шеријат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sherijat/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jan 2024 09:19:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шеријат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sherijat/ 32 32 Средношколци во Германија бараат шеријат: Физичко раздвојување на момчињата и девојчињата, задолжителни шамии https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/srednoshkoltsi-vo-germanija-baraat-sherijat-fizichko-razdvojuvane-na-momchinata-i-devojchinata-zadolzhitelni-shamii/ Wed, 17 Jan 2024 09:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=733851

Строго раздвојување на девојчињата и момчињата, задолжителни шамии...бараат четворица средношколци кои сакаат да воведат строги шеријатски правила во своето училиште во Германија. Полицијата го истражува случајот.

Дојче веле пренесува дека четворица муслимански ученици побарале воведување строги исламски правила во нивното средно училиште „Нордштат“ во Нојс, град во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Средношколците барале часовите да бидат строго поделени по пол, мажите да им даваат часови по пливање на момчињата, а жените на девојчињата и дека девојките мора да носат шамии.

Тие бараат дури и групите за разговор што постојат за комуникација во класот да бидат поделени по пол, а на муслиманите да им се обезбеди просторија во училиштето каде што ќе можат да се молат и да им биде дозволено да го напуштат училиштето рано во петок за да можат да одат во џамија.

The post Средношколци во Германија бараат шеријат: Физичко раздвојување на момчињата и девојчињата, задолжителни шамии appeared first on Република.

]]>

Строго раздвојување на девојчињата и момчињата, задолжителни шамии...бараат четворица средношколци кои сакаат да воведат строги шеријатски правила во своето училиште во Германија. Полицијата го истражува случајот.
Дојче веле пренесува дека четворица муслимански ученици побарале воведување строги исламски правила во нивното средно училиште „Нордштат“ во Нојс, град во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Средношколците барале часовите да бидат строго поделени по пол, мажите да им даваат часови по пливање на момчињата, а жените на девојчињата и дека девојките мора да носат шамии. Тие бараат дури и групите за разговор што постојат за комуникација во класот да бидат поделени по пол, а на муслиманите да им се обезбеди просторија во училиштето каде што ќе можат да се молат и да им биде дозволено да го напуштат училиштето рано во петок за да можат да одат во џамија.

The post Средношколци во Германија бараат шеријат: Физичко раздвојување на момчињата и девојчињата, задолжителни шамии appeared first on Република.

]]>
Ученици бараат девојките да носат шамии, а класовите да се поделат по пол во нивното училиште во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uchenitsi-baraat-devojkite-da-nosat-shamii-a-klasovite-da-se-podelat-po-pol-vo-nivnoto-uchilishte-vo-germanija/ Tue, 16 Jan 2024 14:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=733688

Четворица муслимански ученици побарале да се воведат строги исламски правила во нивното средно училиште „Нордштат“ во Нојс, град во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Како што пренесе ДВ, 17-годишник, двајца 18-годишници и еден 19-годишен ученик барале часовите да бидат строго поделени по пол, мажи да им држат часови по пливање на момчиња, а жени на девојчињата и дека девојките мора да носат шамии.

Тие бараа дури и групите за разговор што постојат за комуникација во класот да бидат поделени по пол, а на муслиманите да им се обезбеди просторија во училиштето каде што ќе можат да се молат и да им биде дозволено да го напуштат училиштето порано во петок за да можат да одат до џамија.

Медиумите јавуваат дека четворицата на час експлицитно изјавиле дека ја отфрлаат демократијата. Тие јавно поддржале каменување и другите кршења на човековите права. Исто така, пишуваат медиумите, вршеле притисок и врз други муслимани кои според нив, биле „лоши муслимани“.

Сето тоа е содржано во полицискиот извештај во кој имале увид од германскиот јавен сервис WDR. Управата на училиштето за случајот ја известила полицијата минатиот декември, а за тоа биле информирани и Државната безбедност, јавното обвинителство во Дизелдорф, како и Покраинската канцеларија на криминалистичката полиција (ЛКА).

Наводно, лани имало повеќе инциденти, во март и декември. За тројца од четворицата ученици се вели дека веќе се пријавени за слични проблеми. Јавното обвинителство се уште истражува што се случило во декември, се сомневаат дека се работи за закани и принуда.

Како што се наведува во полицискиот извештај, биле проверени и родителите на четворицата обвинети ученици.

The post Ученици бараат девојките да носат шамии, а класовите да се поделат по пол во нивното училиште во Германија appeared first on Република.

]]>

Четворица муслимански ученици побарале да се воведат строги исламски правила во нивното средно училиште „Нордштат“ во Нојс, град во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Како што пренесе ДВ, 17-годишник, двајца 18-годишници и еден 19-годишен ученик барале часовите да бидат строго поделени по пол, мажи да им држат часови по пливање на момчиња, а жени на девојчињата и дека девојките мора да носат шамии. Тие бараа дури и групите за разговор што постојат за комуникација во класот да бидат поделени по пол, а на муслиманите да им се обезбеди просторија во училиштето каде што ќе можат да се молат и да им биде дозволено да го напуштат училиштето порано во петок за да можат да одат до џамија. Медиумите јавуваат дека четворицата на час експлицитно изјавиле дека ја отфрлаат демократијата. Тие јавно поддржале каменување и другите кршења на човековите права. Исто така, пишуваат медиумите, вршеле притисок и врз други муслимани кои според нив, биле „лоши муслимани“. Сето тоа е содржано во полицискиот извештај во кој имале увид од германскиот јавен сервис WDR. Управата на училиштето за случајот ја известила полицијата минатиот декември, а за тоа биле информирани и Државната безбедност, јавното обвинителство во Дизелдорф, како и Покраинската канцеларија на криминалистичката полиција (ЛКА). Наводно, лани имало повеќе инциденти, во март и декември. За тројца од четворицата ученици се вели дека веќе се пријавени за слични проблеми. Јавното обвинителство се уште истражува што се случило во декември, се сомневаат дека се работи за закани и принуда. Како што се наведува во полицискиот извештај, биле проверени и родителите на четворицата обвинети ученици.

The post Ученици бараат девојките да носат шамии, а класовите да се поделат по пол во нивното училиште во Германија appeared first on Република.

]]>