Шефик Џаферовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shefik-dzaferovikj/ За подобро да се разбереме Thu, 05 May 2022 18:57:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шефик Џаферовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shefik-dzaferovikj/ 32 32 Џаферовиќ: Соседите да ја остават БиХ на мир https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dzaferovikj-sosedite-da-ja-ostavat-bih-na-mir/ Thu, 05 May 2022 18:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=498262

Членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ денеска ги повика функционерите од Хрватска да престанат да се мешаат во внатрешните работи на неговата земја.

По церемонијата на оддавање почит на децата убиени во Сараево за време на опсадата на градот од 1992 до 1995 година, Џаферовиќ, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека не сака да се расправа со оние кои постојано ја коментираат ситуацијата во БиХ, бидејќи тоа само дополнително придонесува за влошување на ситуацијата, а ги повика соседите да ја остават неговата земја на мира, пренесе „Хина“.

„Ги советувам нашите соседи, вклучително и Република Хрватска, да ја остават БиХ на мир. Ќе ги регулираме нашите односи онака како што мислиме дека треба да се регулираат. Ние сме независна, меѓународно призната држава и според Дејтонскиот мировен договор, тие имаат обврска да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ“, рече Џаферовиќ.

Денеска и претседателот на владејачката бошњачка Партија за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, ги осуди тврдењата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и водачите на ХДЗ во БиХ дека Бошњаците се обидуваат да ги спречат хрватските претставници да учествуваат во власта и да им ги ускратат уставно загарантираните права на Хрватите.

The post Џаферовиќ: Соседите да ја остават БиХ на мир appeared first on Република.

]]>

Членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ денеска ги повика функционерите од Хрватска да престанат да се мешаат во внатрешните работи на неговата земја. По церемонијата на оддавање почит на децата убиени во Сараево за време на опсадата на градот од 1992 до 1995 година, Џаферовиќ, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека не сака да се расправа со оние кои постојано ја коментираат ситуацијата во БиХ, бидејќи тоа само дополнително придонесува за влошување на ситуацијата, а ги повика соседите да ја остават неговата земја на мира, пренесе „Хина“.
„Ги советувам нашите соседи, вклучително и Република Хрватска, да ја остават БиХ на мир. Ќе ги регулираме нашите односи онака како што мислиме дека треба да се регулираат. Ние сме независна, меѓународно призната држава и според Дејтонскиот мировен договор, тие имаат обврска да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ“, рече Џаферовиќ.
Денеска и претседателот на владејачката бошњачка Партија за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, ги осуди тврдењата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и водачите на ХДЗ во БиХ дека Бошњаците се обидуваат да ги спречат хрватските претставници да учествуваат во власта и да им ги ускратат уставно загарантираните права на Хрватите.

The post Џаферовиќ: Соседите да ја остават БиХ на мир appeared first on Република.

]]>
Џаферовиќ: Изјавата на амбасадорот на Русија е закана по БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dzaferovikj-izjavata-na-ambasadorot-na-rusija-e-zakana-po-bih/ Thu, 17 Mar 2022 19:02:24 +0000 https://republika.mk/?p=474537

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ истакна дека изјавата на рускиот амбасадор во БиХ, Игор Калабухов, дека Русија ќе реагира во случај на прием на БиХ во НАТО, како и спомнувањето на Украина во тој контекст, претставува „недозволива закана и напад врз суверенитетот на БиХ“.

– Босна и Херцеговина е суверена држава која самостојно ќе одлучува за својата иднина, врз основа на својот Устав и закон, земајќи ги предвид волјата и интересите на своите граѓани, а не туѓите интереси, соопшти Кабинетот на Џаферовиќ.

Тој додаде дека „Русија не може да го присвои правото да одлучува за иднината на БиХ“, која „го трасирала својот претходен евроатлантски пат со одлуките на нејзините институции во демократска процедура, вклучително и барањето за членство во НАТО“.

Рускиот амбасадор Калабухов во интервју за Телевизијата на Федерацијата БиХ (ФТВ) на 15 март изјави дека Русија ќе поддржи се за што ќе одлучи БиХ, наведувајќи дека тоа е внатрешно прашање на БиХ.

– Ако таа одлучи да биде член на нешто, тоа е внатрешно прашање. Но, друга работа е нашата реакција, наведе Кабухов.

https://republika.mk/vesti/balkan/ruskiot-ambasador-i-se-zakani-na-bih-so-ukrainsko-scenario-komshikj-ja-osudi-izjavata/

The post Џаферовиќ: Изјавата на амбасадорот на Русија е закана по БиХ appeared first on Република.

]]>

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ истакна дека изјавата на рускиот амбасадор во БиХ, Игор Калабухов, дека Русија ќе реагира во случај на прием на БиХ во НАТО, како и спомнувањето на Украина во тој контекст, претставува „недозволива закана и напад врз суверенитетот на БиХ“.
– Босна и Херцеговина е суверена држава која самостојно ќе одлучува за својата иднина, врз основа на својот Устав и закон, земајќи ги предвид волјата и интересите на своите граѓани, а не туѓите интереси, соопшти Кабинетот на Џаферовиќ.
Тој додаде дека „Русија не може да го присвои правото да одлучува за иднината на БиХ“, која „го трасирала својот претходен евроатлантски пат со одлуките на нејзините институции во демократска процедура, вклучително и барањето за членство во НАТО“. Рускиот амбасадор Калабухов во интервју за Телевизијата на Федерацијата БиХ (ФТВ) на 15 март изјави дека Русија ќе поддржи се за што ќе одлучи БиХ, наведувајќи дека тоа е внатрешно прашање на БиХ.