Шибеник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shibenik/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 08:26:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шибеник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shibenik/ 32 32 Со Денови на македонската култура одбележан 8 Септември во Шибеник и во Зларин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-denovi-na-makedonskata-kultura-odbelezhan-8-septemvri-vo-shibenik-i-vo-zlarin/ Sun, 08 Sep 2024 08:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=814284

Промоции на книги, трибина, ликовна изложба, музички настапи беа дел од содржините што се реализираа од 4 до 7 септември 2024 година во Шибеник и Зларин во рамки на Деновите на македонската култура и Меѓународната средба на писатели, публицисти и новинари, со што беше одбележан Денот на независноста на Македонија – 8 септември.

Со синоќешната изложба „Звучни слики“ во Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ затворени се овогодинешните Денови на македонска култура во Шибеник (4 – 7 септември 2024 г.). Авторот Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет во Скопје го претстави Зденка Билушиќ, раководителка на Одделението за визуелна уметност во градската библиотека, која говореше за неговиот ликовен, книжевен и музички опус.

Мартиновски читаше и своја поезија, а присутните ги изненади и со настап на стар македонски инструмент кавал. Предходно, исто така, во градската библиотека беше промовиран романот „Заборав“ на реномираниот македонски книжевник, драмски писател и новинар, Томислав Османли. Ова е прва промоција на неговиот роман, а книгата ја претстави проф. д-р. Лидија Капушевска Дракулевска од Филолошкиот факултет во Скопје.

Инаку, промоциите на новиот македонскиот роман на Османли и на ликовно поетското претставување на Мартиновски, се одржаа во присуство на бројни членови на Хрватско македонска тангента, организатор на настаните, меѓу кои беа и третиот хрватски претседател, проф. д-р Иво Јосиповиќ и македонскиот амбасадор проф. д-р Милаим Фетаи. Фрагменти од романот во превод на хрватски јазик читаше поетот, новинар и водител Никола Урукало, кој беше и модератор на настаните.

Предходните три дена поминаа во светло на одбележување на два јубиулеја: 10 години од првата Меѓународна книжевна средба на Зларин „Од остров на копно, кон остров на море“ и пет години од Деновите на македонската култура во Шибеник.

Како и претходните години и овогодинешните настани на едно место собраа угледни учесници. Од Македонија допатуваа проф. д-р. Лидија Капушевска Дракулевска, Владимир Мартиновски и Томислав Османли, од Словенија учествуваше проф. д-р. Намита Субиото од Филозоскиот факултет во Љубљана, а од Хрватска беа присутни поети од Задар и Шибеник. На Зларин, исто така, за прв пат беше претставена и книгата „Градоначалникот на Хипнополис“ од универзитетските професори Лидија Капушевска Дракулевска и Владимир Мартиновски.

Годинашната средба на писатели, публицисти и новинари беше посветена на големите зларински имиња: поетесата Весна Парун и на новинарот и писател Младен Бјажиќ, а за нив зборуваше новинарот во ХРТ, Звонко Варошанец.

Средбата се одржа во Трутини двори, кај Марина и Младен Трута, кој настојува да го сочува стариот зларински чакавски говор, барем во пишан облик. Резултат на тоа се и две објавени книги со кратки приказни на зларинска чакавица.

За десетгодишно почесно членство во невладината организација Хрватско-македонска тангента, на третиот хрватски претседател му беше врачено и посебно признание. Свеченото отварање се одржа во Музејот на Град Шибеник, каде настапија професори и среднишколци од Музичкото училиште „Иван Лукашиќ“, а поздравна порака преку видео упати македонскиот заменик министер за надворешни работи, Зоран Димитровски. Беше одржана и трибина за современите трендови во книжевноста и уметноста како дел од манифестацијата „По трагата на пишаниот збор“.

Деновите на македонската култура во Шибеник и Меѓународната книжевна средба на Зларин се одржаа под покровителство на Советот за национални малцинства на Република Хрватска и градоначалниот на Шибеник, д-р Жељко Буриќ и со подршка на туристичките заедници на Град Шибеник, Шибенско-книнската жупанија и Зларин. Бројните настани во склоп на културните манифестации се одржаа по повод Денот на македонската независност – 8 септември.

 

The post Со Денови на македонската култура одбележан 8 Септември во Шибеник и во Зларин appeared first on Република.

]]>

Промоции на книги, трибина, ликовна изложба, музички настапи беа дел од содржините што се реализираа од 4 до 7 септември 2024 година во Шибеник и Зларин во рамки на Деновите на македонската култура и Меѓународната средба на писатели, публицисти и новинари, со што беше одбележан Денот на независноста на Македонија – 8 септември. Со синоќешната изложба „Звучни слики“ во Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ затворени се овогодинешните Денови на македонска култура во Шибеник (4 – 7 септември 2024 г.). Авторот Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет во Скопје го претстави Зденка Билушиќ, раководителка на Одделението за визуелна уметност во градската библиотека, која говореше за неговиот ликовен, книжевен и музички опус. Мартиновски читаше и своја поезија, а присутните ги изненади и со настап на стар македонски инструмент кавал. Предходно, исто така, во градската библиотека беше промовиран романот „Заборав“ на реномираниот македонски книжевник, драмски писател и новинар, Томислав Османли. Ова е прва промоција на неговиот роман, а книгата ја претстави проф. д-р. Лидија Капушевска Дракулевска од Филолошкиот факултет во Скопје. Инаку, промоциите на новиот македонскиот роман на Османли и на ликовно поетското претставување на Мартиновски, се одржаа во присуство на бројни членови на Хрватско македонска тангента, организатор на настаните, меѓу кои беа и третиот хрватски претседател, проф. д-р Иво Јосиповиќ и македонскиот амбасадор проф. д-р Милаим Фетаи. Фрагменти од романот во превод на хрватски јазик читаше поетот, новинар и водител Никола Урукало, кој беше и модератор на настаните. Предходните три дена поминаа во светло на одбележување на два јубиулеја: 10 години од првата Меѓународна книжевна средба на Зларин „Од остров на копно, кон остров на море“ и пет години од Деновите на македонската култура во Шибеник. Како и претходните години и овогодинешните настани на едно место собраа угледни учесници. Од Македонија допатуваа проф. д-р. Лидија Капушевска Дракулевска, Владимир Мартиновски и Томислав Османли, од Словенија учествуваше проф. д-р. Намита Субиото од Филозоскиот факултет во Љубљана, а од Хрватска беа присутни поети од Задар и Шибеник. На Зларин, исто така, за прв пат беше претставена и книгата „Градоначалникот на Хипнополис“ од универзитетските професори Лидија Капушевска Дракулевска и Владимир Мартиновски. Годинашната средба на писатели, публицисти и новинари беше посветена на големите зларински имиња: поетесата Весна Парун и на новинарот и писател Младен Бјажиќ, а за нив зборуваше новинарот во ХРТ, Звонко Варошанец. Средбата се одржа во Трутини двори, кај Марина и Младен Трута, кој настојува да го сочува стариот зларински чакавски говор, барем во пишан облик. Резултат на тоа се и две објавени книги со кратки приказни на зларинска чакавица. За десетгодишно почесно членство во невладината организација Хрватско-македонска тангента, на третиот хрватски претседател му беше врачено и посебно признание. Свеченото отварање се одржа во Музејот на Град Шибеник, каде настапија професори и среднишколци од Музичкото училиште „Иван Лукашиќ“, а поздравна порака преку видео упати македонскиот заменик министер за надворешни работи, Зоран Димитровски. Беше одржана и трибина за современите трендови во книжевноста и уметноста како дел од манифестацијата „По трагата на пишаниот збор“. Деновите на македонската култура во Шибеник и Меѓународната книжевна средба на Зларин се одржаа под покровителство на Советот за национални малцинства на Република Хрватска и градоначалниот на Шибеник, д-р Жељко Буриќ и со подршка на туристичките заедници на Град Шибеник, Шибенско-книнската жупанија и Зларин. Бројните настани во склоп на културните манифестации се одржаа по повод Денот на македонската независност – 8 септември.  

The post Со Денови на македонската култура одбележан 8 Септември во Шибеник и во Зларин appeared first on Република.

]]>
Проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ во Шибеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proektsija-na-makedonskiot-igran-film-memento-vo-shibenik/ Wed, 20 Sep 2023 08:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=683368

Во мултимедијалната сала на Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник вечер ќе се одржи проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ (1967). Главните улоги ги толкуваат Рената Фрајскорн и Стево Жигон, а режијата е на Димитрие Османли.

Овој проект е во организација на здружението Хрватско-македонска тангента. На гостите, како што е најавено, ќе им се обратат претседателот на Хрватско-македонската тангента Сашо Георгиевски и политичарот Тито Петковски.

На 11 септември, „Мементо“ беше официјално прикажан во престижниот МоМА, Музејот на современа уметност во Њујорк, во програма посветена на југословенските авторски филмови од 1960-тите. Пред тоа „Мементо“ ја имаше својата „втора премиера“, односно премиерната проекција на дигитализирана копија од филмот како дел од програмата на третото издание на „Сезона на филмски класици“ - проект на Европската асоцијација на кинотеки (ACE - Association des Cinémathèques Européennes), финансирана од програмата МЕДИА на Европската комисија, заедно со серија проекции во европските филмски центри.

Набргу по онаа во Шибеник, проекцијата ќе се одржи во шпанската кинотека во Мадрид. Неодамна филмот беше прикажан и во Културно-информативниот центар на градот Загреб.

На страницата МоМА за „Мементо“ на Османли пишува дека „...филмот е за совеста и се карактеризира со една од најдобрите монтажи досега изведени на целулоидна филмска лента“, како и дека силно потсетува на делата на францускиот филмски мајстор Ален Ресне.

„Земењето на земјотресот како почетна точка за критички размислувања за прашања како што се холокаустот, нуклеарните катастрофи и Виетнамската војна - Мементо е калеидоскоп на 20 век, како и лична потрага по мир во овој турбулентен свет“.

Во трауматскиот дискурс, филмот добива актуелност со новите трагични искуства како што се катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија и последната катастрофа што го погоди Мароко, но и во секој елемент на масовно човечко страдање...

 

The post Проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ во Шибеник appeared first on Република.

]]>

Во мултимедијалната сала на Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник вечер ќе се одржи проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ (1967). Главните улоги ги толкуваат Рената Фрајскорн и Стево Жигон, а режијата е на Димитрие Османли. Овој проект е во организација на здружението Хрватско-македонска тангента. На гостите, како што е најавено, ќе им се обратат претседателот на Хрватско-македонската тангента Сашо Георгиевски и политичарот Тито Петковски. На 11 септември, „Мементо“ беше официјално прикажан во престижниот МоМА, Музејот на современа уметност во Њујорк, во програма посветена на југословенските авторски филмови од 1960-тите. Пред тоа „Мементо“ ја имаше својата „втора премиера“, односно премиерната проекција на дигитализирана копија од филмот како дел од програмата на третото издание на „Сезона на филмски класици“ - проект на Европската асоцијација на кинотеки (ACE - Association des Cinémathèques Européennes), финансирана од програмата МЕДИА на Европската комисија, заедно со серија проекции во европските филмски центри. Набргу по онаа во Шибеник, проекцијата ќе се одржи во шпанската кинотека во Мадрид. Неодамна филмот беше прикажан и во Културно-информативниот центар на градот Загреб. На страницата МоМА за „Мементо“ на Османли пишува дека „...филмот е за совеста и се карактеризира со една од најдобрите монтажи досега изведени на целулоидна филмска лента“, како и дека силно потсетува на делата на францускиот филмски мајстор Ален Ресне. „Земењето на земјотресот како почетна точка за критички размислувања за прашања како што се холокаустот, нуклеарните катастрофи и Виетнамската војна - Мементо е калеидоскоп на 20 век, како и лична потрага по мир во овој турбулентен свет“. Во трауматскиот дискурс, филмот добива актуелност со новите трагични искуства како што се катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија и последната катастрофа што го погоди Мароко, но и во секој елемент на масовно човечко страдање...  

The post Проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ во Шибеник appeared first on Република.

]]>
АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-turistichkata-i-kulturnata-diplomatija-ushte-ednash-gi-pokazhaa-svoite-mozhnosti-i-moki-vo-povrzuvane-na-narodite/ Tue, 05 Sep 2023 10:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=678949

Во рамките на одбележување на Деновите на македонската култура во градот Шибеник, Република Хрватска, кои започнаа во саботата 02.09.2023 година, на свеченото отворање од страна на раководството на Македонско-хрватската тангента се доделија наградите за достигнувања во унапредување на соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња. Помеѓу добитниците на овие признанија се градоначалникот на општината Шибеник Жељко Буриќ, директорот на шибеничкиот музеј Жељко Крнчевиќ и Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите и градењето на мостови на соработка, а  коишто  треба секојдневно да се зацврстуваат како нишка на комуникација помегу хрватскиот и македонскиот народ на полето од туризмот и културата. Не смееме  да останеме рамнодушни на позитивната енергија која ја наметна Македонско-хрватската тангента, нејзините членови и нивната неуморна работа во остварување на визијата која е исправена пред нив. Наше е да работиме и помогнеме во достигнување на уште поголеми височини кои не носат кон трајни вредности помеѓу двата народи, истакна Јаневски.

Делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот д-р Љупчо Јаневски покрај активностите во рамките на одбележувањето на македонските денови на кутурата во Шибеник оствари средби со градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, директорот на Туристичката организација на градот Шибеник, како и средба во општината Примоштен со кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има потпишано меморандум за соработка на полето од туризмот.

Овие средби се значајни од аспект на запознавање со искуствата и практиките во реализација на европските фондови и значајните дела кои во последните десет години градот Шибеник ги реализираше во подобрување на туристичката клима во дестинациите, овозможувајки троцифрен раст на туристичкото влијание врз локалниот економски развој. Во периодот што следува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, заедно со тимовите на овие општини ќе подготвува проектна документација за аплицирање на многубројните европски фондови, со цел зајакнување на капацитетите на туристичките производи и инфраструктурата во руралните средини.

 

The post АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите appeared first on Република.

]]>

Во рамките на одбележување на Деновите на македонската култура во градот Шибеник, Република Хрватска, кои започнаа во саботата 02.09.2023 година, на свеченото отворање од страна на раководството на Македонско-хрватската тангента се доделија наградите за достигнувања во унапредување на соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња. Помеѓу добитниците на овие признанија се градоначалникот на општината Шибеник Жељко Буриќ, директорот на шибеничкиот музеј Жељко Крнчевиќ и Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите и градењето на мостови на соработка, а  коишто  треба секојдневно да се зацврстуваат како нишка на комуникација помегу хрватскиот и македонскиот народ на полето од туризмот и културата. Не смееме  да останеме рамнодушни на позитивната енергија која ја наметна Македонско-хрватската тангента, нејзините членови и нивната неуморна работа во остварување на визијата која е исправена пред нив. Наше е да работиме и помогнеме во достигнување на уште поголеми височини кои не носат кон трајни вредности помеѓу двата народи, истакна Јаневски.
Делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот д-р Љупчо Јаневски покрај активностите во рамките на одбележувањето на македонските денови на кутурата во Шибеник оствари средби со градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, директорот на Туристичката организација на градот Шибеник, како и средба во општината Примоштен со кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има потпишано меморандум за соработка на полето од туризмот. Овие средби се значајни од аспект на запознавање со искуствата и практиките во реализација на европските фондови и значајните дела кои во последните десет години градот Шибеник ги реализираше во подобрување на туристичката клима во дестинациите, овозможувајки троцифрен раст на туристичкото влијание врз локалниот економски развој. Во периодот што следува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, заедно со тимовите на овие општини ќе подготвува проектна документација за аплицирање на многубројните европски фондови, со цел зајакнување на капацитетите на туристичките производи и инфраструктурата во руралните средини.  

The post АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите appeared first on Република.

]]>
Книжевна средба на Томислав Османли во Шибеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizhevna-sredba-na-tomislav-osmanli-vo-shibenik/ Mon, 04 Sep 2023 07:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=678559

„По трагата на напишаниот збор“ е насловот на средбата со македонскиот писател Томислав Османли на четвртите по ред „Денови на македонската култура“ во Шибеник што се одржуваат под организација на невладиното здружение „Хрватско-македонска тангента“ кое создава активни мостови меѓу двете култури, општества и држави.

На средбата писателот Никола Шимиќ – Тонин најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“

Шибенските „Денови на македонската култура“ се одржуваат под работна тема „Влијанието на традицијата врз современата култура и уметност“.

Меѓу учесниците е и театарскиот и филмски режисер Александар Поповски, актуелен уметнички директор на „Slovensko narodno gledališče“ од Марибор, Словенија, Христо Петрески претседател на Друштвото на писателите на Македонија, писател и сликар и Томислав Османли.

Книжевната средбата со Османли во хрватските медиуми е најавена како „Претставување на реномираниот македонски писател Томислав Османли и на неговиот богат книжевен опус“. Инаку овој авторски настап на македонскиот писател доаѓа по неговото неодамнешно гостување во Загреб, каде во Македонскиот културно-информативен центар беше одржан негов богат книжевен портрет.

Средбата со Османли, на шибенските „Денови на македонската култура“ се одржа во вилата Трутини двори на островот Зларин. Неа ја отвори претседателот на „Хрватско-македонската тангента“ Сашо Георгиевски, а авторскиот портрет на Османли го претстави директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Наталија Поповска. Посебен осврт кон книжевната дејност на Османли имаше и писателот Никола Шимиќ – Тонин, претседател на Одделот на Друштвото на хрватските писатели од Задар. Тој најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“ што нејзиниот одбор неодамна му ја доделил на нашиот автор за неговата сестрана авторска работа и за книжевните афирмации на неговите творби, во регионот и посебно во Хрватска.

Настап имаше и македонскиот писател, кој говореше за своите литературни пристапи, за неговите лични и тематски врски со Медитеранот и за другите креативни искуства во домените на драмската уметност, сценаристиката и теоријата на вербо-визуелните медиуми, на кои инаку Османли перманентно работи. На крајот од неговиот исказ, македонскиот писател присутните ги освои со стиховите на неговата наградена (2018, во Италија) песна „Љубов“ богата со медитерански слики и чувствувања.

Инаку, на четвртите „Денови на македонската култура“, во присуство на авторот, беше прикажан филмот „Балканот не е мртов“ работен според пиесата на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски, уметнички директор на Словенско народно гледалишче од Марибор и истакнат македонски режисер кој непрекинато потпишува врвни театарски режии низ поширокиот регион. Д-р Христо Петрески, писател, сликар и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија се претстави со изложбата насловена „Моливот пишува со срцето – Христово“, a со ликовната изложба „Море“ на манифестацијата се претстави и авторката Гојка Скориќ - Пелајиќ. Директорот на македонската државната Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Д-р Љупчо Јаневски одржа забележано предавање на тема од еко-туризмот.
Македонските гости на манифестацијата ги прими и градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, потоа и началникот на Примоштен, Стипе Петрина.

The post Книжевна средба на Томислав Османли во Шибеник appeared first on Република.

]]>

„По трагата на напишаниот збор“ е насловот на средбата со македонскиот писател Томислав Османли на четвртите по ред „Денови на македонската култура“ во Шибеник што се одржуваат под организација на невладиното здружение „Хрватско-македонска тангента“ кое создава активни мостови меѓу двете култури, општества и држави. На средбата писателот Никола Шимиќ – Тонин најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“ Шибенските „Денови на македонската култура“ се одржуваат под работна тема „Влијанието на традицијата врз современата култура и уметност“. Меѓу учесниците е и театарскиот и филмски режисер Александар Поповски, актуелен уметнички директор на „Slovensko narodno gledališče“ од Марибор, Словенија, Христо Петрески претседател на Друштвото на писателите на Македонија, писател и сликар и Томислав Османли. Книжевната средбата со Османли во хрватските медиуми е најавена како „Претставување на реномираниот македонски писател Томислав Османли и на неговиот богат книжевен опус“. Инаку овој авторски настап на македонскиот писател доаѓа по неговото неодамнешно гостување во Загреб, каде во Македонскиот културно-информативен центар беше одржан негов богат книжевен портрет. Средбата со Османли, на шибенските „Денови на македонската култура“ се одржа во вилата Трутини двори на островот Зларин. Неа ја отвори претседателот на „Хрватско-македонската тангента“ Сашо Георгиевски, а авторскиот портрет на Османли го претстави директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Наталија Поповска. Посебен осврт кон книжевната дејност на Османли имаше и писателот Никола Шимиќ – Тонин, претседател на Одделот на Друштвото на хрватските писатели од Задар. Тој најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“ што нејзиниот одбор неодамна му ја доделил на нашиот автор за неговата сестрана авторска работа и за книжевните афирмации на неговите творби, во регионот и посебно во Хрватска. Настап имаше и македонскиот писател, кој говореше за своите литературни пристапи, за неговите лични и тематски врски со Медитеранот и за другите креативни искуства во домените на драмската уметност, сценаристиката и теоријата на вербо-визуелните медиуми, на кои инаку Османли перманентно работи. На крајот од неговиот исказ, македонскиот писател присутните ги освои со стиховите на неговата наградена (2018, во Италија) песна „Љубов“ богата со медитерански слики и чувствувања. Инаку, на четвртите „Денови на македонската култура“, во присуство на авторот, беше прикажан филмот „Балканот не е мртов“ работен според пиесата на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски, уметнички директор на Словенско народно гледалишче од Марибор и истакнат македонски режисер кој непрекинато потпишува врвни театарски режии низ поширокиот регион. Д-р Христо Петрески, писател, сликар и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија се претстави со изложбата насловена „Моливот пишува со срцето – Христово“, a со ликовната изложба „Море“ на манифестацијата се претстави и авторката Гојка Скориќ - Пелајиќ. Директорот на македонската државната Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Д-р Љупчо Јаневски одржа забележано предавање на тема од еко-туризмот. Македонските гости на манифестацијата ги прими и градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, потоа и началникот на Примоштен, Стипе Петрина.

The post Книжевна средба на Томислав Османли во Шибеник appeared first on Република.

]]>
Делови од Шибеник поплавени – најтешко настрада стариот дел на градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/delovi-od-shibenik-poplaveni-najteshko-nastrada-stariot-del-na-gradot/ Tue, 22 Nov 2022 17:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=577044

Поради дождот што паѓаше од доцна вечерта во понеделникот до средината на вторникот, поплавени се делови од Шибеник и други места долж шибеничката ривиера, а повторно стариот дел на градот Долац, чии жители со години се борат со поплавите со секоја силна дожд и невреме, беше најтешко погоден. Според информациите од Центарот 112 на Шибеничко-книнската жупанија, нивото на морето се зголемило, поплавувајќи го брегот на Шибеник.

Од Жупанискиот центар 112 рекоа дека добиле повеќе пријави и дека не може ништо да се стори освен да се чека морето да се повлече. Долчани рекоа дека денеска самите испумпувале вода од нивните претежно угостителски објекти и станови и поставиле т.н. под вода се најдени насипи од зајаци, но и новоизградени ѕидови и автомобили кои тешко минуваат низ тој дел од градот.

Тие рекоа и дека последниве четири дена очекуваат поплави и дека досега тие се случувале најмногу ноќе. „Насипите од зајаци се нашата реалност“, вели еден од жителите на шибенички Долч.

Освен во Шибеник, поради големото количество врнежи во областа на Шибеничко-книнската жупанија, поплавени се и брегот и блиските едносемејни куќи во Језери, каде што излегоа да интервенираат членови на ДВД-то од Тисног. Поплавени се и бреговите на Затон и Рогозница.

Од Државниот хидрометеоролошки завод најавуваат и можни поплави на брегот поради обилните врнежи од дожд во среда, како и локално можни поројни и урбани поплави. Очекуваните количини на врнежи се движат од 70 до 100 милиметри.

The post Делови од Шибеник поплавени – најтешко настрада стариот дел на градот appeared first on Република.

]]>

Поради дождот што паѓаше од доцна вечерта во понеделникот до средината на вторникот, поплавени се делови од Шибеник и други места долж шибеничката ривиера, а повторно стариот дел на градот Долац, чии жители со години се борат со поплавите со секоја силна дожд и невреме, беше најтешко погоден. Според информациите од Центарот 112 на Шибеничко-книнската жупанија, нивото на морето се зголемило, поплавувајќи го брегот на Шибеник. Од Жупанискиот центар 112 рекоа дека добиле повеќе пријави и дека не може ништо да се стори освен да се чека морето да се повлече. Долчани рекоа дека денеска самите испумпувале вода од нивните претежно угостителски објекти и станови и поставиле т.н. под вода се најдени насипи од зајаци, но и новоизградени ѕидови и автомобили кои тешко минуваат низ тој дел од градот. Тие рекоа и дека последниве четири дена очекуваат поплави и дека досега тие се случувале најмногу ноќе. „Насипите од зајаци се нашата реалност“, вели еден од жителите на шибенички Долч. Освен во Шибеник, поради големото количество врнежи во областа на Шибеничко-книнската жупанија, поплавени се и брегот и блиските едносемејни куќи во Језери, каде што излегоа да интервенираат членови на ДВД-то од Тисног. Поплавени се и бреговите на Затон и Рогозница. Од Државниот хидрометеоролошки завод најавуваат и можни поплави на брегот поради обилните врнежи од дожд во среда, како и локално можни поројни и урбани поплави. Очекуваните количини на врнежи се движат од 70 до 100 милиметри.

The post Делови од Шибеник поплавени – најтешко настрада стариот дел на градот appeared first on Република.

]]>
Денови на македонската култура во Шибеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-makedonskata-kultura-vo-shibenik-2/ Sat, 10 Sep 2022 16:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=549514

Невладината организација Хрватско-македонска тангента организираше културен маратон со голем број содржини за третите Денови на македонската култура во Шибеник, по повод Денот на независноста – 8 Септември.

-Вљубениците во културата имаа можност во текот на четири дена, од 2 до 5 септември, да проследат цела лепеза на настани преку кои се претставува македонската култура, се развиваат нови можности за соработка, се продлабочуваат и прошируваат врските, не само меѓу Хрватска и Македонија, туку пошироко во регионот. Допирите на пријателство, по одржаниот настан, стануваат се појаки и пошироки, а вистинско задоволство е за Македонците во Хрватска кои имаат можност да претстават дел од својот културен идентитет во Хрватска, соопшти организаторот на манифестацијата.

Таа опфати промоција на книга, книжевни разговори, поетски читања, предавања, изложба…со учесници од Загреб, Шибеник, Задар, Сплит, Скопје, Белград…

Меѓу гостите беше и третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој е почесен член на Хрватско-македонската тангента.

На свеченото отворање на Деновите на македонската култура во Музејот на град Шибеник,  на проф. д-р Иво Јосиповиќ му беше доделено признанието „Пријател на Македонија“ кое му го врачи претседателот на Тангентата, Сашо Георгиевски.

Во рамки на манифестацијата во тек е изложбата „Тангано плавон“  на сплитскиот Македонец, Зоран Стоилов. Како што соопшти организаторот, изложбата, која предизвикала голем инстерс во јавноста, ќе биде отворена до 13 септември. Организирана во соработка со Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит.

Хрватско-македонска тангента ги организира Деновите на македонската култура со поддршка од Советот за национални малцинства во Хрватска, Градот Шибеник и туристичките заедници на Град Шибеник и Зларин. Покровител е градоначалникот на Шибеник  Жељко Буриќ.

The post Денови на македонската култура во Шибеник appeared first on Република.

]]>

Невладината организација Хрватско-македонска тангента организираше културен маратон со голем број содржини за третите Денови на македонската култура во Шибеник, по повод Денот на независноста – 8 Септември. -Вљубениците во културата имаа можност во текот на четири дена, од 2 до 5 септември, да проследат цела лепеза на настани преку кои се претставува македонската култура, се развиваат нови можности за соработка, се продлабочуваат и прошируваат врските, не само меѓу Хрватска и Македонија, туку пошироко во регионот. Допирите на пријателство, по одржаниот настан, стануваат се појаки и пошироки, а вистинско задоволство е за Македонците во Хрватска кои имаат можност да претстават дел од својот културен идентитет во Хрватска, соопшти организаторот на манифестацијата. Таа опфати промоција на книга, книжевни разговори, поетски читања, предавања, изложба…со учесници од Загреб, Шибеник, Задар, Сплит, Скопје, Белград… Меѓу гостите беше и третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој е почесен член на Хрватско-македонската тангента. На свеченото отворање на Деновите на македонската култура во Музејот на град Шибеник,  на проф. д-р Иво Јосиповиќ му беше доделено признанието „Пријател на Македонија“ кое му го врачи претседателот на Тангентата, Сашо Георгиевски. Во рамки на манифестацијата во тек е изложбата „Тангано плавон“  на сплитскиот Македонец, Зоран Стоилов. Како што соопшти организаторот, изложбата, која предизвикала голем инстерс во јавноста, ќе биде отворена до 13 септември. Организирана во соработка со Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит. Хрватско-македонска тангента ги организира Деновите на македонската култура со поддршка од Советот за национални малцинства во Хрватска, Градот Шибеник и туристичките заедници на Град Шибеник и Зларин. Покровител е градоначалникот на Шибеник  Жељко Буриќ.

The post Денови на македонската култура во Шибеник appeared first on Република.

]]>
Денови на македонска култура во Шибеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik/ Fri, 02 Sep 2022 07:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=546619

Во рамките на програмата „Денови на македонската култура" во Шибеник, невладиното здружение Mакедонско-хравстка тангента од денеска до 5 септември нуди вистинско литературно, музичко и уметничко задоволство.

Денеска во Музејот на град Шибеник ќе се одржи отворањето на „Деновите на македонската култура“ со промоција на книгата „Опсегот на една визија“ од Сашо Георгиевски, претседател на здружението и амбасадорот Љупчо Арсовски.

На отворањето се очекува доаѓањето на македонскиот амбасадор од Загреб, Милаим Фетаи, како и на директорката на КИЦ од Загреб, Наталија Поповска.

Добитникот на високата награда „Пријател на Македонија“, која Македонско-хрватска тангента ја доделува во знак на благодарност за долгогодишната соработка и искрена поддршка на пријателството меѓу Хрватска и Македонија во областа на културата, уметноста, економијата и политиката, е третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој е и почесен член на здружението.

Утре на островот Зларин е предвидено да се одржи културната манифестација „Од остров на земја, до остров на море“. Настанот е од меѓународен карактер и на едно место собира писатели, публицисти и новинари од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и други земји од регионот.

Од Скопје ќе допатуваат Иван Додовски, декан на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ колеџ Скопје и Владимир Симоновски, скулптор. Во Зларин, познатиот метеоролог Момчило Живковиќ, директор на метеоролошката компанија Сева од Белград, ќе одржи предавање на тема „Клима и море“.

На 4 септември се планирани литературни разговори, а на 5 септември предавање на професорот Слободан Черовиќ, декан на Универзитетот Сингидунум во Белград, на тема „Улогата и значењето на човечкиот капитал во современиот туризам и угостителство“. Истиот ден во галеријата на библиотеката ќе биде отворена изложбата „Тангано плавон“ на Македонецот Зоран Стоилов од Сплит.

Деновите на македонската култура во Шибеник се одржуваат во соработка и со финансиска поддршка на Советот за национални малцинства на Република Хрватска, градот Шибеник и туристичките одбори на градот Шибеник и Зларин.

 

The post Денови на македонска култура во Шибеник appeared first on Република.

]]>

Во рамките на програмата „Денови на македонската култура" во Шибеник, невладиното здружение Mакедонско-хравстка тангента од денеска до 5 септември нуди вистинско литературно, музичко и уметничко задоволство. Денеска во Музејот на град Шибеник ќе се одржи отворањето на „Деновите на македонската култура“ со промоција на книгата „Опсегот на една визија“ од Сашо Георгиевски, претседател на здружението и амбасадорот Љупчо Арсовски. На отворањето се очекува доаѓањето на македонскиот амбасадор од Загреб, Милаим Фетаи, како и на директорката на КИЦ од Загреб, Наталија Поповска. Добитникот на високата награда „Пријател на Македонија“, која Македонско-хрватска тангента ја доделува во знак на благодарност за долгогодишната соработка и искрена поддршка на пријателството меѓу Хрватска и Македонија во областа на културата, уметноста, економијата и политиката, е третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој е и почесен член на здружението. Утре на островот Зларин е предвидено да се одржи културната манифестација „Од остров на земја, до остров на море“. Настанот е од меѓународен карактер и на едно место собира писатели, публицисти и новинари од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и други земји од регионот. Од Скопје ќе допатуваат Иван Додовски, декан на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ колеџ Скопје и Владимир Симоновски, скулптор. Во Зларин, познатиот метеоролог Момчило Живковиќ, директор на метеоролошката компанија Сева од Белград, ќе одржи предавање на тема „Клима и море“. На 4 септември се планирани литературни разговори, а на 5 септември предавање на професорот Слободан Черовиќ, декан на Универзитетот Сингидунум во Белград, на тема „Улогата и значењето на човечкиот капитал во современиот туризам и угостителство“. Истиот ден во галеријата на библиотеката ќе биде отворена изложбата „Тангано плавон“ на Македонецот Зоран Стоилов од Сплит. Деновите на македонската култура во Шибеник се одржуваат во соработка и со финансиска поддршка на Советот за национални малцинства на Република Хрватска, градот Шибеник и туристичките одбори на градот Шибеник и Зларин.  

The post Денови на македонска култура во Шибеник appeared first on Република.

]]>
Голем пожар кај Шибеник- на терен над 50 пожарникари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golem-pozar-kaj-shibenik-na-teren-nad-50-pozarnikari/ Tue, 16 Aug 2022 18:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=541074

Голем пожар избувна во Врпоље во Шибенско-книнската жупанија, известија од Жупанискиот центар 112.

„Сега на терен се 51 пожарникар со 18 возила, а четворица Канаѓани помагаат. Патот Врпоље-Данило е затворен и струјата во тој реон е исклучена“, велат од Жупанискиот центар 112.

Противпожарната бригада на Шибеничко-книнската жупанија добила дојава за пожар во 15 часот и 17 минути.

-На интервенција дојдоа Јавната противпожарна бригада на Шибеник и Државната бригада за интервенција, пожарникари од жупаниската противпожарна бригада и од ДВД Шибеник, Жаблаќе, Бродарица, Гребаштица, Затон, Перковиќ, Скрадин и Билице, велат оттаму.

Се додава дека пожарот избувнал во самата населба Врпоље каде се бранеле куќите и се проширил на блиската густа борова шума.

„Истовремено, имаме пожар на островот Какњу, кој е под надзор на пожарникарите“, изјави началникот на пожарникарската жупанија Дарко Дукиќ.

The post Голем пожар кај Шибеник- на терен над 50 пожарникари appeared first on Република.

]]>

Голем пожар избувна во Врпоље во Шибенско-книнската жупанија, известија од Жупанискиот центар 112.
„Сега на терен се 51 пожарникар со 18 возила, а четворица Канаѓани помагаат. Патот Врпоље-Данило е затворен и струјата во тој реон е исклучена“, велат од Жупанискиот центар 112.
Противпожарната бригада на Шибеничко-книнската жупанија добила дојава за пожар во 15 часот и 17 минути.
-На интервенција дојдоа Јавната противпожарна бригада на Шибеник и Државната бригада за интервенција, пожарникари од жупаниската противпожарна бригада и од ДВД Шибеник, Жаблаќе, Бродарица, Гребаштица, Затон, Перковиќ, Скрадин и Билице, велат оттаму.
Се додава дека пожарот избувнал во самата населба Врпоље каде се бранеле куќите и се проширил на блиската густа борова шума.
„Истовремено, имаме пожар на островот Какњу, кој е под надзор на пожарникарите“, изјави началникот на пожарникарската жупанија Дарко Дукиќ.

The post Голем пожар кај Шибеник- на терен над 50 пожарникари appeared first on Република.

]]>