шар планина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shar-planina/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 07:20:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шар планина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shar-planina/ 32 32 Неексплодирани убојни средства пронајдени на Шар Планина, полицијата го обезбедува местото https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/neeksplodirani-ubojni-sredstva-pronajdeni-na-shar-planina-politsijata-go-obezbeduva-mestoto/ Mon, 14 Oct 2024 07:19:40 +0000 https://republika.mk/?p=826343

Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 1 712 повици. Од нив, како што соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) „реални“ повици биле 935 или 54,61 проценти, а 777, односно 45,39 проценти биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни.

Кон полицијата биле упатени 180 повици, односно 60,81 проценти од вкупно примените повици, кон итната медицинска помош 94 или 31,76 проценти, кон пожарникарите 18 повици или 6,08 проценти и кон ЦУК четири повици или 1,35 процент. Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

- Во текот на вчерашниот ден во РЦУК Тетово добиена е дојава за пронајдени две неексплодирани убојни средства (НУС), пред с.Ѓермо, во шумскиот дел од Шар Планина. За ова, од страна на РЦУК Тетово известени се ПС Тетово и ДЗС – подрачна единица Тетово. Местото на пронајдените НУС е обезбедено од страна на полицијата се до нивно соодветно отстранување, се наведува во соопштението.

Според информацијата пристигната од МАКТЕК Дооел – Скопје, за потребите на компанијата БЕХТЕЛ и ЕНКА, денеска во периодот од 12:00 до 17:00 часот ќе се изврши минирање на локалитетот Сладун (општина Прилеп).

ЦУК информира дека денеска во периодот од 10:00 до 15:00 часот, ќе извршат минирање на каменоломот Говрлево – сопственост на Цементарницата – УСЈЕ (општина Сопиште).

The post Неексплодирани убојни средства пронајдени на Шар Планина, полицијата го обезбедува местото appeared first on Република.

]]>

Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 1 712 повици. Од нив, како што соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) „реални“ повици биле 935 или 54,61 проценти, а 777, односно 45,39 проценти биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни. Кон полицијата биле упатени 180 повици, односно 60,81 проценти од вкупно примените повици, кон итната медицинска помош 94 или 31,76 проценти, кон пожарникарите 18 повици или 6,08 проценти и кон ЦУК четири повици или 1,35 процент. Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
- Во текот на вчерашниот ден во РЦУК Тетово добиена е дојава за пронајдени две неексплодирани убојни средства (НУС), пред с.Ѓермо, во шумскиот дел од Шар Планина. За ова, од страна на РЦУК Тетово известени се ПС Тетово и ДЗС – подрачна единица Тетово. Местото на пронајдените НУС е обезбедено од страна на полицијата се до нивно соодветно отстранување, се наведува во соопштението.
Според информацијата пристигната од МАКТЕК Дооел – Скопје, за потребите на компанијата БЕХТЕЛ и ЕНКА, денеска во периодот од 12:00 до 17:00 часот ќе се изврши минирање на локалитетот Сладун (општина Прилеп). ЦУК информира дека денеска во периодот од 10:00 до 15:00 часот, ќе извршат минирање на каменоломот Говрлево – сопственост на Цементарницата – УСЈЕ (општина Сопиште).

The post Неексплодирани убојни средства пронајдени на Шар Планина, полицијата го обезбедува местото appeared first on Република.

]]>
Исчезнатата планинарка утрово пронајдена почината на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ischeznatata-planinarka-utrovo-pronajdena-pochinata-na-shar-planina/ Mon, 30 Sep 2024 07:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=820877

Планинарка која вчера беше пријавена за исчезната на Шар Планина, утрово била пронајдена почината.

Како што известува регионалниот ЦУК Тетово преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени.

Во потрагата биле вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце.

Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 07.30 часот е пронајдена жената во месноста „Ружен Камен“, но без знаци на живот.

За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина.

Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а е известен и Јавен обвинител.

The post Исчезнатата планинарка утрово пронајдена почината на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Планинарка која вчера беше пријавена за исчезната на Шар Планина, утрово била пронајдена почината. Како што известува регионалниот ЦУК Тетово преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени. Во потрагата биле вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 07.30 часот е пронајдена жената во месноста „Ружен Камен“, но без знаци на живот. За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина. Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а е известен и Јавен обвинител.

The post Исчезнатата планинарка утрово пронајдена почината на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Гром уби жена на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/grom-ubi-zhena-na-shar-planina/ Sun, 18 Aug 2024 13:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=807685

Жена на 64-годишна возраст денеска загина откако ја удри гром во туристичкото село Превала, во регионот на Брезовица на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Жената по потекло од Урошевац била една од петте лица кои денеска на пладне биле погодени од гром. Таа починала во болницата во Призрен.

- На 18.08.2024 година околу 12:14 часот во полиција е добиена информација дека во Превала гром удрил во пет лица. Една од жртвите, 64-годишна жена од Урошевац, била во потешка состојба, починала во ургентниот центар на Регионалната болница во Призрен, соопшти портпаролот на полицијата за призренскиот регион, Шаќир Битиќи

The post Гром уби жена на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Жена на 64-годишна возраст денеска загина откако ја удри гром во туристичкото село Превала, во регионот на Брезовица на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина. Жената по потекло од Урошевац била една од петте лица кои денеска на пладне биле погодени од гром. Таа починала во болницата во Призрен.
- На 18.08.2024 година околу 12:14 часот во полиција е добиена информација дека во Превала гром удрил во пет лица. Една од жртвите, 64-годишна жена од Урошевац, била во потешка состојба, починала во ургентниот центар на Регионалната болница во Призрен, соопшти портпаролот на полицијата за призренскиот регион, Шаќир Битиќи

The post Гром уби жена на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Четворица Албанци нелеално влегле во Македонија и на диво береле плодови од Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-albantsi-nelealno-vlegle-vo-makedonija-i-na-divo-berele-plodovi-od-shar-planina/ Sat, 17 Aug 2024 09:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=807433

Македонската полиција приведе четири лица од Албанија кои илегално ја преминале државната граница и нелегално береле шумски плодови од Шар Планина.

Како што информира МВР,  полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со мотопатролна служба на Национален парк „Шар Планина“ на место викано „Бриставец“, ги привеле В.Б.(38), Б.Н.(56), К.Н.(28) и А.Б.(64), сите од Република Албанија, поради сторен прекршок по член 104 од Законот за заштита на природата и илегално преминување на државната граница помеѓу Република Албанија и Република Македонија.

Тие биле затекнати како собираат шумски плодови без соодветна дозвола што ја издава Национален парк „Шар Планина“, а во нивното возило „нисан навара“ со албански национални ознаки биле пронајдени шумски плодови.

Пронајдените плодови биле предадени на националниот парк, а лицата биле предадени на Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

The post Четворица Албанци нелеално влегле во Македонија и на диво береле плодови од Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Македонската полиција приведе четири лица од Албанија кои илегално ја преминале државната граница и нелегално береле шумски плодови од Шар Планина. Како што информира МВР,  полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со мотопатролна служба на Национален парк „Шар Планина“ на место викано „Бриставец“, ги привеле В.Б.(38), Б.Н.(56), К.Н.(28) и А.Б.(64), сите од Република Албанија, поради сторен прекршок по член 104 од Законот за заштита на природата и илегално преминување на државната граница помеѓу Република Албанија и Република Македонија. Тие биле затекнати како собираат шумски плодови без соодветна дозвола што ја издава Национален парк „Шар Планина“, а во нивното возило „нисан навара“ со албански национални ознаки биле пронајдени шумски плодови. Пронајдените плодови биле предадени на националниот парк, а лицата биле предадени на Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.  

The post Четворица Албанци нелеално влегле во Македонија и на диво береле плодови од Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Се забранува движење со ратраци надвор од дозволените патишта во НП Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-zabranuva-dvizhene-so-ratratsi-nadvor-od-dozvolenite-patishta-vo-np-shar-planina/ Wed, 13 Mar 2024 13:36:02 +0000 https://republika.mk/?p=754440

Јавната установа Национален парк Шар Планина (ЈУНП. Шар Планина) забрани движење со моторни возила-ратраци надвор од дозволените патишта на територијата на паркот, со цел да го заштити природното наследство.

- Според планот за управување со Националниот парк Шар Планина, активноста скијање со ратраци е идентификувана како дозволена активност во сите зони, со исклучок на зоната на строга заштита. Сепак, поради движењето на ратраците надвор од регистрираните патишта, направени се оштетувања на високо планинските предели и оваа дејност е означена како една од потенцијално најголемите закани за заштитеното подрачје и неопходно е да се регулира нивното движење, известуваат од ЈУНП Шар Планина.

Оттаму, појаснуваат дека нашата држава е единствената во Европа, во која може да се практикува скијање со ратраци во Национален парк, или популарно Free ride скијање.

- Повеќе од една година се обидуваме да најдеме решение, со кое ќе се регулира дејноста скијање со ратрак надвор од скијачкиот центар Попова Шапка. Зборуваме за дејност која на Шар Планина нерегулирано се одвива веќе 15 години, период во кој бизнис апетитите пораснаа, па така од 1-2 ратрака на почетокот, сега се присутни 27 ратраци од кои на дневна основа, 8-10 ратраци пренесуваат туристи многу подлабоко во планината, надвор од скијачкиот центар Попова Шапка, објаснуваат од ЈУНП Шар Планина.

Во сезоната 2023/2024 година, техничката служба на Ј.У.Н.П. Шар Планина реализирала преку 60 теренски денови, во кои собрала доволно информации дека оваа дејност не влегува во категоријата на еко-туризам, движењето на овие возила прави трајни оштетувања на природата и видовите при што се загрозува нивниот опстанок, се нагрдува пејзажот и се вознемируваат другите љубители на природата.

- За жал при топењето на снегот, станува се’ повидливо дека на високо планинските пасишта на кои се одвива традиционално сточарство, многу површини се изорани, а по искази на овчарите, на местата каде поминале овие машини овците веќе не пасат. За таа цел, во март месец минатата година, се обративме до неколку релевантни институции, а поради недоволно снежна покривка беше донесена одлука за забрана на дејноста, соопштуваат од Ј.У.Н.П. Шар Планина.

Од јавната установа потсетуваат дека во 2021 година, речиси целата Шар Планина е прогласена за заштитено подрачје од втора категорија, Национален парк, при што заштитата на националните природни богатства е приоритет, а користењето на природата за економски интереси треба да е во согласност со нејзината заштита.

The post Се забранува движење со ратраци надвор од дозволените патишта во НП Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Јавната установа Национален парк Шар Планина (ЈУНП. Шар Планина) забрани движење со моторни возила-ратраци надвор од дозволените патишта на територијата на паркот, со цел да го заштити природното наследство. - Според планот за управување со Националниот парк Шар Планина, активноста скијање со ратраци е идентификувана како дозволена активност во сите зони, со исклучок на зоната на строга заштита. Сепак, поради движењето на ратраците надвор од регистрираните патишта, направени се оштетувања на високо планинските предели и оваа дејност е означена како една од потенцијално најголемите закани за заштитеното подрачје и неопходно е да се регулира нивното движење, известуваат од ЈУНП Шар Планина. Оттаму, појаснуваат дека нашата држава е единствената во Европа, во која може да се практикува скијање со ратраци во Национален парк, или популарно Free ride скијање. - Повеќе од една година се обидуваме да најдеме решение, со кое ќе се регулира дејноста скијање со ратрак надвор од скијачкиот центар Попова Шапка. Зборуваме за дејност која на Шар Планина нерегулирано се одвива веќе 15 години, период во кој бизнис апетитите пораснаа, па така од 1-2 ратрака на почетокот, сега се присутни 27 ратраци од кои на дневна основа, 8-10 ратраци пренесуваат туристи многу подлабоко во планината, надвор од скијачкиот центар Попова Шапка, објаснуваат од ЈУНП Шар Планина. Во сезоната 2023/2024 година, техничката служба на Ј.У.Н.П. Шар Планина реализирала преку 60 теренски денови, во кои собрала доволно информации дека оваа дејност не влегува во категоријата на еко-туризам, движењето на овие возила прави трајни оштетувања на природата и видовите при што се загрозува нивниот опстанок, се нагрдува пејзажот и се вознемируваат другите љубители на природата. - За жал при топењето на снегот, станува се’ повидливо дека на високо планинските пасишта на кои се одвива традиционално сточарство, многу површини се изорани, а по искази на овчарите, на местата каде поминале овие машини овците веќе не пасат. За таа цел, во март месец минатата година, се обративме до неколку релевантни институции, а поради недоволно снежна покривка беше донесена одлука за забрана на дејноста, соопштуваат од Ј.У.Н.П. Шар Планина. Од јавната установа потсетуваат дека во 2021 година, речиси целата Шар Планина е прогласена за заштитено подрачје од втора категорија, Национален парк, при што заштитата на националните природни богатства е приоритет, а користењето на природата за економски интереси треба да е во согласност со нејзината заштита.  

The post Се забранува движење со ратраци надвор од дозволените патишта во НП Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Мечка гризнала и изгребала по нозете турист од Данска кој скијал на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mechka-griznala-i-izgrebala-po-nozete-turist-od-danska-koj-skijal-na-shar-planina/ Tue, 05 Mar 2024 11:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=751444

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд" скијање во близина на Попова Шапка, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите, соопштија од ЦУК.

The post Мечка гризнала и изгребала по нозете турист од Данска кој скијал на Шар Планина appeared first on Република.

Позната американска скијачка е загинатата во лавина на косовската страна на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/poznata-amerikanska-skijachka-e-zaginatata-vo-lavina-na-kosovskata-strana-na-shar-planina/ Fri, 16 Feb 2024 08:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=744668

Познат идентитетот на лицето кое загина во лавина на косовската страна на Шар планина. Станува збор за 54 годишната познатата поранешна скијачка Кетрин Ригби.

Таа го загуби животот по лавина во ски-центарот Брезовица. Ригби загинала во месотото „Орловско гнездо“.

https://republika.mk/vesti/balkan/zhena-zagina-od-lavina-na-kosovskata-strana-na-shar-planina/

Таа е член на тимот „North Face“ од 1995 година и е заслужна за пионерското скијање со телемарк, техника која комбинира алпско и нордиско скијање, каде што едната нога останува зад телото за да се одржи рамнотежата на скијачот.

The post Позната американска скијачка е загинатата во лавина на косовската страна на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Познат идентитетот на лицето кое загина во лавина на косовската страна на Шар планина. Станува збор за 54 годишната познатата поранешна скијачка Кетрин Ригби. Таа го загуби животот по лавина во ски-центарот Брезовица. Ригби загинала во месотото „Орловско гнездо“. https://republika.mk/vesti/balkan/zhena-zagina-od-lavina-na-kosovskata-strana-na-shar-planina/ Таа е член на тимот „North Face“ од 1995 година и е заслужна за пионерското скијање со телемарк, техника која комбинира алпско и нордиско скијање, каде што едната нога останува зад телото за да се одржи рамнотежата на скијачот.

The post Позната американска скијачка е загинатата во лавина на косовската страна на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Жена загина од лавина на косовската страна на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zhena-zagina-od-lavina-na-kosovskata-strana-na-shar-planina/ Tue, 13 Feb 2024 19:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=743764

Косовската полиција соопшти дека попладнево странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица, на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштение за медиумите на косовската полиција се вели дека најверојатно една жена, за која се вели дека е странска државјанка, но не се наведува земјата на нејзиното потекло, загинала во ски-центарот во Брезовица, како последица на снежна лавина на местото наречено „Орловско гнездо“.

Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели изјави за медиумите дека жртвата е жена на 54-годишна возраст, а потрагата по неа продолжува.

На 13.02.2024 година околу 15:35 часот добивме информација дека едно лице се сомничи дека починало додека скијало во ски-центарот во Брезовица, на местото наречено „Орловско гнездо“. Се претпоставува дека причина за инцидентот е лизгање на снежна лавина. Полицијата и спасувачките екипи се таму и навреме ќе ве известиме за повеќе информации. Жртвата е жена, странска државјанка, на возраст од околу 54 години, се вели во изјавата на Весели за медиумите.

The post Жена загина од лавина на косовската страна на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција соопшти дека попладнево странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица, на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштение за медиумите на косовската полиција се вели дека најверојатно една жена, за која се вели дека е странска државјанка, но не се наведува земјата на нејзиното потекло, загинала во ски-центарот во Брезовица, како последица на снежна лавина на местото наречено „Орловско гнездо“. Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели изјави за медиумите дека жртвата е жена на 54-годишна возраст, а потрагата по неа продолжува.
На 13.02.2024 година околу 15:35 часот добивме информација дека едно лице се сомничи дека починало додека скијало во ски-центарот во Брезовица, на местото наречено „Орловско гнездо“. Се претпоставува дека причина за инцидентот е лизгање на снежна лавина. Полицијата и спасувачките екипи се таму и навреме ќе ве известиме за повеќе информации. Жртвата е жена, странска државјанка, на возраст од околу 54 години, се вели во изјавата на Весели за медиумите.

The post Жена загина од лавина на косовската страна на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Африканска чума октриена кај дивите свињи на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/afrikanska-chuma-oktriena-kaj-divite-svini-na-shar-planina/ Tue, 23 Jan 2024 09:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=735784

Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство. Оваа болест во голема мера ги зафати свињите во другите делови од државата.

Болеста африканска чума кај свињите не е евидентирана кај домашната популација свињи во Полошкиот регион. Кај дивата популација свињи потврдена е на ловиште за крупен дивеч во село Вејце, општина Тетово. Болеста не е зооноза односно вирусот не е опасен и не се пренесува на луѓето, кои се можни негови преносители. Агенцијата за храна и ветеринарство наложи ловните друштва да вршат пребарување на ловиштата и сите пронајдени угинати диви свињи веднаш да ги пријават до надлежниот официјален ветеринар. Пребарувањето на ловиштата е исклучителна важна активност со цел рано откривање на присуството на вирусот на африканска чума кај свињите. По пријавата за пронајдена угината дива свиња, официјалниот ветеринар зема примероци за лабораториско тестирање и наложува мерки за нештетно отстранување угинатите диви свињи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Дивите свињи имаат важна епидемиолошка улога во ширењето на болеста преку труповите од пцовисаните животни во кои вирусот опстојува долго време. Тие се заразуваат со вирусот преку контакт со други диви свињи или преку исхрана со трупови од пцовисани животни, а потоа вирусот се шири во популацијата на диви свињи. Труповите од пцовисани диви свињи играат важна улога во одржување на вирусот во животната средина.

Согласно наложените мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство, концeсионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП „Национални шуми“ – Скопје се должни да достават неделни извештаи од резултатите од пребарувањето на ловиштата до официјалните ветеринари и АХВ, велат од оваа институција.

На подрачјето на националниот парк Шар Планина, од ноември 2023 па се до крајот на јануари 2024 ќе трае санитарен отстрел на диви свињи со цел спречување на ширење на болеста африканската чума. Санитарниот отстрел го реализираат ловечките друштва во соработка со националниот парк, а досега се застрелани 14 диви свињи.

Според информациите на Агенцијата, од секоја отстрелана дива свиња, се праќаат примероци за испитување на африканска чума кај свињите, класична чума кај свињите и трихинелоза до официјален ветеринар и АХВ. Доколку се добие позитивен резултат официјалниот ветеринар наложува мерки за нештетно отстранување на свињите.

The post Африканска чума октриена кај дивите свињи на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство. Оваа болест во голема мера ги зафати свињите во другите делови од државата.
Болеста африканска чума кај свињите не е евидентирана кај домашната популација свињи во Полошкиот регион. Кај дивата популација свињи потврдена е на ловиште за крупен дивеч во село Вејце, општина Тетово. Болеста не е зооноза односно вирусот не е опасен и не се пренесува на луѓето, кои се можни негови преносители. Агенцијата за храна и ветеринарство наложи ловните друштва да вршат пребарување на ловиштата и сите пронајдени угинати диви свињи веднаш да ги пријават до надлежниот официјален ветеринар. Пребарувањето на ловиштата е исклучителна важна активност со цел рано откривање на присуството на вирусот на африканска чума кај свињите. По пријавата за пронајдена угината дива свиња, официјалниот ветеринар зема примероци за лабораториско тестирање и наложува мерки за нештетно отстранување угинатите диви свињи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Дивите свињи имаат важна епидемиолошка улога во ширењето на болеста преку труповите од пцовисаните животни во кои вирусот опстојува долго време. Тие се заразуваат со вирусот преку контакт со други диви свињи или преку исхрана со трупови од пцовисани животни, а потоа вирусот се шири во популацијата на диви свињи. Труповите од пцовисани диви свињи играат важна улога во одржување на вирусот во животната средина.
Согласно наложените мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство, концeсионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП „Национални шуми“ – Скопје се должни да достават неделни извештаи од резултатите од пребарувањето на ловиштата до официјалните ветеринари и АХВ, велат од оваа институција.
На подрачјето на националниот парк Шар Планина, од ноември 2023 па се до крајот на јануари 2024 ќе трае санитарен отстрел на диви свињи со цел спречување на ширење на болеста африканската чума. Санитарниот отстрел го реализираат ловечките друштва во соработка со националниот парк, а досега се застрелани 14 диви свињи. Според информациите на Агенцијата, од секоја отстрелана дива свиња, се праќаат примероци за испитување на африканска чума кај свињите, класична чума кај свињите и трихинелоза до официјален ветеринар и АХВ. Доколку се добие позитивен резултат официјалниот ветеринар наложува мерки за нештетно отстранување на свињите.

The post Африканска чума октриена кај дивите свињи на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Најдолгата пешачка патека на Шар Планина повторно е обележана, има и нови патокази и вертикална сигнализација https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/najdolgata-peshachka-pateka-na-shar-planina-povtorno-e-obelezhana-ima-i-novi-patokazi-i-vertikalna-signalizatsija/ Fri, 20 Oct 2023 18:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=693426

Со поставување на вертикалниот и хоризонталниот сигнализациски систем, изминатиов месец се изврши ремаркирање на патеката наречена High Scardus Trail на Шар Планина, во делот на македонската страна од планината, информираат од Националниот парк Шар Планина. Уредувањето на патека е е направено во соработка со планинарското друштво Љуботен од Тетово.

Хоризонталната сигнализација на патеката претставува маркацијата односно одбележувањето на патеката со помош на црвена и бела боја на дрвјата, карпи и камења. Поставени се и нови патокази на метални столбови како вертикална сигнализација.

Патеката започнува од најсеверниот дел на Шара, Љуботен, од каде поминува на косовската страна на Шара, па во делот на селото Вејце повторно се враќа во македонскиот дел на планината. Од тука поминувајќи над селата Вешала и Бозовце се до Лешница каде што патеката преку Џинибег, преминува на Косовската страна во селото Брод, велат од Националниот парк.

Патеката е транснационална рамна патека за пешачење на долги растојанија и ги поврзува граничните региони на Албанија, Косово и Македонија.

Името потекнува од латинското име за Шар Планина – Scardus или Шарена планина. Овој туристички продукт е најзначајниот туристички пакет од областа на планинскиот туризам кој постои во Македонија, посочуваат од Националниот парк Шар Планина.

Патеката поминува низ шест национални паркови и поврзува пет планински масиви, сите со висина над 2000 метри надморска височина. Се состои од 16 главни делови или таканаречени главни патеки во должина од 289 километри, и 18 споредни патеки со вкупна должина од 206 километри, сместени во високо-планинските зони на пограничниот регион на трите земји. Должината на патеките во државава е 229,5 километри.

The post Најдолгата пешачка патека на Шар Планина повторно е обележана, има и нови патокази и вертикална сигнализација appeared first on Република.

]]>

Со поставување на вертикалниот и хоризонталниот сигнализациски систем, изминатиов месец се изврши ремаркирање на патеката наречена High Scardus Trail на Шар Планина, во делот на македонската страна од планината, информираат од Националниот парк Шар Планина. Уредувањето на патека е е направено во соработка со планинарското друштво Љуботен од Тетово. Хоризонталната сигнализација на патеката претставува маркацијата односно одбележувањето на патеката со помош на црвена и бела боја на дрвјата, карпи и камења. Поставени се и нови патокази на метални столбови како вертикална сигнализација.
Патеката започнува од најсеверниот дел на Шара, Љуботен, од каде поминува на косовската страна на Шара, па во делот на селото Вејце повторно се враќа во македонскиот дел на планината. Од тука поминувајќи над селата Вешала и Бозовце се до Лешница каде што патеката преку Џинибег, преминува на Косовската страна во селото Брод, велат од Националниот парк.
Патеката е транснационална рамна патека за пешачење на долги растојанија и ги поврзува граничните региони на Албанија, Косово и Македонија.
Името потекнува од латинското име за Шар Планина – Scardus или Шарена планина. Овој туристички продукт е најзначајниот туристички пакет од областа на планинскиот туризам кој постои во Македонија, посочуваат од Националниот парк Шар Планина.
Патеката поминува низ шест национални паркови и поврзува пет планински масиви, сите со висина над 2000 метри надморска височина. Се состои од 16 главни делови или таканаречени главни патеки во должина од 289 километри, и 18 споредни патеки со вкупна должина од 206 километри, сместени во високо-планинските зони на пограничниот регион на трите земји. Должината на патеките во државава е 229,5 километри.  

The post Најдолгата пешачка патека на Шар Планина повторно е обележана, има и нови патокази и вертикална сигнализација appeared first on Република.

]]>
Четворица Косовари на крос-мотори дивееле по строго заштитената зона на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-kosovari-na-kros-motori-diveele-po-strogo-zashtitenata-zona-na-shar-planina/ Mon, 11 Sep 2023 17:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=681027

Националниот парк Шар Планина соопшти дека при вршење теренска контрола заедно со полиција, вчера спречиле четири лица државјани на Република Косово да се движат со крос-мотоцикли по високопланинските пасишта на територија во парковската зона на строга заштита.

Од НП Шар Планина потсетуваат дека движењето на моторни возила во зоната на строгата заштита е строго забрането и казниво по закон поради деградацијата на почвата и вознемирувањето на заштитените диви животински видови.

Зоната на строга заштита претставува дел со највисок интерес за заштита, што се карактеризира со изворни, неизменети карактеристики на екосистемите или има сосема мали промени како резултат на традиционални управувачки практики. Зоната за строга заштита е составена од 5 посебни единици, ги опфаќа највисоките делови на Шар Планина кои се граничат со Република Косово т.е. Националниот парк Шара во Косово. Во оваа зона се наоѓаат најзначајните екосистеми и живеалишта: глацијални езера, тресетишта, високопланински пасишта, алпски камењари, вриштини со боровинки, смреки и Empetrum, најзначајните шумски екосистеми; како и значајните предели и најголем дел од значајните видови, особено од васкуларните растенија, дијатомеите, дневните пеперутки итн., се вели во соопштението на Национален парк Шар Планина.

Четворицата се задржани во полициска станица и за нелегално преминување на државна граница.

Вчеравечер (10 септември) околу 23 часот и 10 минути во СВР Тетово биле задржани Е.Е.(25), Д.Д.(33), С.Ќ.(48) и Х.З.(41), сите од Република Косово, а поради сомнение дека илегално влегле во нашата земја. Се расчистува и документира случајот, соопшти СВР Тетово.

Од Националниот парк потсетуваат дека патиштата на кои е воспоставен режим на движење се претставени на карта, која е подготвена во согласност со Планот за управување со Националниот парк и Законот за заштита на природата, соопштија од Националниот парк. Картата на која се прикажани патиштата по кои е дозволено движење на моторни возила е поставена на информативните табли во паркот.

The post Четворица Косовари на крос-мотори дивееле по строго заштитената зона на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Националниот парк Шар Планина соопшти дека при вршење теренска контрола заедно со полиција, вчера спречиле четири лица државјани на Република Косово да се движат со крос-мотоцикли по високопланинските пасишта на територија во парковската зона на строга заштита. Од НП Шар Планина потсетуваат дека движењето на моторни возила во зоната на строгата заштита е строго забрането и казниво по закон поради деградацијата на почвата и вознемирувањето на заштитените диви животински видови.  
Зоната на строга заштита претставува дел со највисок интерес за заштита, што се карактеризира со изворни, неизменети карактеристики на екосистемите или има сосема мали промени како резултат на традиционални управувачки практики. Зоната за строга заштита е составена од 5 посебни единици, ги опфаќа највисоките делови на Шар Планина кои се граничат со Република Косово т.е. Националниот парк Шара во Косово. Во оваа зона се наоѓаат најзначајните екосистеми и живеалишта: глацијални езера, тресетишта, високопланински пасишта, алпски камењари, вриштини со боровинки, смреки и Empetrum, најзначајните шумски екосистеми; како и значајните предели и најголем дел од значајните видови, особено од васкуларните растенија, дијатомеите, дневните пеперутки итн., се вели во соопштението на Национален парк Шар Планина.
Четворицата се задржани во полициска станица и за нелегално преминување на државна граница.
Вчеравечер (10 септември) околу 23 часот и 10 минути во СВР Тетово биле задржани Е.Е.(25), Д.Д.(33), С.Ќ.(48) и Х.З.(41), сите од Република Косово, а поради сомнение дека илегално влегле во нашата земја. Се расчистува и документира случајот, соопшти СВР Тетово.
Од Националниот парк потсетуваат дека патиштата на кои е воспоставен режим на движење се претставени на карта, која е подготвена во согласност со Планот за управување со Националниот парк и Законот за заштита на природата, соопштија од Националниот парк. Картата на која се прикажани патиштата по кои е дозволено движење на моторни возила е поставена на информативните табли во паркот.

The post Четворица Косовари на крос-мотори дивееле по строго заштитената зона на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Успешно е ослободен мечокот заглавен поради сајла на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/uspeshno-e-osloboden-mechokot-zaglaven-poradi-sajla-na-shar-planina/ Sat, 08 Jul 2023 09:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=659150

Мечок вчера бил заглавен во сајла во селото Бозовце во Шар Планина. По повикување на стручни лица од Зоолошка градина Скопје, мечокот, кој бил возрасен мажјак, е успешно ослободен.

Националниот парк Шар Планина на профилот на установата на социјалната мрежа Фејсбук објави видео како се прави ослободување на мечок кој бил заглавен поради сајла.

Возрасниот мажјак го забележал сопственик на бачило од селото Бозовце па се јавил во Националниот парк. Од таму потоа повикале стручни лица од Зоолошка градина Скопје, по што во текот на вчерашниот ден мечокот е ослободен.

На видеото се гледа како мечокот прво се успива. Потоа се сече сајлата и му се прави проверка на ногата. Констатираат дека има само гребаници поради сајлата но дека зглобот е добар.

По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното. Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по три часа работа Бозо беше успешно ослободен. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката. Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата, информираат од Национален парк Шар Планина.

Од Националниот парк потсетуваат дека мечките законски се строго заштитени животни на Шар Планина. 

The post Успешно е ослободен мечокот заглавен поради сајла на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Мечок вчера бил заглавен во сајла во селото Бозовце во Шар Планина. По повикување на стручни лица од Зоолошка градина Скопје, мечокот, кој бил возрасен мажјак, е успешно ослободен. Националниот парк Шар Планина на профилот на установата на социјалната мрежа Фејсбук објави видео како се прави ослободување на мечок кој бил заглавен поради сајла. Возрасниот мажјак го забележал сопственик на бачило од селото Бозовце па се јавил во Националниот парк. Од таму потоа повикале стручни лица од Зоолошка градина Скопје, по што во текот на вчерашниот ден мечокот е ослободен. На видеото се гледа како мечокот прво се успива. Потоа се сече сајлата и му се прави проверка на ногата. Констатираат дека има само гребаници поради сајлата но дека зглобот е добар.
По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното. Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по три часа работа Бозо беше успешно ослободен. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката. Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата, информираат од Национален парк Шар Планина.
Од Националниот парк потсетуваат дека мечките законски се строго заштитени животни на Шар Планина. 

The post Успешно е ослободен мечокот заглавен поради сајла на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Националниот парк и планинарските клубови во мај и јуни со акции за собирање отпадоци на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/natsionalniot-park-i-planinarskite-klubovi-vo-maj-i-juni-so-aktsii-za-sobirane-otpadotsi-na-shar-planina/ Wed, 03 May 2023 06:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=636153

Првомајските излети во природа резултираа со оставен смет од излетниците на подрачјата на националниот парк Шар Планина, а освен денешното расчистување од установата најавуваат повеќе вакви акции заедно со планинарските клубови. Веќе е изработен распоред и концепт на соработката во текот на мај и почетокот на јуни при што и веќе познатите планинарски патеки ќе се расчистуваат од фрлените отпадоци.

-Поради доброто време Шар Планина беше атрактивна дестинација за продолжениот викенд, а ова е сликата која излетниците ја оставија зад себе. чуварската служба на паркот собра 47 вреќи отпад. Потсетуваме, на излетничките места нема организирано собирање на отпад и затоа апелираме да секој посетител со себе ги понесе своите отпадоци. Националниот парк и љубителите на природата од викендов веќе „му објавија војна на отпадот“, а продолжуваме со заеднички сили во месец мај да се залагаме да блесне Шара, информира Анела Ставревска Панајотова, раководител во одделението за заштита на природата.

[caption id="attachment_636164" align="alignnone" width="640"] (фото: ЈУ НП Шар Планина)[/caption]

Вакви акции имало и на последните денови од април, а се продолжува претстојниот викенд.

-На 7 мај се организира собирање на отпад од с. Бозовце до место наречено Гајрина. 8 мај, чистење на патот од Попова Шапка кон Тетово од вработените во паркот, но добредојден е секој кој сака да се приклучи на акцијата. На 13 мај, Националниот парксе приклучува на акцијата Генералка Викенд која ја спроведува Општина Тетово. На 14 мај, ПК Љуботен, ПК Тетекс, ПК Јелак и ПК Аргентус организираат собирање на отпад на потегот од с. Вејце кон Кобилица, информираа од Национален парк Шар Планина.

При крајот на месецот се определува локација за акција на 20 мај, додека во пресрет на традиционалното искачување на Титов врв на ПК Љуботен акции ќе има на скијачкиот центар Попова Шапка и на потегот од Титов Врв кон скијачкиот центар на 27 и 28 мај. Во јуни ќе се работи на Боговињско Езеро и локацијата Рамен Камен. 

The post Националниот парк и планинарските клубови во мај и јуни со акции за собирање отпадоци на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Првомајските излети во природа резултираа со оставен смет од излетниците на подрачјата на националниот парк Шар Планина, а освен денешното расчистување од установата најавуваат повеќе вакви акции заедно со планинарските клубови. Веќе е изработен распоред и концепт на соработката во текот на мај и почетокот на јуни при што и веќе познатите планинарски патеки ќе се расчистуваат од фрлените отпадоци. -Поради доброто време Шар Планина беше атрактивна дестинација за продолжениот викенд, а ова е сликата која излетниците ја оставија зад себе. чуварската служба на паркот собра 47 вреќи отпад. Потсетуваме, на излетничките места нема организирано собирање на отпад и затоа апелираме да секој посетител со себе ги понесе своите отпадоци. Националниот парк и љубителите на природата од викендов веќе „му објавија војна на отпадот“, а продолжуваме со заеднички сили во месец мај да се залагаме да блесне Шара, информира Анела Ставревска Панајотова, раководител во одделението за заштита на природата. [caption id="attachment_636164" align="alignnone" width="640"] (фото: ЈУ НП Шар Планина)[/caption] Вакви акции имало и на последните денови од април, а се продолжува претстојниот викенд. -На 7 мај се организира собирање на отпад од с. Бозовце до место наречено Гајрина. 8 мај, чистење на патот од Попова Шапка кон Тетово од вработените во паркот, но добредојден е секој кој сака да се приклучи на акцијата. На 13 мај, Националниот парксе приклучува на акцијата Генералка Викенд која ја спроведува Општина Тетово. На 14 мај, ПК Љуботен, ПК Тетекс, ПК Јелак и ПК Аргентус организираат собирање на отпад на потегот од с. Вејце кон Кобилица, информираа од Национален парк Шар Планина. При крајот на месецот се определува локација за акција на 20 мај, додека во пресрет на традиционалното искачување на Титов врв на ПК Љуботен акции ќе има на скијачкиот центар Попова Шапка и на потегот од Титов Врв кон скијачкиот центар на 27 и 28 мај. Во јуни ќе се работи на Боговињско Езеро и локацијата Рамен Камен. 

The post Националниот парк и планинарските клубови во мај и јуни со акции за собирање отпадоци на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Националниот парк Шар Планина доби план за управување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/natsionalniot-park-shar-planina-dobi-plan-za-upravuvane/ Fri, 31 Mar 2023 08:31:17 +0000 https://republika.mk/?p=625706

Националниот парк Шар Планина состави План за управување со заштитеното планинско подрачје во периодот од 2022 до 2031 година, кој оваа недела беше одобрен од Управниот одбор по добиена согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Овој план дефинира повеќе аспекти кои, според вработените, ќе придонесат за развој на националниот парк за кои како установа ќе имаат и повеќе надлежности.

Планот инаку произлегува од законот за заштита на природа и од законот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје и во оваа фаза, за нас има тежина на законот затоа што ќе регулира, ќе ни помогне да регулираме и спроведуваме многу активности во иднина. Сите институции да бидат свесни дека со овој документ јавната установа национален парк Шар планина е потполно подготвена да ги преземе сите ингеренциии. Тие имаат обврска да побараат мислење од институцијата Национален парк. Значи, да се отвори пат, да се интервенира на канал, да се даде градежна дозвола. За секоја интервенција која што се однесува на територија на Шар планина, изјави Анела Ставревска Панајотова, раководител во одделението за заштита на природата.

Самиот план содржи табела на дозволени и забранети активности по зони, штој е објавен на интернет страницата на јавната установа. Ќе следат одредени ограничувања што се однесуваат на многу активности што се на сметка на природата, како што е двжењето на моторните возила, градењето, односно неможност за градење според зоната итн.

Еден од најголемите предизвиците во наредиот пролетен и летен период за вработените во паркот ќе биде спречувањето на палењето огнови на отворено на територија на паркот, нешто што во изминатиот период беше чест проблем поради појава на големи шумски пожари.

Контролата и справувањето со пожарите е во ингеренции на националниот парк. Така да имаме голем предизвик. Се надеваме дека ќе се доекипираме со опрема.За да можеме да интервенираме соодветно и со одреден број на луѓе. Нормално тоа треба да е проследено и со кампања за подигање на свеста кај локалното население, да престане таа практика да се палат меѓите, да се чисти отпадот со палење, изјави Анела Ставревска Панајотова, раководител во одделението за заштита на природата.

Чуварската служба на Паркот во заштитеното подрачје има надлежност во однос на пишување мандатни казни. За различни прекршоци, различни се казните и тоа е дефинирано според повеќе закони, како законот за шуми, законот за природа и други.

The post Националниот парк Шар Планина доби план за управување appeared first on Република.

]]>

Националниот парк Шар Планина состави План за управување со заштитеното планинско подрачје во периодот од 2022 до 2031 година, кој оваа недела беше одобрен од Управниот одбор по добиена согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој план дефинира повеќе аспекти кои, според вработените, ќе придонесат за развој на националниот парк за кои како установа ќе имаат и повеќе надлежности.
Планот инаку произлегува од законот за заштита на природа и од законот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје и во оваа фаза, за нас има тежина на законот затоа што ќе регулира, ќе ни помогне да регулираме и спроведуваме многу активности во иднина. Сите институции да бидат свесни дека со овој документ јавната установа национален парк Шар планина е потполно подготвена да ги преземе сите ингеренциии. Тие имаат обврска да побараат мислење од институцијата Национален парк. Значи, да се отвори пат, да се интервенира на канал, да се даде градежна дозвола. За секоја интервенција која што се однесува на територија на Шар планина, изјави Анела Ставревска Панајотова, раководител во одделението за заштита на природата.
Самиот план содржи табела на дозволени и забранети активности по зони, штој е објавен на интернет страницата на јавната установа. Ќе следат одредени ограничувања што се однесуваат на многу активности што се на сметка на природата, како што е двжењето на моторните возила, градењето, односно неможност за градење според зоната итн. Еден од најголемите предизвиците во наредиот пролетен и летен период за вработените во паркот ќе биде спречувањето на палењето огнови на отворено на територија на паркот, нешто што во изминатиот период беше чест проблем поради појава на големи шумски пожари.
Контролата и справувањето со пожарите е во ингеренции на националниот парк. Така да имаме голем предизвик. Се надеваме дека ќе се доекипираме со опрема.За да можеме да интервенираме соодветно и со одреден број на луѓе. Нормално тоа треба да е проследено и со кампања за подигање на свеста кај локалното население, да престане таа практика да се палат меѓите, да се чисти отпадот со палење, изјави Анела Ставревска Панајотова, раководител во одделението за заштита на природата.
Чуварската служба на Паркот во заштитеното подрачје има надлежност во однос на пишување мандатни казни. За различни прекршоци, различни се казните и тоа е дефинирано според повеќе закони, како законот за шуми, законот за природа и други.

The post Националниот парк Шар Планина доби план за управување appeared first on Република.

]]>
Одобрен планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odobren-planot-za-upravuvane-so-natsionalniot-park-shar-planina-za-periodot-2022-2031/ Wed, 29 Mar 2023 14:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=625147

По долготрајни, но плодотворни консултации на експертско ниво, донесен и одобрен е Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“, за периодот 2022-2031 година.

Во овој транспарентен процес беа вклучени околу 70 експерти, при што учество земаа околу 30 претставници на различни заинтересирани страни.

Планот за управување ќе биде алатка за новото ЈП Национален парк „Шар Планина“, за обезбедување на заштитата на биолошката разновидност и зачувување на дивиот свет во паркот, но исто така и за подобрување на благосостојбата на локалното население, преку создавање зелени работни места и подобрување на зелената инфраструктура и услуги.

Идентификуваните природни и социо-економски вредности нема да значат многу, доколку не знаеме да ги цениме и да обезбедиме одржливо управување. По донесувањето и одобрувањето на планот за управување, го насочуваме нашиот фокус кон заедничката цел, одржливо управување на Шар Планина со нејзините бројни еколошки, социјални и културни вредности, велат од МЖСПП.

Донесувањето на планот е резултат на успешната соработка помеѓу Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) на IUCN, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) и Јавната Установа Национален парк „Шар Планина“.

The post Одобрен планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031 appeared first on Република.

Се забранува користењето ратраци за скијачки тури на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-zabranuva-koristeneto-ratratsi-za-skijachki-turi-na-shar-planina/ Tue, 21 Mar 2023 08:06:17 +0000 https://republika.mk/?p=621866

Директорот на Националниот парк „Шар Планина“, Ибрахим Дехари донел одлука со која се забранува организирање на туристички активности - скијачки тури со ратрак на територија на националниот парк.

Според образложението во одлуката, мерката се воспоставува заради спречување на оштетувањето и уништувањето на биолошката и пределска разновидност, деградација на почвата и губење на нејзината плодност и оштетување врз живеалиштата квалификувани во Планот за управувањето со Националниот парк Шар Планина.

Ратраците се идентификувани како едни од потенцијалните најголеми закани за заштитеното подрачје со оштетувањата кои ги прават машините во услови на недоволна снежна покривка. Во неколкуте контроли извршени на теренот на кој се организираат ваквите активности евидентирана е потребата за регулирање на оваа дејност. Мерката се воспоставува со цел да се обезбедат поволни услови за заштита и унапредување на природата се до моментот на спогодба за регулирање на меѓусебни права и обврски помеѓу вршители на дејноста и ЈУНП, се наведува во одлуката потпишана од директорот Дехари.

Одлуката се однесува на неопределен временски период, со исклучок од 20 до 25 март за терени на северната страна на кои имаа доволна снежна покривка за завршување на скијачката сезона.

The post Се забранува користењето ратраци за скијачки тури на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Директорот на Националниот парк „Шар Планина“, Ибрахим Дехари донел одлука со која се забранува организирање на туристички активности - скијачки тури со ратрак на територија на националниот парк. Според образложението во одлуката, мерката се воспоставува заради спречување на оштетувањето и уништувањето на биолошката и пределска разновидност, деградација на почвата и губење на нејзината плодност и оштетување врз живеалиштата квалификувани во Планот за управувањето со Националниот парк Шар Планина.
Ратраците се идентификувани како едни од потенцијалните најголеми закани за заштитеното подрачје со оштетувањата кои ги прават машините во услови на недоволна снежна покривка. Во неколкуте контроли извршени на теренот на кој се организираат ваквите активности евидентирана е потребата за регулирање на оваа дејност. Мерката се воспоставува со цел да се обезбедат поволни услови за заштита и унапредување на природата се до моментот на спогодба за регулирање на меѓусебни права и обврски помеѓу вршители на дејноста и ЈУНП, се наведува во одлуката потпишана од директорот Дехари.
Одлуката се однесува на неопределен временски период, со исклучок од 20 до 25 март за терени на северната страна на кои имаа доволна снежна покривка за завршување на скијачката сезона.

The post Се забранува користењето ратраци за скијачки тури на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Изгаснат едниот крак од пожарот над Теарце, другиот се уште активен, но со помал интензитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsuk-izgasnat-edniot-krak-od-pozharot-nad-teartse-drugiot-se-ushte-aktiven-no-so-pomal-intenzitet/ Sun, 08 Jan 2023 18:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=594663

Целосно е изгаснат едниот крак од шумскиот пожар над селото Теарце во Националниот парк „Шар Планина“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Другиот дел од пожарот е се уште активен, но со помал интезитет од вчера.

Според Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово, состојбата континуирано се следи. Се очекува активниот дел од пожарот да се самоизгасне во текот на ноќта со оглед на ниските температури. Ако тоа не се случи, утре, по утринското извидување, е планирано повторно да се оди на терен за пожарот да се доизгасне.

Екипата попладнево се повлекла откако почнало да се стменува, но и поради непристапниот терен.

Од вчера до денеска, како што наведува ЦУК, се изгорени околу седум до девет хектари површина.

Како резултат на воздушниот притисок, чадот се спушта надолу и им создава големи проблеми во дишењето на вработените поради што тие се повлечени. Пожарот на една од страните е изгаснат во целост, а од другата страна не се можело да се дејствува, бидејќи се намалила видливоста – се стемнувало, па затоа пожарот на тој крак е се уште активен, но со помал интезитет од вчера. Во 15:15 часот е стапено во контакт со директорот на Националниот парк, кој бил на лице место со осум вработени од Паркот од утрово, кога појдоа од село Теарце кон пожарот каде од вчера гори букова шума и пасиште. По кординација со директорот на ДЗС Скопје и Директорот на Национален парк „Шар Планина“, авион од ДЗС учествувал сo дејствување на една од страните на пожарот, но само со еден налет согласно условите на терен и се вратил во базата во Скопје. Одлучено е да се сочека до утре да се види дали ќе има потреба или не со оглед на ниските температури во ноќта и можноста да се самоизгасне.
Потоа, во 16:25 часот е стапено во контакт со ренџерот што го пријавил вчерашниот пожар и тој извести дека екипата се повлекува во Теарце бидејќи, почнува да се стемнува, а патот е непристапен за движење, бидејќи до местото на пожарот се пешачи два часа, информира ЦУК.

The post ЦУК: Изгаснат едниот крак од пожарот над Теарце, другиот се уште активен, но со помал интензитет appeared first on Република.

]]>

Целосно е изгаснат едниот крак од шумскиот пожар над селото Теарце во Националниот парк „Шар Планина“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Другиот дел од пожарот е се уште активен, но со помал интезитет од вчера. Според Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово, состојбата континуирано се следи. Се очекува активниот дел од пожарот да се самоизгасне во текот на ноќта со оглед на ниските температури. Ако тоа не се случи, утре, по утринското извидување, е планирано повторно да се оди на терен за пожарот да се доизгасне. Екипата попладнево се повлекла откако почнало да се стменува, но и поради непристапниот терен. Од вчера до денеска, како што наведува ЦУК, се изгорени околу седум до девет хектари површина.
Како резултат на воздушниот притисок, чадот се спушта надолу и им создава големи проблеми во дишењето на вработените поради што тие се повлечени. Пожарот на една од страните е изгаснат во целост, а од другата страна не се можело да се дејствува, бидејќи се намалила видливоста – се стемнувало, па затоа пожарот на тој крак е се уште активен, но со помал интезитет од вчера. Во 15:15 часот е стапено во контакт со директорот на Националниот парк, кој бил на лице место со осум вработени од Паркот од утрово, кога појдоа од село Теарце кон пожарот каде од вчера гори букова шума и пасиште. По кординација со директорот на ДЗС Скопје и Директорот на Национален парк „Шар Планина“, авион од ДЗС учествувал сo дејствување на една од страните на пожарот, но само со еден налет согласно условите на терен и се вратил во базата во Скопје. Одлучено е да се сочека до утре да се види дали ќе има потреба или не со оглед на ниските температури во ноќта и можноста да се самоизгасне. Потоа, во 16:25 часот е стапено во контакт со ренџерот што го пријавил вчерашниот пожар и тој извести дека екипата се повлекува во Теарце бидејќи, почнува да се стемнува, а патот е непристапен за движење, бидејќи до местото на пожарот се пешачи два часа, информира ЦУК.

The post ЦУК: Изгаснат едниот крак од пожарот над Теарце, другиот се уште активен, но со помал интензитет appeared first on Република.

]]>
Британски дипломат се лизнал и паднал од карпа на Шар Планина, го спасувал КФОР https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/britanski-diplomat-se-liznal-i-padnal-od-karpa-na-shar-planina-go-spasuval-kfor/ Tue, 03 Jan 2023 14:00:39 +0000 https://republika.mk/?p=593227

Горската служба за спасување на Косово спасувала британски дипломат, кој е повреден на Шар Планина.

Како што пишува албански „Телеграфи“, повик за помош е примен во 14.20 часот, а веднаш се организирала акција за спасување.

Во брза координација со полицијата и ски-центарот, овозможено е превезување на спасувачите со жичницата до највисоката точка, додека друга екипа почнала со искачување до повредениот со опрема за помош и евакуација од земја.

За среќа, спасувачите успеале да стапат во контакт со повредениот, кој успеал да даде координати каде се наоѓа. Со леснотија се стапило во контакт со него и со друго лице кои било во придружба на дипломатот, но немале пристап. На двајцата по телефон им се дадени совети да останат мирни и за други безбедносни елементи.

Во меѓувреме пожарникари почнале да пружаат поддршка и да се приближуваат до тоа подрачје. Повредениот е лоциран во 16.25 часот, на местото викано Црвена стена, каде за жал се лизнал и паѓал околу 450 метри.

Повредениот дипломат е евакуиран со хеликоптер на КФОР, а двајцата се превезени во болница каде добиле лекарска помош.

The post Британски дипломат се лизнал и паднал од карпа на Шар Планина, го спасувал КФОР appeared first on Република.

]]>

Горската служба за спасување на Косово спасувала британски дипломат, кој е повреден на Шар Планина. Како што пишува албански „Телеграфи“, повик за помош е примен во 14.20 часот, а веднаш се организирала акција за спасување. Во брза координација со полицијата и ски-центарот, овозможено е превезување на спасувачите со жичницата до највисоката точка, додека друга екипа почнала со искачување до повредениот со опрема за помош и евакуација од земја. За среќа, спасувачите успеале да стапат во контакт со повредениот, кој успеал да даде координати каде се наоѓа. Со леснотија се стапило во контакт со него и со друго лице кои било во придружба на дипломатот, но немале пристап. На двајцата по телефон им се дадени совети да останат мирни и за други безбедносни елементи. Во меѓувреме пожарникари почнале да пружаат поддршка и да се приближуваат до тоа подрачје. Повредениот е лоциран во 16.25 часот, на местото викано Црвена стена, каде за жал се лизнал и паѓал околу 450 метри. Повредениот дипломат е евакуиран со хеликоптер на КФОР, а двајцата се превезени во болница каде добиле лекарска помош.

The post Британски дипломат се лизнал и паднал од карпа на Шар Планина, го спасувал КФОР appeared first on Република.

]]>
Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во НП Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-raskinuvaat-dogovorite-za-koncesija-za-sedum-mali-hidrocentrali-vo-np-shar-planina/ Tue, 04 Oct 2022 13:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=557266

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска на владина седница беше усвоена информацијата во врска со статусот на договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина. Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи, кои нема да се реализираат, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Опфатени се шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101, се вели во соопштението.

Со посебна информација, како што информира Министерството, доставен е и предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за МХЕЦ Шеличе со реф.бр. 91, лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на Концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.

The post Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во НП Шар Планина appeared first on Република.

Нуредини: Ќе раскинеме 5-7 договори дадени во минатото за Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nuredini-kje-raskineme-5-7-dogovori-dadeni-vo-minatoto-za-shar-planina/ Wed, 21 Sep 2022 19:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=552996

Прогласувањето на планината Шара за национален парк веќе ја ограничува Владата во давањето концесии за малите хидроцентрали.

Во емисијата „10 минути“ на ТВ21, министерот за животна средина Насер Нуредини се пофали дека откако е на чело на овој ресор не дал никаков предлог до Владата за изградба на ниту една мала хидроцентрала во земјава.

„Доколку нема штета во животната средина, ќе ги видиме условите, може да се инвестира, но во исто време ние како министерство се задолживме да раскинеме 5 до 7 договори кои беа дадени во минатото во Шар Планина“, рече Нуредини, појаснувајќи дека станува збор за концесии кои се уште биле само на хартија и не почнале да се градат.

За веќе изградените хидроцентрали на Шар Планина, сега Национален парк, Нуредини рече дека имаат концесии до 20 години, додека дел од концесиите се доделени и во 2019 година.

По 20 години, нивната сопственост ќе ја преземе државата, која одлучува дали ќе продолжи да ги држи во функција или ќе ги стопира, рече министерот.

Запрашан дали имало обид за влианије од некого за да не се поништат овие договори, Нуредини рече дека никој не му се мешал во работата и одлуките како министер за животна средина.

„Не сум имал никакво барање од ниту еден политички член да не се извршува оваа работа, но имав поддршка да ги стопирам оние кои беа во заштитените подрачја како што е планината Шара и разговараме со други две кои се во Националниот парк Маврово, за да можат и тие да се повлечат затоа што таму имаме отворен случај од Бернска комисија против нашата земја зошто сме дале концесија“, рече министерот за животна средина.

The post Нуредини: Ќе раскинеме 5-7 договори дадени во минатото за Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Прогласувањето на планината Шара за национален парк веќе ја ограничува Владата во давањето концесии за малите хидроцентрали. Во емисијата „10 минути“ на ТВ21, министерот за животна средина Насер Нуредини се пофали дека откако е на чело на овој ресор не дал никаков предлог до Владата за изградба на ниту една мала хидроцентрала во земјава.
„Доколку нема штета во животната средина, ќе ги видиме условите, може да се инвестира, но во исто време ние како министерство се задолживме да раскинеме 5 до 7 договори кои беа дадени во минатото во Шар Планина“, рече Нуредини, појаснувајќи дека станува збор за концесии кои се уште биле само на хартија и не почнале да се градат.
За веќе изградените хидроцентрали на Шар Планина, сега Национален парк, Нуредини рече дека имаат концесии до 20 години, додека дел од концесиите се доделени и во 2019 година. По 20 години, нивната сопственост ќе ја преземе државата, која одлучува дали ќе продолжи да ги држи во функција или ќе ги стопира, рече министерот. Запрашан дали имало обид за влианије од некого за да не се поништат овие договори, Нуредини рече дека никој не му се мешал во работата и одлуките како министер за животна средина.