртување на шимпанзо кое побегна од Зоолошката градина во Атина appeared first on Република.

]]>

Усмртувањето на 27- годишното шимпанзо откако побегна од Зоолошката градина што се наоѓа во предградие во близина на Атина, предизвика низа реакции во Грција, меѓу кои и мирен протест, како и барање од заменик-министерот за животна средина за целосно расчистување на случајот, јави дописничката на МИА од Атина. Во саботата наутро, кусо пред 10 часот вработените забележале дека „alpha male“ шимпанзото Базу побегнало по инцидент со другите шимпанза и успеало да излезе од самата зоолошка и да стигне до паркингот пред влезот. Како што соопштија од „Атика зоолошката градина“ веднаш бил активиран безбедносниот протокол, била известена полицијата, евакуирани посетителите, а шимпанзото било одведено во изолиран простор каде што во присуство на ветеринар било оценето дека е неопходно усмртување. Објаснија дека нивото на адреналин било на особено високо ниво и затоа не се земала предвид опцијата да му се дадат седативи, бидејќи кај животни во мирна состојба делуваат за пет до десет минути, а во конкретниот случај ќе биле потребни и до 20 минути. Заменик-министерот за животна средина и енергија на Грција Јоргос Амирас преку писмо до Зоолошката градина и периферијата Атика бара целосно расчистување на случајот, како и проверка на условите под кои работи зоолошката. Армирас бара да биде информиран за потеклото на конкретните животни, за нивното меѓусебно влијание за соодветноста на просторите, за безбедност на посетителите во екстремни случаи на бегство, како и за безбедносниот протокол што предвидува убивање на животното. Дополнително, надлежните служби од Министерството ќе испратат експертски тим во зоолошката за да се проверат сите законски документи за поседување на дивите животни. Сопственикот на „Атика зоолошката градина“ Жан Жак Лесуер за грчките медиуми објасни дека нивен приоритет е заштита на вработените и посетителите и затоа била донесена одлуката шимпанзото да биде усмртено. Додаде дека постојат меѓународни протоколи за справување со вакви ситуации и шимпанзата се први на листата на опасни животни во случај на бегство
-За нас во „Атика зоолошката градина“ тоа што се случи со Базу е трагично. Правиме истрага за да сфатме како животното избегало од делот со шимпанзата, бидејќи има три реда електрична ограда и ров со вода. Се проценува дека бил дивјачки нападнат од група од седум други шимпанза, објасни Лесуер.
Останува енигма како шимпанзото успеало не само да го напушти просторот, туку и да излезе од зоолошката и да стигне до паркингот, а самиот парк е на голема површина. Ова не е првпат од атинската зоолошка да побегнат животни и да бидат убиени со оглед на тоа дека пред четири години, побегнаа два јагуари додека во зоолошката имаше посетители и тогаш, како и сега беше активиран безбедносниот протокол и животните беа убиени. На крајот од јануари снежната бура што ја зафати Атина, предизвика материјална штета во Зоолошката градина и побегнаа 32 птици од загрозени видови.

The post Реакции во Грција за усмртување на шимпанзо кое побегна од Зоолошката градина во Атина appeared first on Република.

]]>