Шарпланинец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sharplaninec/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 11:38:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шарпланинец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sharplaninec/ 32 32 За Роки преговори не водиме, Роки не го даваме, вели Пендаровски за шарпланинецот од вилата на Водно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-roki-pregovori-ne-vodime-roki-ne-go-davame-veli-pendarovski-za-sharplaninetsot-od-vilata-na-vodno/ Mon, 06 Feb 2023 11:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=605416

Со ЕУ може да водиме преговори. Ама преговори да го дадеме Роки – не, Роки не го даваме, рече претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката на Унгарија Каталин Новак, која престојува во официјална посета на нашата земја, а на која ѝ го покажа миленикот од претседателската вила на Водно.

Станува збор за куче од расата шарпланинец, кое ѝ го покажал само за да го види, како редок вид на раса, специфична за ова поднебје, но не ѝ го подарил.

Моите кучиња би биле љубоморни на Роки. Нема да го примат убаво, се пошегува претседателката која отрки дека дома има две кучиња.

The post За Роки преговори не водиме, Роки не го даваме, вели Пендаровски за шарпланинецот од вилата на Водно appeared first on Република.

]]>

Со ЕУ може да водиме преговори. Ама преговори да го дадеме Роки – не, Роки не го даваме, рече претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката на Унгарија Каталин Новак, која престојува во официјална посета на нашата земја, а на која ѝ го покажа миленикот од претседателската вила на Водно. Станува збор за куче од расата шарпланинец, кое ѝ го покажал само за да го види, како редок вид на раса, специфична за ова поднебје, но не ѝ го подарил.
Моите кучиња би биле љубоморни на Роки. Нема да го примат убаво, се пошегува претседателката која отрки дека дома има две кучиња.

The post За Роки преговори не водиме, Роки не го даваме, вели Пендаровски за шарпланинецот од вилата на Водно appeared first on Република.

]]>
Унгарската претседателка Новак си поигра со шарпланинецот Рок од резиденцијата на Водно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ungarskata-pretsedatelka-novak-si-poigra-so-sharplaninetsot-rok-od-rezidentsijata-na-vodno/ Mon, 06 Feb 2023 09:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=605286

Македонскиот претседател Стево Пендаровски ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак, која денеска е во официјална посета на Македонија, со шарпланинецот Рок, кој е милениче на сите во резиденцијата на Водно.

Новак утрово беше пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести од страна на нејзиниот домаќин Пендаровски, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Новак за време на престојот во Скопје ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а заедно со Пендаровски ќе се сретнат и со претставници на младински организации.

Претседателите Пендаровски и Новак ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Поради посетата на Новак, како што соопшти МВР, СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

The post Унгарската претседателка Новак си поигра со шарпланинецот Рок од резиденцијата на Водно appeared first on Република.

]]>

Македонскиот претседател Стево Пендаровски ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак, која денеска е во официјална посета на Македонија, со шарпланинецот Рок, кој е милениче на сите во резиденцијата на Водно. Новак утрово беше пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести од страна на нејзиниот домаќин Пендаровски, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Новак за време на престојот во Скопје ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а заедно со Пендаровски ќе се сретнат и со претставници на младински организации. Претседателите Пендаровски и Новак ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев црквата „Св. Спас“ во Скопје. Поради посетата на Новак, како што соопшти МВР, СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

The post Унгарската претседателка Новак си поигра со шарпланинецот Рок од резиденцијата на Водно appeared first on Република.

]]>
Шарпланинецот Купер државен првак на Македонија: За одгледување е потребен голем мерак, а предизвик е хигиената https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/sharplaninecot-kuper-drzaven-prvak-na-makedonija-za-odgleduvanje-e-potreben-golem-merak-a-predizvik-e-higienata/ Sun, 24 Apr 2022 15:08:24 +0000 https://republika.mk/?p=492837

Иако во седмата деценија од животот Петко Петковски од тетовско Јанчиште неуморно и доследно голем дел од своето време го поминува со неговите кучиња шарпланинци. Мерак, за кој вели дека му е од детството и никогаш не спласнал и покрај сите предизвици. Тој од кога памети за себе живее заедно со овие кучиња, љубов која ја наследил од татко му, со кого одреден период во животот и заедно ги чувале и негувале.

Во периодот кога ги одгледувал шарпланинците со неговиот родител е времето и кога имал и најмногу кучиња за кои водел грижа.

– Додека беше жив татко ми одгледувавме и до 15-тина „возрасни“ шарпланинци и како и кутриња. Двајцата имавме ист мерак за шарпланинците и кога таква посветеност имаат двајца луѓе може многу да се постигне и голем број кучиња да се одгледуваат. Секогаш сме имале над десет. Тогаш сум бил и помлад, а сега имам пет женки и три машки, сите над една година или возрасни кучиња. Меракот да се опише не може. Јас сум станувал рано за да им дадам да јадат, па потоа јас сум јадел или сум заминувал на работа. Или пример доцна навечер, сум се вратил од свадба, пак ми е паметот кај нив, прво одам да им дадам да јадат. Не ми е проблем, не ми е тешко ништо кога станува збор за шарпланинците, за друго не би сакал. Меракот си го прави своето, ни раскажува Петко Петковски за посветеноста кон оваа раса на кучиња.

За ваквите кучиња треба многу време и труд, затоа што е потребно одржување на хигиена, покрај хранењето. За да се одгледуваат шарпланинците требаат доста средства, бидејќи исто така треба многу да се вложи за да се прехранат и да се лекуваат ако има потреба. Како огледувачница потоа и ги продава.

– Еден од најголемите предизвиците во одгледувањето и хигиената е тоа што треба да се чистат и да се чешлаат. Кога се митарат, женските два пати годишно и кога ќе се окучат. А машките еднаш годишно се митарат. Тогаш им паѓа влакното, па ги има по цел двор и треба да се чисти, па пак да се чешлаат. Годишно минималниот износ за едно куче за купување храна само е околу 300 евра. Но затоа е одгледувачница, да се огледуваат, да се грижиш добро за нив, да бидат здрави и силни, па дел од нив потоа се продаваат, објаснува сопственикот на одгледувачницат која носи име „Петковски под Шара“.

Важен дел за одгледувачите е претставувањето на своите миленици на изложба на шарпланинци. Таму се оценува убавината, држењето и движењето на кучето. Со својот претставник Купер стана државен првак на државниот шампионат што во април се одржа во Скопје.  Купер има 4,5 години и беше победник во категоријата на машки шарпланинци.

– Во последните пет години сум во пензија па целосно времето го поминувам со своите миленици па имам и повеќе време за изложби. Инаку одамна, од 1994 година одам по изложби. Минатата 2021 година освоив прво место на специјализирана изложба на шарпланинци–Меморијал Владимир Крстевски во Куманово, а многу ми е драга таа победа затоа што Купер беше подобар во силна меѓународна конкуренција. Имаше многу големи и убави шарпланинци од Србија, но мојот Купер беше уште поубав и со подобро движење и држење. Во минатото сум победувал со шарпланинци и во други држави – Србија, Хрватска и Бугарија, објаснува Петковски.

Малкумина се одлучуваат за да ги одгледуваат овој вид на кучиња, иако се автохтони на овие простори бидејќи потекнуваат и го носат името на Шар Планина. Тој жали што токму во градот под Шара, во Тетово одамна немало специјална изложба на шарпланинци. Во Тетово има само две одгледувачници на шарпланинци.  Сега со прогласувањето на Шар Планина за национален парк се надева дека ќе се зачува и зголеми вредноста и препознаеноста на шарпланинецот како македонска гордост.

Петко не потсетува дека во минатото шарпланинците биле многу повеќе чувани во Тетовско. Тие важат за овчарски кучиња и за тоа биле и многу повеќе чувани како чувари на овој вид на добито. Сега претежно луѓето ги чуваат како миленици, а нивното претставување по изложби е понов тренд.

– Ние кога сме чувале овци, кај мене во село како дете паметам во Јанчиште имало 40-50 куќи кои чувале овци. Секоја куќа имала најмалку по две кучиња тоа се 100 кучиња само во Јанчиште и тоа само ние што се наоѓаме во рамнина, а замислете тие села што се на Шара и Жеден уште повеќе имало. Имаше многу шарпланинци кои се чувале по куќите како членови на семејствата, рече Петко.

Шарпланинците се големи кучиња и може да тежат од 50 до 70 килограми. Висината достигнува и до 80 сантиметри.

-Услови имам кај мене во село. Имам поголема квадратура и пред и позади куќата. Не ги пуштам едно два месеца кога садиме  да не оштетуваат посаденото во бавчата. Во зимскиот период се најубави зошто на лето им паѓа влакното од жештините. Зимата е најубава за кучињата. Се случувало на минус 20, викам ајде ќе им ставам теписон или слама во куќарката, да не им студи, тие пак надвор спијат, рече искусниот одгледувач на шарпланинци.

Според евиденцијата на интернет страницата на кинолошкиот сојуз низ македонските градови има вкупно 31 регистрирани одгледувачници на шарпланинци.

Александар Самарџиев за МИА

The post Шарпланинецот Купер државен првак на Македонија: За одгледување е потребен голем мерак, а предизвик е хигиената appeared first on Република.

]]>

Иако во седмата деценија од животот Петко Петковски од тетовско Јанчиште неуморно и доследно голем дел од своето време го поминува со неговите кучиња шарпланинци. Мерак, за кој вели дека му е од детството и никогаш не спласнал и покрај сите предизвици. Тој од кога памети за себе живее заедно со овие кучиња, љубов која ја наследил од татко му, со кого одреден период во животот и заедно ги чувале и негувале. Во периодот кога ги одгледувал шарпланинците со неговиот родител е времето и кога имал и најмногу кучиња за кои водел грижа. – Додека беше жив татко ми одгледувавме и до 15-тина „возрасни“ шарпланинци и како и кутриња. Двајцата имавме ист мерак за шарпланинците и кога таква посветеност имаат двајца луѓе може многу да се постигне и голем број кучиња да се одгледуваат. Секогаш сме имале над десет. Тогаш сум бил и помлад, а сега имам пет женки и три машки, сите над една година или возрасни кучиња. Меракот да се опише не може. Јас сум станувал рано за да им дадам да јадат, па потоа јас сум јадел или сум заминувал на работа. Или пример доцна навечер, сум се вратил од свадба, пак ми е паметот кај нив, прво одам да им дадам да јадат. Не ми е проблем, не ми е тешко ништо кога станува збор за шарпланинците, за друго не би сакал. Меракот си го прави своето, ни раскажува Петко Петковски за посветеноста кон оваа раса на кучиња. За ваквите кучиња треба многу време и труд, затоа што е потребно одржување на хигиена, покрај хранењето. За да се одгледуваат шарпланинците требаат доста средства, бидејќи исто така треба многу да се вложи за да се прехранат и да се лекуваат ако има потреба. Како огледувачница потоа и ги продава. – Еден од најголемите предизвиците во одгледувањето и хигиената е тоа што треба да се чистат и да се чешлаат. Кога се митарат, женските два пати годишно и кога ќе се окучат. А машките еднаш годишно се митарат. Тогаш им паѓа влакното, па ги има по цел двор и треба да се чисти, па пак да се чешлаат. Годишно минималниот износ за едно куче за купување храна само е околу 300 евра. Но затоа е одгледувачница, да се огледуваат, да се грижиш добро за нив, да бидат здрави и силни, па дел од нив потоа се продаваат, објаснува сопственикот на одгледувачницат која носи име „Петковски под Шара“. Важен дел за одгледувачите е претставувањето на своите миленици на изложба на шарпланинци. Таму се оценува убавината, држењето и движењето на кучето. Со својот претставник Купер стана државен првак на државниот шампионат што во април се одржа во Скопје.  Купер има 4,5 години и беше победник во категоријата на машки шарпланинци. – Во последните пет години сум во пензија па целосно времето го поминувам со своите миленици па имам и повеќе време за изложби. Инаку одамна, од 1994 година одам по изложби. Минатата 2021 година освоив прво место на специјализирана изложба на шарпланинци–Меморијал Владимир Крстевски во Куманово, а многу ми е драга таа победа затоа што Купер беше подобар во силна меѓународна конкуренција. Имаше многу големи и убави шарпланинци од Србија, но мојот Купер беше уште поубав и со подобро движење и држење. Во минатото сум победувал со шарпланинци и во други држави – Србија, Хрватска и Бугарија, објаснува Петковски.
Малкумина се одлучуваат за да ги одгледуваат овој вид на кучиња, иако се автохтони на овие простори бидејќи потекнуваат и го носат името на Шар Планина. Тој жали што токму во градот под Шара, во Тетово одамна немало специјална изложба на шарпланинци. Во Тетово има само две одгледувачници на шарпланинци.  Сега со прогласувањето на Шар Планина за национален парк се надева дека ќе се зачува и зголеми вредноста и препознаеноста на шарпланинецот како македонска гордост. Петко не потсетува дека во минатото шарпланинците биле многу повеќе чувани во Тетовско. Тие важат за овчарски кучиња и за тоа биле и многу повеќе чувани како чувари на овој вид на добито. Сега претежно луѓето ги чуваат како миленици, а нивното претставување по изложби е понов тренд. – Ние кога сме чувале овци, кај мене во село како дете паметам во Јанчиште имало 40-50 куќи кои чувале овци. Секоја куќа имала најмалку по две кучиња тоа се 100 кучиња само во Јанчиште и тоа само ние што се наоѓаме во рамнина, а замислете тие села што се на Шара и Жеден уште повеќе имало. Имаше многу шарпланинци кои се чувале по куќите како членови на семејствата, рече Петко. Шарпланинците се големи кучиња и може да тежат од 50 до 70 килограми. Висината достигнува и до 80 сантиметри. -Услови имам кај мене во село. Имам поголема квадратура и пред и позади куќата. Не ги пуштам едно два месеца кога садиме  да не оштетуваат посаденото во бавчата. Во зимскиот период се најубави зошто на лето им паѓа влакното од жештините. Зимата е најубава за кучињата. Се случувало на минус 20, викам ајде ќе им ставам теписон или слама во куќарката, да не им студи, тие пак надвор спијат, рече искусниот одгледувач на шарпланинци. Според евиденцијата на интернет страницата на кинолошкиот сојуз низ македонските градови има вкупно 31 регистрирани одгледувачници на шарпланинци. Александар Самарџиев за МИА

The post Шарпланинецот Купер државен првак на Македонија: За одгледување е потребен голем мерак, а предизвик е хигиената appeared first on Република.

]]>
Ревија на шарпланинци во чест на Тоше Проески https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/revija-na-sharplaninci-vo-chest-na-toshe-proeski/ Sat, 23 Apr 2022 21:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=492836

По повод 15 години од загинувањето на нашата најголема музичка ѕвезда во Крушево се организираше „Меморијал Тоше Проескии“ специјализираната ревија на изворни македонски шарпланинци и коњи, каде покровител беше Општина Крушево, а организатори се коњичкиот клуб „Мусица“ и Енџел Мјузик. Одгледувачите на овие кучиња се особено горди на нив бидејќи ги сметаат за чиста раса, која била поубава и поинтелегентна од урбаните шарпланинци кои на сите ни се познати. Станува збор за овчарски кучиња, кои се доволно силни да се борат со волците.

„Македонско кинолошко богатство. Ги има во разни варијанти. Така е и на самот терен. Еве пример ова е тип на карабаш, прочуен постар пес, со изразито забало, тој мора да биде моќен за да се бори со волците кои имаат страшно силна вилица“, вели Тони Шмит, кинолог и одгледувач на стари автохтони македонски шарпланинци.

Освен до Македонија имаше гости и од соседна Србија каде исто така просперира овој вид кучиња. Овие кучиња за жал бидејќи се изворна раса не можат да добијат педигре и поребни документи за на изложби.

„Ова е овчарски пес. До скоро беше на бачило чуваше овци, а сега моментално е кај мене дома. Ја продолжуваме линијата на таа стара изворна раса на шарпланинци“, вели Иван Стојановиќ, одгледувач на изворна раса на шарпланинци.


Извор: Сител

The post Ревија на шарпланинци во чест на Тоше Проески appeared first on Република.

]]>

По повод 15 години од загинувањето на нашата најголема музичка ѕвезда во Крушево се организираше „Меморијал Тоше Проескии“ специјализираната ревија на изворни македонски шарпланинци и коњи, каде покровител беше Општина Крушево, а организатори се коњичкиот клуб „Мусица“ и Енџел Мјузик. Одгледувачите на овие кучиња се особено горди на нив бидејќи ги сметаат за чиста раса, која била поубава и поинтелегентна од урбаните шарпланинци кои на сите ни се познати. Станува збор за овчарски кучиња, кои се доволно силни да се борат со волците.
„Македонско кинолошко богатство. Ги има во разни варијанти. Така е и на самот терен. Еве пример ова е тип на карабаш, прочуен постар пес, со изразито забало, тој мора да биде моќен за да се бори со волците кои имаат страшно силна вилица“, вели Тони Шмит, кинолог и одгледувач на стари автохтони македонски шарпланинци.
Освен до Македонија имаше гости и од соседна Србија каде исто така просперира овој вид кучиња. Овие кучиња за жал бидејќи се изворна раса не можат да добијат педигре и поребни документи за на изложби.
„Ова е овчарски пес. До скоро беше на бачило чуваше овци, а сега моментално е кај мене дома. Ја продолжуваме линијата на таа стара изворна раса на шарпланинци“, вели Иван Стојановиќ, одгледувач на изворна раса на шарпланинци.

Извор: Сител

The post Ревија на шарпланинци во чест на Тоше Проески appeared first on Република.

]]>