шеќер во крв Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sheker-vo-krv/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Aug 2023 14:39:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шеќер во крв Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sheker-vo-krv/ 32 32 Од следната недела ленти за мерење на шеќер низ аптеките https://arhiva3.republika.mk/vesti/od-slednata-nedela-lenti-za-merene-na-sheker-niz-aptekite/ Sun, 20 Aug 2023 14:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=673918 Министерот за здравство Фатмир Меџити сподели на својот Фејсбук профил информација дека конечно е надминат „наследениот проблем со набавката на...

The post Од следната недела ленти за мерење на шеќер низ аптеките appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство Фатмир Меџити сподели на својот Фејсбук профил информација дека конечно е надминат „наследениот проблем со набавката на ленти за мерење шеќер“ и дијабетичарите веќе во текот на следната недела ќе може да ги набават во аптеките.

Тој истакна дека се прават максимални напори што побрзо да пристигнат и сензорите за дијабет. Со нив, вели министерот, децата по прв пат ќе може безболно да го мерат шеќерот во крвта и вети дека во неговиот мандат доцнење на набавка на лекови нема да има.

Наследените проблеми ги решаваме затоа што пациентите секогаш ми биле и ќе ми бидат на прво место. Го решивме наследениот проблем со недостаток на ленти за мерење на шеќер во крвта. Доволна количина ленти која ќе ги задоволи потребите на дијабетичарите е веќе на пат кон државта, а во текот на следната недела ќе бидат достапни во аптеките. Правиме и максимални напори наскоро да пристигнат и сензорите за дијабет кои по прв пат ќе може да ги користат децата за безболно мерење на шеќер, напиша тој.

Со ова, додава, ќе исполниме едно од најзначајните барања на дијабетичарите.

Им се заблагодарувам на трпението на пациентите и жалам за настанатата ситуација која е резултат на непостапувањето и негрижата на Беким Сали. Како што ветив, додека сум јас министер доцнење на лекови кои ги обезбедува Министерството за здравство нема да има, напиша министерот Меџити на Фејсбук.

The post Од следната недела ленти за мерење на шеќер низ аптеките appeared first on Република.

]]>
Високо ниво на шеќер во крвта – симптоми, ризици и превенција https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/visoko-nivo-na-sheker-vo-krvta-simptomi-rizitsi-i-preventsija/ Thu, 06 Apr 2023 11:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=627997

Доколку шеќерот во крвта ви е покачен подолг временски период, може да претставува сериозен ризик за појава на здравствени проблеми. Несомнено е потребно да бидете внимателни и да го следите, без разлика дали имате дијагностициран дијабетес или не.

Ако забележите дека се чувстувате жедни или гладни почесто од вообичаено, дека имате заматен вид, вкочанетост или трнење на стапалата, чувство на замор, честа потреба за мокрење, како и појава на разни инфекции на кожата и исекотини и рани кои потешко зараснуваат, потребно е да се обратите кај вашиот лекар за контрола и проверка на нивото на шеќерот во крвта. Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување.

Доколку ги занемарувате ове симптоми, високото ниво на гликоза во крвта може да доведе до сериозни последици како:

  • срцеви заболувања,
  • мозочен удар,
  • оштетување на нервите,
  • оштетување на бубрезите,
  • оштетување на кожата,
  • нарушен вид,
  • дијабетска кома и смрт.

Ризикот од настанување на овие состојби, може да се намали со регулирање на шеќерот во крвта, односно со негово нормализирање и балансирање.

Во овој поглед, подразбираме внимавање и регулирање на исхраната, потоа редовна физичка активност, менаџирање на стресот, воведување на здрави и редовни навики за спиење и сл.

Сето ова, може навистина позитивно да влијае, па дури и целосно да ја промени здравствената слика кај лицата со дијабет, а со тоа и да ги намалиме ризиците од посериозни компликации и причини за загриженост за нашето здравје.

The post Високо ниво на шеќер во крвта – симптоми, ризици и превенција appeared first on Република.

]]>

Доколку шеќерот во крвта ви е покачен подолг временски период, може да претставува сериозен ризик за појава на здравствени проблеми. Несомнено е потребно да бидете внимателни и да го следите, без разлика дали имате дијагностициран дијабетес или не. Ако забележите дека се чувстувате жедни или гладни почесто од вообичаено, дека имате заматен вид, вкочанетост или трнење на стапалата, чувство на замор, честа потреба за мокрење, како и појава на разни инфекции на кожата и исекотини и рани кои потешко зараснуваат, потребно е да се обратите кај вашиот лекар за контрола и проверка на нивото на шеќерот во крвта. Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување. Доколку ги занемарувате ове симптоми, високото ниво на гликоза во крвта може да доведе до сериозни последици како:
  • срцеви заболувања,
  • мозочен удар,
  • оштетување на нервите,
  • оштетување на бубрезите,
  • оштетување на кожата,
  • нарушен вид,
  • дијабетска кома и смрт.
Ризикот од настанување на овие состојби, може да се намали со регулирање на шеќерот во крвта, односно со негово нормализирање и балансирање. Во овој поглед, подразбираме внимавање и регулирање на исхраната, потоа редовна физичка активност, менаџирање на стресот, воведување на здрави и редовни навики за спиење и сл. Сето ова, може навистина позитивно да влијае, па дури и целосно да ја промени здравствената слика кај лицата со дијабет, а со тоа и да ги намалиме ризиците од посериозни компликации и причини за загриженост за нашето здравје.

The post Високо ниво на шеќер во крвта – симптоми, ризици и превенција appeared first on Република.

]]>