шеваљ муареми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sheval-muaremi/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 09:06:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шеваљ муареми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sheval-muaremi/ 32 32 Возило на Шеваљ незаконски регистрирано, внатрешна контрола на МВР расветлува нов криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozilo-na-sheval-nezakonski-registrirano-vnatreshna-kontrola-na-mvr-rasvetluva-nov-kriminal/ Wed, 22 May 2024 09:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=780764

Дисциплинска одговорност за службено лице кое извршило регистрација на моторно возило без присуство на сопственикот и три лица кои не ги констатирале пропустите во станицата за технички преглед.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, достави известување до јавното обвинителство и изготви предлог за утврдување дисциплинска одговорност против лицето Р.И. на работно место референт во станица за технички преглед. Имено, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, постапуваше по известување доставено од страна на Одделот за криминалистичка полиција, според кои постапувале по наредба на Основен кривичен суд за одземање на моторно возило сопственост на Ф.Ќ. од село Грчец. При проверките од нивна страна е констатирано дека возилото е регистрирано во отсуство на сопственикот, односно со временски период, во кој, според проверките лицето Ф.Ќ. било надвор од границите на државата. Согласно, проверките направени од страна на ОВККИПС констатирано е дека од страна на службено лице Р.И. – референт на Станица за технички преглед лоцирана во Сарај – Глумово била извршена регистрација и промена на регистарските таблички на моторното возилото, во отсуство на сопственикот, со што Р.И. извршил потешко кршење на работниот ред и дисциплина и постапил спротивно на Законот за возила и Правилникот за регистрација на моторни возила. Дополнително, од стрaна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, доставен е предлог за утврдување дисциплинска одговорност против три лица Г.П. началник на сектор, В.Н. главен инспектор и Л.М.Б. главен инспектор за сообраќај кои при вршење на контрола во станицата за технички преглед, на постапиле според нивниот попис и опис на работни места и не ги констатирале пропустите на станицата за технички преглед.Сомневањата се дека ова скапо возило е во вистинска сопственост на Шеваљ Муареми нарко бос кој сега е во бегство.

The post Возило на Шеваљ незаконски регистрирано, внатрешна контрола на МВР расветлува нов криминал appeared first on Република.

]]>

Шеваљ Муареми бил на разговор во полициска станица во Дубаи, па пуштен на слобода?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sheval-muaremi-bil-na-razgovor-vo-politsiska-stanitsa-vo-dubai-pa-pushten-na-sloboda/ Sun, 07 Apr 2024 21:09:02 +0000 https://republika.mk/?p=763614

Шеваљ Муареми денеска неколку часа ги поминал во полициска станица во Дубаи, но подоцна е пуштен на слобода. Тој денеска бил во полициска станица откако за него беше распишана меѓународна потерница.

Според наши извори, Шеваљ е пуштен бидејќи тамошните власти му рекле дека нема доволно докази поради кои може да биде задржан, па го пуштиле на слобода. Инаку биле доставени докази против него од апликацијата Sky, кои пак полицијата во Дубаи не ги признавала за релевантни.

За него на 4. март беше распишана меѓународна потерница. Муареми е осомничен како предводник на групата од Грчец која убивала и пренесувала дрога, а беше откриена преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.

„Муареми Шеваљ, татко Азби мајка Азбије, род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 село Грчец, општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 година. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ.“, се наведува во потерницата на МВР.

The post Шеваљ Муареми бил на разговор во полициска станица во Дубаи, па пуштен на слобода?! appeared first on Република.

]]>

Шеваљ Муареми денеска неколку часа ги поминал во полициска станица во Дубаи, но подоцна е пуштен на слобода. Тој денеска бил во полициска станица откако за него беше распишана меѓународна потерница. Според наши извори, Шеваљ е пуштен бидејќи тамошните власти му рекле дека нема доволно докази поради кои може да биде задржан, па го пуштиле на слобода. Инаку биле доставени докази против него од апликацијата Sky, кои пак полицијата во Дубаи не ги признавала за релевантни. За него на 4. март беше распишана меѓународна потерница. Муареми е осомничен како предводник на групата од Грчец која убивала и пренесувала дрога, а беше откриена преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции. „Муареми Шеваљ, татко Азби мајка Азбије, род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 село Грчец, општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 година. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ.“, се наведува во потерницата на МВР.

The post Шеваљ Муареми бил на разговор во полициска станица во Дубаи, па пуштен на слобода?! appeared first on Република.

]]>
Додека Пендаровски ги помилува, МВР издава потерница за водачот на кланот Дуканџик од Грчец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dodeka-pendarovski-gi-pomiluva-mvr-izdava-poternitsa-za-vodachot-na-klanot-dukandhik-od-grchets/ Tue, 05 Mar 2024 09:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=751363

Вчера МВР издаде потерница за Шеваљ Муаереми водачот на Дуќанџик групата од Грчец. Тој е во Дубаи и со многу потешкотии ќе биде неговото апсење и можната екстрадиција во Македонија.

По бегството во Дубаи т.н Дуѓанџик група од скопското село Грчец која го држи нарко бизнисот во Скопје е осакатена. Другарот на Шеваљ, Орхан Бајрами-Оки беше убиен во Грција а во бегство е и Дритон Ибиши.

Бедри Зекири пак е еден од водачите на нарко групата „Барон“ кој се најде на списокот на помилувани лица од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Комисијата за помилување која е под директна надлежност на шефот на државата одлучила да му ја намали казната на Зекири и покрај негативното мислење на Министерстото за правда.

Со ова на Зекири казната му е намалена за шест месеци а во затвор ќе остане до 2027 година.

Нарко групата Барон на Зекири e во фокусот откако кај скопско Блаце беше убиен Зелкиф Туша.

фото Код

Зелкиф е татко на Ганиф пак кој е осомничен дека во Грција го убил Орхан Бајрами-Оки од спротиставениот клан Грчец/Дуканџик.

Како одмазда, минатата недела гореше кафе барот „Барон“ во Чаир кое е собирно место на оваа криминална група.

Војната меѓу криминалите кругови во Скопје и натаму трае но конечно се почна да им се застанува на патот.

The post Додека Пендаровски ги помилува, МВР издава потерница за водачот на кланот Дуканџик од Грчец appeared first on Република.

]]>

Вчера МВР издаде потерница за Шеваљ Муаереми водачот на Дуќанџик групата од Грчец. Тој е во Дубаи и со многу потешкотии ќе биде неговото апсење и можната екстрадиција во Македонија. По бегството во Дубаи т.н Дуѓанџик група од скопското село Грчец која го држи нарко бизнисот во Скопје е осакатена. Другарот на Шеваљ, Орхан Бајрами-Оки беше убиен во Грција а во бегство е и Дритон Ибиши. Бедри Зекири пак е еден од водачите на нарко групата „Барон“ кој се најде на списокот на помилувани лица од страна на претседателот Стево Пендаровски.
Комисијата за помилување која е под директна надлежност на шефот на државата одлучила да му ја намали казната на Зекири и покрај негативното мислење на Министерстото за правда. Со ова на Зекири казната му е намалена за шест месеци а во затвор ќе остане до 2027 година. Нарко групата Барон на Зекири e во фокусот откако кај скопско Блаце беше убиен Зелкиф Туша.
фото Код
Зелкиф е татко на Ганиф пак кој е осомничен дека во Грција го убил Орхан Бајрами-Оки од спротиставениот клан Грчец/Дуканџик.
Како одмазда, минатата недела гореше кафе барот „Барон“ во Чаир кое е собирно место на оваа криминална група.
Војната меѓу криминалите кругови во Скопје и натаму трае но конечно се почна да им се застанува на патот.

The post Додека Пендаровски ги помилува, МВР издава потерница за водачот на кланот Дуканџик од Грчец appeared first on Република.

]]>
Објавена потерница за Муареми, попознат како Шеваљ од Грчец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/objavena-poternitsa-za-muaremi-popoznat-kako-sheval-od-grchets/ Mon, 04 Mar 2024 14:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=751110

МВР на својата интернет страница објави дека  е распишана меѓународна потреница по Шеваљ Муареми. Неговото име се поврзува со нерасчистени убиства и останати сомнителни криминални активности.

Тој е предводник на групата Грчец/Дуканџик во која беа и Орхан Бајрами-Оки кој го убија во Грција и Јетон Кривањева кој го убија во „Шиша бар“ на Кале.

Шеваљ е познат по својот луксузен живот и се претпоставува дека е во Дубаи.46-годишниот нарко водач често може да се забележи на луксузни забави и неодамна се фотографираше и со Лео Меси.

За злосторствата на Шеваљ податоците од „Скај“  апликацијата се предадени на МВР и на Обивинителството за организаран криминал.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pendarovski-go-pomiluval-vodachot-na-baron-narko-klanot-koj-se-puka-niz-skopje/

The post Објавена потерница за Муареми, попознат како Шеваљ од Грчец appeared first on Република.

]]>

МВР на својата интернет страница објави дека  е распишана меѓународна потреница по Шеваљ Муареми. Неговото име се поврзува со нерасчистени убиства и останати сомнителни криминални активности. Тој е предводник на групата Грчец/Дуканџик во која беа и Орхан Бајрами-Оки кој го убија во Грција и Јетон Кривањева кој го убија во „Шиша бар“ на Кале. Шеваљ е познат по својот луксузен живот и се претпоставува дека е во Дубаи.46-годишниот нарко водач често може да се забележи на луксузни забави и неодамна се фотографираше и со Лео Меси. За злосторствата на Шеваљ податоците од „Скај“  апликацијата се предадени на МВР и на Обивинителството за организаран криминал. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pendarovski-go-pomiluval-vodachot-na-baron-narko-klanot-koj-se-puka-niz-skopje/    

The post Објавена потерница за Муареми, попознат како Шеваљ од Грчец appeared first on Република.

]]>
Ковачевски да одговори дали некој им дојавил на 10-те лица од кланот Грчец да избегаат од правдата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachevski-da-odgovori-dali-nekoj-im-dojavil-na-10-te-litsa-od-klanot-grchets-da-izbegaat-od-pravdata/ Sun, 28 Jan 2024 09:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=737680

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Димитар Ковачевски мора да одговори пред јавноста, дали е точно дека некој, навремено ги известил 10-те водечки лица од кланот Грчец, на чело со Шеваљ Муареми, да избегаат пред лицето на правдата, пред да биде спроведена акцијата на МВР, за нивно апсење.

Ковачевски треба да каже јасно, дали предупредувањето им го дал висок функционер од ДУИ, со кој тие биле во блиски релации.

Кои се причините Ковачевски ова да го дозволи, кога ги знаел блиските релации на овие лица со врхушката на ДУИ. Дали свесно е дозволено бегството, на дури 10 луѓе, поврзани со трговија на дрога и убиства низ државата.

На лидерот на групата Шеваљ Муареми, една од омилените активности му е и сликање со новиот технички премиер Талат Џафери.

На сите овие криминалци им се ближи крајот, доаѓаат времиња кога во Македонија, нема да има простор за криминалци и убијци, поврзани со политички партии на власт.

Одговорност ќе има, во тоа сите да бидат сигурни. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски да одговори дали некој им дојавил на 10-те лица од кланот Грчец да избегаат од правдата appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Димитар Ковачевски мора да одговори пред јавноста, дали е точно дека некој, навремено ги известил 10-те водечки лица од кланот Грчец, на чело со Шеваљ Муареми, да избегаат пред лицето на правдата, пред да биде спроведена акцијата на МВР, за нивно апсење.
Ковачевски треба да каже јасно, дали предупредувањето им го дал висок функционер од ДУИ, со кој тие биле во блиски релации.   Кои се причините Ковачевски ова да го дозволи, кога ги знаел блиските релации на овие лица со врхушката на ДУИ. Дали свесно е дозволено бегството, на дури 10 луѓе, поврзани со трговија на дрога и убиства низ државата.   На лидерот на групата Шеваљ Муареми, една од омилените активности му е и сликање со новиот технички премиер Талат Џафери.   На сите овие криминалци им се ближи крајот, доаѓаат времиња кога во Македонија, нема да има простор за криминалци и убијци, поврзани со политички партии на власт.   Одговорност ќе има, во тоа сите да бидат сигурни. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски да одговори дали некој им дојавил на 10-те лица од кланот Грчец да избегаат од правдата appeared first on Република.

]]>