шест ленти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shest-lenti/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Dec 2022 21:52:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шест ленти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shest-lenti/ 32 32 Груби најави автопат со шест ленти до Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-najavi-avtopat-so-shest-lenti-do-tirana/ Mon, 12 Dec 2022 12:40:03 +0000 https://republika.mk/?p=584763

Потпретседателот на Владата за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во Тирана потпиша договор за соработка меѓу Владата наМакедонија и Владата на Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортот на стоки меѓу двете земји.

Според Груби, овој проект ги надминува димензиите на национален проект и е од стратешко значење за развојот на Западен Балкан, а со него се предвидува изградба на автопат со 6 ленти од Скопје до Ќафасан, со што растојанието помеѓу Скопје и Тирана ќе се намали на 2,5 часа,а меѓу Скопје и Валона на 3 часа.

За максимално искористување на пристапот до пристаништето, планираме да ја започнеме и железничката врска Скопје – Кичево – Поградец – Драч. Во јануари ги спојуваме двете гранични контроли во една, со цел конечно да ги отстраниме границите меѓу нас. Ја градиме и интерконективната енергетска врска меѓу нас со два проекта, трафостаница во Охрид и високонапонска врска Битола-Елбасан.

 

Бројни се скептиците кои не веруваат во реализација на проектите што ги имаме започнато за да бидеме заедно, за да ги отстраниме границите меѓу нас, бројни се и ќе бидат оние кои ќе се обидат да направат опструкции, да ја потценат нивната тежина, но наша должност е да продолжиме со работа размислувајќи за идните генерации и за она што можеме да им го оставиме денес како наследство и основа за здрава иднина, рече Груби во Тирана.

Тој додаде дека со премиерот Рама на заедничката седница меѓу нашите две влади било разговарано и за изградбата на суво пристаниште во градот Струга, нова и креативна димензија на комуникација која е придонесе за зајакнување на трговската размена меѓу двете земји и е составен дел од изградбата на новото пристаниште Драч.

 

The post Груби најави автопат со шест ленти до Тирана appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Владата за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во Тирана потпиша договор за соработка меѓу Владата наМакедонија и Владата на Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортот на стоки меѓу двете земји. Според Груби, овој проект ги надминува димензиите на национален проект и е од стратешко значење за развојот на Западен Балкан, а со него се предвидува изградба на автопат со 6 ленти од Скопје до Ќафасан, со што растојанието помеѓу Скопје и Тирана ќе се намали на 2,5 часа,а меѓу Скопје и Валона на 3 часа.
За максимално искористување на пристапот до пристаништето, планираме да ја започнеме и железничката врска Скопје – Кичево – Поградец – Драч. Во јануари ги спојуваме двете гранични контроли во една, со цел конечно да ги отстраниме границите меѓу нас. Ја градиме и интерконективната енергетска врска меѓу нас со два проекта, трафостаница во Охрид и високонапонска врска Битола-Елбасан.   Бројни се скептиците кои не веруваат во реализација на проектите што ги имаме започнато за да бидеме заедно, за да ги отстраниме границите меѓу нас, бројни се и ќе бидат оние кои ќе се обидат да направат опструкции, да ја потценат нивната тежина, но наша должност е да продолжиме со работа размислувајќи за идните генерации и за она што можеме да им го оставиме денес како наследство и основа за здрава иднина, рече Груби во Тирана.
Тој додаде дека со премиерот Рама на заедничката седница меѓу нашите две влади било разговарано и за изградбата на суво пристаниште во градот Струга, нова и креативна димензија на комуникација која е придонесе за зајакнување на трговската размена меѓу двете земји и е составен дел од изградбата на новото пристаниште Драч.  

The post Груби најави автопат со шест ленти до Тирана appeared first on Република.

]]>