шеик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sheik/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Oct 2023 09:28:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шеик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sheik/ 32 32 Ал Тани: На Израел не треба да му се дава неограничена дозвола да убива https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/al-tani-na-izrael-ne-treba-da-mu-se-dava-neogranichena-dozvola-da-ubiva/ Tue, 24 Oct 2023 09:28:28 +0000 https://republika.mk/?p=694463

Катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад ал Тани, денеска ја повика меѓународната заедница да не му дава на Израел „неограничена дозвола да убива“ Палестинци во неговата борба против Хамас, додавајќи дека тоа претставува опасна ескалација што ја загрозува светската безбедност, пренесоа британските медиуми.

Ние велиме дека е доста. На Израел не треба да му се даде безусловно зелено светло и неограничена дозвола да убива, рече шеикот Ал Тани во својот говор на отворањето на состанокот на Советодавниот совет на арапските земји од Заливот.

Ова е неговиот прв јавен коментар откако неговата земја почна со посредување во напорите за прекин на војната меѓу Израел и Хамас.

По ненадејниот напад на Хамас врз јужен Израел, на 7 октомври, во кој исламистичката група уби повеќе од 1.400 луѓе и зароби повеќе од 200 заложници, Катар одржува отворен дијалог и со Израел и со Хамас, што доведе до ослободување на четворица заложници, вклучувајќи ги и двете Израелки, вчера.

Повикуваме на сериозен регионален и меѓународен став против оваа опасна ескалација на која сме сведоци и која ја загрозува безбедноста на регионот и на светот, рече шеикот Ал Тани.

Не прифаќаме двојни стандарди и однесување дека животите на палестинските деца да не се важни, како да немаат лица или имиња, додаде тој.

The post Ал Тани: На Израел не треба да му се дава неограничена дозвола да убива appeared first on Република.

]]>

Катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад ал Тани, денеска ја повика меѓународната заедница да не му дава на Израел „неограничена дозвола да убива“ Палестинци во неговата борба против Хамас, додавајќи дека тоа претставува опасна ескалација што ја загрозува светската безбедност, пренесоа британските медиуми. Ние велиме дека е доста. На Израел не треба да му се даде безусловно зелено светло и неограничена дозвола да убива, рече шеикот Ал Тани во својот говор на отворањето на состанокот на Советодавниот совет на арапските земји од Заливот. Ова е неговиот прв јавен коментар откако неговата земја почна со посредување во напорите за прекин на војната меѓу Израел и Хамас. По ненадејниот напад на Хамас врз јужен Израел, на 7 октомври, во кој исламистичката група уби повеќе од 1.400 луѓе и зароби повеќе од 200 заложници, Катар одржува отворен дијалог и со Израел и со Хамас, што доведе до ослободување на четворица заложници, вклучувајќи ги и двете Израелки, вчера. Повикуваме на сериозен регионален и меѓународен став против оваа опасна ескалација на која сме сведоци и која ја загрозува безбедноста на регионот и на светот, рече шеикот Ал Тани. Не прифаќаме двојни стандарди и однесување дека животите на палестинските деца да не се важни, како да немаат лица или имиња, додаде тој.

The post Ал Тани: На Израел не треба да му се дава неограничена дозвола да убива appeared first on Република.

]]>
„Прво што прави наутро е – ми дава пари“, вели сопругата на арапски милионер покажувајќи како живее https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/prvo-shto-pravi-nautro-e-mi-dava-pari-veli-soprugata-na-arapski-milioner-pokazhuvajki-kako-zhivee/ Fri, 27 Jan 2023 13:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=601659

Сопруга на милионер од Саудиска Арабија на социјалните мрежи открива како изгледа нејзиното секојдневие и споделува детали од нејзиниот живот со близу еден милион следбеници. Соуди, сопруга на милионер, откри дека деновите ги поминува средувајќи си ги косата и ноктите и дека кога ќе се дотера сака богат оброк. Нејзиниот сопруг Џамал ​​редовно ѝ дава пари за трошење за да го финансира нејзиниот луксузен начин на живот, пишува „The Sun“.

Во една од последните снимки на Тик Ток, Соуди опиша една од нејзините вечери. Имено, таа го поминала пиејќи коктели со 24-каратно злато, врвен оброк, а сето тоа го платил нејзиниот сопруг.

Ова е ден од животот на богата домаќинка која живее во Дубаи. Се разбудивме утрово и Џамал ​​рече дека ќе биде зафатен со работа, па ми даде пари и секако отидов во салонот за убавина. Му се допаѓа кога се грижам за себе и ги трошам неговите пари на мојот изглед. Избрав супер едноставен дизајн на нокти и тој потоа дојде да ме земе. Ми рече да си ја средам косата додека тој работи друга работа. После тоа ми кажа дека сака да ме изненади, па се вративме дома и се пресоблековме, вели таа во видеото.

Во видеото, таа подоцна покажа обетки за кои вели дека Џамал ​​ги дизајнирал специјално за неа, бидејќи, како што вели, тој само сака да ја разгали. Потоа Џамал ​​ја однел во скап ресторан каде нарачале коктели со 24-каратно злато. Џамал ​​дури најмил пејачка да ја пее нејзината омилена песна.

@soudiofarabia Princess treatment is what I need fr ✨ #dubai #fyp #ksa #foryou ♬ Calm Down - Rema & Selena Gomez

The post „Прво што прави наутро е – ми дава пари“, вели сопругата на арапски милионер покажувајќи како живее appeared first on Република.

]]>

Сопруга на милионер од Саудиска Арабија на социјалните мрежи открива како изгледа нејзиното секојдневие и споделува детали од нејзиниот живот со близу еден милион следбеници. Соуди, сопруга на милионер, откри дека деновите ги поминува средувајќи си ги косата и ноктите и дека кога ќе се дотера сака богат оброк. Нејзиниот сопруг Џамал ​​редовно ѝ дава пари за трошење за да го финансира нејзиниот луксузен начин на живот, пишува „The Sun“. Во една од последните снимки на Тик Ток, Соуди опиша една од нејзините вечери. Имено, таа го поминала пиејќи коктели со 24-каратно злато, врвен оброк, а сето тоа го платил нејзиниот сопруг.