Шарла рекордс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sharla-rekords/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 12:45:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шарла рекордс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sharla-rekords/ 32 32 Слушачка промоција на албумот Карла Левински https://arhiva3.republika.mk/scena/slushachka-promotsija-na-albumot-karla-levinski/ Thu, 06 Jun 2024 12:45:36 +0000 https://republika.mk/?p=785286

Изданието број 100, за независниот издавач Шарла Рекордс, во вид на истоимениот албум на бендот Карла Левински официјално ќе биде промовиран во Ла Кања, овој петок во 20 часот.
Се работи за најновиот музички проект на неуморниот Сеад Хаџиќ - Сецко, и овој пат поддржан и следен од неговите музички пријатели. Иако некои кругови ќе го наречат жива легенда на скопската сцена, музички ветеран за некои други, сепак, нашиот опис би бил дека се работи за еден од најавтентичните гитаристи на домашната независна рок сцена, карактерен и иновативен автор без рок на траење. После повеќе од 35 години и околу дваесетина албуми под неговиот појас, Сецко ни нуди бенд со исклучително провокативен и интригантен концепт - Карла Левински.
Карла Левински е процес, идеолошки и естетски инспириран од авангардата на 20 век - од ситуационизмот и летеризмот, преку анархизмот на Прудон, Кропоткин и Бакуњин, индивдуализмот на Макс Штирнер, па сѐ до југословенскиот црн бран и секако, панкот во сите пројавни форми и значења. Логично, албумот е на истата естетска линија со своите влијанија, и во сите осум песни може да се почувствува сирова музичка енергија и политички став со јасен критички однос кон светот денес и општествата моделирани според доминантиот принцип. Воедно, ова е и вредна музичка посвета на историјата на панкот, пост-панк варијациите со сите електронски влијанија низ времето, и сѐ тоа во една аналогна звучна слика со луцидни експериментални акции кои се заштитен знак на бендовите на Сеад Хаџиќ.

Како музичари-соработници на овој материјал, покрај неговиот постојан музички партнер Огнен Мангаровски - Оки (гитара и сајзери), се појавуваат и Андреј Коларовски на бас гитара и Ратко Даутовски на перкусии. Албумот е снимен во домашното студио на Сеад Хаџиќ, а миксот и продукцијата се дело на Горан Трајкоски. Дизајнот на изданието е на Тања Вукобрат, по идеја на Сеад Хаџиќ.
Карла Левински LP официјално излегува во петок на 07.06.2024 година, и ќе биде достапен во дигитален формат на линкот: sharla.bandcamp.com.

The post Слушачка промоција на албумот Карла Левински appeared first on Република.

]]>

Изданието број 100, за независниот издавач Шарла Рекордс, во вид на истоимениот албум на бендот Карла Левински официјално ќе биде промовиран во Ла Кања, овој петок во 20 часот. Се работи за најновиот музички проект на неуморниот Сеад Хаџиќ - Сецко, и овој пат поддржан и следен од неговите музички пријатели. Иако некои кругови ќе го наречат жива легенда на скопската сцена, музички ветеран за некои други, сепак, нашиот опис би бил дека се работи за еден од најавтентичните гитаристи на домашната независна рок сцена, карактерен и иновативен автор без рок на траење. После повеќе од 35 години и околу дваесетина албуми под неговиот појас, Сецко ни нуди бенд со исклучително провокативен и интригантен концепт - Карла Левински. Карла Левински е процес, идеолошки и естетски инспириран од авангардата на 20 век - од ситуационизмот и летеризмот, преку анархизмот на Прудон, Кропоткин и Бакуњин, индивдуализмот на Макс Штирнер, па сѐ до југословенскиот црн бран и секако, панкот во сите пројавни форми и значења. Логично, албумот е на истата естетска линија со своите влијанија, и во сите осум песни може да се почувствува сирова музичка енергија и политички став со јасен критички однос кон светот денес и општествата моделирани според доминантиот принцип. Воедно, ова е и вредна музичка посвета на историјата на панкот, пост-панк варијациите со сите електронски влијанија низ времето, и сѐ тоа во една аналогна звучна слика со луцидни експериментални акции кои се заштитен знак на бендовите на Сеад Хаџиќ. Како музичари-соработници на овој материјал, покрај неговиот постојан музички партнер Огнен Мангаровски - Оки (гитара и сајзери), се појавуваат и Андреј Коларовски на бас гитара и Ратко Даутовски на перкусии. Албумот е снимен во домашното студио на Сеад Хаџиќ, а миксот и продукцијата се дело на Горан Трајкоски. Дизајнот на изданието е на Тања Вукобрат, по идеја на Сеад Хаџиќ. Карла Левински LP официјално излегува во петок на 07.06.2024 година, и ќе биде достапен во дигитален формат на линкот: sharla.bandcamp.com.

The post Слушачка промоција на албумот Карла Левински appeared first on Република.

]]>
Две нови изданија за Шарла Рекордс https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dve-novi-izdanija-za-sharla-rekords/ Tue, 21 May 2024 12:47:45 +0000 https://republika.mk/?p=780519

Најновите две изданија на независната музичка издавачка куќа Шарла Рекордс се во вид на ЕР објави на двајца соло артисти: Сашо Митревски - И бол и бес ЕР, и проектот Waltz in Wires - Празна соба ЕР на охридскиот артист Санел Ајруловски.

Сашо Митревски е познат како долгогодишен пејач и гитарист на бендот Милко со кој веќе има потпишано 3 албумски остварувања во последните 15 години. Се работи за искусен автор со карактеристичен музички стил и звук инспириран од најдобрите примери на британската независна рок сцена од минатиот век.

Она што го издвојува од останатите на ова издание е зрелоста како композитор, но и изведувач со свеж и исклучително софистициран музички израз. Како соло артист, ова му е трето издание, прво под етикетата на Шарла Рекордс.

Waltz in Wires е псевдонимот позади кој стои охридскиот музичар Санел Ајруловски. Празна соба ЕР е негово трето издание за Шарла, второ на македонски јазик по успешното деби со Златни мугри ЕР. И овде Санел ја задржува стилската линија на пост панк/дарквејв звукот од раните 80ти години на минатиот век, со современа и чиста продукција која става акцент на самите композиции. Помеѓу нив се наоѓа и една обработка на песната Јуда на култниот македонски бенд Мизар.

The post Две нови изданија за Шарла Рекордс appeared first on Република.

]]>

Најновите две изданија на независната музичка издавачка куќа Шарла Рекордс се во вид на ЕР објави на двајца соло артисти: Сашо Митревски - И бол и бес ЕР, и проектот Waltz in Wires - Празна соба ЕР на охридскиот артист Санел Ајруловски. Сашо Митревски е познат како долгогодишен пејач и гитарист на бендот Милко со кој веќе има потпишано 3 албумски остварувања во последните 15 години. Се работи за искусен автор со карактеристичен музички стил и звук инспириран од најдобрите примери на британската независна рок сцена од минатиот век. Она што го издвојува од останатите на ова издание е зрелоста како композитор, но и изведувач со свеж и исклучително софистициран музички израз. Како соло артист, ова му е трето издание, прво под етикетата на Шарла Рекордс. Waltz in Wires е псевдонимот позади кој стои охридскиот музичар Санел Ајруловски. Празна соба ЕР е негово трето издание за Шарла, второ на македонски јазик по успешното деби со Златни мугри ЕР. И овде Санел ја задржува стилската линија на пост панк/дарквејв звукот од раните 80ти години на минатиот век, со современа и чиста продукција која става акцент на самите композиции. Помеѓу нив се наоѓа и една обработка на песната Јуда на култниот македонски бенд Мизар.

The post Две нови изданија за Шарла Рекордс appeared first on Република.

]]>
10 години „Шарла Рекордс“ – концертна промоција на албумот „Голи песни“ на Хана Корнети https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/10-godini-sharla-rekords-kontsertna-promotsija-na-albumot-goli-pesni-na-hana-korneti/ Thu, 24 Aug 2023 11:12:35 +0000 https://republika.mk/?p=675349

Независниот музички издавач Шарла Рекордс продолжува со одбележување на 10-годишнината од своето постоење со нова концертна промоција во музичкиот бар Ла Кања.

Повод за следниот од серијата настани ,,Шарла - 10 лета околу'' е неодамна излезениот деби албум на скопската кантавторка Хана Корнети. Оваа мултиталентирана девојка веќе и е позната на книжевната јавност со својата збирка раскази ,,Млечни заби'', а во музичките води влегува со албумот Голи песни, реализиран за Шарла. Се работи за збирка од осум композиции отсвирени на укулеле и отпеани во современ и автентичен стил со текстови кои го задржуваат вниманието. Голи песни е музички материјал кој освојува на прво слушање, искрен е и непосреден, напишан и изведен во слободен стил и без калкулации со актуелните музички трендови. Снимен е и обработен во тонското студио Кларион, а во неговата реализација како музички соработник и продуцент се појавува Давид Ангелевски.

Концертната промоција на албумот Голи песни на Хана Корнети ќе се случи во сабота 26.08.2023 во специјално адаптираниот амбиент на терасата на барот Ла Кања во Старата скопска чаршија со почеток во 21 часот.

Албумот Голи песни може да се преслуша и набави на следниот линк:

https://sharla.bandcamp.com/album/goli-pesni-lp

The post 10 години „Шарла Рекордс“ – концертна промоција на албумот „Голи песни“ на Хана Корнети appeared first on Република.

]]>

Независниот музички издавач Шарла Рекордс продолжува со одбележување на 10-годишнината од своето постоење со нова концертна промоција во музичкиот бар Ла Кања. Повод за следниот од серијата настани ,,Шарла - 10 лета околу'' е неодамна излезениот деби албум на скопската кантавторка Хана Корнети. Оваа мултиталентирана девојка веќе и е позната на книжевната јавност со својата збирка раскази ,,Млечни заби'', а во музичките води влегува со албумот Голи песни, реализиран за Шарла. Се работи за збирка од осум композиции отсвирени на укулеле и отпеани во современ и автентичен стил со текстови кои го задржуваат вниманието. Голи песни е музички материјал кој освојува на прво слушање, искрен е и непосреден, напишан и изведен во слободен стил и без калкулации со актуелните музички трендови. Снимен е и обработен во тонското студио Кларион, а во неговата реализација како музички соработник и продуцент се појавува Давид Ангелевски. Концертната промоција на албумот Голи песни на Хана Корнети ќе се случи во сабота 26.08.2023 во специјално адаптираниот амбиент на терасата на барот Ла Кања во Старата скопска чаршија со почеток во 21 часот. Албумот Голи песни може да се преслуша и набави на следниот линк: https://sharla.bandcamp.com/album/goli-pesni-lp

The post 10 години „Шарла Рекордс“ – концертна промоција на албумот „Голи песни“ на Хана Корнети appeared first on Република.

]]>