Шарлот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sharlot/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 11:31:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шарлот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sharlot/ 32 32 Вилијам и Кејт објавија фотографија од Шарлот по повод нејзиниот деветти роденден https://arhiva3.republika.mk/vesti/vilijam-i-kejt-objavija-fotografija-od-sharlot-po-povod-nejziniot-devetti-rodenden/ Thu, 02 May 2024 11:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=773396

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин Мидлтон споделија фотографија во четвртокот од нивната ќерка Шарлот за да го одбележат деветтиот роденден на принцезата.

На фотографијата направена изминатите денови од нејзината мајка, принцезата од Велс, Шарлот среќно се смешка во градината на нивниот дом во Виндзор.

Среќен 9-ти роденден принцезо Шарлот!“, стои во пораката на X профилот на парот. „Ви благодариме за сите љубезни пораки денеска“, се додава.

Стана традиција Кенсингтонскиот дворец да објавува фотографии направени од Кејт, посветена аматерска фотографка, за одбележување родендени и други семејни прилики.

Сепак, фотографијата објавена оваа година на Денот на мајката во март, беше повлечена од голем број новински агенции, вклучително и британски Reuters, бидејќи беше доуредена, за што Кејт подоцна се извини.

Тоа се случи непосредно пред принцезата да открие дека е подложена на превентивна хемотерапија, откако тестовите направени по големата абдоминална операција на која беше подвргната во јануари открија дека има рак.

Престолонаследникот Вилијам ги продолжи службените должности минатиот месец, но Кејт ќе се врати во центарот на вниманието на јавноста само кога нејзиниот медицински тим ќе каже дека е доволно добро.

Кралот Чарлс се врати на јавните ангажмани оваа недела за прв пат откако му беше дијагностициран рак во февруари.

 

The post Вилијам и Кејт објавија фотографија од Шарлот по повод нејзиниот деветти роденден appeared first on Република.

]]>

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин Мидлтон споделија фотографија во четвртокот од нивната ќерка Шарлот за да го одбележат деветтиот роденден на принцезата. На фотографијата направена изминатите денови од нејзината мајка, принцезата од Велс, Шарлот среќно се смешка во градината на нивниот дом во Виндзор.
Среќен 9-ти роденден принцезо Шарлот!“, стои во пораката на X профилот на парот. „Ви благодариме за сите љубезни пораки денеска“, се додава.
Стана традиција Кенсингтонскиот дворец да објавува фотографии направени од Кејт, посветена аматерска фотографка, за одбележување родендени и други семејни прилики. Сепак, фотографијата објавена оваа година на Денот на мајката во март, беше повлечена од голем број новински агенции, вклучително и британски Reuters, бидејќи беше доуредена, за што Кејт подоцна се извини. Тоа се случи непосредно пред принцезата да открие дека е подложена на превентивна хемотерапија, откако тестовите направени по големата абдоминална операција на која беше подвргната во јануари открија дека има рак. Престолонаследникот Вилијам ги продолжи службените должности минатиот месец, но Кејт ќе се врати во центарот на вниманието на јавноста само кога нејзиниот медицински тим ќе каже дека е доволно добро. Кралот Чарлс се врати на јавните ангажмани оваа недела за прв пат откако му беше дијагностициран рак во февруари.  

The post Вилијам и Кејт објавија фотографија од Шарлот по повод нејзиниот деветти роденден appeared first on Република.

]]>
Насмевка која вреди злато: Принцезата Шарлот го прослави осмиот роденден https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/nasmevka-koja-vredi-zlato-printsezata-sharlot-go-proslavi-osmiot-rodenden/ Tue, 02 May 2023 11:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=636056

Британската принцеза Шарлот, ќерката на принцот и принцезата од Велс, го прослави осмиот роденден. По повод роденденот, објавен е нејзин нов портрет на кој славеничката седи насмеана на плетен стол во бел фустан.

Се шпекулира дека и за овој портрет е заслужна Кејт Мидлтон, а на него е прикажана насмеана Шарлот како седи на плетен стол и позира во бел фустан без ракави.

Она што особено ги воодушеви нејзините фанови е нејзината насмевка.

The post Насмевка која вреди злато: Принцезата Шарлот го прослави осмиот роденден appeared first on Република.

]]>

Британската принцеза Шарлот, ќерката на принцот и принцезата од Велс, го прослави осмиот роденден. По повод роденденот, објавен е нејзин нов портрет на кој славеничката седи насмеана на плетен стол во бел фустан. Се шпекулира дека и за овој портрет е заслужна Кејт Мидлтон, а на него е прикажана насмеана Шарлот како седи на плетен стол и позира во бел фустан без ракави. Она што особено ги воодушеви нејзините фанови е нејзината насмевка.

The post Насмевка која вреди злато: Принцезата Шарлот го прослави осмиот роденден appeared first on Република.

]]>
Шарлот претера со ботоксот https://arhiva3.republika.mk/scena/film/sharlot-pretera-so-botoksot/ Mon, 20 Mar 2023 13:13:50 +0000 https://republika.mk/?p=621587

Сите љубители на легендарната серија „Сексот и градот“ едвај го дочекаа излегувањето на новото продолжение And Just Like That, речиси 25 години по снимањето на првата епизода.

По поделените мислења за првата сезона, моментално се снима втората, а и самата авторка на серијата (која главниот лик Кери Бредшо го базираше на себе) искрено кажа дека повеќе не може да се идентификува со неа.

Некои ја критикуваа полошата мода од очекуваното, други коментираа дека ликовите „станале поглупави“. Исто така, изгледот на главните актерки наиде на многу критики, но сосема неоправдани бидејќи – жените природно стареат. Но, посебен негативен третман доби Кристин Дејвис, која го толкува ликот на Шарлот Јорк, бидејќи била подложена на третмани и побарала помош од естетската хирургија.

“Шарлот има ново лице“, „Шарлот што му направи на лицето“, „Целосно го разбирам притисокот врз жените да изгледаат на одреден начин и веројатно и самата ќе направам пластична операција, но Кристин изгледа како Џокерот од Бетмен“, „Секогаш кога ќе го покажете лицето на Кристин Дејвис, се прашувам колку платила за таква ужасна пластична операција. Порано беше природна убавица“, се само дел од многуте коментари со кои Кристин мораше да се соочи.

Сега папараците повторно ја фотографираа на снимањето на новите епизоди од втората сезона на серијата, а коментарите и понатаму се исти.

Денес оваа 58-годишна актерка попушти под притисокот, иако неколку пати низ годините кажа дека не планира да оди под нож бидејќи се плаши од процедурата, но и од конечните резултати.

“Секој мисли дека може да коментира што сака и да пишува како им се допаѓа или не им се допаѓа нашата коса, нашите лица, што било… Стана толку интензивно што ме стаписа! Лута сум, а не сакам да бидам, па престанав да ги читам коментарите, изјави Кристин Дејвис за критиките кои ги добила по премиерата, додавајќи:

“Секоја недела пишуваа за моето тело во облик на круша, но тоа дефинитивно не беше комплимент. Проблемот со социјалните мрежи е што не знаете ништо за луѓето од другата страна. Тие се таму само за да фрлаат „бомби“ што ќе ве повредат. И тоа ме лути, искрена е актерката.

 

The post Шарлот претера со ботоксот appeared first on Република.

]]>

Сите љубители на легендарната серија „Сексот и градот“ едвај го дочекаа излегувањето на новото продолжение And Just Like That, речиси 25 години по снимањето на првата епизода. По поделените мислења за првата сезона, моментално се снима втората, а и самата авторка на серијата (која главниот лик Кери Бредшо го базираше на себе) искрено кажа дека повеќе не може да се идентификува со неа. Некои ја критикуваа полошата мода од очекуваното, други коментираа дека ликовите „станале поглупави“. Исто така, изгледот на главните актерки наиде на многу критики, но сосема неоправдани бидејќи – жените природно стареат. Но, посебен негативен третман доби Кристин Дејвис, која го толкува ликот на Шарлот Јорк, бидејќи била подложена на третмани и побарала помош од естетската хирургија. “Шарлот има ново лице“, „Шарлот што му направи на лицето“, „Целосно го разбирам притисокот врз жените да изгледаат на одреден начин и веројатно и самата ќе направам пластична операција, но Кристин изгледа како Џокерот од Бетмен“, „Секогаш кога ќе го покажете лицето на Кристин Дејвис, се прашувам колку платила за таква ужасна пластична операција. Порано беше природна убавица“, се само дел од многуте коментари со кои Кристин мораше да се соочи. Сега папараците повторно ја фотографираа на снимањето на новите епизоди од втората сезона на серијата, а коментарите и понатаму се исти. Денес оваа 58-годишна актерка попушти под притисокот, иако неколку пати низ годините кажа дека не планира да оди под нож бидејќи се плаши од процедурата, но и од конечните резултати. “Секој мисли дека може да коментира што сака и да пишува како им се допаѓа или не им се допаѓа нашата коса, нашите лица, што било… Стана толку интензивно што ме стаписа! Лута сум, а не сакам да бидам, па престанав да ги читам коментарите, изјави Кристин Дејвис за критиките кои ги добила по премиерата, додавајќи: “Секоја недела пишуваа за моето тело во облик на круша, но тоа дефинитивно не беше комплимент. Проблемот со социјалните мрежи е што не знаете ништо за луѓето од другата страна. Тие се таму само за да фрлаат „бомби“ што ќе ве повредат. И тоа ме лути, искрена е актерката.  

The post Шарлот претера со ботоксот appeared first on Република.

]]>
Мајкл Џордан го врати Стив Клифорд на клупата на Шарлот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/majkl-dzordan-go-vrarti-stiv-kliford-na-klupata-na-sharlot/ Sat, 25 Jun 2022 10:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=519573

НБА тимот Шарлот хорнетс, чиј сопственик е легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан, објави дека на клупата се враќа тренерот Стив Клифорд.

Воодушевени сме што Стив е повторно со нас. Мислиме дека неговото претходно искуство и неговата филозофија на игра го прават најдобриот тренер за нашата екипа - изјави претседателот на Шарлот, Мич Купчек.

Шеесетгодишниот Клифорд го тренираше Шарлот од 2013 до 2018 година, пред да мине три години на клупата на Орландо.

Шарлот, кој не избори пласман во плејофот во НБА лигата во последните шест сезони, со ангажманот на Клифорд ја заврши потрагата по наследник на Џејмс Борего, кому во април му беше врачен отказ.

The post Мајкл Џордан го врати Стив Клифорд на клупата на Шарлот appeared first on Република.

]]>

НБА тимот Шарлот хорнетс, чиј сопственик е легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан, објави дека на клупата се враќа тренерот Стив Клифорд.
Воодушевени сме што Стив е повторно со нас. Мислиме дека неговото претходно искуство и неговата филозофија на игра го прават најдобриот тренер за нашата екипа - изјави претседателот на Шарлот, Мич Купчек.
Шеесетгодишниот Клифорд го тренираше Шарлот од 2013 до 2018 година, пред да мине три години на клупата на Орландо. Шарлот, кој не избори пласман во плејофот во НБА лигата во последните шест сезони, со ангажманот на Клифорд ја заврши потрагата по наследник на Џејмс Борего, кому во април му беше врачен отказ.

The post Мајкл Џордан го врати Стив Клифорд на клупата на Шарлот appeared first on Република.

]]>