шефица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shefica/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jan 2024 08:17:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шефица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shefica/ 32 32 Во кафето на шефицата ставила отров: Жена во БиХ осудена на две години затвор за обид за убиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-kafeto-na-shefitsata-stavila-otrov-zhena-vo-bih-osudena-na-dve-godini-zatvor-za-obid-za-ubistvo/ Sun, 28 Jan 2024 08:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=737646

Жена во Босна и Херцеговина (БиХ) e осудена на две години затвор за обид за убиство на шефицата, oткако ѝ ставила отров во кафето.

Нина Нинковиќ (58) од Бања Лука е прогласена за виновна и осудена на две години затвор во првостепената постапка за обид за убиство на колешката и шефица Слаѓана Танасиќ во 2022 година, откако во кафето ѝ ставила отровна супстанца која може да предизвика смрт. Нинковиќ и Танасиќ работеле во Педагошкиот институт на Република Српска.

Обвинителството бара построга казна за Нинковиќ. Како што објави Н1 БиХ, на жалбеното рочиште пред Врховниот суд на Република Српска, одбраната побарала да се укине првостепената пресуда на Нинковиќ и да се врати предметот на ново судење или да се смени пресудата затоа што тврдат дека не се работи за кривично дело кое се води против неа.

Судијката изјавил дека делото го сторила со можна умисла, како и дека е утврдено оти концентрацијата на отровни материи што 58-годишната жена ги истурила во кафето не можела да предизвика смрт и дека се работи за неподобен обид за убиство, пишува Н1 БиХ.

The post Во кафето на шефицата ставила отров: Жена во БиХ осудена на две години затвор за обид за убиство appeared first on Република.

]]>

Жена во Босна и Херцеговина (БиХ) e осудена на две години затвор за обид за убиство на шефицата, oткако ѝ ставила отров во кафето. Нина Нинковиќ (58) од Бања Лука е прогласена за виновна и осудена на две години затвор во првостепената постапка за обид за убиство на колешката и шефица Слаѓана Танасиќ во 2022 година, откако во кафето ѝ ставила отровна супстанца која може да предизвика смрт. Нинковиќ и Танасиќ работеле во Педагошкиот институт на Република Српска. Обвинителството бара построга казна за Нинковиќ. Како што објави Н1 БиХ, на жалбеното рочиште пред Врховниот суд на Република Српска, одбраната побарала да се укине првостепената пресуда на Нинковиќ и да се врати предметот на ново судење или да се смени пресудата затоа што тврдат дека не се работи за кривично дело кое се води против неа. Судијката изјавил дека делото го сторила со можна умисла, како и дека е утврдено оти концентрацијата на отровни материи што 58-годишната жена ги истурила во кафето не можела да предизвика смрт и дека се работи за неподобен обид за убиство, пишува Н1 БиХ.

The post Во кафето на шефицата ставила отров: Жена во БиХ осудена на две години затвор за обид за убиство appeared first on Република.

]]>