шатори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shatori/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jul 2023 16:17:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шатори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shatori/ 32 32 Забраните и казните не помагаат: Диви кампери пак поставија шатори кај автокампот „Љубаништа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zabranite-i-kaznite-ne-pomagaat-divi-kamperi-pak-postavija-shatori-kaj-avtokampot-lubanishta/ Thu, 27 Jul 2023 16:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=665980

Без оглед на забраната за поставување опрема за кампување на недозволени места, диви кампери повторно го запоседнаа просторот во близина на автокампот „Љубаништа“.

Ниту забраната ниту мандатните казни ниту соодветните пријави како да не ги заплашуваат дивите кампери да поставуваат шатори на недозволени места.

Пред само неколку дена, надлежните служби спроведоа акција за дислоцирање на дивите кампери од плажата кај локалитетот наречен „Рајце“ и оневозможување на повторно поставување опрема за кампување на тоа место.

Тогаш на лице место беа затекнати дваесетина диви кампери, како и неколку несоодветно направени септички јами.

Сега повторно во неспоредна близина се поставени шатори.

Локалитетот наречен „Рајце“ што се граничи со атарот на Националниот парк е предвиден како слободен простор, без соодветни услови за кампување односно нема тоалети и контејнери за отпад, така што покрај узурпирањето на просторот, се загадува животната средина и воедно една од најубавите плажи на источното крајбрежје на Охридското Езеро.

Години наназад тој простор непосредно до Автокампот „Љубаништа“ кон Свети Наум се злоупотребува за кампување, без да се води сметка за одржување на хигиената на просторот.

The post Забраните и казните не помагаат: Диви кампери пак поставија шатори кај автокампот „Љубаништа“ appeared first on Република.

]]>

Без оглед на забраната за поставување опрема за кампување на недозволени места, диви кампери повторно го запоседнаа просторот во близина на автокампот „Љубаништа“. Ниту забраната ниту мандатните казни ниту соодветните пријави како да не ги заплашуваат дивите кампери да поставуваат шатори на недозволени места. Пред само неколку дена, надлежните служби спроведоа акција за дислоцирање на дивите кампери од плажата кај локалитетот наречен „Рајце“ и оневозможување на повторно поставување опрема за кампување на тоа место. Тогаш на лице место беа затекнати дваесетина диви кампери, како и неколку несоодветно направени септички јами. Сега повторно во неспоредна близина се поставени шатори. Локалитетот наречен „Рајце“ што се граничи со атарот на Националниот парк е предвиден како слободен простор, без соодветни услови за кампување односно нема тоалети и контејнери за отпад, така што покрај узурпирањето на просторот, се загадува животната средина и воедно една од најубавите плажи на источното крајбрежје на Охридското Езеро. Години наназад тој простор непосредно до Автокампот „Љубаништа“ кон Свети Наум се злоупотребува за кампување, без да се води сметка за одржување на хигиената на просторот.

The post Забраните и казните не помагаат: Диви кампери пак поставија шатори кај автокампот „Љубаништа“ appeared first on Република.

]]>
Шатори повторно ќе се населат пред Влада: 78% социјална правда, доаѓаме по своите права! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shatori-povtorno-ke-se-naselat-pred-vlada-78-sotsijalna-pravda-doagame-po-svoite-prava/ Thu, 01 Jun 2023 12:31:52 +0000 https://republika.mk/?p=646836

Доаѓаме по својата правда, ѝ порачаа на власта од Коалицијата Менуваме, од каде најавуваат дека од 5 до 7 јуни со шатори ќе кампуваат пред зградата на Владата, а својот револт ќе го искажат и со голем протест од 12 часот на 7 јуни.

Почитувани, домашни и странски одредувачи на судбината на НАС, на лицата со попреченост, можеби тематиката за одржувањето на кампот и протестот е малку страшна, ама е безмилосно вистинита, реална, бидејќи спокојството што ни преостанува од судбинскиот плач во секојдневниот оскуден живот што капе капка по капка Вие, гореспомнатите 78% ни сосредочивте само 14.9% кои што ни ги дефиниравте и ни ги давате како богатство во сиромаштијата, што кажува само по себе дека за сите Вас е многу повеќе важен ситниот егоистички од нашиот колективен многуилјаден живот, за, како што Вие велите: и по цена на Вашата најголема саможртва, се трудите, се снаоѓате и што уште не, само да ги удоволите нашите барања, нели!!?? И, ние , кутрите лица со попреченост сега и веднаш треба да Ве поимиме Вас како совршено магионичарски🪄 интегриран фактор во нашиот овоземен живот!!?? Знаете, постои еден современ израз: виртуелна стварност!!!! Нам, на лицата со попреченост, тоа ни звучи одбојно, лажно и без чувства, без емоции и на таа Ваша стварност и фали барем малку нежна болка која што секојдневно ние ја чувствуваме, за Вас господа нашата приказна е минорна и за неа нема место во Вашите агенди, во Вашите 78%, во Вашите спортски канцеларии, во Вашите закони со европско знаменце, но, нека Ви служи на чест, драги наши одредувачи на нашите судбини и како што се се менува и се поминува, ќе помине и ова, ама.... Ќе се сретнеме во некоја друга прилика, во некое друго време!!!???, порачаа од Менуваме.

Тие напоменуваат дека Македонија ја има ратификувана Конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.

The post Шатори повторно ќе се населат пред Влада: 78% социјална правда, доаѓаме по своите права! appeared first on Република.