Шел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shel/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Aug 2022 08:36:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shel/ 32 32 Директорот на „Шел“: Европа со години нема да има доволно плин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-shel-evropa-so-godini-nema-da-ima-dovolno-plin/ Tue, 30 Aug 2022 08:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=545499

Првиот човек на холандскиот нафтен гигант „Шел“, Бен ван Берден, предупредува дека Европа може да се соочи со ограничен пристап до енергијата и повеќе од само една зима.

Директорот на најголемата европска нафтена компанија верува дека кризата може да потрае и неколку години, откако цената на бензинот минатата недела скокна на рекордно ниво, во екот на дополнителното намалување на испораките од Русија, што е сигнал дека целиот Стар континент може да падне во длабока рецесија, пренесуваат британските медиуми.

Кризата ќе ја доведе во искушение солидарноста на земјите-членки на Европската унија, имајќи предвид дека секоја влада ќе биде принудена да одлучи како да обезбеди континуирано работење на клучните индустриски сектори - смета Ван Берден.

Тој вели дека притисоците врз снабдувањето со енергија веројатно нема да бидат ограничени само на една зима.

Сосема е можно да имаме неколку зими пред нас во кои ќе треба да најдеме решенија преку заштеди, намалувања и многу брзо наоѓање алтернативи.

 

Дека периодот пред нас ќе биде некако лесен или дека се’ ќе заврши брзо, мислам дека тоа е фантазија која треба да ја оставиме на страна - заклучи првиот човек на „Шел“.

The post Директорот на „Шел“: Европа со години нема да има доволно плин appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на холандскиот нафтен гигант „Шел“, Бен ван Берден, предупредува дека Европа може да се соочи со ограничен пристап до енергијата и повеќе од само една зима. Директорот на најголемата европска нафтена компанија верува дека кризата може да потрае и неколку години, откако цената на бензинот минатата недела скокна на рекордно ниво, во екот на дополнителното намалување на испораките од Русија, што е сигнал дека целиот Стар континент може да падне во длабока рецесија, пренесуваат британските медиуми.
Кризата ќе ја доведе во искушение солидарноста на земјите-членки на Европската унија, имајќи предвид дека секоја влада ќе биде принудена да одлучи како да обезбеди континуирано работење на клучните индустриски сектори - смета Ван Берден.
Тој вели дека притисоците врз снабдувањето со енергија веројатно нема да бидат ограничени само на една зима.
Сосема е можно да имаме неколку зими пред нас во кои ќе треба да најдеме решенија преку заштеди, намалувања и многу брзо наоѓање алтернативи.   Дека периодот пред нас ќе биде некако лесен или дека се’ ќе заврши брзо, мислам дека тоа е фантазија која треба да ја оставиме на страна - заклучи првиот човек на „Шел“.

The post Директорот на „Шел“: Европа со години нема да има доволно плин appeared first on Република.

]]>
Шел: На Европа ќе и биде тешко да го замени рускиот гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shel-na-evropa-kje-i-bide-teshko-da-go-zameni-ruskiot-gas/ Thu, 30 Jun 2022 12:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=521614

Светот е на прагот на турбулентен период поради сè потешкото снабдување со течен гас, предупреди директорот на британско-холандската компанија „Шел“, Бен ван Берден, оценувајќи дека Европа тешко ќе го замени рускиот гас, се наведува во извештајот на агенцијата Блумберг.

Светот се соочува со недостиг на природен гас поради пречки во испораката од Русија во САД и силната побарувачка, поттикната од закрепнувањето на економијата од пандемската криза, пишува Блумберг.

Во меѓувреме, Москва ја намали испораката на гас за Европа преку гасоводот „Северен поток 1“ во услови на зголемени тензии поради руската инвазија на Украина, а европските влади почнаа со подготовките за целосно прекинување на пратките од Русија, додава американската агенција.
Во извештајот се додава дека Европа се обидува да најде замена за рускиот гас и ги разгледува опциите за зголемен увоз на течен гас.
Шефот на Шел вели дека Европа увезува третина од својот гас од Русија преку гасоводот „Северен поток 1“.
Тој предупредува дека резервните капацитети се многу ниски, а побарувачката сè уште се опоравува.
„Кога тоа ќе се земе предвид, како и неизвесноста поради војната во Украина и санкциите кои би можеле да произлезат од неа, големи се шансите да ни претстои турбулентен период“, заклучува Берден.

 

The post Шел: На Европа ќе и биде тешко да го замени рускиот гас appeared first on Република.

]]>

Светот е на прагот на турбулентен период поради сè потешкото снабдување со течен гас, предупреди директорот на британско-холандската компанија „Шел“, Бен ван Берден, оценувајќи дека Европа тешко ќе го замени рускиот гас, се наведува во извештајот на агенцијата Блумберг. Светот се соочува со недостиг на природен гас поради пречки во испораката од Русија во САД и силната побарувачка, поттикната од закрепнувањето на економијата од пандемската криза, пишува Блумберг. Во меѓувреме, Москва ја намали испораката на гас за Европа преку гасоводот „Северен поток 1“ во услови на зголемени тензии поради руската инвазија на Украина, а европските влади почнаа со подготовките за целосно прекинување на пратките од Русија, додава американската агенција. Во извештајот се додава дека Европа се обидува да најде замена за рускиот гас и ги разгледува опциите за зголемен увоз на течен гас. Шефот на Шел вели дека Европа увезува третина од својот гас од Русија преку гасоводот „Северен поток 1“. Тој предупредува дека резервните капацитети се многу ниски, а побарувачката сè уште се опоравува. „Кога тоа ќе се земе предвид, како и неизвесноста поради војната во Украина и санкциите кои би можеле да произлезат од неа, големи се шансите да ни претстои турбулентен период“, заклучува Берден.  

The post Шел: На Европа ќе и биде тешко да го замени рускиот гас appeared first on Република.

]]>
„Шел“ го прекинување купувањето руска сурова нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/shel-go-prekinuvanje-kupuvanjeto-ruska-surova-nafta/ Tue, 08 Mar 2022 12:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=469605

Енергетскиот гигант „Шел“ денеска соопшти дека ќе се повлече од учеството во рускиот гас и нафта, вклучително и итно прекинување на купувањето сурова нафта од таа држава.

Компанијата исто така соопшти дека ќе ги затвори своите бензински пумпи во Русија.

Ние сме целосно свесни дека нашата минатонеделна одлука да купиме товар руска сурова нафта… не беше правилна и жал ни е поради тоа, рече главниот извршен директор на Шел, Бен ван Берден.

Шел купи товар со руска сурова нафта од швајцарскиот трговец Трафигура во балтички пристаништа по рекордно ниска цена од минус 28,50 долари за барел, објавија трговците во петокот.

The post „Шел“ го прекинување купувањето руска сурова нафта appeared first on Република.

]]>

Енергетскиот гигант „Шел“ денеска соопшти дека ќе се повлече од учеството во рускиот гас и нафта, вклучително и итно прекинување на купувањето сурова нафта од таа држава. Компанијата исто така соопшти дека ќе ги затвори своите бензински пумпи во Русија.
Ние сме целосно свесни дека нашата минатонеделна одлука да купиме товар руска сурова нафта… не беше правилна и жал ни е поради тоа, рече главниот извршен директор на Шел, Бен ван Берден.
Шел купи товар со руска сурова нафта од швајцарскиот трговец Трафигура во балтички пристаништа по рекордно ниска цена од минус 28,50 долари за барел, објавија трговците во петокот.

The post „Шел“ го прекинување купувањето руска сурова нафта appeared first on Република.

]]>
„Шел“ го прекинува купувањето руска сурова нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shel-go-prekinuva-kupuvanjeto-ruska-surova-nafta/ Tue, 08 Mar 2022 12:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=469610

Енергетскиот гигант „Шел“ денеска соопшти дека ќе се повлече од учеството во рускиот гас и нафта, вклучително и итно прекинување на купувањето сурова нафта од таа држава.

Компанијата исто така соопшти дека ќе ги затвори своите бензински пумпи во Русија.

Ние сме целосно свесни дека нашата минатонеделна одлука да купиме товар руска сурова нафта… не беше правилна и жал ни е поради тоа - рече главниот извршен директор на Шел, Бен ван Берден.

Шел купи товар со руска сурова нафта од швајцарскиот трговец Трафигура во балтички пристаништа по рекордно ниска цена од минус 28,50 долари за барел, објавија трговците во петокот.

The post „Шел“ го прекинува купувањето руска сурова нафта appeared first on Република.

]]>

Енергетскиот гигант „Шел“ денеска соопшти дека ќе се повлече од учеството во рускиот гас и нафта, вклучително и итно прекинување на купувањето сурова нафта од таа држава. Компанијата исто така соопшти дека ќе ги затвори своите бензински пумпи во Русија.
Ние сме целосно свесни дека нашата минатонеделна одлука да купиме товар руска сурова нафта… не беше правилна и жал ни е поради тоа - рече главниот извршен директор на Шел, Бен ван Берден.
Шел купи товар со руска сурова нафта од швајцарскиот трговец Трафигура во балтички пристаништа по рекордно ниска цена од минус 28,50 долари за барел, објавија трговците во петокот.

The post „Шел“ го прекинува купувањето руска сурова нафта appeared first on Република.

]]>
„Шел“ привремено ја ограничува продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на одредени големи клиенти во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shel-privremeno-ja-ogranichuva-prodazbata-na-nafta-za-greenje-dizel-i-drugi-proizvodi-na-odredeni-golemi-klienti-vo-germanija/ Tue, 08 Mar 2022 09:26:15 +0000 https://republika.mk/?p=469400

Британско-холандскиот нафтен гигант „Шел“ објави дека поради тензичната состојба на пазарот, привремено ја ограничува продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на одредени големи клиенти во Германија.

Шел го објасни потегот како „големи нарушувања и недостиг на енергетските пазари“ предизвикани од војната во Украина, последователните санкции против Русија и растот на економската активност по затишјето на пандемијата.
За да продолжиме да ги исполнуваме нашите договорни обврски, ја ограничивме продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на физичките пазари без претходен договор, соопшти британската компанија.

Правиме се што можеме за да ги „стабилизираме синџирите на снабдување“, но тешко е да се предвиди како ќе се развива ситуацијата, додаваат тие. Портпаролот на компанијата одби да ја коментира одлуката.

The post „Шел“ привремено ја ограничува продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на одредени големи клиенти во Германија appeared first on Република.

]]>

Британско-холандскиот нафтен гигант „Шел“ објави дека поради тензичната состојба на пазарот, привремено ја ограничува продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на одредени големи клиенти во Германија. Шел го објасни потегот како „големи нарушувања и недостиг на енергетските пазари“ предизвикани од војната во Украина, последователните санкции против Русија и растот на економската активност по затишјето на пандемијата. За да продолжиме да ги исполнуваме нашите договорни обврски, ја ограничивме продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на физичките пазари без претходен договор, соопшти британската компанија. Правиме се што можеме за да ги „стабилизираме синџирите на снабдување“, но тешко е да се предвиди како ќе се развива ситуацијата, додаваат тие. Портпаролот на компанијата одби да ја коментира одлуката.

The post „Шел“ привремено ја ограничува продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на одредени големи клиенти во Германија appeared first on Република.

]]>
Британски „Шел“ ги раскинува деловните договори со руски „Газпром“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanski-shel-gi-raskinuva-delovnite-dogovori-so-ruski-gazprom/ Tue, 01 Mar 2022 10:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=465779

Британскиот нафтен гигант „Шел“ соопшти дека ги продава сите сопственички акции што ги има покренато со руската компанија за гас „Газпром“, како и раскинување на деловните врски со Русија поради „неразумната“ инвазија врз Украина.

„Шел“ денеска соопштио дека го продава своите 27,5 проценти од акциите во руска инсталација за течен природен гас, како и оти излегува од проектот „Сахалин 2“ во кој „Газпром“ има половина од сопственоста.

Компанијата се повлекува и од гасоводот „Северен ток 2“ што требаше да ги усвои испораките на руски гас за Германија, но и властите во Берлин ги стопираа постапките за издавање дозволи поради руската интервенција во Украина.

„Шел“ најави и продажба на 50-процентната сопственост во две нафтни полиња на Сибир, во рамки на проектот „Салим“ со „Газпром“ како косопственик. „Салим“ и „Сахалин 2“ на „Шел“ само минатата година му донесоа заработка од нето 700 милиони долари.

„Шокирани сме и згрозени од човечките жертви во Украина, последица на неразумниот чин на агресија што и се заканува на ењвропската безбедност“, изјави Бен ван Бурден, извршниот директор во „Шел“.

Одлуката за стопирање на деловните врски со Русија е прашање на „убедување“, вели тој.

„Не можеме, и нема да стоиме настрана. Наш непосреден фокус е безбедноста на нашите луѓе во Украина, како и поддршката на нашите луѓе во Русија. Во разговори со владите од цел свет ќе ги разгледаме импликациите и ќе разработиме деловни чекори за сигурно снабдување на европскиот и светскиот енергетски пазар, појаснува Бурден.

„Шел“ соопшти дека вредноста на неговите проекти во рамки на партнерството со „Газпром“ изнесува околу три милијарди долари, како дека се очекуваат зголемени загуби веќе во текот на годинешните деловни пресметки.

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лис Трас, утрово го спомна „Газпром“ како една од трите милиони руски компании кои поради новите санкции кон Русија нема да имаат пристап на британскиот финансиски пазар. Тоа значи дека „Газпром“ наредниот период тешко ќе ги рефинансира своите долгови.

Таквите деловни потези на „Шел“ следуваат откако претходно конкурентниот „Бритиш петролеум“ соопшти дека се откажува од 25-милијарди вредниот удел во „Роснефт“ како и од две места во управниот одбор на руската нафтена компанија.

The post Британски „Шел“ ги раскинува деловните договори со руски „Газпром“ appeared first on Република.

]]>

Британскиот нафтен гигант „Шел“ соопшти дека ги продава сите сопственички акции што ги има покренато со руската компанија за гас „Газпром“, како и раскинување на деловните врски со Русија поради „неразумната“ инвазија врз Украина. „Шел“ денеска соопштио дека го продава своите 27,5 проценти од акциите во руска инсталација за течен природен гас, како и оти излегува од проектот „Сахалин 2“ во кој „Газпром“ има половина од сопственоста. Компанијата се повлекува и од гасоводот „Северен ток 2“ што требаше да ги усвои испораките на руски гас за Германија, но и властите во Берлин ги стопираа постапките за издавање дозволи поради руската интервенција во Украина. „Шел“ најави и продажба на 50-процентната сопственост во две нафтни полиња на Сибир, во рамки на проектот „Салим“ со „Газпром“ како косопственик. „Салим“ и „Сахалин 2“ на „Шел“ само минатата година му донесоа заработка од нето 700 милиони долари. „Шокирани сме и згрозени од човечките жертви во Украина, последица на неразумниот чин на агресија што и се заканува на ењвропската безбедност“, изјави Бен ван Бурден, извршниот директор во „Шел“. Одлуката за стопирање на деловните врски со Русија е прашање на „убедување“, вели тој. „Не можеме, и нема да стоиме настрана. Наш непосреден фокус е безбедноста на нашите луѓе во Украина, како и поддршката на нашите луѓе во Русија. Во разговори со владите од цел свет ќе ги разгледаме импликациите и ќе разработиме деловни чекори за сигурно снабдување на европскиот и светскиот енергетски пазар, појаснува Бурден. „Шел“ соопшти дека вредноста на неговите проекти во рамки на партнерството со „Газпром“ изнесува околу три милијарди долари, како дека се очекуваат зголемени загуби веќе во текот на годинешните деловни пресметки. Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лис Трас, утрово го спомна „Газпром“ како една од трите милиони руски компании кои поради новите санкции кон Русија нема да имаат пристап на британскиот финансиски пазар. Тоа значи дека „Газпром“ наредниот период тешко ќе ги рефинансира своите долгови. Таквите деловни потези на „Шел“ следуваат откако претходно конкурентниот „Бритиш петролеум“ соопшти дека се откажува од 25-милијарди вредниот удел во „Роснефт“ како и од две места во управниот одбор на руската нафтена компанија.

The post Британски „Шел“ ги раскинува деловните договори со руски „Газпром“ appeared first on Република.

]]>