шенген Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shengen/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 18:12:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шенген Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shengen/ 32 32 Австрија го укина ветото за пристапување на Романија и на Бугарија кон Шенген зоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-go-ukina-vetoto-za-pristapuvane-na-romanija-i-na-bugarija-kon-shengen-zonata/ Fri, 22 Nov 2024 18:12:23 +0000 https://republika.mk/?p=840931

Австрија го укина ветото за пристапување на Романија и на Бугарија кон безграничниот простор Шенген, кон кој овие две земји со години се обидуваат да влезат. Овој пробив беше соопштен попладнево на состанокот во Будимпешта во организација на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, на кој учествуваа министрите за внатрешни работи на Романија, Бугарија и Австрија.

Тројцата министри потпишаа заеднички договор кој ќе го отвори патот за полноправно членство во Шенген, изјави унгарскиот портпарол. Во пракса тоа значи укинување на контролите на копнените граници, што е последната пречка која преостана. На почетокот на оваа година беа укинати контролите на морските и воздушните граници како прва отстапка на Виена.

The post Австрија го укина ветото за пристапување на Романија и на Бугарија кон Шенген зоната appeared first on Република.

]]>

Австрија го укина ветото за пристапување на Романија и на Бугарија кон безграничниот простор Шенген, кон кој овие две земји со години се обидуваат да влезат. Овој пробив беше соопштен попладнево на состанокот во Будимпешта во организација на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, на кој учествуваа министрите за внатрешни работи на Романија, Бугарија и Австрија. Тројцата министри потпишаа заеднички договор кој ќе го отвори патот за полноправно членство во Шенген, изјави унгарскиот портпарол. Во пракса тоа значи укинување на контролите на копнените граници, што е последната пречка која преостана. На почетокот на оваа година беа укинати контролите на морските и воздушните граници како прва отстапка на Виена.

The post Австрија го укина ветото за пристапување на Романија и на Бугарија кон Шенген зоната appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Треба да направиме се за Романија да влезе во Шенген https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-treba-da-napravime-se-za-romanija-da-vleze-vo-shengen/ Fri, 15 Nov 2024 19:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=838271

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на прес-конференција во романскиот град Миеркурија Чук, порача дека националните интереси на Романија и Унгарија се совпаѓаат во однос на целосното пристапување на земјата во Шенген зоната.

Мораме да направиме се што е можно Романија конечно да влезе во Шенген зоната како полноправна членка. Овде зборуваме за прашање каде што се поклопуваат националните интереси на Романија и Унгарија, односно на двата народи. Поради оваа причина, ќе сториме се што е можно, ќе мобилизираме сè и ќе се обидеме да ги убедиме сите во следните два месеца за конечно да може Романија да влезе во Шенген зоната. Наш интерес е животот на заедниците од двете страни на границата да бидат што посилно поврзани, за што ни е потребен статус за членство во Шенген“, порача Сијарто.

Темата за Шенген беше разгледана и на форумот во Миеркурија Чук, на кој шефот на унгарската дипломатија учествуваше заедно со лидерот на Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, Келемен Хунор.

The post Сијарто: Треба да направиме се за Романија да влезе во Шенген appeared first on Република.

Советот на ЕУ ќе расправа за прашањето за Шенген во однос на Бугарија и Романија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sovetot-na-eu-ke-rasprava-za-prashaneto-za-shengen-vo-odnos-na-bugarija-i-romanija/ Fri, 27 Sep 2024 16:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=820363

Советот на ЕУ на 10 октомври во Луксембург ќе расправа за моменталната состојба на примена на шенгенското законодавство од Бугарија и Романија. Тоа е наведено во програмата за работа на институцијата за почетокот на следниот месец.

Министрите за внатрешни работи ќе разговараат за општата состојба на Шенген зоната. Европската комисија ќе презентира извештај за Шенген со податоци од изминатите две години. Документот ќе ги наведе заканите за заедничкиот простор без гранични проверки. Министрите ќе разговараат и за прашањето за зголемување на отпорноста на надворешните граници на ЕУ, пренесе БТА.

The post Советот на ЕУ ќе расправа за прашањето за Шенген во однос на Бугарија и Романија appeared first on Република.

]]>

Советот на ЕУ на 10 октомври во Луксембург ќе расправа за моменталната состојба на примена на шенгенското законодавство од Бугарија и Романија. Тоа е наведено во програмата за работа на институцијата за почетокот на следниот месец. Министрите за внатрешни работи ќе разговараат за општата состојба на Шенген зоната. Европската комисија ќе презентира извештај за Шенген со податоци од изминатите две години. Документот ќе ги наведе заканите за заедничкиот простор без гранични проверки. Министрите ќе разговараат и за прашањето за зголемување на отпорноста на надворешните граници на ЕУ, пренесе БТА.

The post Советот на ЕУ ќе расправа за прашањето за Шенген во однос на Бугарија и Романија appeared first on Република.

]]>
ЕК, Фон дер Лајен, Схинас и Јохансон го поздравуваат утрешниот прием на Бугарија и Романија во Шенген https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-fon-der-lajen-shinas-i-johanson-go-pozdravuvaat-utreshniot-priem-na-bugarija-i-romanija-vo-shengen/ Sat, 30 Mar 2024 15:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=760413

Бугарија и Романија утре се приклучуваат на Шенген зоната: во двете земји-членки сега ќе важат сите правила на Шенген, вклучително и за издавање шенген визи, а контролата на внатрешните воздушни и поморски граници ќе биде укината. Европската комисија топло го поздравува ова достигнување - тоа е продолжение на историската одлука на Советот на ЕУ во декември 2023 година. Пристапувањето на двете земји ја прави попривлечна и значително ја проширува најголемата заедничка област во светот без контроли на внатрешните граници, се вели во изјава за медиумите на Европската Комисија.

„Утре е важен ден: Бугарија и Романија се приклучуваат на шенгенското семејство. Го поздравувам укинувањето на контролите на внатрешните воздушни и поморски граници. Ова е голем успех за двете земји. Исто така, историски момент за Шенген зоната - најголемата област на слободно движење во светот. Заедно градиме посилна и пообединета Европа за сите наши граѓани“, истакна претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, пренесува БТА.

Заменик-претседателот на Комисијата Маргаритис Схинас, од своја страна, додаде дека: „Пристапувањето на Романија и Бугарија го прави Шенген посилен - овој „скапоцен камен во круната“ што е симбол на нашиот европски начин на живот и го фаворизира внатрешниот пазар, нашите економии и европски граѓани насекаде. Срдечно им честитам на двете страни за напорната работа што ја вложивте за да стигнете до тука - тоа е одамна заслужено достигнување. Ќе продолжиме да чекориме заедно на патот напред“.

Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон потсети дека од 31 март „Бугарија и Романија целосно ќе го имплементираат правото на Шенген, што ќе ја направи ЕУ посилна и побезбедна со подобра заштита на нашите надворешни граници, ќе ги промени животите на милиони луѓе и ќе го олесни патувањето. Горда сум на работата направена од толку многу луѓе и во Романија и во Бугарија“.

Јохансон потсети дека од утре ќе биде отстранета внатрешната гранична контрола за двете балкански земји на воздушната и поморската граница. „Следниот чекор е да се отстранат проверките и на внатрешните копнени граници. Дискусијата во Советот ќе продолжи оваа година. Ветувам дека тоа ќе биде приоритет до крајот на мојот мандат“, рече Јохансон, пренесува БТА.

The post ЕК, Фон дер Лајен, Схинас и Јохансон го поздравуваат утрешниот прием на Бугарија и Романија во Шенген appeared first on Република.

]]>

Бугарија и Романија утре се приклучуваат на Шенген зоната: во двете земји-членки сега ќе важат сите правила на Шенген, вклучително и за издавање шенген визи, а контролата на внатрешните воздушни и поморски граници ќе биде укината. Европската комисија топло го поздравува ова достигнување - тоа е продолжение на историската одлука на Советот на ЕУ во декември 2023 година. Пристапувањето на двете земји ја прави попривлечна и значително ја проширува најголемата заедничка област во светот без контроли на внатрешните граници, се вели во изјава за медиумите на Европската Комисија.
„Утре е важен ден: Бугарија и Романија се приклучуваат на шенгенското семејство. Го поздравувам укинувањето на контролите на внатрешните воздушни и поморски граници. Ова е голем успех за двете земји. Исто така, историски момент за Шенген зоната - најголемата област на слободно движење во светот. Заедно градиме посилна и пообединета Европа за сите наши граѓани“, истакна претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, пренесува БТА.
Заменик-претседателот на Комисијата Маргаритис Схинас, од своја страна, додаде дека: „Пристапувањето на Романија и Бугарија го прави Шенген посилен - овој „скапоцен камен во круната“ што е симбол на нашиот европски начин на живот и го фаворизира внатрешниот пазар, нашите економии и европски граѓани насекаде. Срдечно им честитам на двете страни за напорната работа што ја вложивте за да стигнете до тука - тоа е одамна заслужено достигнување. Ќе продолжиме да чекориме заедно на патот напред“. Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон потсети дека од 31 март „Бугарија и Романија целосно ќе го имплементираат правото на Шенген, што ќе ја направи ЕУ посилна и побезбедна со подобра заштита на нашите надворешни граници, ќе ги промени животите на милиони луѓе и ќе го олесни патувањето. Горда сум на работата направена од толку многу луѓе и во Романија и во Бугарија“. Јохансон потсети дека од утре ќе биде отстранета внатрешната гранична контрола за двете балкански земји на воздушната и поморската граница. „Следниот чекор е да се отстранат проверките и на внатрешните копнени граници. Дискусијата во Советот ќе продолжи оваа година. Ветувам дека тоа ќе биде приоритет до крајот на мојот мандат“, рече Јохансон, пренесува БТА.

The post ЕК, Фон дер Лајен, Схинас и Јохансон го поздравуваат утрешниот прием на Бугарија и Романија во Шенген appeared first on Република.

]]>
Одлуката за прием на Бугарија и Романија во Шенген објавена во Службениот весник на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/odlukata-za-priem-na-bugarija-i-romanija-vo-shengen-objavena-vo-sluzhbeniot-vesnik-na-eu/ Thu, 04 Jan 2024 11:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=729561

Одлуката на Советот на Европската унија од 30 декември за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната по воздушен и воден пат, од 31 март годинава, денеска е објавена во Службениот весник на ЕУ.

Со оваа постапка одлуката на Советот на ЕУ и официјално стапи на сила.

Во одлуката се наведува дека „од технички и оперативни причини, соодветно е прво да се отстранат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници што е можно поскоро во 2024 година“. Во одлуката се наведува и дека „овие проверки треба да се отстранат до најраниот можен датум што одговара на сезонската промена во распоредот на IATA (Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт).

Во членот 1 од усвоената одлука се вели дека „од 31 март 2024 година ќе се укинат проверките на лицата на внатрешните воздушни и поморски граници со и меѓу Бугарија и Романија и ќе се применуваат одредбите од шенгенското право наведени во Анексот за Бугарија. и за Романија и меѓу себе и во нивните односи со Кралството Белгија, Чешката Република, Кралството Данска, Сојузна Република Германија, Република Естонија, Република Грција, Кралството Шпанија, Француската Република, Република Хрватска, Италијанската Република, Република Латвија, Република Литванија, Големото Војводство Луксембург, Унгарија, Малта, Кралството Холандија, Република Австрија, Република Полска, Португалската Република, Република Словенија, Република Словачка, Република Финска и Кралството Шведска, како и со Исланд, Кнежеството Лихтенштајн, Кралството Норвешка и Швајцарската Конфедерација“.

The post Одлуката за прием на Бугарија и Романија во Шенген објавена во Службениот весник на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Советот на Европската унија од 30 декември за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната по воздушен и воден пат, од 31 март годинава, денеска е објавена во Службениот весник на ЕУ. Со оваа постапка одлуката на Советот на ЕУ и официјално стапи на сила. Во одлуката се наведува дека „од технички и оперативни причини, соодветно е прво да се отстранат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници што е можно поскоро во 2024 година“. Во одлуката се наведува и дека „овие проверки треба да се отстранат до најраниот можен датум што одговара на сезонската промена во распоредот на IATA (Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт). Во членот 1 од усвоената одлука се вели дека „од 31 март 2024 година ќе се укинат проверките на лицата на внатрешните воздушни и поморски граници со и меѓу Бугарија и Романија и ќе се применуваат одредбите од шенгенското право наведени во Анексот за Бугарија. и за Романија и меѓу себе и во нивните односи со Кралството Белгија, Чешката Република, Кралството Данска, Сојузна Република Германија, Република Естонија, Република Грција, Кралството Шпанија, Француската Република, Република Хрватска, Италијанската Република, Република Латвија, Република Литванија, Големото Војводство Луксембург, Унгарија, Малта, Кралството Холандија, Република Австрија, Република Полска, Португалската Република, Република Словенија, Република Словачка, Република Финска и Кралството Шведска, како и со Исланд, Кнежеството Лихтенштајн, Кралството Норвешка и Швајцарската Конфедерација“.

The post Одлуката за прием на Бугарија и Романија во Шенген објавена во Службениот весник на ЕУ appeared first on Република.

]]>
„Новогодишен поклон“: Бугарија и Романија добија делумен пристап во Шенген зоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novogodishen-poklon-bugarija-i-romanija-dobija-delumen-pristap-vo-shengen-zonata/ Mon, 01 Jan 2024 18:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=728706

Советот на ЕУ постигна договор за делумен прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната во воздушните и поморските пристаништа. Од шпанското претседателство соопштија дека одлуката е донесена со консензус на сите земји-членки, по писмена процедура, откако Австрија попушти и дозволи делумен влез на двете земји во Шенген. Ова е последната одлука донесена за време на шпанското претседателство, кое заврши на последниот ден од 2023 година.

Според одлуката, од 31 март следната година ќе се укинат граничните контроли на внатрешните гранични станици, но, засега само во воздушниот и поморскиот сообраќај. Датумот 31 март е избран бидејќи тогаш почнува летното сметање на времето и летниот распоред на летови во авиосообраќајот.

Договорот следеше откако Бугарија и Романија потпишаа заедничка декларација со Австрија во која се обврзуваат да ја интензивираат борбата против илегалната миграција.

Присуството на Фронтекс на бугарско-турската граница треба да се зголеми најмалку тројно, а контролите на копнените граници меѓу Бугарија и Романија и меѓу Романија и Унгарија ќе треба да бидат зајакнати“, се вели во заедничката декларација на трите земји.

Бугарија и Романија со години чекаат да влезат во Шенген зоната, а сега добија само делумен пристап до зоната без контрола на внатрешните граници.

Уште во 2011 година, Европската комисија заклучи дека двете земји ги исполнуваат сите услови и постојано ги повикуваше земјите-членки да го одобрат нивниот влез, но една или повеќе земји секогаш се противеа.

Комесарот за внатрешни работи, Илва Јохансон, истакна дека сега е неопходно „да се обезбеди слободно движење и во копнениот сообраќај“.

Ќе продолжам активно да го поддржувам процесот на целосно пристапување во 2024 година“, изјави Јохансон.

The post „Новогодишен поклон“: Бугарија и Романија добија делумен пристап во Шенген зоната appeared first on Република.

]]>

Советот на ЕУ постигна договор за делумен прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната во воздушните и поморските пристаништа. Од шпанското претседателство соопштија дека одлуката е донесена со консензус на сите земји-членки, по писмена процедура, откако Австрија попушти и дозволи делумен влез на двете земји во Шенген. Ова е последната одлука донесена за време на шпанското претседателство, кое заврши на последниот ден од 2023 година. Според одлуката, од 31 март следната година ќе се укинат граничните контроли на внатрешните гранични станици, но, засега само во воздушниот и поморскиот сообраќај. Датумот 31 март е избран бидејќи тогаш почнува летното сметање на времето и летниот распоред на летови во авиосообраќајот. Договорот следеше откако Бугарија и Романија потпишаа заедничка декларација со Австрија во која се обврзуваат да ја интензивираат борбата против илегалната миграција.
Присуството на Фронтекс на бугарско-турската граница треба да се зголеми најмалку тројно, а контролите на копнените граници меѓу Бугарија и Романија и меѓу Романија и Унгарија ќе треба да бидат зајакнати“, се вели во заедничката декларација на трите земји.
Бугарија и Романија со години чекаат да влезат во Шенген зоната, а сега добија само делумен пристап до зоната без контрола на внатрешните граници. Уште во 2011 година, Европската комисија заклучи дека двете земји ги исполнуваат сите услови и постојано ги повикуваше земјите-членки да го одобрат нивниот влез, но една или повеќе земји секогаш се противеа. Комесарот за внатрешни работи, Илва Јохансон, истакна дека сега е неопходно „да се обезбеди слободно движење и во копнениот сообраќај“.
Ќе продолжам активно да го поддржувам процесот на целосно пристапување во 2024 година“, изјави Јохансон.

The post „Новогодишен поклон“: Бугарија и Романија добија делумен пристап во Шенген зоната appeared first on Република.

]]>
Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/romanija-i-bugarija-postignaa-dogovor-so-avstrija-za-delumno-pristapuvane-vo-shengen-zonata/ Thu, 28 Dec 2023 07:45:29 +0000 https://republika.mk/?p=727326

Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната во март 2024 година, во поморската и воздушната гранична зона, соопшти романската влада.
„После 13 години Романија конечно ќе се приклучи на Шенген! Имаме политички договор за ова“, напиша романскиот премиер Марсел Чолаку на Фејсбук.

Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е склучен „политички договор“ меѓу трите земји за проширување на зоната „до романската и бугарската воздушна и поморска граница“ од март 2024 година.

Прашањето за отворање на копнените граници беше одложено за дискусија следната година.

Австрија, која пред една година стави вето на влезот на двете земји во Шенген, на почетокот на декември ја претстави идејата за релаксирање на правилата за воздушниот сообраќај за Бугарија и Романија, доколку Брисел ги зајакне надворешните граници на ЕУ.

The post Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната appeared first on Република.

]]>

Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната во март 2024 година, во поморската и воздушната гранична зона, соопшти романската влада. „После 13 години Романија конечно ќе се приклучи на Шенген! Имаме политички договор за ова“, напиша романскиот премиер Марсел Чолаку на Фејсбук. Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е склучен „политички договор“ меѓу трите земји за проширување на зоната „до романската и бугарската воздушна и поморска граница“ од март 2024 година. Прашањето за отворање на копнените граници беше одложено за дискусија следната година. Австрија, која пред една година стави вето на влезот на двете земји во Шенген, на почетокот на декември ја претстави идејата за релаксирање на правилата за воздушниот сообраќај за Бугарија и Романија, доколку Брисел ги зајакне надворешните граници на ЕУ.

The post Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната appeared first on Република.

]]>
Холандија се согласи Бугарија да се приклучи на Шенген зоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-se-soglasi-bugarija-da-se-prikluchi-na-shengen-zonata/ Fri, 15 Dec 2023 17:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=723423

Холандија се согласи Бугарија да се приклучи на Шенген зоната, најголемата зона во светот каде што нема проверки на пасоши, соопшти денеска холандското Министерство за правда, цитирано од западните агенции.

Агенциите забележуваат дека со оваа одлука Холандија стави крај на долгогодишното противење кој оваа членка на ЕУ.

The post Холандија се согласи Бугарија да се приклучи на Шенген зоната appeared first on Република.

]]>

Холандија се согласи Бугарија да се приклучи на Шенген зоната, најголемата зона во светот каде што нема проверки на пасоши, соопшти денеска холандското Министерство за правда, цитирано од западните агенции. Агенциите забележуваат дека со оваа одлука Холандија стави крај на долгогодишното противење кој оваа членка на ЕУ.  

The post Холандија се согласи Бугарија да се приклучи на Шенген зоната appeared first on Република.

]]>
Јохансон: На маса е нова верзија на Шенген регулативата, би било добро да нема плаќање надоместок за влез ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/johanson-na-masa-e-nova-verzija-na-shengen-regulativata-bi-bilo-dobro-da-nema-plakane-nadomestok-za-vlez-eu/ Thu, 26 Oct 2023 18:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=695357

На маса е нова верзија на Шенген регулативата за која се очекува преговорите да бидат завршени за време на актуелното шпанско претседателство со ЕУ. Би било добро да нема плаќање надоместок за земјите надвор од ЕУ, изјави вечерва во Скопје еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Таа потврди дека од неодамна има се повеќе земји од Шенген зоната кои имаат заострени гранични проверки, но дека тие се применуваат многу селективно за да нема застои на граничните премини.

Некои се од пред 10 дена и се поврзани со глобалните состојби и случувања. Она што досега го видовме кога соработуваме со земјите членки кои воведуваат внатрешни гранични проверки, гледаме дека ги користат ваквите проверки многу селективно со цел да не се создаваат проблеми и редици на граничните премини. Ова е праксата со ново воведените гранични проверки - рече еврокомесарката Јохансон на новинарско прашање на прес-конференцијата во Скопје по завршувањето на првиот ден од Министерскиот форум посветен на внатрешни работи и правда ЕУ – Западен Балкан 2023 што се одржува под покровителство на шпанското претседателство.

Што се однесува до воведувањето на ЕТИАС - Европскиот систем за патни информации и одобрувања и дали македонските граѓани ќе треба да плаќаат пари за влезат во некоја од земјите на ЕУ, Јохансон рече дека се подготвува нова регулатива и дека би било добро да нема плаќање надомест.

На маса има нова регулатива, нова верзија на Шенген регулативата, а тоа е земјите да можат да воведат нови мерки за заштита на внатрешните граници без вакви проверки. Шпанското претседателство ќе го приоретизира завршувањето на преговорите на оваа тема. Така што би било добро да има нова регулатива, а да нема плаќање на надоместок - рече Јохансон.

Европскиот систем за информации за патувањата и за одобрување на патувањата (ЕТИАС) се очекуваше да профункционира кон крајот на годинава, но неговата примена беше одложена. Тој се однесува за граѓаните на трети земји на кои не им е потребна виза за патување во Шенген зоната, а ги опфаќа и земјите од Западен Балкан вклучително и Македонија. Тие треба да аплицираат за одобрување на патувањето користејќи ја веб-страницата на ЕТИАС или мобилната апликација пред нивното патување и ќе треба да платат надомест од седум евра.

The post Јохансон: На маса е нова верзија на Шенген регулативата, би било добро да нема плаќање надоместок за влез ЕУ appeared first on Република.

]]>

На маса е нова верзија на Шенген регулативата за која се очекува преговорите да бидат завршени за време на актуелното шпанско претседателство со ЕУ. Би било добро да нема плаќање надоместок за земјите надвор од ЕУ, изјави вечерва во Скопје еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. Таа потврди дека од неодамна има се повеќе земји од Шенген зоната кои имаат заострени гранични проверки, но дека тие се применуваат многу селективно за да нема застои на граничните премини.
Некои се од пред 10 дена и се поврзани со глобалните состојби и случувања. Она што досега го видовме кога соработуваме со земјите членки кои воведуваат внатрешни гранични проверки, гледаме дека ги користат ваквите проверки многу селективно со цел да не се создаваат проблеми и редици на граничните премини. Ова е праксата со ново воведените гранични проверки - рече еврокомесарката Јохансон на новинарско прашање на прес-конференцијата во Скопје по завршувањето на првиот ден од Министерскиот форум посветен на внатрешни работи и правда ЕУ – Западен Балкан 2023 што се одржува под покровителство на шпанското претседателство.
Што се однесува до воведувањето на ЕТИАС - Европскиот систем за патни информации и одобрувања и дали македонските граѓани ќе треба да плаќаат пари за влезат во некоја од земјите на ЕУ, Јохансон рече дека се подготвува нова регулатива и дека би било добро да нема плаќање надомест.
На маса има нова регулатива, нова верзија на Шенген регулативата, а тоа е земјите да можат да воведат нови мерки за заштита на внатрешните граници без вакви проверки. Шпанското претседателство ќе го приоретизира завршувањето на преговорите на оваа тема. Така што би било добро да има нова регулатива, а да нема плаќање на надоместок - рече Јохансон.
Европскиот систем за информации за патувањата и за одобрување на патувањата (ЕТИАС) се очекуваше да профункционира кон крајот на годинава, но неговата примена беше одложена. Тој се однесува за граѓаните на трети земји на кои не им е потребна виза за патување во Шенген зоната, а ги опфаќа и земјите од Западен Балкан вклучително и Македонија. Тие треба да аплицираат за одобрување на патувањето користејќи ја веб-страницата на ЕТИАС или мобилната апликација пред нивното патување и ќе треба да платат надомест од седум евра.

The post Јохансон: На маса е нова верзија на Шенген регулативата, би било добро да нема плаќање надоместок за влез ЕУ appeared first on Република.

]]>
Фајон: ЕУ мора да ги заштити своите надворешни граници ако сака да ја зачува Шенген зоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fajon-eu-mora-da-gi-zashtiti-svoite-nadvoreshni-granitsi-ako-saka-da-ja-zachuva-shengen-zonata/ Thu, 28 Sep 2023 10:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=685976

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон денеска изјави дека Европската унија мора да ги заштити своите надворешни граници доколку сака да се зачува Шенген зоната.

Таа на заедничката конференција со нејзиниот австриски колега Александар Шаленберг укажа на зголемувањето на илегалните гранични премини долж западнобалканската рута и рече дека борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе е важна, пренесува СТА.

Шаленберг укажа и на важноста на соработката меѓу земјите и додаде дека единствениот успешен пристап за решавање на овој проблем е единството.

Четвртина од земјите од Шенген веќе спроведуваат гранични контроли, што покажува дека системот не работи како што треба, рече Шаленберг.

Зборувајќи за војната во Украина, австрискиот министер за надворешни работи повика на воспоставување праведен и траен мир со почитување на украинскиот суверенитет. Фајон се согласи со Шаленберг и повика на мир и стабилност во регионот.

Кога станува збор за Западен Балкан, официјалните лица рекоа дека го делат ставот дека земјите треба што поскоро да влезат во Европската унија, а шефот на словенечката дипломатија повика на забрзување на процесот на проширување.

Таа укажа на посветеноста на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за подготвеноста за проширување на ЕУ на Западен Балкан до 2030 година, но изрази загриженост дека со сета нестабилност во регионот, постои ризик од нови тензии или конфликти во регионот.

The post Фајон: ЕУ мора да ги заштити своите надворешни граници ако сака да ја зачува Шенген зоната appeared first on Република.

]]>

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон денеска изјави дека Европската унија мора да ги заштити своите надворешни граници доколку сака да се зачува Шенген зоната. Таа на заедничката конференција со нејзиниот австриски колега Александар Шаленберг укажа на зголемувањето на илегалните гранични премини долж западнобалканската рута и рече дека борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе е важна, пренесува СТА. Шаленберг укажа и на важноста на соработката меѓу земјите и додаде дека единствениот успешен пристап за решавање на овој проблем е единството. Четвртина од земјите од Шенген веќе спроведуваат гранични контроли, што покажува дека системот не работи како што треба, рече Шаленберг. Зборувајќи за војната во Украина, австрискиот министер за надворешни работи повика на воспоставување праведен и траен мир со почитување на украинскиот суверенитет. Фајон се согласи со Шаленберг и повика на мир и стабилност во регионот. Кога станува збор за Западен Балкан, официјалните лица рекоа дека го делат ставот дека земјите треба што поскоро да влезат во Европската унија, а шефот на словенечката дипломатија повика на забрзување на процесот на проширување. Таа укажа на посветеноста на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за подготвеноста за проширување на ЕУ на Западен Балкан до 2030 година, но изрази загриженост дека со сета нестабилност во регионот, постои ризик од нови тензии или конфликти во регионот.

The post Фајон: ЕУ мора да ги заштити своите надворешни граници ако сака да ја зачува Шенген зоната appeared first on Република.

]]>
Полски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polski-diplomati-vo-afrika-azija-i-bliskiot-istok-zemale-mito-za-da-izdavaat-shengen-vizi/ Mon, 18 Sep 2023 13:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=682921

Вработени во полските дипломатски претставништва во Африка, Азија и Блискиот Исток се обвинети за примање мито во замена за издавање визи за Шенген зоната, јавија денеска германските медиуми.

Ова е најголемиот скандал во Полска во 21 век, изјави лидерот на опозицијата и кандидат на либерално-конзервативната Граѓанска платформа (ПО) на претстојните избори, Доналд Туск, коментирајќи го покренувањето истрага против седум членови на полската дипломатска служба и апсење на три лица обвинети за мито и корупција, а во врска со издавањето визи за Шенген зоната.

Туск и некои опозициски медиуми како „Газета Виборча“( Gazeta Wyborcza) зборуваат за издавање на над 250.000 работни визи за Полска, а со тоа и за Шенген зоната, кои беа издадени во последните 30 месеци во полските дипломатски претставништва во Африка и Азија.

На крајот на август, заменик-министерот за надворешни работи задолжен за конзуларните претставништва, Пјотр Ваврзик, беше разрешен без објаснување, а неговиот оддел беше претресен од полската антикорупциска канцеларија CBA.

Според печатот, апликантите во Индија плаќале до 40.000 евра за издавање визи за Шенген зоната. Според истите извори, многу луѓе преминале во Германија со полски визи.

Туск ја обвини владејачката партија ПиС за „лицемерие“ затоа што, од една страна, го блокира компромисот на ЕУ за политиката за азил, а од друга страна, нејзините дипломати издаваат незаконски визи за мито.

Неколку недели пред изборите во Полска, владејачката ПиС ги отфрла обвинувањата на опозицијата и дел од печатот.

-Тука немаме скандал. Тоа е глупава и криминална идеја на неколку луѓе кои немаат никаква врска со владата, изјави претседателот на владејачката ПиС, Јарослав Качински.

The post Полски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи appeared first on Република.

]]>

Вработени во полските дипломатски претставништва во Африка, Азија и Блискиот Исток се обвинети за примање мито во замена за издавање визи за Шенген зоната, јавија денеска германските медиуми. Ова е најголемиот скандал во Полска во 21 век, изјави лидерот на опозицијата и кандидат на либерално-конзервативната Граѓанска платформа (ПО) на претстојните избори, Доналд Туск, коментирајќи го покренувањето истрага против седум членови на полската дипломатска служба и апсење на три лица обвинети за мито и корупција, а во врска со издавањето визи за Шенген зоната. Туск и некои опозициски медиуми како „Газета Виборча“( Gazeta Wyborcza) зборуваат за издавање на над 250.000 работни визи за Полска, а со тоа и за Шенген зоната, кои беа издадени во последните 30 месеци во полските дипломатски претставништва во Африка и Азија. На крајот на август, заменик-министерот за надворешни работи задолжен за конзуларните претставништва, Пјотр Ваврзик, беше разрешен без објаснување, а неговиот оддел беше претресен од полската антикорупциска канцеларија CBA. Според печатот, апликантите во Индија плаќале до 40.000 евра за издавање визи за Шенген зоната. Според истите извори, многу луѓе преминале во Германија со полски визи. Туск ја обвини владејачката партија ПиС за „лицемерие“ затоа што, од една страна, го блокира компромисот на ЕУ за политиката за азил, а од друга страна, нејзините дипломати издаваат незаконски визи за мито. Неколку недели пред изборите во Полска, владејачката ПиС ги отфрла обвинувањата на опозицијата и дел од печатот. -Тука немаме скандал. Тоа е глупава и криминална идеја на неколку луѓе кои немаат никаква врска со владата, изјави претседателот на владејачката ПиС, Јарослав Качински.

The post Полски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи appeared first on Република.

]]>
Европската комисија ѝ се закани на Австрија поради шенгенската гранична контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskata-komisija-se-zakani-na-avstrija-poradi-shengenskata-granichna-kontrola/ Wed, 17 May 2023 07:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=641599

Европската комисија ѝ се закани на Австрија со правна постапка поради нејзините продолжени шенгенски гранични контроли и започна формална процедура за консултации со сите инволвирани земји-членки на ЕУ, пренесува „Еурактив“.

Спорот околу привремените гранични контроли на внатрешните граници ескалира со тоа што ЕК ќе започне формална процедура за консултации со сите засегнати членки, вклучително и Австрија, се вели во извештајот за Шенген зоната без гранична контрола објавен во вторникот.

Ако ова не доведе до јасна заложба за промена, се вели дека Европската комисија е подготвена да преземе правни мерки, објави АПА.

Во безвизната Шенген зона нема постојани проверки на лицата на границите, но во текот на бегалската криза во 2015 година, неколку земји – меѓу кои и Австрија – воведоа привремени контроли што треба да се продолжуваат на секои шест месеци.

Австрија инсистира на одржување на контролата на словенечката граница поради тековниот „миграциски притисок“, најавувајќи во април дека ќе поднесе барање до Европската комисија за продолжување на граничните контроли за уште шест месеци за „да се крене азилантската кочница и да се спречи злоупотребата на азилот“.

Словенија веќе ѝ се закани на Австрија со ресипроцитетни мерки и со воведување гранични контроли. Амбасадорот Александар Гержина се пожали дека австриските гранични контроли сега се продолжени по 17-ти пат.

Словенија не може повеќе да го толерира ова, изјави Гержина за „Тиролер тагесцајтунг“.

АПА го пренесе соопштението од ЕК во кое се посочува дека „повторното воведување на граничните контроли мора да остане исклучок, строго временски ограничен и последна опција“, повикувајќи на постепено укинување на контролите и нивна замена со алтернативни мерки на полициска соработка.

Висок функционер на Европската комисија го истакна истото барање кон крајот на април, додавајќи дека миграциската статистика на австриската влада не ја одразува реалноста.

Сепак, Европскиот суд на правдата веќе донесе одлука за гранични контроли. Во април 2022 година, судот одлучи дека една земја-членка на ЕУ може да воведе гранични контроли во Шенген зоната најмногу шест месеци во случај на сериозна закана за нејзиниот јавен ред или внатрешна безбедност.

Потоа мора да постои доказ за нова сериозна закана. Се чини дека Австрија не го докажала тоа од 2017 година, се наведува во одлуката.

Во исто време, Европската комисија ги повика земјите на ЕУ да ја прошират Шенген зоната за да ги вклучат Бугарија и Романија откако Австрија и Холандија минатата година го блокираа приемот на овие две земји.

Покрај тоа, австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер во април го отфрли барањето на Романија за временска рамка за тоа кога земјата ќе го укине своето вето.

The post Европската комисија ѝ се закани на Австрија поради шенгенската гранична контрола appeared first on Република.

]]>

Европската комисија ѝ се закани на Австрија со правна постапка поради нејзините продолжени шенгенски гранични контроли и започна формална процедура за консултации со сите инволвирани земји-членки на ЕУ, пренесува „Еурактив“. Спорот околу привремените гранични контроли на внатрешните граници ескалира со тоа што ЕК ќе започне формална процедура за консултации со сите засегнати членки, вклучително и Австрија, се вели во извештајот за Шенген зоната без гранична контрола објавен во вторникот. Ако ова не доведе до јасна заложба за промена, се вели дека Европската комисија е подготвена да преземе правни мерки, објави АПА. Во безвизната Шенген зона нема постојани проверки на лицата на границите, но во текот на бегалската криза во 2015 година, неколку земји – меѓу кои и Австрија – воведоа привремени контроли што треба да се продолжуваат на секои шест месеци. Австрија инсистира на одржување на контролата на словенечката граница поради тековниот „миграциски притисок“, најавувајќи во април дека ќе поднесе барање до Европската комисија за продолжување на граничните контроли за уште шест месеци за „да се крене азилантската кочница и да се спречи злоупотребата на азилот“. Словенија веќе ѝ се закани на Австрија со ресипроцитетни мерки и со воведување гранични контроли. Амбасадорот Александар Гержина се пожали дека австриските гранични контроли сега се продолжени по 17-ти пат. Словенија не може повеќе да го толерира ова, изјави Гержина за „Тиролер тагесцајтунг“. АПА го пренесе соопштението од ЕК во кое се посочува дека „повторното воведување на граничните контроли мора да остане исклучок, строго временски ограничен и последна опција“, повикувајќи на постепено укинување на контролите и нивна замена со алтернативни мерки на полициска соработка. Висок функционер на Европската комисија го истакна истото барање кон крајот на април, додавајќи дека миграциската статистика на австриската влада не ја одразува реалноста. Сепак, Европскиот суд на правдата веќе донесе одлука за гранични контроли. Во април 2022 година, судот одлучи дека една земја-членка на ЕУ може да воведе гранични контроли во Шенген зоната најмногу шест месеци во случај на сериозна закана за нејзиниот јавен ред или внатрешна безбедност. Потоа мора да постои доказ за нова сериозна закана. Се чини дека Австрија не го докажала тоа од 2017 година, се наведува во одлуката. Во исто време, Европската комисија ги повика земјите на ЕУ да ја прошират Шенген зоната за да ги вклучат Бугарија и Романија откако Австрија и Холандија минатата година го блокираа приемот на овие две земји. Покрај тоа, австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер во април го отфрли барањето на Романија за временска рамка за тоа кога земјата ќе го укине своето вето.

The post Европската комисија ѝ се закани на Австрија поради шенгенската гранична контрола appeared first on Република.

]]>
Нехамер го потврди ветото за Шенген за Бугарија и Романија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nehamer-go-potvrdi-vetoto-za-shengen-za-bugarija-i-romanija/ Wed, 15 Feb 2023 12:09:02 +0000 https://republika.mk/?p=609287

Австрискиот канцелар Карл Нехамер во вторникот во разговор со австриските новинари го потврди својот став во однос на наметнатото вето против проширувањето на Шенген зоната со Бугарија и Романија.

Ветото ќе остане на сила се додека системот е „нефункционален“, рече Нехамер, потсетувајќи на барањата за статус на бегалец поднесени во Австрија од 75.000 нерегистрирани мигранти кои ја преминале надворешната граница на Европската унија долго пред да влезат во Австрија.

Нехамер укажа и на сè уште постојната германска гранична контрола долж границата со Австрија. Тој ги отфрли обвинувањата за несолидарност.

Канцеларот потсети дека едно време Германија го блокирала влезот на Австрија во Шенген со аргумент дека Австрија не е во состојба да ја заштити надворешната граница. Тој изјави дека Австрија тогаш не била загрижена, туку работела на ова прашање за да ја добие довербата на Германија.

The post Нехамер го потврди ветото за Шенген за Бугарија и Романија appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар Карл Нехамер во вторникот во разговор со австриските новинари го потврди својот став во однос на наметнатото вето против проширувањето на Шенген зоната со Бугарија и Романија. Ветото ќе остане на сила се додека системот е „нефункционален“, рече Нехамер, потсетувајќи на барањата за статус на бегалец поднесени во Австрија од 75.000 нерегистрирани мигранти кои ја преминале надворешната граница на Европската унија долго пред да влезат во Австрија. Нехамер укажа и на сè уште постојната германска гранична контрола долж границата со Австрија. Тој ги отфрли обвинувањата за несолидарност. Канцеларот потсети дека едно време Германија го блокирала влезот на Австрија во Шенген со аргумент дека Австрија не е во состојба да ја заштити надворешната граница. Тој изјави дека Австрија тогаш не била загрижена, туку работела на ова прашање за да ја добие довербата на Германија.

The post Нехамер го потврди ветото за Шенген за Бугарија и Романија appeared first on Република.

]]>
Хрватите ќе треба да се стрпат: Пленковиќ најави видливи резултати од влезот во Шенген и Еврозоната кон крајот на годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatite-ke-treba-da-se-strpat-plenkovik-najavi-vidlivi-rezultati-od-vlezot-vo-shengen-i-evrozonata-kon-krajot-na-godinava/ Tue, 24 Jan 2023 22:08:35 +0000 https://republika.mk/?p=600652

Во организација на Хрватската влада и Хрватската народна банка (ХНБ), во Националната и универзитетска библиотека (НСК) се одржа конференцијата „Хрватска - 20. членка на еврозоната“, која беше отворена со воведни говори на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и Комесарот за трговија при Европската комисија, Валдис Домбровскис.

Од 1 јануари 2023 година, Хрватска стана 18. земја-членка на Европската Унија која е целосно интегрирана по истовременото пристапување во Еврозоната и Шенген.

Пленковиќ во своето обраќање истакна дека Хрватска е единствената земја во историјата на Европската Унија која во ист ден влегла во Шенген зоната и во Еврозоната. Тој додаде дека Хрватска е меѓу 15-те земји кои се членки на Европската Унија, НАТО алијансата, Шенген зоната и Еврозоната.

Ние сме меѓу петте проценти од населението што ја користи втората најсилна валута, изјави Пленковиќ.

Тој додаде дека целиот процес за воведување на еврото во Хрватска почнал во 2017 година со партнерство на Владата и Хрватската народна банка, која ги спровела неопходните реформски процеси во соработка со централноевропските институции, Европската централна банка и Европската комисија.

Дојдовме до позиција каде што остваруваме 80 проценти од нашата размена со членките на Шенген зоната, додека дури 3/4 од нашите туристи се од таа област. Убеден сум дека дури по крајот на оваа година ќе видиме колку добро сме направиле за хрватската економија и хрватските граѓани со остварувањето на овие две цели, потенцираше Пленковиќ.

Тој изјави дека годинава преку соработка со Европската централна банка ќе се направат напори за намалување на инфлацијата со цел до 2025 година нивото на инфлација во Еврозоната да се врати на два отсто.

Домбровскис истакна дека интеграцијата на Хрватска во Еврозоната станал важен фактор за донесување политички и финансиски одлуки на европско ниво.

Домбровскис потсети дека европскиот и светскиот мир во моментов се загрозени од војната во Украина, како и финансиската и енергетската стабилност, и додаде дека влезот на Хрватска во Еврозоната се совпаѓа со високата инфлација во Европа и на глобално ниво, со која другите земји не мораа да се соочат при спроведувањето на сопственото членство во Еврозоната.

Цврсто верувам дека еврото ќе донесе придобивки за граѓаните и деловните субјекти за Хрватска и дека, исто како и во Летонија, ќе биде стабилизирачка сила, рече Домбровскис.

Тој оцени дека еврото ќе помогне за конкурентноста на хрватската економија, ќе придонесе за развој на туризмот и ќе привлече инвеститори.

Гувернерот на ХНБ Борис Вујчиќ, хрватскиот министер за финансии Марко Приморац и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони учествуваа на конференцијата и тркалезната маса „Еврото како гарант на издржливоста“, а претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард се обрати преку видео врска.

The post Хрватите ќе треба да се стрпат: Пленковиќ најави видливи резултати од влезот во Шенген и Еврозоната кон крајот на годинава appeared first on Република.

]]>

Во организација на Хрватската влада и Хрватската народна банка (ХНБ), во Националната и универзитетска библиотека (НСК) се одржа конференцијата „Хрватска - 20. членка на еврозоната“, која беше отворена со воведни говори на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и Комесарот за трговија при Европската комисија, Валдис Домбровскис. Од 1 јануари 2023 година, Хрватска стана 18. земја-членка на Европската Унија која е целосно интегрирана по истовременото пристапување во Еврозоната и Шенген. Пленковиќ во своето обраќање истакна дека Хрватска е единствената земја во историјата на Европската Унија која во ист ден влегла во Шенген зоната и во Еврозоната. Тој додаде дека Хрватска е меѓу 15-те земји кои се членки на Европската Унија, НАТО алијансата, Шенген зоната и Еврозоната.
Ние сме меѓу петте проценти од населението што ја користи втората најсилна валута, изјави Пленковиќ.
Тој додаде дека целиот процес за воведување на еврото во Хрватска почнал во 2017 година со партнерство на Владата и Хрватската народна банка, која ги спровела неопходните реформски процеси во соработка со централноевропските институции, Европската централна банка и Европската комисија.
Дојдовме до позиција каде што остваруваме 80 проценти од нашата размена со членките на Шенген зоната, додека дури 3/4 од нашите туристи се од таа област. Убеден сум дека дури по крајот на оваа година ќе видиме колку добро сме направиле за хрватската економија и хрватските граѓани со остварувањето на овие две цели, потенцираше Пленковиќ.
Тој изјави дека годинава преку соработка со Европската централна банка ќе се направат напори за намалување на инфлацијата со цел до 2025 година нивото на инфлација во Еврозоната да се врати на два отсто. Домбровскис истакна дека интеграцијата на Хрватска во Еврозоната станал важен фактор за донесување политички и финансиски одлуки на европско ниво. Домбровскис потсети дека европскиот и светскиот мир во моментов се загрозени од војната во Украина, како и финансиската и енергетската стабилност, и додаде дека влезот на Хрватска во Еврозоната се совпаѓа со високата инфлација во Европа и на глобално ниво, со која другите земји не мораа да се соочат при спроведувањето на сопственото членство во Еврозоната.
Цврсто верувам дека еврото ќе донесе придобивки за граѓаните и деловните субјекти за Хрватска и дека, исто како и во Летонија, ќе биде стабилизирачка сила, рече Домбровскис.
Тој оцени дека еврото ќе помогне за конкурентноста на хрватската економија, ќе придонесе за развој на туризмот и ќе привлече инвеститори. Гувернерот на ХНБ Борис Вујчиќ, хрватскиот министер за финансии Марко Приморац и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони учествуваа на конференцијата и тркалезната маса „Еврото како гарант на издржливоста“, а претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард се обрати преку видео врска.

The post Хрватите ќе треба да се стрпат: Пленковиќ најави видливи резултати од влезот во Шенген и Еврозоната кон крајот на годинава appeared first on Република.

]]>
Хрватска влезе во Шенген: Од денеска нема контроли на 73 гранични премини со Унгарија и Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-vleze-vo-shengen-od-deneska-nema-kontroli-na-73-granichni-premini-so-ungarija-i-slovenija/ Sun, 01 Jan 2023 10:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=592450

Од денеска се укинуваат граничните контроли на вкупно 73 гранични премини на Хрватска кон Словенија и Унгарија.

За сите граѓани на Хрватска тоа значи дека повеќе нема да мора да покажуваат документи при преминување на границата, рече хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ кога минатиот месец му ги презентираше на хрватскиот Сабор измените на законот за странци и за преминување на државната граница, кои создаваат предуслови за примена на шенгенските начела во Хрватска.

Божиновиќ прецизираше дека станува збор за 15 премини кон Унгарија и 58 кон Словенија.

За разлика од граничните контроли на копнените и поморските граници, кои од денеска се укинуваат со земјите од Шенген, граничните контроли на аеродромите ќе бидат укинати на 26 март.

Разликата во датумите се должи на тоа што на меѓународно ниво се воспоставени зимскиот и летниот распоред на летови, објасни Божиновиќ.

The post Хрватска влезе во Шенген: Од денеска нема контроли на 73 гранични премини со Унгарија и Словенија appeared first on Република.

]]>

Од денеска се укинуваат граничните контроли на вкупно 73 гранични премини на Хрватска кон Словенија и Унгарија.
За сите граѓани на Хрватска тоа значи дека повеќе нема да мора да покажуваат документи при преминување на границата, рече хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ кога минатиот месец му ги презентираше на хрватскиот Сабор измените на законот за странци и за преминување на државната граница, кои создаваат предуслови за примена на шенгенските начела во Хрватска.
Божиновиќ прецизираше дека станува збор за 15 премини кон Унгарија и 58 кон Словенија. За разлика од граничните контроли на копнените и поморските граници, кои од денеска се укинуваат со земјите од Шенген, граничните контроли на аеродромите ќе бидат укинати на 26 март.
Разликата во датумите се должи на тоа што на меѓународно ниво се воспоставени зимскиот и летниот распоред на летови, објасни Божиновиќ.

The post Хрватска влезе во Шенген: Од денеска нема контроли на 73 гранични премини со Унгарија и Словенија appeared first on Република.

]]>
Бугарија има проблем со човековите права и со борбата против корупција, вели холандскиот министер за миграција по ветото за Шенген https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bugarija-ima-problem-so-chovekovite-prava-i-so-borbata-protiv-korupcija-veli-holandskiot-minister-za-migracija-po-vetoto-za-shengen/ Fri, 09 Dec 2022 18:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=583828

Проблемите на Бугарија се поврзани со човековите права и со борбата против корупција, кажа холандскиот министер за миграција Ерик ван дер Бург по синоќешниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел. Холандија стави вето за влегувањето на Бугарија во Шенген зоната на состанокот.

Сакаме да видиме Бугарија да направи вистински чекори во оваа насока. Мора да се донесат закони и потоа тие да се имплементираат и наредната година пак ќе разговараме. Законите прво мора да се донесат од бугарскиот парламент, но потоа тие мора да се имплементираат, бидејќи носењето закони не е исто со нивна имплементација. Потоа, треба да има извештај од Европската комисија и ако Бугарија ги исполнува условите, патот до Шенген ќе биде отворен - изјави Ван дер Бург.

Тој додаде дека е изненаден од поддршката на Европската комисија за Бугарија.

Изненаден сум од позицијата на Европската комисија, која што секогаш вели дека ние сме заедница на вредности и норми. Токму затоа Европската комисија мора да ги стави човековите права и борбата против корупција високо на листата приоритети - вели холандскиот министер.

The post Бугарија има проблем со човековите права и со борбата против корупција, вели холандскиот министер за миграција по ветото за Шенген appeared first on Република.

Романија поднесе протестна нота поради непријателскиот гест на Австрија за приемот во Шенген https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/romanija-podnese-protestna-nota-poradi-neprijatelskiot-gest-na-avstrija-za-priemot-vo-shengen/ Fri, 09 Dec 2022 08:31:07 +0000 https://republika.mk/?p=583513

Шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреска, ја повика австриската амбасадорка во Букурешт, Аделхајде Фоли, за да и врачи протестна нота „поради неправедниот и непријателски однос на Австрија“ во однос на приемот на Романија во Шенген.

Од Министерството посочија дека ваквиот гест на Австрија ќе има последици за билатералните односи.

Протест имаше и поради неодамнешните изјави на австрискиот канцелар Карл Нехамер, според кого, романските власти поради Шенген вршат притисок врз австриските компании во оваа земја.

„Тоа тврдење е неприфатливо, бидејќи не одговара на реалноста“, наведуваат од романсмкото Министерство за надворешни работи.

The post Романија поднесе протестна нота поради непријателскиот гест на Австрија за приемот во Шенген appeared first on Република.

]]>

Шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреска, ја повика австриската амбасадорка во Букурешт, Аделхајде Фоли, за да и врачи протестна нота „поради неправедниот и непријателски однос на Австрија“ во однос на приемот на Романија во Шенген. Од Министерството посочија дека ваквиот гест на Австрија ќе има последици за билатералните односи. Протест имаше и поради неодамнешните изјави на австрискиот канцелар Карл Нехамер, според кого, романските власти поради Шенген вршат притисок врз австриските компании во оваа земја. „Тоа тврдење е неприфатливо, бидејќи не одговара на реалноста“, наведуваат од романсмкото Министерство за надворешни работи.

The post Романија поднесе протестна нота поради непријателскиот гест на Австрија за приемот во Шенген appeared first on Република.

]]>
Влезот на Хрватска во Шенген не одел мазно: Германија и Луксембург инсистирале или сите или никој https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vlezot-na-hrvatska-vo-shengen-ne-odel-mazno-germanija-i-luksemburg-insistirale-ili-site-ili-nikoj/ Thu, 08 Dec 2022 17:48:04 +0000 https://republika.mk/?p=583413

Чешкото претседателство и Европската комисија го изразија своето задоволство и и’ честитаа на Хрватска за големиот успех по изгласувањето на одлуката за влез во Шенген зоната, но и нивното разочарување од немањето консензус за Бугарија и Романија.

Честитки за Хрватска за овој голем успех“, рече чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан. Тој особено ги пофали хрватското МВР и министерот Давор Божиновиќ.

Тие завршија одлична работа и на дипломатско ниво и на нашите билатерални средби. Имавме одлична соработка и тоа е навистина заеднички успех на хрватскиот министер и чешкото претседателство“, рече Ракушан.

Посочи дека ова е голем успех и за чешкото претседателство, особено затоа што Чесите сакаат да доаѓаат во Хрватска, па одлуката е важна и на внатрешно политичко ниво.

Нашите граѓани со нетрпение очекуваат следното лето да пристигнат во Хрватска без гранични контроли“, рече Ракушан.

Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ја поздрави Хрватска.

И честитам на Хрватска и нејзините граѓани. Вие заслужувате да бидете полноправна членка на Шенген, сега имаме одлука за тоа и сте повеќе од добредојдени“, рече Јохансон.

Во исто време и двајцата изразија разочарување поради немањето консензус за влез на Бугарија и Романија. Австрија беше против двете земји, а Холандија ја поддржуваше Романија, но не и Бугарија.

Ќе излажам ако кажам дека не сум разочарана. Го делам разочарувањето со граѓаните на Бугарија и Романија кои заслужуваат да бидат дел од зоната на слободно движење“, рече Јохансон.

Таа се надева оти двете земји ќе влезат во Шенген зоната до крајот на мандатот на оваа Комисија, што значи до есента 2024 година.

Министерот Ракушан рече дека е благодарен на претстојното шведско претседателство, кое најави дека ќе продолжи да ја работи започнатата работа од чешкото претседателство и меѓу своите приоритети да го вклучи натамошното проширување на Шенген. На новинарско прашање дали постои опасност поради недостиг на договор за Бугарија и Романија да биде во опасност и консензусот за Хрватска, министерот Ракушан одговори дека спречил такви обиди.

Се обидовме да спречиме таков вид на опасност“, рече Ракусан.

Според дипломатски извори, Германија и Луксембург се обиделе да извршат притисок врз Австрија и Холандија велејќи дека сите три земји треба да бидат ослободени или ниту една, но на крајот се откажале, пишува „Индекс“.

The post Влезот на Хрватска во Шенген не одел мазно: Германија и Луксембург инсистирале или сите или никој appeared first on Република.

]]>

Чешкото претседателство и Европската комисија го изразија своето задоволство и и’ честитаа на Хрватска за големиот успех по изгласувањето на одлуката за влез во Шенген зоната, но и нивното разочарување од немањето консензус за Бугарија и Романија.
Честитки за Хрватска за овој голем успех“, рече чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан. Тој особено ги пофали хрватското МВР и министерот Давор Божиновиќ. „Тие завршија одлична работа и на дипломатско ниво и на нашите билатерални средби. Имавме одлична соработка и тоа е навистина заеднички успех на хрватскиот министер и чешкото претседателство“, рече Ракушан.
Посочи дека ова е голем успех и за чешкото претседателство, особено затоа што Чесите сакаат да доаѓаат во Хрватска, па одлуката е важна и на внатрешно политичко ниво.
Нашите граѓани со нетрпение очекуваат следното лето да пристигнат во Хрватска без гранични контроли“, рече Ракушан.
Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ја поздрави Хрватска.
И честитам на Хрватска и нејзините граѓани. Вие заслужувате да бидете полноправна членка на Шенген, сега имаме одлука за тоа и сте повеќе од добредојдени“, рече Јохансон.
Во исто време и двајцата изразија разочарување поради немањето консензус за влез на Бугарија и Романија. Австрија беше против двете земји, а Холандија ја поддржуваше Романија, но не и Бугарија.
Ќе излажам ако кажам дека не сум разочарана. Го делам разочарувањето со граѓаните на Бугарија и Романија кои заслужуваат да бидат дел од зоната на слободно движење“, рече Јохансон.
Таа се надева оти двете земји ќе влезат во Шенген зоната до крајот на мандатот на оваа Комисија, што значи до есента 2024 година. Министерот Ракушан рече дека е благодарен на претстојното шведско претседателство, кое најави дека ќе продолжи да ја работи започнатата работа од чешкото претседателство и меѓу своите приоритети да го вклучи натамошното проширување на Шенген. На новинарско прашање дали постои опасност поради недостиг на договор за Бугарија и Романија да биде во опасност и консензусот за Хрватска, министерот Ракушан одговори дека спречил такви обиди.
Се обидовме да спречиме таков вид на опасност“, рече Ракусан.
Според дипломатски извори, Германија и Луксембург се обиделе да извршат притисок врз Австрија и Холандија велејќи дека сите три земји треба да бидат ослободени или ниту една, но на крајот се откажале, пишува „Индекс“.

The post Влезот на Хрватска во Шенген не одел мазно: Германија и Луксембург инсистирале или сите или никој appeared first on Република.

]]>
Бугарската европарламентарка сака во Шенген: Не треба да има граница меѓу Бугарија и Романија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskata-evroparlamentarka-saka-vo-shengen-ne-treba-da-ima-granica-megju-bugarija-i-romanija/ Sun, 04 Dec 2022 10:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=581586

Бугарската еврокомесарка, Марија Габриел, ја коментираше одлуката на холандскиот премиер Марк Руте, Холандија да не го поддржи влезот на Бугарија во Шенген.

Габриел истакна дека кога се исполнети критериумите, земјите-членки треба да донесат соодветна одлука.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Габриел изрази надеж дека има уште време до 8 декември, кога Европскиот совет треба да ја донесе конечната одлука.

Габриел наведе дека и е драго што ЕК цврсто застана зад трите земји - Бугарија, Романија и Хрватска и оти „искрено се надева дека во оваа ситуација нема да се користат аргументи за кои нема место во оваа дискусија“.

https://republika.mk/vesti/balkan/holandija-kje-ja-blokira-bugarija-za-vlez-vo-shengen-zonata-poradi-korupcija-i-organiziran-kriminal/

The post Бугарската европарламентарка сака во Шенген: Не треба да има граница меѓу Бугарија и Романија appeared first on Република.

]]>

Бугарската еврокомесарка, Марија Габриел, ја коментираше одлуката на холандскиот премиер Марк Руте, Холандија да не го поддржи влезот на Бугарија во Шенген. Габриел истакна дека кога се исполнети критериумите, земјите-членки треба да донесат соодветна одлука. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Габриел изрази надеж дека има уште време до 8 декември, кога Европскиот совет треба да ја донесе конечната одлука. Габриел наведе дека и е драго што ЕК цврсто застана зад трите земји - Бугарија, Романија и Хрватска и оти „искрено се надева дека во оваа ситуација нема да се користат аргументи за кои нема место во оваа дискусија“. https://republika.mk/vesti/balkan/holandija-kje-ja-blokira-bugarija-za-vlez-vo-shengen-zonata-poradi-korupcija-i-organiziran-kriminal/

The post Бугарската европарламентарка сака во Шенген: Не треба да има граница меѓу Бугарија и Романија appeared first on Република.

]]>
За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/za-vlez-vo-eu-kje-se-naplakja-po-7-evra-od-noemvri-namesto-od-maj-idnata-godina/ Mon, 08 Aug 2022 11:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=538001

Европската Унија (ЕУ) го одложи почетокот на примената на Европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), според кој патниците надвор од ЕУ ќе плаќаат седум евра за влез. Овој систем ќе почне да се применува од ноември 2023, а не како што беше најавено во мај 2023.

ЕТИАС е систем наменет за секој жител на земја надвор од ЕУ, а на која не ѝ треба виза за влез. Овој систем нема да биде за оние кои досега требале да вадат визи за влез во ЕУ. Жителите надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонците, ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини седум евра. Пријавувањето ќе се врши со пополнување на краток онлајн-формулар и прикачување фотографија од пасош. Сите посетители на возраст од 18 до 70 години кои пристигнуваат во ЕУ од странство ќе мора да аплицираат за престој во рамките на Шенген преку ЕТИАС и да платат.

Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за БиХ, Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора.

Плановите за воведување на ЕТИАС се во сила веќе неколку години, а неговата цел е да се воспостави подобар систем за надзор на шенгенските граници преку претходна проверка на патниците. Шенген ги вклучува повеќето земји-членки на ЕУ, но и земји како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

The post За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година appeared first on Република.

]]>

Европската Унија (ЕУ) го одложи почетокот на примената на Европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), според кој патниците надвор од ЕУ ќе плаќаат седум евра за влез. Овој систем ќе почне да се применува од ноември 2023, а не како што беше најавено во мај 2023. ЕТИАС е систем наменет за секој жител на земја надвор од ЕУ, а на која не ѝ треба виза за влез. Овој систем нема да биде за оние кои досега требале да вадат визи за влез во ЕУ. Жителите надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонците, ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини седум евра. Пријавувањето ќе се врши со пополнување на краток онлајн-формулар и прикачување фотографија од пасош. Сите посетители на возраст од 18 до 70 години кои пристигнуваат во ЕУ од странство ќе мора да аплицираат за престој во рамките на Шенген преку ЕТИАС и да платат. Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за БиХ, Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора. Плановите за воведување на ЕТИАС се во сила веќе неколку години, а неговата цел е да се воспостави подобар систем за надзор на шенгенските граници преку претходна проверка на патниците. Шенген ги вклучува повеќето земји-членки на ЕУ, но и земји како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

The post За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година appeared first on Република.

]]>