шекер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sheker/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 08:35:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шекер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sheker/ 32 32 Протеините се „убиец“ на маснотииите и шекерот во вашиот организам https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/proteinite-se-ubiets-na-masnotiiite-i-shekerot-vo-vashiot-organizam/ Thu, 31 Oct 2024 18:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=832674

Познато е дека намалувањето масти од стомакот е „една од најтешките цели“ во секојдневието. Сепак, има едно „тајно оружје“ во таа битка – протеините.

За разлика од јаглехидратите или мастите, протеинот го поттикнува човековото тело активно да работи на согорување на калориите, намалување на гладот ​​и одржување на брзиот метаболизам. Имено, со додавање повеќе протеини во исхраната, го претвораме своето тело во „машина за согорување маснотии“, пишува порталот „Кликс“. Следат неколку полезни својства на протеините во однос на „тврдоглавите“ масни наслаги.

Го намалуваат гладот и желбата за грицки доцна навечер

Протеините помагаат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, спречувајќи неочекувана желба за слатки, чипс и други штетни закуски. Со одржување стабилен шеќер во крвта, протеинот управува и со здравата исхрана која спречува дебелеење и масни наслаги.

Протеините нѐ одржуваат сити подолго време

Како прилично заситувачка храна, протеините помагаат за подолго чувство на ситост. Со додавање храна со протеини во секој оброк – помала е веројатноста да посегнете по грицки или да се прејадете подоцна. Оваа природна контрола на апетитот е клучна за одржување на недостигот од калории и делотворно отстранување на салото од стомакот.

Градат мускулна маса на местото на маснотиите

При слабеење, клучно е да се зачува мускулната маса, бидејќи мускулите согоруваат повеќе калории отколку маснотиите. Протеините го поддржуваат одржувањето на мускулите, што го одржува метаболизмот и кога се губат маснотии. Диетата богата со протеини гарантира дека тежината што се губи – се маснотии, пред сѐ, вклучително и „тврдоглавото сало“ кај стомакот.

Храната богата со протеини е богата и со други хранливи материи

Помалку мрсното месо, јајцата, рибата и мешунките се преполни со есенцијални хранливи материи, за разлика од друга храна во секојдневниот избор, што содржи јагленохидрати. Овие намирници обезбедуваат одржлива енергија и го поддржуваат целокупното здравје, давајќи двојна корист – губење маснотии и воопшто подобра исхрана

The post Протеините се „убиец“ на маснотииите и шекерот во вашиот организам appeared first on Република.

]]>

Познато е дека намалувањето масти од стомакот е „една од најтешките цели“ во секојдневието. Сепак, има едно „тајно оружје“ во таа битка – протеините. За разлика од јаглехидратите или мастите, протеинот го поттикнува човековото тело активно да работи на согорување на калориите, намалување на гладот ​​и одржување на брзиот метаболизам. Имено, со додавање повеќе протеини во исхраната, го претвораме своето тело во „машина за согорување маснотии“, пишува порталот „Кликс“. Следат неколку полезни својства на протеините во однос на „тврдоглавите“ масни наслаги. Го намалуваат гладот и желбата за грицки доцна навечер Протеините помагаат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, спречувајќи неочекувана желба за слатки, чипс и други штетни закуски. Со одржување стабилен шеќер во крвта, протеинот управува и со здравата исхрана која спречува дебелеење и масни наслаги. Протеините нѐ одржуваат сити подолго време Како прилично заситувачка храна, протеините помагаат за подолго чувство на ситост. Со додавање храна со протеини во секој оброк – помала е веројатноста да посегнете по грицки или да се прејадете подоцна. Оваа природна контрола на апетитот е клучна за одржување на недостигот од калории и делотворно отстранување на салото од стомакот. Градат мускулна маса на местото на маснотиите При слабеење, клучно е да се зачува мускулната маса, бидејќи мускулите согоруваат повеќе калории отколку маснотиите. Протеините го поддржуваат одржувањето на мускулите, што го одржува метаболизмот и кога се губат маснотии. Диетата богата со протеини гарантира дека тежината што се губи – се маснотии, пред сѐ, вклучително и „тврдоглавото сало“ кај стомакот. Храната богата со протеини е богата и со други хранливи материи Помалку мрсното месо, јајцата, рибата и мешунките се преполни со есенцијални хранливи материи, за разлика од друга храна во секојдневниот избор, што содржи јагленохидрати. Овие намирници обезбедуваат одржлива енергија и го поддржуваат целокупното здравје, давајќи двојна корист – губење маснотии и воопшто подобра исхрана

The post Протеините се „убиец“ на маснотииите и шекерот во вашиот организам appeared first on Република.

]]>
Светот има залихи на шекер за уште 68 дена, има ли Македонија резерви? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svetot-ima-zalihi-od-sheker-za-ushte-68-dena-ima-li-makedonija-rezervi/ Thu, 23 Nov 2023 09:11:10 +0000 https://republika.mk/?p=715407

Во светот моментално има резерви на шеќер во вредност за уште 68 дена, покажуваат податоците на американското Министерство за земјоделство, објави „ЕuroNews“.

Залихите се на најниско ниво од 2010 година. Причината за тоа е невообичаено сувото време, што влијаеше на намалувањето на производството во Индија и Тајланд - земјите кои се втор и трет најголем извозник во светот.

Феноменот „Ел Нињо“ на глобално ниво предизвикува се поекстремни временски услови од суши до поплави. Кога станува збор за шеќерот, нестабилноста е предизвикана од тоа што тој се повеќе се користи за биогорива како што е етанолот, така што светските резерви на шеќер се на најниско ниво од 2009 година, пишува Euronews“.

За Европа, од клучно значење беше тоа што Франција, како главен производител, очекува најслабо сеење шеќерна репка во последните 14 години. Сушата, болестите и пресудата на судот на Европската унија за забрана на пестицидот што се користи за заштита на шеќерната репка резултираше со помали засеани површини во таа земја.

За време на короната Македонија се соочуваше со недостик на сите основни намирници меѓу кои и шекерот. Засега нема информации дали и колку има резерви на шекер и дали овој светски феномен може да нѐ погоди и нас.

 

The post Светот има залихи на шекер за уште 68 дена, има ли Македонија резерви? appeared first on Република.

]]>

Во светот моментално има резерви на шеќер во вредност за уште 68 дена, покажуваат податоците на американското Министерство за земјоделство, објави „ЕuroNews“. Залихите се на најниско ниво од 2010 година. Причината за тоа е невообичаено сувото време, што влијаеше на намалувањето на производството во Индија и Тајланд - земјите кои се втор и трет најголем извозник во светот.
Феноменот „Ел Нињо“ на глобално ниво предизвикува се поекстремни временски услови од суши до поплави. Кога станува збор за шеќерот, нестабилноста е предизвикана од тоа што тој се повеќе се користи за биогорива како што е етанолот, така што светските резерви на шеќер се на најниско ниво од 2009 година, пишува Euronews“.
За Европа, од клучно значење беше тоа што Франција, како главен производител, очекува најслабо сеење шеќерна репка во последните 14 години. Сушата, болестите и пресудата на судот на Европската унија за забрана на пестицидот што се користи за заштита на шеќерната репка резултираше со помали засеани површини во таа земја. За време на короната Македонија се соочуваше со недостик на сите основни намирници меѓу кои и шекерот. Засега нема информации дали и колку има резерви на шекер и дали овој светски феномен може да нѐ погоди и нас.  

The post Светот има залихи на шекер за уште 68 дена, има ли Македонија резерви? appeared first on Република.

]]>
Во Нови Пазар се „тепаат“ за шекер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-novi-pazar-se-tepaat-za-sheker/ Mon, 12 Sep 2022 16:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=550098

На социјалните мрежи се појави видео снимено во неделата во Нови Пазар на кое се гледа како граѓаните буквално се грабаат за шеќер во продавница.

„Дајте ми пакет, за волја на Бога. Дај ми едно пакување“, се слуша како плаче една жена од снимката.

Српските медиуми јавуваат дека недостигот од основни производи е честа појава во Србија во последните неколку месеци, но дека состојбата се влошува со ваквите грабежи во продавниците и трупањето залихи.

Недостигот на шеќер во продавниците низ Србија трае веќе со недели, а во многу продавници има барања граѓаните да купат не повеќе од пет килограми шеќер по набавка.

Инаку, Србија минатата година веќе ги ограничи цените на некои прехранбени производи за да ги заштити пазарот и потрошувачите, но годинава имаше недостиг, главно на шеќер и млеко.

 

.

The post Во Нови Пазар се „тепаат“ за шекер appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави видео снимено во неделата во Нови Пазар на кое се гледа како граѓаните буквално се грабаат за шеќер во продавница. „Дајте ми пакет, за волја на Бога. Дај ми едно пакување“, се слуша како плаче една жена од снимката. Српските медиуми јавуваат дека недостигот од основни производи е честа појава во Србија во последните неколку месеци, но дека состојбата се влошува со ваквите грабежи во продавниците и трупањето залихи. Недостигот на шеќер во продавниците низ Србија трае веќе со недели, а во многу продавници има барања граѓаните да купат не повеќе од пет килограми шеќер по набавка. Инаку, Србија минатата година веќе ги ограничи цените на некои прехранбени производи за да ги заштити пазарот и потрошувачите, но годинава имаше недостиг, главно на шеќер и млеко.   .

The post Во Нови Пазар се „тепаат“ за шекер appeared first on Република.

]]>
Oва е српскиот тајкун кој ја предизвика кризата со шекер во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ova-e-srpskiot-tajkun-koj-ja-predizvika-krizata-so-sheker-vo-srbija/ Sat, 28 May 2022 16:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=507975

Вештачкиот недостиг на шеќер во Србија го предизвикала компанијата „Кинг Комерц“ од Ваљево, која се занимава со трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки, дознава Курир. Според податоците од Агенцијата за деловни регистри, единствен сопственик на оваа фирма е Горан Омеровиќ (47).

Тој во пакување од еден килограм складирал 2.000 тони шеќер, а кај производителот неговата фирма имала околу 30.000 тони шеќер, што е десетина од вкупното производство во Србија годишно.

Основната дејност на компанијата е трговија на големо со кристален шеќер и рафинирано сончогледово масло за јадење, како и снабдување на големо и мало низ целата земја и регионот, како и соработка со водечки синџири на хипермаркети во Србија, за кои работат нивните брендови за шеќер и масло.

The post Oва е српскиот тајкун кој ја предизвика кризата со шекер во Србија appeared first on Република.

]]>

Вештачкиот недостиг на шеќер во Србија го предизвикала компанијата „Кинг Комерц“ од Ваљево, која се занимава со трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки, дознава Курир. Според податоците од Агенцијата за деловни регистри, единствен сопственик на оваа фирма е Горан Омеровиќ (47). Тој во пакување од еден килограм складирал 2.000 тони шеќер, а кај производителот неговата фирма имала околу 30.000 тони шеќер, што е десетина од вкупното производство во Србија годишно. Основната дејност на компанијата е трговија на големо со кристален шеќер и рафинирано сончогледово масло за јадење, како и снабдување на големо и мало низ целата земја и регионот, како и соработка со водечки синџири на хипермаркети во Србија, за кои работат нивните брендови за шеќер и масло.

The post Oва е српскиот тајкун кој ја предизвика кризата со шекер во Србија appeared first on Република.

]]>
БИА ќе го истражува вештачкиот недостиг на шекер во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bia-kje-go-istrazuva-veshtachkiot-nedostik-na-sheker-vo-srbija/ Fri, 27 May 2022 09:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=507506

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека нема потреба од создавање резерви на шеќер, дека проблемот е решен, а поради вештачки недостиг, државните органи ќе се позанимаваат со случајот на тајкунот од областа Колубара, кој сакал да заработи многу пари и да ја измами државата.

Најави дека со овој случај ќе се позанимава БИА и државните органи, а граѓаните ќе имаат шеќер, сол, брашно, зејтин.

Посочи дека за некои други намирници имало обид од истиот тајкун да купи се, мислејќи ја мамел државата и ги избегнувал обврските што постојат.

- Успеваме се да завршиме. Луѓето не треба да се грижат. Имаме толку шеќер што можеме во секое време да интервенираме - рече тој и апелираше до граѓаните да не купуваат премногу за да не пропаднат. Брашното не издржува со години, да не го фрламе. Барам граѓаните да го купат само она што им е потребно – истакна Вучиќ.

The post БИА ќе го истражува вештачкиот недостиг на шекер во Србија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека нема потреба од создавање резерви на шеќер, дека проблемот е решен, а поради вештачки недостиг, државните органи ќе се позанимаваат со случајот на тајкунот од областа Колубара, кој сакал да заработи многу пари и да ја измами државата. Најави дека со овој случај ќе се позанимава БИА и државните органи, а граѓаните ќе имаат шеќер, сол, брашно, зејтин. Посочи дека за некои други намирници имало обид од истиот тајкун да купи се, мислејќи ја мамел државата и ги избегнувал обврските што постојат.
- Успеваме се да завршиме. Луѓето не треба да се грижат. Имаме толку шеќер што можеме во секое време да интервенираме - рече тој и апелираше до граѓаните да не купуваат премногу за да не пропаднат. Брашното не издржува со години, да не го фрламе. Барам граѓаните да го купат само она што им е потребно – истакна Вучиќ.

The post БИА ќе го истражува вештачкиот недостиг на шекер во Србија appeared first on Република.

]]>
Зошто во Србија нема шеќер: Луѓе купуваат по стотина кила одеднаш за да предизвикаат вештачка криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zoshto-vo-srbija-nema-shekjer-lugje-kupuvaat-po-stotina-kila-odednash-za-da-predizvikaat-veshtachka-kriza/ Thu, 26 May 2022 08:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=507102

Во Србија има недостик на шекер. Во речиси сите продавници рафтовите се празни од овој основен продукт. Во тоа се увери и екипата на „Република“ која беше во Врање и забележа дека не може да се најде никаде, дури ни во маркетите на „Лидл“.

Српските власти веднаш објаснија дека ова е вештачки предизвикано за да да се создаде криза и страв кај граѓаните.

Било забележано дека некои луѓе купуваат по стотина кила шекер и затоа го снема за неколку денови.

Потоа истиот шекер го продавале по двојно повисока цена. Затоа српската влада најави ќе интервенираат од стоковите резерви и оти ќе ја замрзнат цената на 89 динари (45 денари)

 

The post Зошто во Србија нема шеќер: Луѓе купуваат по стотина кила одеднаш за да предизвикаат вештачка криза appeared first on Република.

]]>

Во Србија има недостик на шекер. Во речиси сите продавници рафтовите се празни од овој основен продукт. Во тоа се увери и екипата на „Република“ која беше во Врање и забележа дека не може да се најде никаде, дури ни во маркетите на „Лидл“. Српските власти веднаш објаснија дека ова е вештачки предизвикано за да да се создаде криза и страв кај граѓаните. Било забележано дека некои луѓе купуваат по стотина кила шекер и затоа го снема за неколку денови. Потоа истиот шекер го продавале по двојно повисока цена. Затоа српската влада најави ќе интервенираат од стоковите резерви и оти ќе ја замрзнат цената на 89 динари (45 денари)  

The post Зошто во Србија нема шеќер: Луѓе купуваат по стотина кила одеднаш за да предизвикаат вештачка криза appeared first on Република.

]]>