шестмина хоспитализирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shestmina-hospitalizirani/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 15:34:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шестмина хоспитализирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shestmina-hospitalizirani/ 32 32 Нови шестмина заразени од голема кашлица се хоспитализирани, до 9 мај ИЈЗ бележи 553 случаи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/novi-shestmina-zarazeni-od-golema-kashlitsa-se-hospitalizirani-do-9-maj-ijz-belezhi-553-sluchai/ Mon, 13 May 2024 13:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=777660

Нови 15 случаи на пертусис - народски кажано голема кашлица, се пријавени во периодот од 3 до 9 мај, од кои шест лица се хоспитализирани. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје - 14, а пријавен е и еден случај од Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 62 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен денеска.

Заклучно со 9 мај, во државава се регистрирани вкупно 553 случаи на голема кашлица, со инциденца од 30,1/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Од ИЈЗ потсетуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територија на Скопје и Куманово.

Од 18 јануари до 9 мај, дадени се вкупно 45.715 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

The post Нови шестмина заразени од голема кашлица се хоспитализирани, до 9 мај ИЈЗ бележи 553 случаи appeared first on Република.

]]>

Нови 15 случаи на пертусис - народски кажано голема кашлица, се пријавени во периодот од 3 до 9 мај, од кои шест лица се хоспитализирани. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје - 14, а пријавен е и еден случај од Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 62 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен денеска. Заклучно со 9 мај, во државава се регистрирани вкупно 553 случаи на голема кашлица, со инциденца од 30,1/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Од ИЈЗ потсетуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територија на Скопје и Куманово. Од 18 јануари до 9 мај, дадени се вкупно 45.715 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

The post Нови шестмина заразени од голема кашлица се хоспитализирани, до 9 мај ИЈЗ бележи 553 случаи appeared first on Република.

]]>