шест случаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shest-sluchai/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Feb 2024 12:43:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шест случаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shest-sluchai/ 32 32 Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/novi-shest-potvrdeni-sluchai-na-zarazeni-od-salmonela-vo-berovo/ Mon, 05 Feb 2024 12:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=740536

Уште шест случаи на лица заразени со бактеријата салмонела во Берово потврдија денеска испитувањата што ги направи Центарот за јавно здравје од Кочани врз мострите што претходно ги доставиле матичните лекари.

Со тоа бројот на вкупно заболени се искачи на вкупно 11, откако минатата недела дечиња кои биле згрижени во беровската детска градинка „23 Август“ се пожалија на здравствени проблеми.

Од резултатите што ги добивме утрово потврдени се нови шест случаи со салмонела кај деца од Берово. Анализите се направени врз основа на копрокултурите што се добиени, а наш епидемиолог работи на случајот, прави анкети и треба да се утврди дали овие заразени се поврзани до детската градинка или со друг извор. Врз основа на тие испитувања најдоцна до утре ќе знаеме од каде потекнува заразата, а дополнително ќе се види дали ќе има потреба за зголемување на обемот на испитување во целиот регион. Сè уште имаме мостри што треба да се обработат, а испитувањата се прават на два начина, со соодветна апаратура и со класични методи. Анализите за примероците од храна се работат и очекуваме и резултатите од нив да ги имаме утре, истакна Гоце Серфимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

По минатонеделното пријавување на првите случаи на заразени деца со салмонела во беровскиот регион, има зголемен број испратени копрокултури за испитување во Центарот во Кочани. Од здравствената институција додаваат дека дел од нив не се поврзани само со градинката во Берово.

 

The post Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово appeared first on Република.

]]>

Уште шест случаи на лица заразени со бактеријата салмонела во Берово потврдија денеска испитувањата што ги направи Центарот за јавно здравје од Кочани врз мострите што претходно ги доставиле матичните лекари. Со тоа бројот на вкупно заболени се искачи на вкупно 11, откако минатата недела дечиња кои биле згрижени во беровската детска градинка „23 Август“ се пожалија на здравствени проблеми.
Од резултатите што ги добивме утрово потврдени се нови шест случаи со салмонела кај деца од Берово. Анализите се направени врз основа на копрокултурите што се добиени, а наш епидемиолог работи на случајот, прави анкети и треба да се утврди дали овие заразени се поврзани до детската градинка или со друг извор. Врз основа на тие испитувања најдоцна до утре ќе знаеме од каде потекнува заразата, а дополнително ќе се види дали ќе има потреба за зголемување на обемот на испитување во целиот регион. Сè уште имаме мостри што треба да се обработат, а испитувањата се прават на два начина, со соодветна апаратура и со класични методи. Анализите за примероците од храна се работат и очекуваме и резултатите од нив да ги имаме утре, истакна Гоце Серфимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.
По минатонеделното пријавување на првите случаи на заразени деца со салмонела во беровскиот регион, има зголемен број испратени копрокултури за испитување во Центарот во Кочани. Од здравствената институција додаваат дека дел од нив не се поврзани само со градинката во Берово.  

The post Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово appeared first on Република.

]]>
Регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/registrirani-vkupno-shest-sluchai-na-afrikanska-svinska-chuma-vo-zemjava/ Fri, 12 Aug 2022 11:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=539593

Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче првпат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Бабовски нагласи дека на удар се малите одгледувалишта со по една, две или три свињи за домашна употреба, кои не применуваат биосигурносни мерки и тие, рече, се најголемата опасност за ширење на болеста.

Тој апелира сите одгледувачи на свињи, официјалните ветеринари на АХВ или најблиските ветеринарни друштва, навреме да го пријават секој сомнителен случај на африканска чума за да се спречи ширењето на болеста.

Извор и резервоар на вирусот, потенцира Бабовски, се дивите свињи, а болеста која ја има во регионот е веројатно пренесена кај нас од соседна држава.

Директорот уште еднаш повика граѓаните да не се грижат, зашто африканската чума не е опасна за луѓето, ниту месото од заболените свињи е штетно, но болеста може да се шири зашто вирусот останува активен во свежото месо.

Бабовски повторно апелираше свињите да се чуват во затворен простор и секој сомнителен случај веднаш да го пријават.

Големите фарми не се во регионот што е сега зафатен со африканска чума. Се работи за поединечни случаи. Потсетуваме дека сточарите ќе добијат отштета само доколку пријават сомнително и заболено животно кај кое ќе се потврди присуството на болеста, а не и за угинатите животни. Ако случаите не се пријават, на одгледувачите не им следува финансиски надомест. Отштета не следува и за свињите кои се чуваат на отворено, спротивно на забраната, кои ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на одгледувачот, рече Бабовски на прес-конференција.

Тој потсети дека главни преносители се дивите свињи, но и несовесните граѓани кои без да водат сметка за хигиена и за примена на соодветните мерки, излегуваат и влегуваат на фармите.

Забрането е одгледувањето свињи на отворено, без контрола или ако има испуст тоа треба да биде со двојна ограда, а растојанието меѓу двете огради мора да изнесува најмалку еден метар, рече директорот, осврнувајќи се на мерките за заштита.

Категоризацијата што ја спроведе АХВ и со која беа опфатени 5 608, покажа дека 708 ги спроведуваат целосно биосигурносни мерки и се со низок ризик, најголем број или 4 219 се од среден ризик, односно спорведуваат мерки но, не во целост и 681 фарма не спроведува биосигурносни мерки.

Од 26 август до денес, подвлече Бабовски, стручни екипи на АХВ се секој ден на терен каде вршат вонреден попис.

 

The post Регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума во земјава appeared first on Република.

]]>

Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче првпат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Бабовски нагласи дека на удар се малите одгледувалишта со по една, две или три свињи за домашна употреба, кои не применуваат биосигурносни мерки и тие, рече, се најголемата опасност за ширење на болеста. Тој апелира сите одгледувачи на свињи, официјалните ветеринари на АХВ или најблиските ветеринарни друштва, навреме да го пријават секој сомнителен случај на африканска чума за да се спречи ширењето на болеста. Извор и резервоар на вирусот, потенцира Бабовски, се дивите свињи, а болеста која ја има во регионот е веројатно пренесена кај нас од соседна држава. Директорот уште еднаш повика граѓаните да не се грижат, зашто африканската чума не е опасна за луѓето, ниту месото од заболените свињи е штетно, но болеста може да се шири зашто вирусот останува активен во свежото месо. Бабовски повторно апелираше свињите да се чуват во затворен простор и секој сомнителен случај веднаш да го пријават.
Големите фарми не се во регионот што е сега зафатен со африканска чума. Се работи за поединечни случаи. Потсетуваме дека сточарите ќе добијат отштета само доколку пријават сомнително и заболено животно кај кое ќе се потврди присуството на болеста, а не и за угинатите животни. Ако случаите не се пријават, на одгледувачите не им следува финансиски надомест. Отштета не следува и за свињите кои се чуваат на отворено, спротивно на забраната, кои ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на одгледувачот, рече Бабовски на прес-конференција.
Тој потсети дека главни преносители се дивите свињи, но и несовесните граѓани кои без да водат сметка за хигиена и за примена на соодветните мерки, излегуваат и влегуваат на фармите.
Забрането е одгледувањето свињи на отворено, без контрола или ако има испуст тоа треба да биде со двојна ограда, а растојанието меѓу двете огради мора да изнесува најмалку еден метар, рече директорот, осврнувајќи се на мерките за заштита.
Категоризацијата што ја спроведе АХВ и со која беа опфатени 5 608, покажа дека 708 ги спроведуваат целосно биосигурносни мерки и се со низок ризик, најголем број или 4 219 се од среден ризик, односно спорведуваат мерки но, не во целост и 681 фарма не спроведува биосигурносни мерки. Од 26 август до денес, подвлече Бабовски, стручни екипи на АХВ се секој ден на терен каде вршат вонреден попис.  

The post Регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума во земјава appeared first on Република.

]]>