Шејла Камериќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shejla-kamerikj/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Oct 2023 11:21:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шејла Камериќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shejla-kamerikj/ 32 32 Фестивал КРИК – промоција на монографско издание за уметницата Шејла Камериќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/festival-krik-promotsija-na-monografsko-izdanie-za-umetnitsata-shejla-kamerik/ Sun, 08 Oct 2023 11:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=689216

По минатогодишната изложба на Камериќ „Доаѓаме со поклон“, која КРИК и Прво па женско заеднички со уметницата ја организираа во Националната галерија - Чифте Амам, оваа година , повторно во соработка помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./ фестивал за феминистичка култура и акција – Прво па женско ќе биде промовирана уметничката книга „Mother is a bitch/Мајката е кучка“ во авторство на Шејла Камериќ и пријателите, бидејќи за Камериќ најважно е плетењето на пријателските мрежи и наративи кои создаваат амбиент на закрила и взаемна поддршка.

Промоцијата ќе се одржи на утре, понеделник во Музејот на современа уметност – Скопје, во 19.30 часот, со разговор помеѓу уметницата Шејла Камериќ, уредничката на книгата Жива Клајндинст, како и авторките Јасмина Тумбас и Милица Радуловиќ. Воведничарка и модераторка на разговорот е Јованка Попова.

За себноста, меморијата и ... смеата

Во текот на изминатите 25 години, Шејла Камериќ (р. Сараево 1976 година; живее и работи во Сараево, Берлин и Истра) создаде извонреден број уметнички дела засновани на гестови за самопретставување.

Тие ја откриваат трајната верност на Камериќ кон темата на автопортретирање и нејзиното неконвенционално разбирање на оваа авто-референтна практика. „Mother is a Bitch/Мајката е кучка“ обединува текстови и слики кои се одразуваат на повеќеслојната практика на Камериќ, следејќи ги двете главни линии во суштината на нејзиното творештво: автопортрети и текстилни дела. Овие уметнички дела се засноваат на сопствените искуства, сеќавања и соништа на Камериќ кои нѐ водат во глобалните простори на раселување и дискриминација. Тие се гледаат низ леќите на родот, трудот, миграцијата, класата и грижата, а проткаени се со испреплетени темпоралности - минатото и сегашноста. Инспирирани од écriture feminine, или „женското писмо“ на Хелен Сиксу - теорија на феминистичката филозофија која комбинира елементи на психоанализа, книжевна теорија и постапка на деконструкција - автор(к)ите на книгата ги сметаат актите на пишување како субверзија на патријархалните императиви.

Приложените текстови се преплетуваат и проникнуваат, графички и тематски, и се поставени во релација со репродукции на делата на Камериќ, конфронтирајќи теми како што се вештерство, феминизам, саморефлексија, самоистражување и само-експлоатација.

The post Фестивал КРИК – промоција на монографско издание за уметницата Шејла Камериќ appeared first on Република.

]]>

По минатогодишната изложба на Камериќ „Доаѓаме со поклон“, која КРИК и Прво па женско заеднички со уметницата ја организираа во Националната галерија - Чифте Амам, оваа година , повторно во соработка помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./ фестивал за феминистичка култура и акција – Прво па женско ќе биде промовирана уметничката книга „Mother is a bitch/Мајката е кучка“ во авторство на Шејла Камериќ и пријателите, бидејќи за Камериќ најважно е плетењето на пријателските мрежи и наративи кои создаваат амбиент на закрила и взаемна поддршка. Промоцијата ќе се одржи на утре, понеделник во Музејот на современа уметност – Скопје, во 19.30 часот, со разговор помеѓу уметницата Шејла Камериќ, уредничката на книгата Жива Клајндинст, како и авторките Јасмина Тумбас и Милица Радуловиќ. Воведничарка и модераторка на разговорот е Јованка Попова. За себноста, меморијата и ... смеата Во текот на изминатите 25 години, Шејла Камериќ (р. Сараево 1976 година; живее и работи во Сараево, Берлин и Истра) создаде извонреден број уметнички дела засновани на гестови за самопретставување. Тие ја откриваат трајната верност на Камериќ кон темата на автопортретирање и нејзиното неконвенционално разбирање на оваа авто-референтна практика. „Mother is a Bitch/Мајката е кучка“ обединува текстови и слики кои се одразуваат на повеќеслојната практика на Камериќ, следејќи ги двете главни линии во суштината на нејзиното творештво: автопортрети и текстилни дела. Овие уметнички дела се засноваат на сопствените искуства, сеќавања и соништа на Камериќ кои нѐ водат во глобалните простори на раселување и дискриминација. Тие се гледаат низ леќите на родот, трудот, миграцијата, класата и грижата, а проткаени се со испреплетени темпоралности - минатото и сегашноста. Инспирирани од écriture feminine, или „женското писмо“ на Хелен Сиксу - теорија на феминистичката филозофија која комбинира елементи на психоанализа, книжевна теорија и постапка на деконструкција - автор(к)ите на книгата ги сметаат актите на пишување како субверзија на патријархалните императиви. Приложените текстови се преплетуваат и проникнуваат, графички и тематски, и се поставени во релација со репродукции на делата на Камериќ, конфронтирајќи теми како што се вештерство, феминизам, саморефлексија, самоистражување и само-експлоатација.

The post Фестивал КРИК – промоција на монографско издание за уметницата Шејла Камериќ appeared first on Република.

]]>
Делата треба да поставуваат прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/delata-treba-da-postavuvaat-prashanja/ Tue, 27 Sep 2022 06:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=554543

Првпат во Македонија изложува Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци, со изложбата насловена „Доаѓаме со поклон“. Изложбата е во соработка на Националната галерија „Чифте Амам“ и КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, кои како и секогаш го промовираат современиот концепт на отворени јавни институции. Кураторка на изложбата е Наталија Пауниќ.


На изложбата ќе имаме ретка можност да го проследиме разговорот и претставувањето на Шејла Камериќ, низ кој ќе имаме привилегија да ги слушнеме мноштвото родови, политички, уметнички, естетски и социо-културни перспективи на уметницата. Низ разговорот ќе нѐ води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитријевиќ, но секако Камериќ ќе биде отворена и за прашања и коментари од посетителите на изложбата.
Шејла Камериќ (Сараево, 1976) живее и работи во Берлин, Истра и Сараево. Студирала на Уметничката Академја во Сараево. Се занимава со теми што произлегуваат од нелинеарни историски наративи и лични приказни. Камериќ се фокусира на политиката на сеќавањето, облиците на отпор во човековиот живот и на особеностите со кои резултира борбата на жените.
Некои од нејзините скорешни соло изложби се следниве: 2022: Kunsthaus Дрезден Robotron Kantine, Дрезден; 2021:КРАК Центар за современа култура, Бихаќ; Здружение Realstage, Сараево; 2018: Fondazione Adolfo Pini, Милано; Кибла, Mарибор и GAK Gesellschaft für Aktuelle Kunst, Бремен; 2015: ARTER Простор за уметност, Истанбул; Национална галерија на Косово, Приштина; 2014: Воен Театар, Сараево; 2012: Центар за современа уметност, Вилнус; Музеј за современа уметност, Белград; MSUM Mузеј за современа уметност, Љубљана; Sharjah Art Foundation, Sharjah Art Museum – мартовска средба, Шарџа; 2010: MACBA, Барселона; Röda Sten, Гетеборг; Prospectif Cinema, Центар Помпиду, Париз.
Групни изложби (избор): 2022: Manifesta 14, Косово; TATE Modern, Лондон; Kunstmuseum Волфсберг; Kühlhaus Берлин, MOCAK Mузеј за современа уметност, Краков; 2021: Национална галерија – Палатата, Софија; Нова Третјаковска галерија, Moсква; Mузеј на современа уметност, Sкопје; Уралско биенале, Eкатеринбург; 2020: Museum Kunstpalast, Дизелдорф; Boros Foundation, Берлин; Музеј Лудвиг, Будимпешта, Будимпешта; Museum für moderne Kunst, Бремен; 2019: The Phillips Collection, Вашингтон; Carré d’Art – Mузеј на современа уметност, Ним; Музеј на совемена уметност Вроцлав, Вроцлав; Kunsthalle Дармштат; Weserburg | Mузеј за модерна уметност, Бремен; Второ Биенале на современата уметност Ковентри; 2018: Haus der Geschichte Австрија, Виена; Belvedere 21, Виена; Mузеј на современа уметност Загреб; 2017: Fondazione Nicola Trussardi, Милано; 2016: Hannah Ryggen Triennal, Tрондхајм; Times Museum, Гуангжу, Кина; Национален музеј на современа уметност, Букурешт; 2015: P21, Лондон; Wellcome Collection, Лондон; 2014: Kunstverein Hamburg, Хамбург; Aвстриски културен форум Њујорк (ACFNY), Њујорк; 2013: Tokyo Metropolitan Museum of Photography, Токио; 2012: Квангџу Биенале, Квангџу; Музеј на модерна уметност на Истанбул, Истанбул; Moderna Museet, Стокхолм; Биенале во Маракеш, Maракеш.


За нејзиниот концепт, љубовта кон уметноста, пораките и најновото дело „Доаѓаме со поклон“ со кое се претставува пред македонската публика, разговаравме пред отворањето на изложбата.

Претставувањето на делото „Доаѓаме со поклон“ во Скопје го разгледува долгогодишното портретирање на жените како вештерки и/или предмети. Кажете ни нешто повеќе за тоа?

Во суштина станува збор за патријархалниот поглед на жената итаа реченица би требало да звучи као нешто необично, но тоа во суштина е мошне присутна работа затоа што жените низ сексуализацијата се објект за идентификација доста долго се набљудуваат како нешто сосема друго во однос на мажите. Така што стои во најавата дека жените се гледааат како вештерки и / или предмети се вклопува во тој предмет како термин. Сакам да кажам дека тоа не е ништо невообичаено, само што во ова дело се прикажува на еден мошне фигуративен начин. Би додала уште нешто што е поврзано со називот на делото „We come with a bow“ што беше предизвик и да се преведе затоа што „bow“ на англиски јазик не значи само панделка, туку и поклон, како подарок, но и како наклон. Всушност во тоа повеќезначно се наоѓа и клучот на однесувањето и третирањето на жената, и тоа како жената мора и како е насочена да се однесува.

Дали ова дело е специјално создадено за изложбата во Скопје?

На изложбата се претставени дела кои настанале во изминативе години. Да бидам попрецизна најстарото дело од оваа изложба се фотографии од 2001 година, но тие се во ново издание од 2021 година, потоа дело од 2014 годин, но она што е поврзувачко за сите нив е проектот кој се нарекува „Мајката е кучка“ кој е создаден оваа година и за прв пат беше покажан во март во Белград. Всушност од таа изложба ја направивме оваа и додадовме нови дела. Интересно е да се каже дека на оваа изложба за прв пат е изложено делото кое се нарекува „Градина со рози“, тоа овие да ги наречеме завеси со решетки и рози и тое се премиерно во Чифте амам во Скопје. Овде се и делата како овие големи плетени мрежи кои публиката можеше да ги види и во приштина на Биеналето, и делото по кое изложбата го носи името- сега е во некое ново издание како инсталација.
Изложбата ќе продолжи да патува, во поголем формат ќе биде прикажана во Подгорица на пролет.

Многу од делата нè потсетуваат на предмети од домаќинството и на типично „женски“ рутини: плетење, ткаење, работа низ градината; да се биде мајка; па дури и „да се биде“ подарок, подарен некому (затоа, доаѓаме со поклон)...Која е метафората?

Не сакам да говорам на тој начин бидејќи секое дело говори нешто друго на оној кој го гледа. Не би го интерпретирала делото. Мислам дека е добро делата да поставуваат прашања и сметам дека тие тоа го прават, а сепак на еден доста директен начин упатуваат на она со што јас се занимавам, она што мене ме допира и што на крајот е мошне битен дискурс во времето и просторот.
Ова последното дело кое го содржи изложбата можеби содржи некој вид на метафора во себе, ондосно тие завеси се меки, транспарентни, но прикажуваат нешто мошне тешко. Во текстот за изложбата се содржи зборот метафора и тој се однесува на жената која е чувана од мажот на некој начин, но всушност се говори за лицемерието на таквиот гест, бидејќи во суштина нема потреба ние да бидеме чувани од нив. Тоа е на некој начин метафора на жена заробена во замок зад решетки и може да биде метафорички заробена, но може да биде и вистински.

Имавте ли прилика да видите дела од македонски автори? Дали нешто би издвоиле?

За жал немавме време, бидејќи работев на поставката, но се надевам дека ќе имам можност. Во последно време немав прилика да ги видам делата на своите македонски колеги, но сега некако ми се чини и со моето присуство во Скопје и во регионот, со изложбите, повторно почнуваат да се создаваат некои врски и се радувам на средбите со колегите и нивните дела.

Каков впечаток ви остави просторот на галеријата Чифте амам? Дали ве инспирираше можеби за нешто во последен момент?

Всушност, навистина Чифте амам ми послужи како инспирација. Тоа ми беше како битен елемент кога веќе стана збор да бидам поканета да изложувам во Скопје. Имав спремен проект, спремена изложба кога стигна поканата, и овој простор дојде како вистински одговор на мојата подготвеност и дополнително ме инспирираше да дојдам и да работам со овој простор. Мислам дека во самата поставка ни беше мошне важна таа комуникација со просторот, особено поради тоа што овој простор бил амам-простор каде биле сокриени тела, а и чифте-оној двоен машко-женски принцип, што сметам дека уште повеќе придонесува на изложбата.

Фото: Наташа Гелеска

The post Делата треба да поставуваат прашања appeared first on Република.

]]>

Првпат во Македонија изложува Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци, со изложбата насловена „Доаѓаме со поклон“. Изложбата е во соработка на Националната галерија „Чифте Амам“ и КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, кои како и секогаш го промовираат современиот концепт на отворени јавни институции. Кураторка на изложбата е Наталија Пауниќ. На изложбата ќе имаме ретка можност да го проследиме разговорот и претставувањето на Шејла Камериќ, низ кој ќе имаме привилегија да ги слушнеме мноштвото родови, политички, уметнички, естетски и социо-културни перспективи на уметницата. Низ разговорот ќе нѐ води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитријевиќ, но секако Камериќ ќе биде отворена и за прашања и коментари од посетителите на изложбата. Шејла Камериќ (Сараево, 1976) живее и работи во Берлин, Истра и Сараево. Студирала на Уметничката Академја во Сараево. Се занимава со теми што произлегуваат од нелинеарни историски наративи и лични приказни. Камериќ се фокусира на политиката на сеќавањето, облиците на отпор во човековиот живот и на особеностите со кои резултира борбата на жените. Некои од нејзините скорешни соло изложби се следниве: 2022: Kunsthaus Дрезден Robotron Kantine, Дрезден; 2021:КРАК Центар за современа култура, Бихаќ; Здружение Realstage, Сараево; 2018: Fondazione Adolfo Pini, Милано; Кибла, Mарибор и GAK Gesellschaft für Aktuelle Kunst, Бремен; 2015: ARTER Простор за уметност, Истанбул; Национална галерија на Косово, Приштина; 2014: Воен Театар, Сараево; 2012: Центар за современа уметност, Вилнус; Музеј за современа уметност, Белград; MSUM Mузеј за современа уметност, Љубљана; Sharjah Art Foundation, Sharjah Art Museum – мартовска средба, Шарџа; 2010: MACBA, Барселона; Röda Sten, Гетеборг; Prospectif Cinema, Центар Помпиду, Париз. Групни изложби (избор): 2022: Manifesta 14, Косово; TATE Modern, Лондон; Kunstmuseum Волфсберг; Kühlhaus Берлин, MOCAK Mузеј за современа уметност, Краков; 2021: Национална галерија – Палатата, Софија; Нова Третјаковска галерија, Moсква; Mузеј на современа уметност, Sкопје; Уралско биенале, Eкатеринбург; 2020: Museum Kunstpalast, Дизелдорф; Boros Foundation, Берлин; Музеј Лудвиг, Будимпешта, Будимпешта; Museum für moderne Kunst, Бремен; 2019: The Phillips Collection, Вашингтон; Carré d’Art – Mузеј на современа уметност, Ним; Музеј на совемена уметност Вроцлав, Вроцлав; Kunsthalle Дармштат; Weserburg | Mузеј за модерна уметност, Бремен; Второ Биенале на современата уметност Ковентри; 2018: Haus der Geschichte Австрија, Виена; Belvedere 21, Виена; Mузеј на современа уметност Загреб; 2017: Fondazione Nicola Trussardi, Милано; 2016: Hannah Ryggen Triennal, Tрондхајм; Times Museum, Гуангжу, Кина; Национален музеј на современа уметност, Букурешт; 2015: P21, Лондон; Wellcome Collection, Лондон; 2014: Kunstverein Hamburg, Хамбург; Aвстриски културен форум Њујорк (ACFNY), Њујорк; 2013: Tokyo Metropolitan Museum of Photography, Токио; 2012: Квангџу Биенале, Квангџу; Музеј на модерна уметност на Истанбул, Истанбул; Moderna Museet, Стокхолм; Биенале во Маракеш, Maракеш. За нејзиниот концепт, љубовта кон уметноста, пораките и најновото дело „Доаѓаме со поклон“ со кое се претставува пред македонската публика, разговаравме пред отворањето на изложбата. Претставувањето на делото „Доаѓаме со поклон“ во Скопје го разгледува долгогодишното портретирање на жените како вештерки и/или предмети. Кажете ни нешто повеќе за тоа?
Во суштина станува збор за патријархалниот поглед на жената итаа реченица би требало да звучи као нешто необично, но тоа во суштина е мошне присутна работа затоа што жените низ сексуализацијата се објект за идентификација доста долго се набљудуваат како нешто сосема друго во однос на мажите. Така што стои во најавата дека жените се гледааат како вештерки и / или предмети се вклопува во тој предмет како термин. Сакам да кажам дека тоа не е ништо невообичаено, само што во ова дело се прикажува на еден мошне фигуративен начин. Би додала уште нешто што е поврзано со називот на делото „We come with a bow“ што беше предизвик и да се преведе затоа што „bow“ на англиски јазик не значи само панделка, туку и поклон, како подарок, но и како наклон. Всушност во тоа повеќезначно се наоѓа и клучот на однесувањето и третирањето на жената, и тоа како жената мора и како е насочена да се однесува.
Дали ова дело е специјално создадено за изложбата во Скопје?
На изложбата се претставени дела кои настанале во изминативе години. Да бидам попрецизна најстарото дело од оваа изложба се фотографии од 2001 година, но тие се во ново издание од 2021 година, потоа дело од 2014 годин, но она што е поврзувачко за сите нив е проектот кој се нарекува „Мајката е кучка“ кој е создаден оваа година и за прв пат беше покажан во март во Белград. Всушност од таа изложба ја направивме оваа и додадовме нови дела. Интересно е да се каже дека на оваа изложба за прв пат е изложено делото кое се нарекува „Градина со рози“, тоа овие да ги наречеме завеси со решетки и рози и тое се премиерно во Чифте амам во Скопје. Овде се и делата како овие големи плетени мрежи кои публиката можеше да ги види и во приштина на Биеналето, и делото по кое изложбата го носи името- сега е во некое ново издание како инсталација. Изложбата ќе продолжи да патува, во поголем формат ќе биде прикажана во Подгорица на пролет.
Многу од делата нè потсетуваат на предмети од домаќинството и на типично „женски“ рутини: плетење, ткаење, работа низ градината; да се биде мајка; па дури и „да се биде“ подарок, подарен некому (затоа, доаѓаме со поклон)...Која е метафората?
Не сакам да говорам на тој начин бидејќи секое дело говори нешто друго на оној кој го гледа. Не би го интерпретирала делото. Мислам дека е добро делата да поставуваат прашања и сметам дека тие тоа го прават, а сепак на еден доста директен начин упатуваат на она со што јас се занимавам, она што мене ме допира и што на крајот е мошне битен дискурс во времето и просторот. Ова последното дело кое го содржи изложбата можеби содржи некој вид на метафора во себе, ондосно тие завеси се меки, транспарентни, но прикажуваат нешто мошне тешко. Во текстот за изложбата се содржи зборот метафора и тој се однесува на жената која е чувана од мажот на некој начин, но всушност се говори за лицемерието на таквиот гест, бидејќи во суштина нема потреба ние да бидеме чувани од нив. Тоа е на некој начин метафора на жена заробена во замок зад решетки и може да биде метафорички заробена, но може да биде и вистински.
Имавте ли прилика да видите дела од македонски автори? Дали нешто би издвоиле?
За жал немавме време, бидејќи работев на поставката, но се надевам дека ќе имам можност. Во последно време немав прилика да ги видам делата на своите македонски колеги, но сега некако ми се чини и со моето присуство во Скопје и во регионот, со изложбите, повторно почнуваат да се создаваат некои врски и се радувам на средбите со колегите и нивните дела.
Каков впечаток ви остави просторот на галеријата Чифте амам? Дали ве инспирираше можеби за нешто во последен момент?
Всушност, навистина Чифте амам ми послужи како инспирација. Тоа ми беше како битен елемент кога веќе стана збор да бидам поканета да изложувам во Скопје. Имав спремен проект, спремена изложба кога стигна поканата, и овој простор дојде како вистински одговор на мојата подготвеност и дополнително ме инспирираше да дојдам и да работам со овој простор. Мислам дека во самата поставка ни беше мошне важна таа комуникација со просторот, особено поради тоа што овој простор бил амам-простор каде биле сокриени тела, а и чифте-оној двоен машко-женски принцип, што сметам дека уште повеќе придонесува на изложбата.
Фото: Наташа Гелеска

The post Делата треба да поставуваат прашања appeared first on Република.

]]>
„Доаѓаме со поклон“ – голема изложба во Скопје на познатата уметница Шејла Камериќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/doagjame-so-poklon-golema-izlozba-vo-skopje-na-poznatata-umetnica-shejla-kamerikj/ Sat, 24 Sep 2022 09:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=553734

„Доаѓаме со поклон“ – голема изложба во Скопје на познатата уметница Шејла Камериќ ќе се одржи во вторник (27 септември), во Чифте амам, со почеток во 19 часот. Разговорот ќе го води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитриевиќ.

Во пријателска соработка помеѓу КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, првпат во Македонија ќе пристигне Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци, со изложбата со наслов „Доаѓаме со поклон“.

„Изложбата е во соработка со Националната галерија „Чифте амам“, кои како и секогаш го промовираат современиот концепт на отворени јавни институции. Кураторка на изложбата е Наталија Пауниќ. Воедно, во рамките на изложбата ќе имаме ретка можност да го проследиме разговорот и претставувањето на Шејла Камериќ, преку кој ќе имаме привилегија да ги слушнеме мноштвото родови, политички, уметнички, естетски и социо-културни перспективи на уметницата. Преку разговорот ќе нѐ води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитриевиќ, но секако Камериќ ќе биде отворена и за прашања и коментари од посетителите на изложбата“, велат организаторите на настанот.

КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО со оваа изложба имаат цел да отворат критичка дебата за влијанијата, дијалогот и полемичките перспективи на современата уметност и нејзината одговорност во преиспитувањето на важните општествени прашања, кои ги засегаат плуралните идентитетски стереотипи преку кои културата има опресивна и маргинализирачка улога, особено кога станува збор за читањето на родовиот, женски наратив.

Претставувањето на делото на Шејла Камериќ во Скопје го разгледува долгогодишното портретирање на жените како вештерки и/или предмети. Алудирајќи на добро познатите тематски интереси на радикалниот феминизам, социјалистичкиот феминизам и постструктуралистичките гледишта, изложбата исто така има цел да расветли обични, домашни и познати секојдневни елементи и да им даде акцент на проблемите на кои обично не им обрнуваме многу внимание. Оваа намера е внимателно внесена во новата измена на централното дело на изложбата „Доаѓаме со поклон“, кое прикажува необично долга, тенка црвена ткаенина што почнува како типичен украс – панделка од женската долна облека и завршува така што ја заплеткува публиката со својата сопствена материјалност. Овој гест – претераното издолжување на панделката – си поигрува со идејата за предмет што и не е веќе предмет, туку има свој сопствен живот, своја сопствена волја и моќ.

Метафоричката вредност што ја содржи ова дело постои и во многу други на разни начини. Многу од делата нè потсетуваат на предмети од домаќинството и на типично женски рутини: плетење, ткаење, работа во градината; да се биде мајка; па дури и да се биде подарок, подарен некому (затоа, доаѓаме со поклон). Шејла Камериќ ги употребува овие процеси и состојби за да ги истражи и доведува во прашање (де)конструкцијата на родот, идентитетот, интимноста и сексуалноста, како и општествената, политичката и економска потчинетост на жените и нивните претстави во рамките на патријархалните општества и неолибералниот капитализам. Во таа смисла зборот „поклон“ со англискиот „спелинг“ bow би можел различно да се прочита и протолкува: тоа bow се однесува и на наведнување, свивање, покажување дека се предаваме, покоруваме, прифаќаме, што исто така вообичаено може да се види пред или по перформансот. Да се прочита зборот различно и да се согледа и со оваа конотација исто така е поврзано со тоа како живееле жените во општествата што ни се познати досега.

Изложбата ќе вклучува и дела пренесени од нејзината последна соло изложба во Белград, „Мајката е кучка“, други фотографски дела („Емабаразада“ и „Непознато“), како и дела од сериите „Мажена “, „Исчезната“ и „Дигитални актови“. Исто така, ќе содржи и едно ново дело, „Градина со рози“, кое продолжува со истражувањето на формалната линија што ни е веќе позната од „Мажена“, истовремено носејќи ја заробеноста на женското тело во различна насока. Плетените цвеќиња или поточно рози (цветови исполнети со симболичното значење на љубовта, моќта, убавината, сексуалноста, мистицизмот и жртвувањето) веднаш нè потсетуваат на Hortus conclusus, мотив од христијанската иконографија, популарен во доцниот среден век и раната ренесанса. Како што тврди Лиз Херберт Мекевој од Универзитетот „Свонси“: „Идејата да се заштитат жените од грев е неискрена, иако сеприсутна. Во повеќето култури на женската сексуалност се гледа како на опасна од страна на мажите. Со нејзиното затворање тие ја спречуваат таа закана, а истовремено се преправаат дека ги заштитуваат жените од мажите“.

Шејла Камериќ (Сараево, 1976) живее и работи во Берлин, Истра и во Сараево. Студирала на Уметничката академија во Сараево. Се занимава со теми што произлегуваат од нелинеарни историски наративи и лични приказни. Камериќ се фокусира на политиката на сеќавањето, облиците на отпор во човековиот живот и на особеностите со кои резултира борбата на жените.

Некои од нејзините скорешни соло изложби се следниве: 2022: Kunsthaus Дрезден Robotron Kantine, Дрезден; 2021:КРАК Центар за современа култура, Бихаќ; Здружение Realstage, Сараево; 2018: Fondazione Adolfo Pini, Милано; Кибла, Mарибор и GAK Gesellschaft für Aktuelle Kunst, Бремен; 2015: ARTER Простор за уметност, Истанбул; Национална галерија на Косово, Приштина; 2014: Воен Театар, Сараево; 2012: Центар за современа уметност, Вилнус; Музеј за современа уметност, Белград; MSUM Mузеј за современа уметност, Љубљана; Sharjah Art Foundation, Sharjah Art Museum – мартовска средба, Шарџа; 2010: MACBA, Барселона; Röda Sten, Гетеборг; Prospectif Cinema, Центар Помпиду, Париз.

Групни изложби (избор): 2022: Manifesta 14, Косово; TATE Modern, Лондон; Kunstmuseum Волфсберг; Kühlhaus Берлин, MOCAK Mузеј за современа уметност, Краков; 2021: Национална галерија – Палатата, Софија; Нова Третјаковска галерија, Moсква; Mузеј на современа уметност, Sкопје; Уралско биенале, Eкатеринбург; 2020: Museum Kunstpalast, Дизелдорф; Boros Foundation, Берлин; Музеј Лудвиг, Будимпешта, Будимпешта; Museum für moderne Kunst, Бремен; 2019: The Phillips Collection, Вашингтон; Carré d’Art – Mузеј на современа уметност, Ним; Музеј на современа уметност Вроцлав, Вроцлав; Kunsthalle Дармштат; Weserburg | Mузеј за модерна уметност, Бремен; Второ Биенале на современата уметност Ковентри; 2018: Haus der Geschichte Австрија, Виена; Belvedere 21, Виена; Mузеј на современа уметност Загреб; 2017: Fondazione Nicola Trussardi, Милано; 2016: Hannah Ryggen Triennal, Tрондхајм; Times Museum, Гуангжу, Кина; Национален музеј на современа уметност, Букурешт; 2015: P21, Лондон; Wellcome Collection, Лондон; 2014: Kunstverein Hamburg, Хамбург; Австриски културен форум Њујорк (ACFNY), Њујорк; 2013: Tokyo Metropolitan Museum of Photography, Токио; 2012: Квангџу Биенале, Квангџу; Музеј на модерна уметност на Истанбул, Истанбул; Moderna Museet, Стокхолм; Биенале во Маракеш, Maракеш.

 

The post „Доаѓаме со поклон“ – голема изложба во Скопје на познатата уметница Шејла Камериќ appeared first on Република.

]]>

„Доаѓаме со поклон“ – голема изложба во Скопје на познатата уметница Шејла Камериќ ќе се одржи во вторник (27 септември), во Чифте амам, со почеток во 19 часот. Разговорот ќе го води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитриевиќ. Во пријателска соработка помеѓу КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, првпат во Македонија ќе пристигне Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци, со изложбата со наслов „Доаѓаме со поклон“. „Изложбата е во соработка со Националната галерија „Чифте амам“, кои како и секогаш го промовираат современиот концепт на отворени јавни институции. Кураторка на изложбата е Наталија Пауниќ. Воедно, во рамките на изложбата ќе имаме ретка можност да го проследиме разговорот и претставувањето на Шејла Камериќ, преку кој ќе имаме привилегија да ги слушнеме мноштвото родови, политички, уметнички, естетски и социо-културни перспективи на уметницата. Преку разговорот ќе нѐ води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитриевиќ, но секако Камериќ ќе биде отворена и за прашања и коментари од посетителите на изложбата“, велат организаторите на настанот. КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО со оваа изложба имаат цел да отворат критичка дебата за влијанијата, дијалогот и полемичките перспективи на современата уметност и нејзината одговорност во преиспитувањето на важните општествени прашања, кои ги засегаат плуралните идентитетски стереотипи преку кои културата има опресивна и маргинализирачка улога, особено кога станува збор за читањето на родовиот, женски наратив. Претставувањето на делото на Шејла Камериќ во Скопје го разгледува долгогодишното портретирање на жените како вештерки и/или предмети. Алудирајќи на добро познатите тематски интереси на радикалниот феминизам, социјалистичкиот феминизам и постструктуралистичките гледишта, изложбата исто така има цел да расветли обични, домашни и познати секојдневни елементи и да им даде акцент на проблемите на кои обично не им обрнуваме многу внимание. Оваа намера е внимателно внесена во новата измена на централното дело на изложбата „Доаѓаме со поклон“, кое прикажува необично долга, тенка црвена ткаенина што почнува како типичен украс – панделка од женската долна облека и завршува така што ја заплеткува публиката со својата сопствена материјалност. Овој гест – претераното издолжување на панделката – си поигрува со идејата за предмет што и не е веќе предмет, туку има свој сопствен живот, своја сопствена волја и моќ. Метафоричката вредност што ја содржи ова дело постои и во многу други на разни начини. Многу од делата нè потсетуваат на предмети од домаќинството и на типично женски рутини: плетење, ткаење, работа во градината; да се биде мајка; па дури и да се биде подарок, подарен некому (затоа, доаѓаме со поклон). Шејла Камериќ ги употребува овие процеси и состојби за да ги истражи и доведува во прашање (де)конструкцијата на родот, идентитетот, интимноста и сексуалноста, како и општествената, политичката и економска потчинетост на жените и нивните претстави во рамките на патријархалните општества и неолибералниот капитализам. Во таа смисла зборот „поклон“ со англискиот „спелинг“ bow би можел различно да се прочита и протолкува: тоа bow се однесува и на наведнување, свивање, покажување дека се предаваме, покоруваме, прифаќаме, што исто така вообичаено може да се види пред или по перформансот. Да се прочита зборот различно и да се согледа и со оваа конотација исто така е поврзано со тоа како живееле жените во општествата што ни се познати досега. Изложбата ќе вклучува и дела пренесени од нејзината последна соло изложба во Белград, „Мајката е кучка“, други фотографски дела („Емабаразада“ и „Непознато“), како и дела од сериите „Мажена “, „Исчезната“ и „Дигитални актови“. Исто така, ќе содржи и едно ново дело, „Градина со рози“, кое продолжува со истражувањето на формалната линија што ни е веќе позната од „Мажена“, истовремено носејќи ја заробеноста на женското тело во различна насока. Плетените цвеќиња или поточно рози (цветови исполнети со симболичното значење на љубовта, моќта, убавината, сексуалноста, мистицизмот и жртвувањето) веднаш нè потсетуваат на Hortus conclusus, мотив од христијанската иконографија, популарен во доцниот среден век и раната ренесанса. Како што тврди Лиз Херберт Мекевој од Универзитетот „Свонси“: „Идејата да се заштитат жените од грев е неискрена, иако сеприсутна. Во повеќето култури на женската сексуалност се гледа како на опасна од страна на мажите. Со нејзиното затворање тие ја спречуваат таа закана, а истовремено се преправаат дека ги заштитуваат жените од мажите“. Шејла Камериќ (Сараево, 1976) живее и работи во Берлин, Истра и во Сараево. Студирала на Уметничката академија во Сараево. Се занимава со теми што произлегуваат од нелинеарни историски наративи и лични приказни. Камериќ се фокусира на политиката на сеќавањето, облиците на отпор во човековиот живот и на особеностите со кои резултира борбата на жените. Некои од нејзините скорешни соло изложби се следниве: 2022: Kunsthaus Дрезден Robotron Kantine, Дрезден; 2021:КРАК Центар за современа култура, Бихаќ; Здружение Realstage, Сараево; 2018: Fondazione Adolfo Pini, Милано; Кибла, Mарибор и GAK Gesellschaft für Aktuelle Kunst, Бремен; 2015: ARTER Простор за уметност, Истанбул; Национална галерија на Косово, Приштина; 2014: Воен Театар, Сараево; 2012: Центар за современа уметност, Вилнус; Музеј за современа уметност, Белград; MSUM Mузеј за современа уметност, Љубљана; Sharjah Art Foundation, Sharjah Art Museum – мартовска средба, Шарџа; 2010: MACBA, Барселона; Röda Sten, Гетеборг; Prospectif Cinema, Центар Помпиду, Париз. Групни изложби (избор): 2022: Manifesta 14, Косово; TATE Modern, Лондон; Kunstmuseum Волфсберг; Kühlhaus Берлин, MOCAK Mузеј за современа уметност, Краков; 2021: Национална галерија – Палатата, Софија; Нова Третјаковска галерија, Moсква; Mузеј на современа уметност, Sкопје; Уралско биенале, Eкатеринбург; 2020: Museum Kunstpalast, Дизелдорф; Boros Foundation, Берлин; Музеј Лудвиг, Будимпешта, Будимпешта; Museum für moderne Kunst, Бремен; 2019: The Phillips Collection, Вашингтон; Carré d’Art – Mузеј на современа уметност, Ним; Музеј на современа уметност Вроцлав, Вроцлав; Kunsthalle Дармштат; Weserburg | Mузеј за модерна уметност, Бремен; Второ Биенале на современата уметност Ковентри; 2018: Haus der Geschichte Австрија, Виена; Belvedere 21, Виена; Mузеј на современа уметност Загреб; 2017: Fondazione Nicola Trussardi, Милано; 2016: Hannah Ryggen Triennal, Tрондхајм; Times Museum, Гуангжу, Кина; Национален музеј на современа уметност, Букурешт; 2015: P21, Лондон; Wellcome Collection, Лондон; 2014: Kunstverein Hamburg, Хамбург; Австриски културен форум Њујорк (ACFNY), Њујорк; 2013: Tokyo Metropolitan Museum of Photography, Токио; 2012: Квангџу Биенале, Квангџу; Музеј на модерна уметност на Истанбул, Истанбул; Moderna Museet, Стокхолм; Биенале во Маракеш, Maракеш.  

The post „Доаѓаме со поклон“ – голема изложба во Скопје на познатата уметница Шејла Камериќ appeared first on Република.

]]>