шест месеци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shest-meseci/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 12:21:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шест месеци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shest-meseci/ 32 32 Д-р Беќаровски со детално објаснување што значи примени три дози ДиТеПер вакцини во последните шест месеци https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekarovski-so-detalno-objasnuvane-shto-znachi-primeni-tri-dozi-diteper-vaktsini-vo-poslednite-shest-mesetsi/ Fri, 15 Mar 2024 09:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=755072

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија детално ја објасни целата ситуација со вакцинацијата против ДиТеПер.

Според него, наједноставен пример е првата доза ако е примена во септември 2023 година, втора доза во ноември 2023 и трета доза во јануари 2024.

Од утре ќе може да го однесете детето во градинка, бидејќи ќе има привремен солиден имунитет, но ќе мора во јули да прими ревакцина.

Сите кои ги примиле првите три дози пред октомври 2023 ќе мора да примат ревакцина, за да обезбедат солиден имунитет и не може без ревакцината да одат во градинките.

Сите кои ги немаат примено трите дози, ќе мора да ги примат трите дози во растојание од 2 месеци, за да може да тргнат во градинка, објаснува докторот.

Деца кои се вакцинирани со трета доза ДиТеПер во последните шест месеци може да одат во градинка, реши Комисијата за заразни болести. Задолжително е во следните шест месеци да се изврши и ревакцината, соопшти вчера претседателот на Комисијата проф. д-р Александар Петличковски.

Заклучно со 7 март во Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, најмногу од Скопје – 151.

Заболените лица се на возраст 1 месец до 70 години. Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 27 случаи припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 22 се деца на возраст од 1 до 4 години, а во возрасната група 10-14 години се пријавени 43 случаи, според извештајот на Институтот за јавно здравје кој се објавува секој петок.

The post Д-р Беќаровски со детално објаснување што значи примени три дози ДиТеПер вакцини во последните шест месеци appeared first on Република.

]]>

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија детално ја објасни целата ситуација со вакцинацијата против ДиТеПер. Според него, наједноставен пример е првата доза ако е примена во септември 2023 година, втора доза во ноември 2023 и трета доза во јануари 2024.
Од утре ќе може да го однесете детето во градинка, бидејќи ќе има привремен солиден имунитет, но ќе мора во јули да прими ревакцина.
Сите кои ги примиле првите три дози пред октомври 2023 ќе мора да примат ревакцина, за да обезбедат солиден имунитет и не може без ревакцината да одат во градинките.
Сите кои ги немаат примено трите дози, ќе мора да ги примат трите дози во растојание од 2 месеци, за да може да тргнат во градинка, објаснува докторот.
Деца кои се вакцинирани со трета доза ДиТеПер во последните шест месеци може да одат во градинка, реши Комисијата за заразни болести. Задолжително е во следните шест месеци да се изврши и ревакцината, соопшти вчера претседателот на Комисијата проф. д-р Александар Петличковски. Заклучно со 7 март во Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, најмногу од Скопје – 151. Заболените лица се на возраст 1 месец до 70 години. Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 27 случаи припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 22 се деца на возраст од 1 до 4 години, а во возрасната група 10-14 години се пријавени 43 случаи, според извештајот на Институтот за јавно здравје кој се објавува секој петок.  

The post Д-р Беќаровски со детално објаснување што значи примени три дози ДиТеПер вакцини во последните шест месеци appeared first on Република.

]]>
Деца кои се вакцинирани со трета доза ДиТеПер во последните шест месеци може да одат во градинка, реши Комисијата за заразни болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/detsa-koi-se-vaktsinirani-so-treta-doza-diteper-vo-poslednite-shest-mesetsi-mozhe-da-odat-vo-gradinka-reshi-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Thu, 14 Mar 2024 13:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=754777

Деца кои се вакцинирани со трета доза ДиТеПер во последните шест месеци може да одат во градинка, реши Комисијата за заразни болести. Задолжително е во следните шест месеци да се изврши и ревакцината, соопшти денеска претседателот на Комисијата проф. д-р Александар Петличковски.

Д-р Петличковски рече дека не може да каже кога Министерството ќе достави известување до градинките, но може да се очекува тоа да биде денеска или во следните денови.

На седницата на Комисијата за заразни болести ја имавме како гостин проф. д-р Александра Грозданова од Комитетот за имунизација, со цел да ги дообјасниме препораките кои беа дадени. Дообјаснувањето се однесува на деца кои примиле серија вакцинална од три дози, ја завршиле примоимунизацијата во последните шест месеци и сега им следи ревакцина која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци, но овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во последните шест месеци треба да им биде дозволено да влезат во градинка, со напомена дека оваа ревакцина редовно треба да ја примат во следниот период односно после шест месеци најрано од примањето на третата доза“, рече д-р Петличковски.

Петличковски истакна дека состојбата не е добра, не е стабилна, а во оваа состојба сме се довеле заради многу години наназад неодговорно однесување на многу граѓани.

Оној податок од 50 проценти вакцинирани деца по градинките е поразителен податок за државата. И тука мора многу да работиме. Имаме разбирање, имаме и научна поткрепа дека овој малку олабавен начин на проценка на имунитетот со трите дози помага, но не знам до кога ќе остане затоа што ако состојбата со оглед дека сега сме веќе со бројки над 170 случаи во Скопје и над 200 во државата и веројатно тој број и понатаму ќе расте, можно е во следниве недели да излеземе со построги епидемиолошки мерки. Се зависи од развојот на ситуацијата. Тоа е главниот заклучок на денешниот состанок“, посочи д-р Петличковски.

Проф. д-р Грозданова изјави дека од медицински и имунолошки здравствен аспект процениле дека детето вакцинирано со три дози во последните шест месеци, завршена примоимунизација ќе биде оптимално заштитено со цел да може да продолжи да посетува градинка, да се социјализира со напомена дека ревакцината мора да биде примена во следните шест месеци.

Имунолошкиот аспект од аспект на заштита на детето ќе биде целосен доколку се задоволени и двата услови. Во шесте месеци да бидат примени тие три дози од примо имунизацијата, но задолжително да се прими ревакцината, којашто временскиот период го скративме, наместо од последната доза на вакцина една година, го скратуваме на шест месеци. Тоа се препораките до родителите. Да го сфатат овој апел со цел нормално да соработуваме, но, приоритет е здравствената заштита на децата. Се' уште епидемиолошката состојба е далеку од добра и се зголемува. Имаме во градинките, имаме во училиштата, во ризик ќе бидат и возрасните. Апелираме до родителите најитно да се упатат во вакциналните тимови и овој редослед на вакцини го остварат“, потенцираше д-р Грозданова.

Од Комисијата за заразни болести ќе апелираат до градинките да вршат поинтензивна проверката на вакциналните картони и притоа да биде вклучена и проверката за МРП вакцината за да не ни се случат две епидемии истовремено. Според д-р Грозданова, децата можат во ист ден да примат и ДиТеПер и МРП вакцина.

Комитетот за имунизација до вакциналните тимови и официјално испрати препорака детето кои прима вакцина ДиТеПер на 18 месеци, заедно да се прими и МРП вакцина. И веќе тоа се прави во вакциналните пунктови. Треба да им се објасни на родителите дека не постои проблем двете вакцини да се примат во ист ден, рече Грозданова.

Петличковски нагласи дека вакцинацијата може да се одложи поради болест, кај многу деца календарот е изместен поради коронавирусот, но потврди за привремена спреченост не постојат ниту, пак, некој ги издава. Постојат само потврди за трајна спреченост за вакцинација во одредени случаи и ги повика родителите да ги вакцинираат децата оти во ризик може да бидат доведени и возрасните.

Во град Скопје е прогласена епидемиија на голема кашлица.

Според календарот за имунизација, вакцината против голема кашлица се прима во три дози – на двомесечна, тримесечна и на шестмесечна возраст. Ревакцината треба да се прими на 18-месечна возраст односно една година по последната од трите дози на вакцината. На четири години се прима втората ревакцина за ДиТеПер.

Заклучно со 7 март во Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, најмногу од Скопје – 151.

Заболените лица се на возраст 1 месец до 70 години. Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 27 случаи припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 22 се деца на возраст од 1 до 4 години, а во возрасната група 10-14 години се пријавени 43 случаи, според извештајот на Институтот за јавно здравје кој се објавува секој петок.

The post Деца кои се вакцинирани со трета доза ДиТеПер во последните шест месеци може да одат во градинка, реши Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>

Деца кои се вакцинирани со трета доза ДиТеПер во последните шест месеци може да одат во градинка, реши Комисијата за заразни болести. Задолжително е во следните шест месеци да се изврши и ревакцината, соопшти денеска претседателот на Комисијата проф. д-р Александар Петличковски. Д-р Петличковски рече дека не може да каже кога Министерството ќе достави известување до градинките, но може да се очекува тоа да биде денеска или во следните денови.
На седницата на Комисијата за заразни болести ја имавме како гостин проф. д-р Александра Грозданова од Комитетот за имунизација, со цел да ги дообјасниме препораките кои беа дадени. Дообјаснувањето се однесува на деца кои примиле серија вакцинална од три дози, ја завршиле примоимунизацијата во последните шест месеци и сега им следи ревакцина која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци, но овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во последните шест месеци треба да им биде дозволено да влезат во градинка, со напомена дека оваа ревакцина редовно треба да ја примат во следниот период односно после шест месеци најрано од примањето на третата доза“, рече д-р Петличковски.
Петличковски истакна дека состојбата не е добра, не е стабилна, а во оваа состојба сме се довеле заради многу години наназад неодговорно однесување на многу граѓани.
Оној податок од 50 проценти вакцинирани деца по градинките е поразителен податок за државата. И тука мора многу да работиме. Имаме разбирање, имаме и научна поткрепа дека овој малку олабавен начин на проценка на имунитетот со трите дози помага, но не знам до кога ќе остане затоа што ако состојбата со оглед дека сега сме веќе со бројки над 170 случаи во Скопје и над 200 во државата и веројатно тој број и понатаму ќе расте, можно е во следниве недели да излеземе со построги епидемиолошки мерки. Се зависи од развојот на ситуацијата. Тоа е главниот заклучок на денешниот состанок“, посочи д-р Петличковски.
Проф. д-р Грозданова изјави дека од медицински и имунолошки здравствен аспект процениле дека детето вакцинирано со три дози во последните шест месеци, завршена примоимунизација ќе биде оптимално заштитено со цел да може да продолжи да посетува градинка, да се социјализира со напомена дека ревакцината мора да биде примена во следните шест месеци.
Имунолошкиот аспект од аспект на заштита на детето ќе биде целосен доколку се задоволени и двата услови. Во шесте месеци да бидат примени тие три дози од примо имунизацијата, но задолжително да се прими ревакцината, којашто временскиот период го скративме, наместо од последната доза на вакцина една година, го скратуваме на шест месеци. Тоа се препораките до родителите. Да го сфатат овој апел со цел нормално да соработуваме, но, приоритет е здравствената заштита на децата. Се' уште епидемиолошката состојба е далеку од добра и се зголемува. Имаме во градинките, имаме во училиштата, во ризик ќе бидат и возрасните. Апелираме до родителите најитно да се упатат во вакциналните тимови и овој редослед на вакцини го остварат“, потенцираше д-р Грозданова.
Од Комисијата за заразни болести ќе апелираат до градинките да вршат поинтензивна проверката на вакциналните картони и притоа да биде вклучена и проверката за МРП вакцината за да не ни се случат две епидемии истовремено. Според д-р Грозданова, децата можат во ист ден да примат и ДиТеПер и МРП вакцина.
Комитетот за имунизација до вакциналните тимови и официјално испрати препорака детето кои прима вакцина ДиТеПер на 18 месеци, заедно да се прими и МРП вакцина. И веќе тоа се прави во вакциналните пунктови. Треба да им се објасни на родителите дека не постои проблем двете вакцини да се примат во ист ден, рече Грозданова.
Петличковски нагласи дека вакцинацијата може да се одложи поради болест, кај многу деца календарот е изместен поради коронавирусот, но потврди за привремена спреченост не постојат ниту, пак, некој ги издава. Постојат само потврди за трајна спреченост за вакцинација во одредени случаи и ги повика родителите да ги вакцинираат децата оти во ризик може да бидат доведени и возрасните. Во град Скопје е прогласена епидемиија на голема кашлица. Според календарот за имунизација, вакцината против голема кашлица се прима во три дози – на двомесечна, тримесечна и на шестмесечна возраст. Ревакцината треба да се прими на 18-месечна возраст односно една година по последната од трите дози на вакцината. На четири години се прима втората ревакцина за ДиТеПер. Заклучно со 7 март во Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, најмногу од Скопје – 151. Заболените лица се на возраст 1 месец до 70 години. Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 27 случаи припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 22 се деца на возраст од 1 до 4 години, а во возрасната група 10-14 години се пријавени 43 случаи, според извештајот на Институтот за јавно здравје кој се објавува секој петок.  

The post Деца кои се вакцинирани со трета доза ДиТеПер во последните шест месеци може да одат во градинка, реши Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>
Меџити: Не може некој 10 години да работи во здравство со договор на дело, ќе бараме да добие решение по шест месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-ne-mozhe-nekoj-10-godini-da-raboti-vo-zdravstvo-so-dogovor-na-delo-ke-barame-da-dobie-reshenie-po-shest-mesetsi/ Mon, 05 Jun 2023 11:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=647997

На посебна седница на Влада министерот за здравство Фатмир Меџити ќе побара да се смени законот за вработување во здравство. Меџити денеска кажа дека сите барања за нови вработувања во здравство ги имаат пренасочено во Министертвото за финансии. Свесен за тоа каква е ситуацијата, посебно после ковид-пандемијата и недостатокот на кадар во болниците и поликлиниките, Меџити кажа дека министрството не седело со скрстени раце, но вработувањата не зависеле од него како министер.

Ако некој доаѓа со договор на дело, тој може да работи најмногу шест месеци и потоа автоматски да добие решение за работа, а не да седи по 10 години. Затоа бараме законски можности, да го решиме овој проблем, сите заедно, на посебна седница на Владата, каде што ќе се говори токму за вработувањата, рече денеска Меџити.

The post Меџити: Не може некој 10 години да работи во здравство со договор на дело, ќе бараме да добие решение по шест месеци appeared first on Република.

Ламбе Алабаковски осуден на условна казна од шест месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lambe-alabakovski-osuden-na-uslovna-kazna-od-shest-meseci/ Tue, 27 Sep 2022 14:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=554861

Ламбе Алабаковски, кој пред неколку месеци го подмета пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, е осуден на условна казна од шест месеци, објави „Нова Македонија“.

Тој е е осуден на алтернативна условна осуда со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.

Алабаковски уште за време на истрагата го призна делото, но не кажа од кои мотиви го сторил.

По пресудата, на Алабаковски му се вратени двата пасоша, и македонскиот и американскиот.

The post Ламбе Алабаковски осуден на условна казна од шест месеци appeared first on Република.

]]>

Ламбе Алабаковски, кој пред неколку месеци го подмета пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, е осуден на условна казна од шест месеци, објави „Нова Македонија“. Тој е е осуден на алтернативна условна осуда со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. Алабаковски уште за време на истрагата го призна делото, но не кажа од кои мотиви го сторил. По пресудата, на Алабаковски му се вратени двата пасоша, и македонскиот и американскиот.  

The post Ламбе Алабаковски осуден на условна казна од шест месеци appeared first on Република.

]]>
Проф. Дејан Трајковски: Во следните шест месеци ќе заборавиме на коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prof-dejan-trajkovski-vo-slednite-shest-meseci-kje-zaboravime-na-koronavirusot/ Tue, 19 Apr 2022 10:01:30 +0000 https://republika.mk/?p=490440

Професорот Дејан Трајковски во својата ковид-анализа констатира дека ни претстои период во кој ќе заборавиме на корона вирусот.

Како што се намалува бројот на новозаразени во светски рамки, така се намалуваат и шансите за појава на нови мутации, иако тие не се сосема исклучени. Како и кај повеќето пандемии, беа потребни повеќе од две години за да прележи (дури и по два пати) голем дел од популацијата, па на тој начин по пат на колективен имунитет ширењето на заразата спонтано да се намали, пишува професорот на својот Фејсбк профил.

Според него иако секоја зима веројтно ќе имаме увоз на нови инфекции од разни ендемични подрачја на планетава, во следните 6 месеци ќе подзаборавиме на епидемијата на корона вирусите.

Ситуацијата дефинитивно оди на подобро, но жално е што преку 15.000 наши сограѓани, мерено според одвишната смртност над очекуваната сезонска смртност, не го преживеаја ова премрежие, наведува професорот.

Неговата анализа во целост во продолжение:

The post Проф. Дејан Трајковски: Во следните шест месеци ќе заборавиме на коронавирусот appeared first on Република.