Шеjмус Мекгарви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shejmus-mekgarvi/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Sep 2023 07:10:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шеjмус Мекгарви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shejmus-mekgarvi/ 32 32 Шејмус Мекгарви, кинематографер со две номинации за „Оскар“: Многу учев од своите грешки во работата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shejmus-mekgarvi-kinematografer-so-dve-nominatsii-za-oskar-mnogu-uchev-od-svoite-greshki-vo-rabotata/ Fri, 29 Sep 2023 07:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=686234

Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, во рамки на 44. издание ИФФК „Браќа Манаки“, во битолското кино одржа мастерклас. Тој зборуваше за неговите почетоци, почнувајќи од неговото детство, па до соработката со врвни режисерски имиња.

Пораснав во мал град во Обединетото Кралство, во католичко семејство. Отсекогаш обичното го гледав појасно, а обичното, според мене, е врвно. Сакам да гледам пејсажи, луѓе, и мојата инспирација доаѓа оттаму. Доаѓам од земја каде што немаше многу сончева светлина. Во последните 13 години живеам во Тоскана, Италија. Порано бев целиот облечен во црно, сакав темни бои, но сега погледнете, сум обоен, носам сино, носам жолто. Имав среќа да имам наставник по уметност, кој е брилијантен. Многу цртав и фотографирав. Тој ми рече, „Ти треба да правиш филмови“. И почнав да правам куси филмови со малата камера која ја користев, раскажа Мекгарви.

Откако се запишал и завршил училиште за филм во Лондон, никој не сакал да го вработи, за почнал да работи како сликар и декоратер. Подоцна, сфатил дека не сака да го работи тоа целиот свој живот.

[caption id="attachment_686236" align="alignnone" width="1800"] Том Форд е одличен и најприземјен режисер со кој некогаш имам работено[/caption]

Моќта која ја носи човек во себе на сет, може да направи лесно да се направат нештата спектакуларни. Осмозата на креативност е прекрасно да се види, а која произлегува од линкот меѓу кинематограферот и режисерот. Многу учев од своите грешки во работата. Учев да снимам, да експериментирам, рече кинематограферот.

Публиката имаше можност да погледне сцени од легендарните „Ана Каренина“, „Лоши времиња“, „Атонемент“ и „Ноќни животни“. Зборувајќи за филмот „Ноќни животни “, Мекгарви кажа дека Том Форд е најголемиот човек кој го има запознаено во својот живот.

Беше предизвикувачки да се снима додека долго возат автомобили по пат. Тој филм има тешка тема, две жени беа убиени. Но тоа е Том Форд, тој беше одличен и најприземјен режисер со кој некогаш имам работено. Би сакал да работам пак со него, мислам дека е е подготвен за нов филм. Би сакал да видам уште еден негов филм зашто тој е извонреден, кажа Мекгарви.

Тој е два пати е номиниран за „Оскар“ за најдобра фотографија за „Покајание“ (2007) и за „Ана Каренина“ (2012). Два пати ја добил наградата на Британското друштво на кинематографери (BSC) за „Ана Каренина“ и за „Ноќни животни“ (режија Том Форд) и четири пати е номиниран за наградата БАФТА. Во 2004 година е награден со „Лимиер“ медал за придонес во уметноста на кинематографијата, кој го доделува британското Кралско фотографско друштво.

Јас сум патолошки среќен. Но не мислам дека ние, кинематограферите треба да бидеме харизматични и насмеани. Јас познавам колеги кои не се такви, а се брилијантни во својата работа.

Во однос на тоа, дали е подобро да се работи на телевизиска серија или на филм, тој кажа дека не гледа разлика.

Кога и да дојдеш на сет, тоа е подарок. Не гледам разлика меѓу ТВ и филм, истата сензибилност е, истото е. Ако не сме овде да раскажуваме приказни, тогаш во што е поентата? Моите родители ми кажуваа приказна кога одев на спиење, ги измислуваа. Мајка ми ми велеше, ти кажи ги ликовите, а јас ќе ти раскажам приказна, додаде кинематогрaферот.

The post Шејмус Мекгарви, кинематографер со две номинации за „Оскар“: Многу учев од своите грешки во работата appeared first on Република.

]]>

Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, во рамки на 44. издание ИФФК „Браќа Манаки“, во битолското кино одржа мастерклас. Тој зборуваше за неговите почетоци, почнувајќи од неговото детство, па до соработката со врвни режисерски имиња.
Пораснав во мал град во Обединетото Кралство, во католичко семејство. Отсекогаш обичното го гледав појасно, а обичното, според мене, е врвно. Сакам да гледам пејсажи, луѓе, и мојата инспирација доаѓа оттаму. Доаѓам од земја каде што немаше многу сончева светлина. Во последните 13 години живеам во Тоскана, Италија. Порано бев целиот облечен во црно, сакав темни бои, но сега погледнете, сум обоен, носам сино, носам жолто. Имав среќа да имам наставник по уметност, кој е брилијантен. Многу цртав и фотографирав. Тој ми рече, „Ти треба да правиш филмови“. И почнав да правам куси филмови со малата камера која ја користев, раскажа Мекгарви.
Откако се запишал и завршил училиште за филм во Лондон, никој не сакал да го вработи, за почнал да работи како сликар и декоратер. Подоцна, сфатил дека не сака да го работи тоа целиот свој живот. [caption id="attachment_686236" align="alignnone" width="1800"] Том Форд е одличен и најприземјен режисер со кој некогаш имам работено[/caption]
Моќта која ја носи човек во себе на сет, може да направи лесно да се направат нештата спектакуларни. Осмозата на креативност е прекрасно да се види, а која произлегува од линкот меѓу кинематограферот и режисерот. Многу учев од своите грешки во работата. Учев да снимам, да експериментирам, рече кинематограферот.
Публиката имаше можност да погледне сцени од легендарните „Ана Каренина“, „Лоши времиња“, „Атонемент“ и „Ноќни животни“. Зборувајќи за филмот „Ноќни животни “, Мекгарви кажа дека Том Форд е најголемиот човек кој го има запознаено во својот живот.
Беше предизвикувачки да се снима додека долго возат автомобили по пат. Тој филм има тешка тема, две жени беа убиени. Но тоа е Том Форд, тој беше одличен и најприземјен режисер со кој некогаш имам работено. Би сакал да работам пак со него, мислам дека е е подготвен за нов филм. Би сакал да видам уште еден негов филм зашто тој е извонреден, кажа Мекгарви.
Тој е два пати е номиниран за „Оскар“ за најдобра фотографија за „Покајание“ (2007) и за „Ана Каренина“ (2012). Два пати ја добил наградата на Британското друштво на кинематографери (BSC) за „Ана Каренина“ и за „Ноќни животни“ (режија Том Форд) и четири пати е номиниран за наградата БАФТА. Во 2004 година е награден со „Лимиер“ медал за придонес во уметноста на кинематографијата, кој го доделува британското Кралско фотографско друштво.
Јас сум патолошки среќен. Но не мислам дека ние, кинематограферите треба да бидеме харизматични и насмеани. Јас познавам колеги кои не се такви, а се брилијантни во својата работа.
Во однос на тоа, дали е подобро да се работи на телевизиска серија или на филм, тој кажа дека не гледа разлика.
Кога и да дојдеш на сет, тоа е подарок. Не гледам разлика меѓу ТВ и филм, истата сензибилност е, истото е. Ако не сме овде да раскажуваме приказни, тогаш во што е поентата? Моите родители ми кажуваа приказна кога одев на спиење, ги измислуваа. Мајка ми ми велеше, ти кажи ги ликовите, а јас ќе ти раскажам приказна, додаде кинематогрaферот.

The post Шејмус Мекгарви, кинематографер со две номинации за „Оскар“: Многу учев од своите грешки во работата appeared first on Република.

]]>
Шеjмус Мекгарви добитник на Специјална Златна камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“ за особен придонес во светската филмска уметност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shejmus-mekgarvi-dobitnik-na-spetsijalna-zlatna-kamera-300-na-iffk-braka-manaki-za-osoben-pridones-vo-svetskata-filmska-umetnost/ Fri, 01 Sep 2023 11:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=677875

Шеjмус Мекгарви е добитник на Специјалната Златна камера 300 на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за особен придонес во светската филмска уметност, објави на денешната прес-конференција Симеон Мони Дамевски.

Годинашното, 44. издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 23 до 29 септември во Битола.

Кинематограферот, чиј ракопис стои зад долгогодишната тандемска соработка со Џо Рајт („Покајание“, „Ана Каренина“, „Сирано“), зад „Ноќни животни“ (режија Том Форд), „Треба да разговараме за Кевин“ (Лин Ремзи), „Светски трговски центар“ (Оливер Стоун), „Часови“ (Стивен Долдри), „Висока верност“ (Стивен Фрирс), „Бакнежот на пеперутката“ (Мајкл Винтерботом), како и зад епизодата „Скок на глава“ од серијата „Црно огледало“, за која освои ЕМИ награда и БАФТА номинација за најдобра фотографија (кинематографија), оваа година во Битола ќе стане дел од големото филмско семејство на Фестивалот како добитник на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, рече Дамевски.

Мекгарви е два пати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија (кинематографија) – за „Покајание“ (2007) и за „Ана Каренина“ (2012). Два пати ја добил наградата на Британското друштво на кинематографери (BSC) за „Ана Каренина“ и за „Ноќни животни“ (режија Том Форд) и четири пати е номиниран за наградата БАФТА. Во 2004 година е награден со Лимиер медал за придонес во уметноста на кинематографијата, кој го доделува британското Кралско фотографско друштво.

На конференцијата, селекторите на Интернационалниот фестивал на филмската камера ја објавија програмата на овогодишното 44. фестивалско издание.

Селекторот на програмата Камера 300 за долгометражни играни филмови, Слаѓан Пенев, ја најави исклучително богатата и атрактивна селекција. Освен претходно објавените македонски филмови на отворање и затворање на фестивалот, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“, од филмовите што ги најави Пенев ќе ги издвоиме пролетерската трагикомедија на Аки Каурисмаки, ПАДНАТИТЕ ЛИСЈА/FALLEN LEAVES, во тандем со неговиот редовен кинематограферски соработник Тимо Салминен, кој ќе биде гостин на фестивалот, мистичното трагање по недофатливото во фотографијата и музиката на Вим Вендерс, СОВРШЕНИ ДЕНОВИ/PERFECT DAYS, во соработка со директорот на фотографијата Франц Лустиг, кој исто така ќе биде присутен во Битола, медитативната чеховско-ромеровска драма нa Нури Билге Чејлан, ЗА СУВИТЕ ТРЕВИ/ABOUT DRY GRASSES, во прва соработка со два кинематографери, Џеваир Сахин и Курсат Уресин, кои во тандем ќе се појават и на проекцијата во Битола, Хичкоковскиот трилер АНАТОМИЈА НА ЕДНО ПАЃАЊЕ/ANATOMY OF A FALL, кој ја доби Златната палма на последниот Кански фестивал, дело на режисерката Жустин Трие и кинематограферот Симон Буфил, како и богатата симфонија на ѕвезди и стил на Вес Андерсон, АСТЕРОИД СИТИ/ASTEROID CITY, со најчестиот негов соработник, искусниот кинематографер Роберт Д. Јеоман.

Селекторите на програмите за кратка, документарна и студентска програма, Марија Апчевска, Кумјана Новакова и Ѓорѓи Пулевски, ги објавија селекциите во своите програми, каде што исто така има атрактивни наслови, како документарниот филм ЧОВЕК ВО ЦРНО/MAN IN BLACK на Ванг Бинг, чија кинематограферка, Каролин Шампетие, позната по соработките со Лео Каракс (HOLY MOTORS), исто така ќе биде гостин на Фестивалот.

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски ќе го отвори 44. издание на „Браќа Манаки“. „Домаќинство за почетници“ е трет филм на Столевски, а негов прв македонски и ќе има светска премиера во селекцијата Хоризонти на филмскиот фестивал во Венеција на 6 септември.

Претходно беше соопштено дека Питер Бижу е добитник на Златна камера 300 за животен опус, а актерката и продуцентка Лабина Митевска е лауреат на наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм.

 

The post Шеjмус Мекгарви добитник на Специјална Златна камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“ за особен придонес во светската филмска уметност appeared first on Република.

]]>

Шеjмус Мекгарви е добитник на Специјалната Златна камера 300 на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за особен придонес во светската филмска уметност, објави на денешната прес-конференција Симеон Мони Дамевски. Годинашното, 44. издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 23 до 29 септември во Битола.
Кинематограферот, чиј ракопис стои зад долгогодишната тандемска соработка со Џо Рајт („Покајание“, „Ана Каренина“, „Сирано“), зад „Ноќни животни“ (режија Том Форд), „Треба да разговараме за Кевин“ (Лин Ремзи), „Светски трговски центар“ (Оливер Стоун), „Часови“ (Стивен Долдри), „Висока верност“ (Стивен Фрирс), „Бакнежот на пеперутката“ (Мајкл Винтерботом), како и зад епизодата „Скок на глава“ од серијата „Црно огледало“, за која освои ЕМИ награда и БАФТА номинација за најдобра фотографија (кинематографија), оваа година во Битола ќе стане дел од големото филмско семејство на Фестивалот како добитник на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, рече Дамевски.
Мекгарви е два пати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија (кинематографија) – за „Покајание“ (2007) и за „Ана Каренина“ (2012). Два пати ја добил наградата на Британското друштво на кинематографери (BSC) за „Ана Каренина“ и за „Ноќни животни“ (режија Том Форд) и четири пати е номиниран за наградата БАФТА. Во 2004 година е награден со Лимиер медал за придонес во уметноста на кинематографијата, кој го доделува британското Кралско фотографско друштво. На конференцијата, селекторите на Интернационалниот фестивал на филмската камера ја објавија програмата на овогодишното 44. фестивалско издание. Селекторот на програмата Камера 300 за долгометражни играни филмови, Слаѓан Пенев, ја најави исклучително богатата и атрактивна селекција. Освен претходно објавените македонски филмови на отворање и затворање на фестивалот, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“, од филмовите што ги најави Пенев ќе ги издвоиме пролетерската трагикомедија на Аки Каурисмаки, ПАДНАТИТЕ ЛИСЈА/FALLEN LEAVES, во тандем со неговиот редовен кинематограферски соработник Тимо Салминен, кој ќе биде гостин на фестивалот, мистичното трагање по недофатливото во фотографијата и музиката на Вим Вендерс, СОВРШЕНИ ДЕНОВИ/PERFECT DAYS, во соработка со директорот на фотографијата Франц Лустиг, кој исто така ќе биде присутен во Битола, медитативната чеховско-ромеровска драма нa Нури Билге Чејлан, ЗА СУВИТЕ ТРЕВИ/ABOUT DRY GRASSES, во прва соработка со два кинематографери, Џеваир Сахин и Курсат Уресин, кои во тандем ќе се појават и на проекцијата во Битола, Хичкоковскиот трилер АНАТОМИЈА НА ЕДНО ПАЃАЊЕ/ANATOMY OF A FALL, кој ја доби Златната палма на последниот Кански фестивал, дело на режисерката Жустин Трие и кинематограферот Симон Буфил, како и богатата симфонија на ѕвезди и стил на Вес Андерсон, АСТЕРОИД СИТИ/ASTEROID CITY, со најчестиот негов соработник, искусниот кинематографер Роберт Д. Јеоман. Селекторите на програмите за кратка, документарна и студентска програма, Марија Апчевска, Кумјана Новакова и Ѓорѓи Пулевски, ги објавија селекциите во своите програми, каде што исто така има атрактивни наслови, како документарниот филм ЧОВЕК ВО ЦРНО/MAN IN BLACK на Ванг Бинг, чија кинематограферка, Каролин Шампетие, позната по соработките со Лео Каракс (HOLY MOTORS), исто така ќе биде гостин на Фестивалот. Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски ќе го отвори 44. издание на „Браќа Манаки“. „Домаќинство за почетници“ е трет филм на Столевски, а негов прв македонски и ќе има светска премиера во селекцијата Хоризонти на филмскиот фестивал во Венеција на 6 септември. Претходно беше соопштено дека Питер Бижу е добитник на Златна камера 300 за животен опус, а актерката и продуцентка Лабина Митевска е лауреат на наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм.  

The post Шеjмус Мекгарви добитник на Специјална Златна камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“ за особен придонес во светската филмска уметност appeared first on Република.

]]>