Шекуткоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shekutkoska/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 09:01:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шекуткоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shekutkoska/ 32 32 Предавање „Интимни фамилијарности, сплотени разлики“ на Катерина Шекутковска денеска во КСП Центар- Јадро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/predavane-intimni-familijarnosti-sploteni-razliki-na-katerina-shekutkovska-deneska-vo-ksp-tsentar-jadro/ Tue, 14 May 2024 09:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=777850

Воведно предавање за читачка група за феминизам и студии на животните на Катерина Шекутковска
14 мај (вторник) | 20.00 часот

Првата средба на овогодинешната читачка група на КСП Центар-Јадро. Со воведното предавање, насловено: „Интимни фамилијарности, сплотени разлики“, започнуваме со четвртиот циклус средби кој оваа година ќе го истражува продуктивниот и возбудлив пресек помеѓу феминизмот и студии за животните. Овој интерсекциски пристап нуди согледби на мноштво интересни паралели помеѓу видовите кои поттикнуваат да се преиспитаат наметнатите разлики, да се реобмислат често опозициски поставените категории човек/животно, како и да се имагинира една нова етика која ќе ги вклучува правата на сите видови.

Токму сличностите и разликите меѓу видовите, но и дефинирањето на нивната заедничка борба стојат во фокусот на воведното предавање: „Интимни фамилијарности, сплотени разлики“. Разгледувајќи ги епистемолошките, родовите (перформативно-идентитетските), етичките и трудово-правните аспекти на односот и соодносот на човекот (односно жената) и животното. Во рамки на предавањето ќе бидат претставени темите, авторите/ките и текстовите кои ќе бидат обработени и дискутирани за време на осумте средби на читачката група. Сродноста во доживувањето на жената и животното како ‘друг’, но и меѓусебната зависност и поврзаност на категориите во начинот на кој размислуваме за анималноста и родот, претставуваат еднакво важни теми за читачката група, како и важноста за реконцептуализација на човековиот однос со нечовечки суштества и постојните динамики на моќ.

Токму низ преиспитување на наводната привилегија на човекот над животното и сличностите во феминистичката борба и борбата за правата на животните, се отвора простор за градење на нова еко-феминистичка етика и практика, која неретко го наоѓа својот израз и во уметностите. Во последниот дел од предавањето ќе се осврнеме и кон неколку примери во кои јасно се гледа третманот на овие прашања и теми во уметноста, особено во книжевноста. Покрај содржинскиот дел, во рамки на предавањето ќе биде презентирана и целосната програма на средбите, термините како и можностите за учество.

Реализацијата на четвртиот циклус од Читачката група е дел од годишната програма КСП Центар-Јадро, поддржана од Минстерството за култура на Република Македонија.

Катерина Шекутковска (Скопје, 1988) го стекнува додипломското образование на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при катедрата за германски јазик и книжевност. По едносеместралниот престој на Универзитетот во Констанц (Германија) таа ги започнува своите постдипломски студии на катедрата за германска книжевност и медијација на книжевноста на Универзитетот во Бамберг (Германија). По завршување на практичниот дел од докторските студии (посетување на предавања, колоквиуми и конференции) како и по неколку годишната соработка како научен истражувач и предавач на Универзитетот во Бамберг, таа моментално работи на својата докторска дисертација како и на преведувачки и истражувачки проекти. Во 2022 година таа ја основа издавачката куќа „Илика“ каде фигурира како главна и одговорна уредничка. Во фокусот на нејзината работа стои интердисциплинарноста која произлегува од повеќегодишното академско искуство и практичната работа во полето на издаваштвото и театарот. За време на тригодишната работа како претставничка на докторадите на школата за книжевност, култура и медиуми при Универзитетот во Бамберг таа организирала читачки кружок за теориска литература и салонски дискусии во чии рамки се тематизирале феномени и проблематики кои произлегуваат од пресекот помеѓу теоријата и уметностите. За својата работа како академска истражувачка и преведувачка таа е добитничка на повеќе стипендии (двократно стипендистка на ДААД, истражувачка стипендија „РАДИАЛ“ за преведувачи, резеденцијална стипендија од ЛЦБ Берлин итн.).

The post Предавање „Интимни фамилијарности, сплотени разлики“ на Катерина Шекутковска денеска во КСП Центар- Јадро appeared first on Република.

]]>

Воведно предавање за читачка група за феминизам и студии на животните на Катерина Шекутковска 14 мај (вторник) | 20.00 часот

Првата средба на овогодинешната читачка група на КСП Центар-Јадро. Со воведното предавање, насловено: „Интимни фамилијарности, сплотени разлики“, започнуваме со четвртиот циклус средби кој оваа година ќе го истражува продуктивниот и возбудлив пресек помеѓу феминизмот и студии за животните. Овој интерсекциски пристап нуди согледби на мноштво интересни паралели помеѓу видовите кои поттикнуваат да се преиспитаат наметнатите разлики, да се реобмислат често опозициски поставените категории човек/животно, како и да се имагинира една нова етика која ќе ги вклучува правата на сите видови. Токму сличностите и разликите меѓу видовите, но и дефинирањето на нивната заедничка борба стојат во фокусот на воведното предавање: „Интимни фамилијарности, сплотени разлики“. Разгледувајќи ги епистемолошките, родовите (перформативно-идентитетските), етичките и трудово-правните аспекти на односот и соодносот на човекот (односно жената) и животното. Во рамки на предавањето ќе бидат претставени темите, авторите/ките и текстовите кои ќе бидат обработени и дискутирани за време на осумте средби на читачката група. Сродноста во доживувањето на жената и животното како ‘друг’, но и меѓусебната зависност и поврзаност на категориите во начинот на кој размислуваме за анималноста и родот, претставуваат еднакво важни теми за читачката група, како и важноста за реконцептуализација на човековиот однос со нечовечки суштества и постојните динамики на моќ. Токму низ преиспитување на наводната привилегија на човекот над животното и сличностите во феминистичката борба и борбата за правата на животните, се отвора простор за градење на нова еко-феминистичка етика и практика, која неретко го наоѓа својот израз и во уметностите. Во последниот дел од предавањето ќе се осврнеме и кон неколку примери во кои јасно се гледа третманот на овие прашања и теми во уметноста, особено во книжевноста. Покрај содржинскиот дел, во рамки на предавањето ќе биде презентирана и целосната програма на средбите, термините како и можностите за учество. Реализацијата на четвртиот циклус од Читачката група е дел од годишната програма КСП Центар-Јадро, поддржана од Минстерството за култура на Република Македонија. Катерина Шекутковска (Скопје, 1988) го стекнува додипломското образование на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при катедрата за германски јазик и книжевност. По едносеместралниот престој на Универзитетот во Констанц (Германија) таа ги започнува своите постдипломски студии на катедрата за германска книжевност и медијација на книжевноста на Универзитетот во Бамберг (Германија). По завршување на практичниот дел од докторските студии (посетување на предавања, колоквиуми и конференции) како и по неколку годишната соработка како научен истражувач и предавач на Универзитетот во Бамберг, таа моментално работи на својата докторска дисертација како и на преведувачки и истражувачки проекти. Во 2022 година таа ја основа издавачката куќа „Илика“ каде фигурира како главна и одговорна уредничка. Во фокусот на нејзината работа стои интердисциплинарноста која произлегува од повеќегодишното академско искуство и практичната работа во полето на издаваштвото и театарот. За време на тригодишната работа како претставничка на докторадите на школата за книжевност, култура и медиуми при Универзитетот во Бамберг таа организирала читачки кружок за теориска литература и салонски дискусии во чии рамки се тематизирале феномени и проблематики кои произлегуваат од пресекот помеѓу теоријата и уметностите. За својата работа како академска истражувачка и преведувачка таа е добитничка на повеќе стипендии (двократно стипендистка на ДААД, истражувачка стипендија „РАДИАЛ“ за преведувачи, резеденцијална стипендија од ЛЦБ Берлин итн.).

The post Предавање „Интимни фамилијарности, сплотени разлики“ на Катерина Шекутковска денеска во КСП Центар- Јадро appeared first on Република.

]]>