шанса за центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shansa-za-centar/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 17:05:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шанса за центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shansa-za-centar/ 32 32 „Шанса за Центар“ до Левица: Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-tsentar-do-levitsa-sega-vi-tekna-na-treska-koga-znaete-deka-site-pravni-mehanizmi-se-istsrpeni/ Mon, 30 Oct 2023 17:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=696417

Од иницијативата „Шанса за Центар“ се обраќаат со прашања до партијата Левица.

Прашуваат зошто дури сега им текнува за урбицидот кај Треска и зошто досега молчеле. Од Шанса за Центар прашуваат дали по битка глумат јунаци.

Каде бевте кога ни требаше поддршка во Совет на Општина Центар да му се спротивставиме на градоначалникот кога велеше дека тоа е приватен имот и секој може да прави што сака на приватен имот. Дека приватниот интерес е над јавниот! Тогаш него го поддржавте! Каде бевте кога Шанса за Центар поднесуваше иницијатива до Уставен суд за оценка на уставноста на ГУП за Буњаковец (во кој спаѓа и Треска)? Чекавте судот да застане зад градежниците, па потоа да реагирате! Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени и веќе нема ни теоретски шанси нешто да се смени? Продавате само гол ПР и популизам. Само глумите лудило, а секогаш сте таму да му го дадете гласот на СДСМ во Општина Центар кога треба да се помине одлука и да се „брцне во медот”!“, наведуваат од „Шанса за Центар“ во својата објава.

Од Иницијативата порачуваат дека оној кој има дилема, треба да ја изгледа видеоснимката од било која седница на Советоит или продолжението на 27-та седница каде што се аминува продажбата на земјиште во Буњаковец и Треска.

Инаку, од Левица велат дека документи до кои дошле преку средби со стечајците од поранешната фабрика „Треска“, покажуваат дека во 2018 и 2019 година е направен најголемиот криминал во Општина Центар со денационализацијата на земјиштето на „Треска“.

The post „Шанса за Центар“ до Левица: Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени appeared first on Република.

]]>

Од иницијативата „Шанса за Центар“ се обраќаат со прашања до партијата Левица. Прашуваат зошто дури сега им текнува за урбицидот кај Треска и зошто досега молчеле. Од Шанса за Центар прашуваат дали по битка глумат јунаци.
Каде бевте кога ни требаше поддршка во Совет на Општина Центар да му се спротивставиме на градоначалникот кога велеше дека тоа е приватен имот и секој може да прави што сака на приватен имот. Дека приватниот интерес е над јавниот! Тогаш него го поддржавте! Каде бевте кога Шанса за Центар поднесуваше иницијатива до Уставен суд за оценка на уставноста на ГУП за Буњаковец (во кој спаѓа и Треска)? Чекавте судот да застане зад градежниците, па потоа да реагирате! Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени и веќе нема ни теоретски шанси нешто да се смени? Продавате само гол ПР и популизам. Само глумите лудило, а секогаш сте таму да му го дадете гласот на СДСМ во Општина Центар кога треба да се помине одлука и да се „брцне во медот”!“, наведуваат од „Шанса за Центар“ во својата објава.
Од Иницијативата порачуваат дека оној кој има дилема, треба да ја изгледа видеоснимката од било која седница на Советоит или продолжението на 27-та седница каде што се аминува продажбата на земјиште во Буњаковец и Треска.
Инаку, од Левица велат дека документи до кои дошле преку средби со стечајците од поранешната фабрика „Треска“, покажуваат дека во 2018 и 2019 година е направен најголемиот криминал во Општина Центар со денационализацијата на земјиштето на „Треска“.

The post „Шанса за Центар“ до Левица: Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени appeared first on Република.

]]>
Шанса за Центар мапира речиси 700 јавни објекти кои се греат на нафта и мазут, повеќе од 100 се во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-tsentar-mapira-rechisi-700-javni-objekti-koi-se-great-na-nafta-i-mazut-poveke-od-100-se-vo-skopje/ Wed, 25 Oct 2023 10:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=694849

Иницијативата која има три советници во Советот на Центар, Шанса за Центар, информира дека мапирала јавни објекти загадувачи низ цела Македонија.

Нов Буџет, нова зима, ново загадување, нова шанса: Ако не сакаме да дишеме воздух кој светските медиуми го опишуваат дека „мириса на изгорена пластика“, сега е шансата да се направи промена!, велат од Шанса за Центар.

Од таму посочуваат дека се подготвува новиот државен буџет за 2024 година, што е можност граѓаните да се обратат до пратениците од секоја изборна единица и заедно да се притиска за повеќе пари за борба против загадувањето на воздухот.

И општинските буџети се во подготовка, па нивното вклучување во борбата против загадувањето мора да е насочена кон веќе детектираните локални проблеми со воздухот од загревањето на општински објекти, стои во соопштението.

Иницијативата е децидна – во 2023 година не се направи промена на начинот на греење кај огромен број на јавни објекти кои се греат на нафта и мазут за да се намали загадувањето на воздухот во зима. Па, нагласуваат дека тие ќе продолжат да загадуваат и оваа зима и повторно ќе бидеме меѓу трите најзагадени земји во Европа.

Шанса за Центар само во Скопје мапираше над 100 јавни објекти – болници, градинки, училишта, касарни, судови… и други установи кои користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење. По скопското мапирање, продолживме со обележување на такви објекти низ цела Македонија. Најдовме близу 700 такви објекти!“, потенцираат од Шанса за Центар.

Според нив, нема град кој во своето урбано јадро нема еден куп јавни објекти кои го загадуваат воздухот.

Скопје води, но во незавидна положба се и граѓаните во Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар… речиси никој не е поштеден. За загревање на овие објекти и оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут. Тие и ќе ги дишеме! За нивното загревање за една сезона граѓаните преку Буџетот на државата и на општините ќе платат над 20 милиони евра“, забележуваат од иницијативата.

Оттука, повикуваат да се притиснат пратениците во Собранието и советниците да се заложат за мерки во Буџетот за 2024-та во нивните изборни единици, за да се даде шанса на сите општини да станат почисти.

The post Шанса за Центар мапира речиси 700 јавни објекти кои се греат на нафта и мазут, повеќе од 100 се во Скопје appeared first on Република.

Општина Центар издаде нова дозвола за градење спроти Холидеј Ин https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-tsentar-izdade-nova-dozvola-za-gradene-sproti-holidej-in/ Tue, 02 May 2023 11:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=636036

Побрзо ќе се изградат трите големи згради кај „Холидеј Ин“ отколку што обвинителството ќе одговори на пријавата од Аникорупциската комисија за деталниот урбанистички план, велат од Шанса за Центар откако во дневните весници се појави ново известување од Општина Центар дека е издадена нова градежна дозвола за локација.

– Тоа значи дека Обвинителството цели две години не успеало да одговори на претставката на Државната комисија за борба против корупцијата со која се бараше истрага за тоа како се носел овој урбанистички план за кој Шанса за Центар многупати укажуваше дека е незаконски – коментираат од Шанса за Центар.

Оттаму нагласуваат дека градоначалникот, „кој за жал има лесна рака за потпишување на градежни дозволи, повторно покажа дека не му е важна законитоста на целиот процес туку што побрзо да ги задоволи интересите на инвеститорите! Ќе остане запаметен дека не се ни обиде да направи било каков чекор за промена иако над 10.000 луѓе потпишаа онлајн петиција за запирање на планот“.

– Сето ова е сосема очекувано, ако се има предвид дека иако обвинителството уште се нема произнесено, самиот премиер присуствуваше на поставувањето на камен темелникот за втората зграда – потенцираат од Шанса за Центар.

The post Општина Центар издаде нова дозвола за градење спроти Холидеј Ин appeared first on Република.

„Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-tsentar-predupreduva-za-haosot-koj-ke-nastane-okolu-treska-od-opshtinata-velat-deka-samo-krevaat-panika/ Wed, 19 Apr 2023 13:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=632149

Со издавањето на првото одобрение за купување државно земјиште во поранешната фабрика „Треска“ заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради, ќе се создаде уште едно „тесно грло“ во Општина Центра и уште една локација која ќе произведува хаос наместо да биде локација која ќе го збогати целиот Буњаковец, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Јана Белчева-Андреевска од „Шанса за Центар“ денеска на прес-конференција рече дека се за урбанизација на овој простор, но не и за бетонизација, посочувајќи дека има целосно игнорирање на конкурсот и на идејните решенија.

Деновие се објави веста дека се почнува со продажба на државно земјиште на локалитетот на поранешната фабрика „Треска“. Таму каде што имаше 47 проценти државно земјиште, кое можеше да се искористи за сосема други намени. Ние за овој план од 2012 година слушавме многу политички ветувања уште во 2017 година - како плановите од 2012 се незаконски, како ќе бидат променети, како ќе се слуша гласот на граѓаните... Но, еве со овие последни чекори на распродажба се отвора можноста за издавање на дозволи за градба на локацијата на фабриката „Треска“ и се распрснува уште едно предизборно ветување на СДСМ, рече Белчева-Андреевска.

Таа потсети дека во 2020 година Советот на Општината донесе заклучок за урбанистичко решавање на просторот на локацијата на „Треска“ со конкурс. Тој конкурс беше реализиран со пари на граѓаните, а одлука е донесена на Советот.

Во 2021 година, како што потсети, беше подготвен стручен елаборат за суспензија, во кој од стручни лица од Општината потпишани на елаборатот, стои кои се сите прекршувања на Деталниот урбанистички план, во однос на параметрите од Генералниот урбанистички план, на подзаконските акти, како и на други регулативи, особено на нарушување на јавниот интерес и искористување на државното земјиште и претворање во градежно.

И она што е најважно е дека во предизборната кампања во 2021 година, градоначалникот Горан Герасимовски изјави „балансот во Деталниот урбанистички планови е целосно нарушен, а јавниот интерес, целосно се игнорира за сметка на приватни интереси на градежни фирми и поединци со влијание. Граѓаните немаат доверба во процедурите и општината која во континуитет не ги заштитува нивниот интерес, а граѓаните не можат да променат ништо. Ние целосно ќе ја смениме концепцијата на урбанистичко планирање“. По само една година од владеењето во Општината, резултатите се дека градоначалникот Герасимовски се става над прописите и одлуките и со тоа го делигитимира Советот на Општината и одлуките кои го донел Советот, тврди Белчева-Андреевска.

Според неа, Герасимовски го игнорира конкурсот и вклопување на конкурсот на надграденото решение во новото урбанистичко решение за делот на локалитетот на фабриката „Треска“.

Градоначалникот треба да е свесен дека ќе остане запаметен како човек кој го продава државното земјиште во „Треска“ и како човек што си ги поништи и своите зборови, но уште повеќе, го згази јавниот интерес и сите заложби на луѓето кои се потпишуваат на петиции за креирање на конкурс за „Треска“ и кои се заложија ова да биде поинаку решено, вели Белчева-Андреевска.

Јане Димески од „Шанса за Центар“ на прес-конференцијата потсети на изјавата на градоначалникот Герасимовски, во која тој за конкурсот за „Треска“, најавувал дека Општината целосно ќе го почитува овој процес и отворено ќе комуницира со јавноста за секој чекор.

Но, ова што се случува една година подоцна, како што вели, е целосно спротивно од ветувањето на градоначалникот.

Имаме целосно игнорирање на конкурсот, на идејните решенија и на занемарување на целиот процес, иако за него има одлука донесена од самиот Совет, а новиот Совет нема донесено спротивна одлука со која што ја поништува таа одлука. Од тука, заложбите на градоначалникот дека ќе се заложува за хуманизација на просторот, паѓа во вода, затоа што „Треска“ е локација која совршено ги нудеше условите да се докаже токму тоа, посочи Димески.

Како што додаде тој, со тоа што градоначалникот го отфрла целиот конкурс, идејните решенија и целиот процес што се одвивал во Општината се до неговото доаѓање на чело на Центар, овозможува спроведување на планови кои што од самата Општина се утврдени како лоши и го пробиваат Генералниот план.

На пример, во некои параметри, според она што би се спроведувало сега - плановите покажуваат дека ако во Генералниот урбанистички план процентот на изграденост во Буњаковец се предвидува да биде 22 проценти, со овие планови тој ќе биде 61 процент. Ако ГУП-от предвидува на целото подрачје на Буњаковец да живеат 12.500 жители, со спроведувањето на овие планови, би живееле над 33 илјади жители. Ако просечниот број на семејството се планирал да биде максимум 3.400, сега се овозможува над 9.300, според плановите кои тој тврди дека се важечки. Со ова ќе ни се создаде уште едно тесно грло во Општината, уште една локација која ќе произведува хаос, додаде Димески.

По денешната прес-конференција од Општина Центар реагираа велејчи дека советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева изнеле низа на лаги и манипулации за просторот кај поранешна „Треска“, кои најостро ги отфрлаат:

Прво, „Шанса за Центар“ манипулира постојано со површината на државното земјиште. На површина од 41.000 м2, 47% е државно земјиште, од кое само околу 10% е предмет на дооформување и таа постапка за дооформување на градежни парцели е законска обврска на општината. Останатите 37% се наоѓаат под површини планирани за јавна намена, како улици, тротоари, пешачки патеки, блоковско зеленило и не се предмет на отуѓување по ниеден основ. Општината ниту распродава, ниту отуѓува. Напротив, градоначалникот Герасимовски се заложи да на просторот биде донирана и изградена градинка и парк, а блоковското зеленило да биде над задолжителните 20% на парцелите. Не само што нема бетонизација, туку се обезбедува парк и повеќе зеленило како и јавни површини.

Понатаму, новото раководство на Општина Центар преку Град Скопје поведе постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Носењето на овој план значително би ја олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Градоначалникот Герасимовски ги повика и сите останати надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување.

Сѐ до носењето на ваквиот регулациски план, општината ниту може законски, ниту пак има надлежност да стопира правни постапки на сопствениците. За тоа кривично се одговара! Ја прашуваме Белчева дали општината треба да го прекрши законот или некој кривично да одговара за институционално блокирање на граѓаните во реализација на нивните права? Дали таа и „Шанса за Центар“ ќе ги плаќаат пеналите за евентуалното непостапување? Дали предлага да се повтори нова бесправна постапка како со мораториумот кој го иницираше токму Белчева, свесна дека е незаконски и невозможен?

Второ, „Шанса за Центар“ повторно се зафатија со бранење на конкурсот кој го распиша Јана Белчева, која претседаваше со Советот на општината и која сама знае дека во реалноста не може да се реализира. Нема ниедна законска можност, ниту пак тој конкурс е спроведен согласно закон, за истиот на било кој начин да се користи. На истиот начин, спротивно на законот, беше спроведен мораториумот кој подоцна беше поништен а од кој штета трпеа само граѓаните. „Шанса за Центар“, чии членови во континуитет изминатите 5 и пол години се дел од власта во општината, не направи ништо за урбанизмот, не донесе ниту еден значаен ДУП, ниту пак на било кој начин ја подобри состојбата на граѓаните.

За крај, симптоматично е што „Шанса за Центар“ ништо не кажа, ниту даде поддршка за една од најдобрите иницијативи на општината, а тоа е иницијативата за измена во Законот за бесправно градење. Запрепастува фактот дека Белчева и оние кои ги изградија своите политички кариеири на тема урбанизам, не дадоа никаква поддршка за оваа иницијатива на градоначалникот Герасимовски, но се тука да шират дезинформации. Немаат понудено ниедно конкретно решение досега на тема урбанизам и повеќе од јасно е дека нивното политичко делување е само од политички побуди и празна дискредитација.

Граѓаните на Центар да бидат спокојни, градоначалникот Герасимовски до крај ќе го почитува законот за градење и секоја педа државно земјиште ќе биде заштитено и наменето за граѓаните законите за градба целосно ќе се почитуваат.

The post „Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника appeared first on Република.

]]>

Со издавањето на првото одобрение за купување државно земјиште во поранешната фабрика „Треска“ заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради, ќе се создаде уште едно „тесно грло“ во Општина Центра и уште една локација која ќе произведува хаос наместо да биде локација која ќе го збогати целиот Буњаковец, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Јана Белчева-Андреевска од „Шанса за Центар“ денеска на прес-конференција рече дека се за урбанизација на овој простор, но не и за бетонизација, посочувајќи дека има целосно игнорирање на конкурсот и на идејните решенија.
Деновие се објави веста дека се почнува со продажба на државно земјиште на локалитетот на поранешната фабрика „Треска“. Таму каде што имаше 47 проценти државно земјиште, кое можеше да се искористи за сосема други намени. Ние за овој план од 2012 година слушавме многу политички ветувања уште во 2017 година - како плановите од 2012 се незаконски, како ќе бидат променети, како ќе се слуша гласот на граѓаните... Но, еве со овие последни чекори на распродажба се отвора можноста за издавање на дозволи за градба на локацијата на фабриката „Треска“ и се распрснува уште едно предизборно ветување на СДСМ, рече Белчева-Андреевска.
Таа потсети дека во 2020 година Советот на Општината донесе заклучок за урбанистичко решавање на просторот на локацијата на „Треска“ со конкурс. Тој конкурс беше реализиран со пари на граѓаните, а одлука е донесена на Советот. Во 2021 година, како што потсети, беше подготвен стручен елаборат за суспензија, во кој од стручни лица од Општината потпишани на елаборатот, стои кои се сите прекршувања на Деталниот урбанистички план, во однос на параметрите од Генералниот урбанистички план, на подзаконските акти, како и на други регулативи, особено на нарушување на јавниот интерес и искористување на државното земјиште и претворање во градежно.
И она што е најважно е дека во предизборната кампања во 2021 година, градоначалникот Горан Герасимовски изјави „балансот во Деталниот урбанистички планови е целосно нарушен, а јавниот интерес, целосно се игнорира за сметка на приватни интереси на градежни фирми и поединци со влијание. Граѓаните немаат доверба во процедурите и општината која во континуитет не ги заштитува нивниот интерес, а граѓаните не можат да променат ништо. Ние целосно ќе ја смениме концепцијата на урбанистичко планирање“. По само една година од владеењето во Општината, резултатите се дека градоначалникот Герасимовски се става над прописите и одлуките и со тоа го делигитимира Советот на Општината и одлуките кои го донел Советот, тврди Белчева-Андреевска.
Според неа, Герасимовски го игнорира конкурсот и вклопување на конкурсот на надграденото решение во новото урбанистичко решение за делот на локалитетот на фабриката „Треска“.
Градоначалникот треба да е свесен дека ќе остане запаметен како човек кој го продава државното земјиште во „Треска“ и како човек што си ги поништи и своите зборови, но уште повеќе, го згази јавниот интерес и сите заложби на луѓето кои се потпишуваат на петиции за креирање на конкурс за „Треска“ и кои се заложија ова да биде поинаку решено, вели Белчева-Андреевска.
Јане Димески од „Шанса за Центар“ на прес-конференцијата потсети на изјавата на градоначалникот Герасимовски, во која тој за конкурсот за „Треска“, најавувал дека Општината целосно ќе го почитува овој процес и отворено ќе комуницира со јавноста за секој чекор. Но, ова што се случува една година подоцна, како што вели, е целосно спротивно од ветувањето на градоначалникот.
Имаме целосно игнорирање на конкурсот, на идејните решенија и на занемарување на целиот процес, иако за него има одлука донесена од самиот Совет, а новиот Совет нема донесено спротивна одлука со која што ја поништува таа одлука. Од тука, заложбите на градоначалникот дека ќе се заложува за хуманизација на просторот, паѓа во вода, затоа што „Треска“ е локација која совршено ги нудеше условите да се докаже токму тоа, посочи Димески.
Како што додаде тој, со тоа што градоначалникот го отфрла целиот конкурс, идејните решенија и целиот процес што се одвивал во Општината се до неговото доаѓање на чело на Центар, овозможува спроведување на планови кои што од самата Општина се утврдени како лоши и го пробиваат Генералниот план.
На пример, во некои параметри, според она што би се спроведувало сега - плановите покажуваат дека ако во Генералниот урбанистички план процентот на изграденост во Буњаковец се предвидува да биде 22 проценти, со овие планови тој ќе биде 61 процент. Ако ГУП-от предвидува на целото подрачје на Буњаковец да живеат 12.500 жители, со спроведувањето на овие планови, би живееле над 33 илјади жители. Ако просечниот број на семејството се планирал да биде максимум 3.400, сега се овозможува над 9.300, според плановите кои тој тврди дека се важечки. Со ова ќе ни се создаде уште едно тесно грло во Општината, уште една локација која ќе произведува хаос, додаде Димески.
По денешната прес-конференција од Општина Центар реагираа велејчи дека советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева изнеле низа на лаги и манипулации за просторот кај поранешна „Треска“, кои најостро ги отфрлаат: Прво, „Шанса за Центар“ манипулира постојано со површината на државното земјиште. На површина од 41.000 м2, 47% е државно земјиште, од кое само околу 10% е предмет на дооформување и таа постапка за дооформување на градежни парцели е законска обврска на општината. Останатите 37% се наоѓаат под површини планирани за јавна намена, како улици, тротоари, пешачки патеки, блоковско зеленило и не се предмет на отуѓување по ниеден основ. Општината ниту распродава, ниту отуѓува. Напротив, градоначалникот Герасимовски се заложи да на просторот биде донирана и изградена градинка и парк, а блоковското зеленило да биде над задолжителните 20% на парцелите. Не само што нема бетонизација, туку се обезбедува парк и повеќе зеленило како и јавни површини. Понатаму, новото раководство на Општина Центар преку Град Скопје поведе постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Носењето на овој план значително би ја олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Градоначалникот Герасимовски ги повика и сите останати надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување. Сѐ до носењето на ваквиот регулациски план, општината ниту може законски, ниту пак има надлежност да стопира правни постапки на сопствениците. За тоа кривично се одговара! Ја прашуваме Белчева дали општината треба да го прекрши законот или некој кривично да одговара за институционално блокирање на граѓаните во реализација на нивните права? Дали таа и „Шанса за Центар“ ќе ги плаќаат пеналите за евентуалното непостапување? Дали предлага да се повтори нова бесправна постапка како со мораториумот кој го иницираше токму Белчева, свесна дека е незаконски и невозможен? Второ, „Шанса за Центар“ повторно се зафатија со бранење на конкурсот кој го распиша Јана Белчева, која претседаваше со Советот на општината и која сама знае дека во реалноста не може да се реализира. Нема ниедна законска можност, ниту пак тој конкурс е спроведен согласно закон, за истиот на било кој начин да се користи. На истиот начин, спротивно на законот, беше спроведен мораториумот кој подоцна беше поништен а од кој штета трпеа само граѓаните. „Шанса за Центар“, чии членови во континуитет изминатите 5 и пол години се дел од власта во општината, не направи ништо за урбанизмот, не донесе ниту еден значаен ДУП, ниту пак на било кој начин ја подобри состојбата на граѓаните. За крај, симптоматично е што „Шанса за Центар“ ништо не кажа, ниту даде поддршка за една од најдобрите иницијативи на општината, а тоа е иницијативата за измена во Законот за бесправно градење. Запрепастува фактот дека Белчева и оние кои ги изградија своите политички кариеири на тема урбанизам, не дадоа никаква поддршка за оваа иницијатива на градоначалникот Герасимовски, но се тука да шират дезинформации. Немаат понудено ниедно конкретно решение досега на тема урбанизам и повеќе од јасно е дека нивното политичко делување е само од политички побуди и празна дискредитација. Граѓаните на Центар да бидат спокојни, градоначалникот Герасимовски до крај ќе го почитува законот за градење и секоја педа државно земјиште ќе биде заштитено и наменето за граѓаните законите за градба целосно ќе се почитуваат.

The post „Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника appeared first on Република.

]]>
Уште една зграда ќе никне спроти „Холидеј Ин“, Општина Центар издаде дозвола за градба https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ushte-edna-zgrada-kje-nikne-sproti-holidej-in-opshtina-centar-izdade-dozvola-za-gradba/ Thu, 06 Oct 2022 10:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=557948

Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издадоа дозвола за градење на втора зграда на парцелата која порано беше државно земјиште, спроти „Холидеј Ин“.

Известувањето е објавено во дневните весници.

Од Шанса за центар велат:

„И повторно ќе речат ‘сѐ е по закон’ или ‘моравме бидејќи беше доставено барање за градба’, иако целиот урбанистички план по кој се издаваат дозволите и по кој веќе се гради е очигледно НЕЗАКОНСКИ.

Планот во сите параметри го прекршува Генералниот урбанистички план на Скопје, а тоа според Законот за урбанистичко планирање е НЕЗАКОНСКИ и таков план НЕ СМЕЕ ДА СЕ СПРОВЕДУВА.

Но, Градоначалникот и Општината остануваат глуви на овие факти!

Без разлика што општината со издавањето на дозволите оди и самата против себе, против сопствените наоди за тоа колку е лош овој план. Овие наоди се прецизно наведени во стручниот елаборат за суспензија изработен од Општина Центар со кој општината бараше да биде суспендиран овој план и да се изработи нов. Но елаборатот беше одбиен од Министерството за транспорт и врски со образложение дека не може да се суспендира целиот план.

The post Уште една зграда ќе никне спроти „Холидеј Ин“, Општина Центар издаде дозвола за градба appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издадоа дозвола за градење на втора зграда на парцелата која порано беше државно земјиште, спроти „Холидеј Ин“. Известувањето е објавено во дневните весници. Од Шанса за центар велат:
„И повторно ќе речат ‘сѐ е по закон’ или ‘моравме бидејќи беше доставено барање за градба’, иако целиот урбанистички план по кој се издаваат дозволите и по кој веќе се гради е очигледно НЕЗАКОНСКИ. Планот во сите параметри го прекршува Генералниот урбанистички план на Скопје, а тоа според Законот за урбанистичко планирање е НЕЗАКОНСКИ и таков план НЕ СМЕЕ ДА СЕ СПРОВЕДУВА. Но, Градоначалникот и Општината остануваат глуви на овие факти! Без разлика што општината со издавањето на дозволите оди и самата против себе, против сопствените наоди за тоа колку е лош овој план. Овие наоди се прецизно наведени во стручниот елаборат за суспензија изработен од Општина Центар со кој општината бараше да биде суспендиран овој план и да се изработи нов. Но елаборатот беше одбиен од Министерството за транспорт и врски со образложение дека не може да се суспендира целиот план.

The post Уште една зграда ќе никне спроти „Холидеј Ин“, Општина Центар издаде дозвола за градба appeared first on Република.

]]>
Шанса за Центар: Сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори и да ги скрие од јавноста наградените конкурсни решенија за „Треска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-centar-segashnata-opshtinska-vlast-so-site-sili-saka-da-gi-ospori-i-da-gi-skrie-od-javnosta-nagradenite-konkursni-reshenija-za-treska/ Thu, 25 Aug 2022 14:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=544066

-Да имавме вчера прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар на која ќе објавеше започнување на реализација на квалитетно решение за „Треска“, добиено со Урбанистичко-архитектонскиот конкурс ќе бевме задоволни како напредуваат работите. Иако овој локалитет нуди извонредни услови за нови содржините кои ќе му донесат специфичен квалитет на неговите идни корисници, но и на општината Центар, денеска шансите потенцијалот да биде искористен се сѐ помали сметаат од Шанса за Центар и додаваат дека впечатокот од вчерашната прес-конференција е дека наместо квалитетно планирање на просторот се добива помирување и нормализирање на урбицидот.

Помирување со планирањето на градот од страна на инвеститорите, а не на урбанистичките стручњаци. Помирување со спроведување на урбанистички планови кои се незаконски. Помирување со наследството од „лошите планови на ВМРО-ДПМНЕ“ против кои се протестираше. Нормализација на принципот дека јавниот интерес во планирањето на градот е работа на некој друг, а не на институциите. Нормализација на ставот дека местото на зеленилото е на планините, но не и во градовите. Помирување дека треба да живееме во натрупан град без доволно простор за движење и минимум квалитет на живот. Нормализација и предавство на правната држава, со принципот „важно се гради“ – потенцираат од Шанса за Центар.

Тие додаваат дека идејата за изработка на Урбанистичко-архитектонски конкурс беше да се врати вистинското значење и вредноста на струката планирање и проектирање, онака како што е секаде во светот, а било пракса и кај нас.

-Конкурсот отвори можност за урбанистичкото планирање со покреативни, компетитивни решенија и размислување преку проекти, а не сурово шпекулантско – инвеститорско планирање и градење. За конкурсот се издвоија средства од општинскиот буџет, се направија стручни комисии за избор и се наградија трудови. Но, сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори, па дури и да ги скрие од јавноста овие наградени конкурсни решенија кои требаше да бидат основа за нов ДУП за Треска – реагираат од Шанса за Центар, потенцирајќи дека измина речиси една година како актуелниот градоначалник одбива да организира јавна презентација на проектите добиени од конкурсот кои тој ги оквалификува како „неспроведливи“, иако зад нив стои стручна комисија.

-За жал, повторно шпекулантско – инвесторскиот урбанизам победува, а Скопје ја губи можноста за нови и современи решенија во просторот, за зачувување на зеленилото кое веќе постои и простор наменет за граѓаните, а не само профит за инвесторите. Додека се развлекуваат постапките за изработка на нов план, наместо да се разработи најдоброто оценето решение од конкурсот, инвеститорите испраќаат барања за откуп на делови од државното земјиште во „Треска“ за дооформување на парцелите според урбанистички план кој е нелегален. Потоа врз основа на сопственоста врз земјиштето тие ќе бараат да им се овозможи градење во обем кој ќе биде најмалку еднаков како оној од урбанистичкиот план со предвидените згради „наполитанки“. Тоа впрочем им го овозможува и последната измена на Правилникот за урбанистичко планирање која нетранспарентно во мај годинава ја донесе министерот за транспорт и врски. Правилник кој им донесе мирен сон на инвеститорите – велат од Шанса за Центар наведувајќи дека системското уништување само продолжува со ваквите одлуки и изјави на сегашниот градоначалник кој вели дека моменталниот план е важечки, занемарувајќи ги сите претодни активности и конкурсот за ново планирање на фабриката „Треска“.

Од Шанса за Центар напоменуваат дека јавноста, пак, сѐ уште не доби информации за причините за пожарот, а Обвинителството и системот затаија.

Европските вредности за владеење на правото се сѐ подалеку во локалните случувања. Демократските принципи за вклученост на граѓаните во креирање на решенија за квалитетна градска средина речиси не постојат, а со тоа и довербата во системот – заклучуваат од Шанса за Центар.

The post Шанса за Центар: Сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори и да ги скрие од јавноста наградените конкурсни решенија за „Треска“ appeared first on Република.

]]>

-Да имавме вчера прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар на која ќе објавеше започнување на реализација на квалитетно решение за „Треска“, добиено со Урбанистичко-архитектонскиот конкурс ќе бевме задоволни како напредуваат работите. Иако овој локалитет нуди извонредни услови за нови содржините кои ќе му донесат специфичен квалитет на неговите идни корисници, но и на општината Центар, денеска шансите потенцијалот да биде искористен се сѐ помали сметаат од Шанса за Центар и додаваат дека впечатокот од вчерашната прес-конференција е дека наместо квалитетно планирање на просторот се добива помирување и нормализирање на урбицидот.
Помирување со планирањето на градот од страна на инвеститорите, а не на урбанистичките стручњаци. Помирување со спроведување на урбанистички планови кои се незаконски. Помирување со наследството од „лошите планови на ВМРО-ДПМНЕ“ против кои се протестираше. Нормализација на принципот дека јавниот интерес во планирањето на градот е работа на некој друг, а не на институциите. Нормализација на ставот дека местото на зеленилото е на планините, но не и во градовите. Помирување дека треба да живееме во натрупан град без доволно простор за движење и минимум квалитет на живот. Нормализација и предавство на правната држава, со принципот „важно се гради“ – потенцираат од Шанса за Центар.
Тие додаваат дека идејата за изработка на Урбанистичко-архитектонски конкурс беше да се врати вистинското значење и вредноста на струката планирање и проектирање, онака како што е секаде во светот, а било пракса и кај нас.
-Конкурсот отвори можност за урбанистичкото планирање со покреативни, компетитивни решенија и размислување преку проекти, а не сурово шпекулантско – инвеститорско планирање и градење. За конкурсот се издвоија средства од општинскиот буџет, се направија стручни комисии за избор и се наградија трудови. Но, сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори, па дури и да ги скрие од јавноста овие наградени конкурсни решенија кои требаше да бидат основа за нов ДУП за Треска – реагираат од Шанса за Центар, потенцирајќи дека измина речиси една година како актуелниот градоначалник одбива да организира јавна презентација на проектите добиени од конкурсот кои тој ги оквалификува како „неспроведливи“, иако зад нив стои стручна комисија.
-За жал, повторно шпекулантско – инвесторскиот урбанизам победува, а Скопје ја губи можноста за нови и современи решенија во просторот, за зачувување на зеленилото кое веќе постои и простор наменет за граѓаните, а не само профит за инвесторите. Додека се развлекуваат постапките за изработка на нов план, наместо да се разработи најдоброто оценето решение од конкурсот, инвеститорите испраќаат барања за откуп на делови од државното земјиште во „Треска“ за дооформување на парцелите според урбанистички план кој е нелегален. Потоа врз основа на сопственоста врз земјиштето тие ќе бараат да им се овозможи градење во обем кој ќе биде најмалку еднаков како оној од урбанистичкиот план со предвидените згради „наполитанки“. Тоа впрочем им го овозможува и последната измена на Правилникот за урбанистичко планирање која нетранспарентно во мај годинава ја донесе министерот за транспорт и врски. Правилник кој им донесе мирен сон на инвеститорите – велат од Шанса за Центар наведувајќи дека системското уништување само продолжува со ваквите одлуки и изјави на сегашниот градоначалник кој вели дека моменталниот план е важечки, занемарувајќи ги сите претодни активности и конкурсот за ново планирање на фабриката „Треска“. Од Шанса за Центар напоменуваат дека јавноста, пак, сѐ уште не доби информации за причините за пожарот, а Обвинителството и системот затаија.
Европските вредности за владеење на правото се сѐ подалеку во локалните случувања. Демократските принципи за вклученост на граѓаните во креирање на решенија за квалитетна градска средина речиси не постојат, а со тоа и довербата во системот – заклучуваат од Шанса за Центар.
 
The post Шанса за Центар: Сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори и да ги скрие од јавноста наградените конкурсни решенија за „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Шанса за Центар: Градот ќе стане жежок топлотен остров, а улиците реки ако се покрие целосно со асфалт https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-centar-gradot-kje-stane-zezok-toploten-ostrov-a-ulicite-reki-ako-se-pokrie-celosno-so-asfalt/ Mon, 01 Aug 2022 17:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=535853

Градот не може и не смее да се покрие целосно со асфалт, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ откако градоначалничката Данела Арсовска по Градскиот парк викендов асфалтираше патека и на кејот на реката Вардар. Од „Шанса за Центар“ велат ако се продолжи со покривање на целиот град со асфалт и бетон, Скопје ќе стане голем жежок топлотен остров во кој условите за живот ќе бидат уште полоши од сегашните.

„Сите анализи кои ги направи самиот Град Скопје во соработка со меѓународни организации во рамки на проектот ‘Отпорно Скопје‘ укажуваат дека досегашната прекумерна и непланска замена на природните и зелените површини со бетон и асфалт создаде локации во градот на кои температурата достигнува и до над 60 целзиусови степени во лето. Дополнително, научно е докажано дека овие материјали не пропуштаат вода со што се намалува пропусноста на почвата, се намалуваат подземните води, а градските улици се претвораат во површини на кои водата се собира и тече како по корита на реки со што се зголемува опасноста од поплавување“, велат од „Шанса за Центар“.

Затоа од граѓанската иницијатива сметаат дека е недозволиво од страна на Градот да се асфалтираат пешачки патеки во Градски парк, ниту да се става асфалт на површини покрај реката Вардар кои и досега беа уредени со камен и калдрма што пак овозможува водата да не се задржува на патеката туку да се впива во земјата. Покривањето на патеките во паркот со тартан ги прави овие површини уште понепропустливи.

„Уништувањето на парковите е спротивно на зелената агенда на Европската Унија и климатските цели на Обединетите нации и спротивно на сите стручни проекции за тоа како треба да се подготвиме за нашите градови да бидат поотпорни на претстојните климатски промени“, додаваат од „Шанса за Центар“.

За асфалтирањето на паркот реагираа и граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ и МАРХ и побараа Арсовска да престане со активностите за бетонирањето на Градски парк.

The post Шанса за Центар: Градот ќе стане жежок топлотен остров, а улиците реки ако се покрие целосно со асфалт appeared first on Република.

Никаде во светот, освен кај нас, нема примери каде децата и количките со бебиња одат по улица за да џиповите се паркираат слободно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nikade-vo-svetot-osven-kaj-nas-nema-primeri-kade-decata-i-kolichkite-so-bebinja-odat-po-ulica-za-da-dzipovite-se-parkiraat-slobodno/ Tue, 21 Jun 2022 16:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=518179

Никаде во светот, освен кај нас, нема примери каде децата и количките со бебиња одат по улица за да џиповите се паркираат слободно на тротоари, а угостителите со лента си го затвораат просторот, реагираат советниците од Шанса за Центар во претставката испратена до Општината

Итно отстранување на нелегалните тераси на угостителските објекти во Дебар Маало, веднаш да почне да се почитува и спроведува Програмата за урбана опрема и да се активира партиципативното тело за урбанизам и директно засегнатите граѓани во изработката на новата програма.

Ова се барањата на тројцата советници од Шанса за Центар кои ги поднесоа до општинските власти, барајќи конкретни одговори за мерките што се преземаат и службите кои постапуваат по овие прашања.

Во претставката тие наведуваат дека се обраќаат поради небезбедноста и ограниченоста во движењето на најранливите граѓани кои се движат без моторни возило низ Дебар Маало.

„Диво зафатениот јавен простор со поставување маси и столици, или заградени со ленти или објекти дивоградби, до ден денес опстануваат и се толерираат од страна на општината без јасна причина и образложение, наместо да бидат срушени во најкус можен рок. Никаде во светот, освен кај нас, нема примери каде децата и количките со бебиња одат по улица за да џиповите се паркираат слободно на тротоари, а угостителите со лента си го затвораат просторот. Угостителите директно ги прекршуваат одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата, и тоа член 4, член 17 и член 63“,

пишуваат во претставката советниците од Шанса за Центар: Јана Белчева Андреевска, Дивна Пенчиќ и Јане Димески.

Тие наведуваат дека ова се прашања кои директно ги засега жителите во овој дел од Центар, како и дека квалитет на живот значително е влошен токму поради тоа.

„Општината е должна да работи на подобрување на квалитетот на живот, наместо да биде соучесник во уништување на животот во Дебар Маало. Во последно време и безбедноста во овој дел од општина Центар станува се поголем проблем заради однесувањето на гостите кои ги посетуваат локалите – насилничко возење со коли и мотори по улиците, чести тепачки, галами и караници од пијани гости во средноќ и слични вознемирувачки појави кои се веќе секојдневие“,

велат од Шанса за Центар.

The post Никаде во светот, освен кај нас, нема примери каде децата и количките со бебиња одат по улица за да џиповите се паркираат слободно appeared first on Република.

]]>

Никаде во светот, освен кај нас, нема примери каде децата и количките со бебиња одат по улица за да џиповите се паркираат слободно на тротоари, а угостителите со лента си го затвораат просторот, реагираат советниците од Шанса за Центар во претставката испратена до Општината Итно отстранување на нелегалните тераси на угостителските објекти во Дебар Маало, веднаш да почне да се почитува и спроведува Програмата за урбана опрема и да се активира партиципативното тело за урбанизам и директно засегнатите граѓани во изработката на новата програма. Ова се барањата на тројцата советници од Шанса за Центар кои ги поднесоа до општинските власти, барајќи конкретни одговори за мерките што се преземаат и службите кои постапуваат по овие прашања.
Во претставката тие наведуваат дека се обраќаат поради небезбедноста и ограниченоста во движењето на најранливите граѓани кои се движат без моторни возило низ Дебар Маало.
„Диво зафатениот јавен простор со поставување маси и столици, или заградени со ленти или објекти дивоградби, до ден денес опстануваат и се толерираат од страна на општината без јасна причина и образложение, наместо да бидат срушени во најкус можен рок. Никаде во светот, освен кај нас, нема примери каде децата и количките со бебиња одат по улица за да џиповите се паркираат слободно на тротоари, а угостителите со лента си го затвораат просторот. Угостителите директно ги прекршуваат одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата, и тоа член 4, член 17 и член 63“, пишуваат во претставката советниците од Шанса за Центар: Јана Белчева Андреевска, Дивна Пенчиќ и Јане Димески.
Тие наведуваат дека ова се прашања кои директно ги засега жителите во овој дел од Центар, како и дека квалитет на живот значително е влошен токму поради тоа.
„Општината е должна да работи на подобрување на квалитетот на живот, наместо да биде соучесник во уништување на животот во Дебар Маало. Во последно време и безбедноста во овој дел од општина Центар станува се поголем проблем заради однесувањето на гостите кои ги посетуваат локалите – насилничко возење со коли и мотори по улиците, чести тепачки, галами и караници од пијани гости во средноќ и слични вознемирувачки појави кои се веќе секојдневие“, велат од Шанса за Центар.
 
The post Никаде во светот, освен кај нас, нема примери каде децата и количките со бебиња одат по улица за да џиповите се паркираат слободно appeared first on Република.

]]>
„Шанса за Центар“: Институциите да ги расчистат сомнежите за пожарот кај „Треска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-centar-instituciite-da-gi-raschistat-somnezite-za-pozarot-kaj-treska/ Fri, 15 Apr 2022 14:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=489068

„Шанса за Центар“ пред неколку недели предупреди дека е можен развој на настаните околу поранешната фабрика „Треска“ со цел да се реши урбанистичкото планирање на подрачјето на начин кој нема да го штити јавниот интерес, велат од граѓанското здружение, додавајќи дека за жал развој има, но дури и полош од оној кој го претпоставувале.

Старите хали повторно горат кога е во ек јавна дискусија за тоа што ќе се случува понатаму со „Треска“, а се шират и сомнежи дека пожарите се подметнати. Ги очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада и Град Скопје детално и брзо да се изјаснат за тврдењата дали последниот пожар е подметнат. Ги повикуваме надлежните институции и Државниот инспекторат за животна средина да утврдат какви материи се чуваат во кругот на поранешната фабрика и дали претставуваат опасност за избувнување на пожари или за здравјето на луѓето кои живеат во околината на „Треска“, па и во целата општина. Бараме институциите да ја информираат јавноста дали сопствениците на објектите и на земјиштето имаат обврска да го расчистат отпадниот материјал од нивните имоти со цел да се намали опасноста за граѓаните. Шанса за Центар смета дека одолговлекувањето на постапката за носење нов урбанистички план за подрачјето на „Треска“, придонесува за продолжување на неизвесноста и ја зголемува можноста за нови несакани случувања. Бараме општината да не тактизира со објавувањето на конкурсните решенија, туку во согласност со одлуката на Советот да организира јавна презентација на трудовите со кои се нуди поквалитетно решение за подрачјето и подобри услови за достоинствен живот на сегашните и идните жители, велат од „Шанса за Центар“.

The post „Шанса за Центар“: Институциите да ги расчистат сомнежите за пожарот кај „Треска“ appeared first on Република.

Општина Центар контра Шанса за Центар: Не е продавано земјиште кај „Треска“надвор од законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-centar-kontra-shansa-za-centar-ne-e-prodavano-zemjishte-kaj-treska-nadvor-od-zakonot/ Wed, 23 Mar 2022 17:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=477275

Општина Центар ги отфрла тврдењата искажани на прес-конференцијата од страна на „Шанса за Центар“.

Тие по секоја цена се обидува да ја дефокусира јавноста обвинувајќи дека дел од земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ било продавано во четири очи. Општина Центар ниту има продадено земјиште надвор од законските прописи, ниту вакво нешто ќе се случи во иднина. Градоначалникот на Општина Центар неколкупати досега изјави дека се залага за хуман урбанизам поради што веќе излегува на терен да ги види фактичките состојби, локацијата и местоположбата на објектите кои се предмет на поднесени барања за градба За конкретниот случај, со споменатите парцели кај „Треска“ до општината стигнати се 6 предмети за дооформување градежна парцела и 20 предмети за откуп на земјиште под објект и по овие постапки општината сè уште нема одговорено. Што се однесува на законските регулативи и зошто уредбите за дооформување парцели не се променети цели 5 години, „Шанса за Центар“ треба да знае дека општината воопшто нема надлежност ниту било каква можност да изврши било какви промени. Оттука, ја повикуваме „Шанса за Центар“ да не манипулира со јавноста дека ингеренциите по ова прашање се во рамки на локалната самоуправа, велат од Општина Центар.

Понатаму тие додаваат:

Што се однесува до конкурсните решенија, просторот кај поранешната фабрика „Треска“ ќе се уредува заедно со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец 1 и 2, а не како посебна целина.

Општина Центар потенцира и дека тврдењата на „Шанса за Центар“ кои наведуваат дека 47 отсто од земјиштето е државно, не се точни затоа што всушност се работи за вкупно земјиште од околу 15% кое треба да се дооформи, додека останатиот дел се јавни површини како пешачки патеки, улици и тротоари кои воопшто не се предмет на дооформување.

Општина Центар исто така порачува, „Шанса за Центар“ да не ја манипулираат јавноста дека градоначалникот Горан Герасимовски одбива соработка со Партиципативното тело за урбанизам, затоа што тој неколкупати досега лично иницираше средби со Комисијата за урбанизам, како и со архитекти и сопственици со цел да се слушнат сите засегнати страни.

На крајот, како општина уште еднаш повторуваме дека бараме начин како јавниот интерес да биде целосно заштитен, меѓутоа не можеме да бидеме над законот. Се работи за приватни имоти кои ние како општина законски не смееме да ги сопреме. Бараме решение во интерес на граѓаните, но кое во исто време ќе биде безболно и за општината, бидејќи Општина Центар не може да трпи милионски штети на грбот на граѓаните“.

https://republika.mk/vesti/skopje/dali-treska-kje-stane-noviot-holidej-in/

The post Општина Центар контра Шанса за Центар: Не е продавано земјиште кај „Треска“надвор од законот appeared first on Република.

]]>

Општина Центар ги отфрла тврдењата искажани на прес-конференцијата од страна на „Шанса за Центар“.
Тие по секоја цена се обидува да ја дефокусира јавноста обвинувајќи дека дел од земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ било продавано во четири очи. Општина Центар ниту има продадено земјиште надвор од законските прописи, ниту вакво нешто ќе се случи во иднина. Градоначалникот на Општина Центар неколкупати досега изјави дека се залага за хуман урбанизам поради што веќе излегува на терен да ги види фактичките состојби, локацијата и местоположбата на објектите кои се предмет на поднесени барања за градба За конкретниот случај, со споменатите парцели кај „Треска“ до општината стигнати се 6 предмети за дооформување градежна парцела и 20 предмети за откуп на земјиште под објект и по овие постапки општината сè уште нема одговорено. Што се однесува на законските регулативи и зошто уредбите за дооформување парцели не се променети цели 5 години, „Шанса за Центар“ треба да знае дека општината воопшто нема надлежност ниту било каква можност да изврши било какви промени. Оттука, ја повикуваме „Шанса за Центар“ да не манипулира со јавноста дека ингеренциите по ова прашање се во рамки на локалната самоуправа, велат од Општина Центар.
Понатаму тие додаваат:
Што се однесува до конкурсните решенија, просторот кај поранешната фабрика „Треска“ ќе се уредува заедно со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец 1 и 2, а не како посебна целина.
Општина Центар потенцира и дека тврдењата на „Шанса за Центар“ кои наведуваат дека 47 отсто од земјиштето е државно, не се точни затоа што всушност се работи за вкупно земјиште од околу 15% кое треба да се дооформи, додека останатиот дел се јавни површини како пешачки патеки, улици и тротоари кои воопшто не се предмет на дооформување. Општина Центар исто така порачува, „Шанса за Центар“ да не ја манипулираат јавноста дека градоначалникот Горан Герасимовски одбива соработка со Партиципативното тело за урбанизам, затоа што тој неколкупати досега лично иницираше средби со Комисијата за урбанизам, како и со архитекти и сопственици со цел да се слушнат сите засегнати страни.
На крајот, како општина уште еднаш повторуваме дека бараме начин како јавниот интерес да биде целосно заштитен, меѓутоа не можеме да бидеме над законот. Се работи за приватни имоти кои ние како општина законски не смееме да ги сопреме. Бараме решение во интерес на граѓаните, но кое во исто време ќе биде безболно и за општината, бидејќи Општина Центар не може да трпи милионски штети на грбот на граѓаните“.
https://republika.mk/vesti/skopje/dali-treska-kje-stane-noviot-holidej-in/

The post Општина Центар контра Шанса за Центар: Не е продавано земјиште кај „Треска“надвор од законот appeared first on Република.

]]>
Дали „Треска“ ќе стане новиот Холидеј Ин ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dali-treska-kje-stane-noviot-holidej-in/ Wed, 23 Mar 2022 16:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=477270

Шанса за Центар ги повика граѓаните да бидат будни бидејќи, според нив, можни се несакани случувања поврзани со градежните активности на просторот на фабриката Треска.

-Добивме одредени неофицијални информации дека во следните месеци ќе се случи решавање и спроведување на спорниот план за Буњаковец кој го опфаќа и подрачјето на фабриката Треска на начин што ќе ги обезбеди интересите на поединци и инвеститори, но нема да се заштити јавниот интерес. Во обид да превенираме и со време да ја информираме јавноста сакаме да ги посочиме следниве точки и да поставиме неколку прашања за кои до денеска немаме добиено официјален одговор:

• Резултатите од идејните решенија од конкурсот за фабриката Треска сѐ уште не се јавно обелоденети. Иако Општината вети, чекаме изложба повеќе од 6 месеци за да ги видиме понудените и наградени решенија. Градоначалникот одбива соработка и со Партиципативното тело за урбанизам кое го бара објавувањето и ветената изложба.

• Шанса за Центар повеќе месеци бара податоци за состојбата и третманот на државното земјиште на овој потег. Дали е продадено или не? Дали се дооформуваат парцели или не по стариот план, непочитувајќи ги конкурсните решенија? Да потсетиме – повеќе од 47 отсто од земјиштето е државно и не смее да се случи тајна продажба и дооформување на парцели по закони кои не го штитат јавниот интерес ниту граѓаните. Промените на Законот за урбанистичко планирање не влијаеа на промена на планирањето во интерес на заедницата, ниту успеаја да ги разбудат институциите за запирање на штетните планови од 2012 година.

• Јавно прашуваме зошто по 5 години законите и уредбите за дооформување парцели во сооднос имаш 30% си докупуваш 70% сѐ уште не се променети, или се распродава имот во Центар во четири очи за багателни цени. Зошто системот за продажба на државно земјиште нема никаква транспарентност за јавноста? Зошто легализацијата се дозволува и се спроведува полесно отколку справувањето со дивоградбите, а за тоа никој не одговара?

Ги повикуваме сите институции, невладини организации и оние кои треба да го заштитат јавниот интерес и интересот на државата да го следат случајот околу Треска за да не ни се повтори ситуација како кај Холидеј ин, Нова Македонија и други места низ центарот на градот. Бараме општината да одговори на следните 3 прашања:

1.Дали и колку државно земјиште е продадено или е во фаза на продажба на овој потег во последната година.
2. Кога најпосле ќе ги видиме решенијата од конкурсот за Треска.
3. Дали градоначалникот свесно ги занемарува и работи спротивно од одлуката на претходниот Совет и во договор со малкумина е спремен да направи штета за многумина?

На средина на 2022 година ние не смееме да си дозволиме реализација на планови од 2012 покажувајќи немоќ. Последиците од тие планови се видливи и не придонесоа за поубав град за неговите жители туку за обезличување, нагрдување, бетонизација, губење зеленило, интензивен сообраќај, топлотни острова, неотпорност на климатски промени. Сите заедно имаме обврска да не ги повторуваме научените грешки. Ги повикуваме и граѓаните активно да се вклучат и будно да следат како се менува градот, а со тоа се менува и нашиот живот и секојдневие. Само активни граѓани можат да придонесат за демократско општество, стои во реакцијата на Шанса за Центар.

The post Дали „Треска“ ќе стане новиот Холидеј Ин ? appeared first on Република.

]]>

Шанса за Центар ги повика граѓаните да бидат будни бидејќи, според нив, можни се несакани случувања поврзани со градежните активности на просторот на фабриката Треска. -Добивме одредени неофицијални информации дека во следните месеци ќе се случи решавање и спроведување на спорниот план за Буњаковец кој го опфаќа и подрачјето на фабриката Треска на начин што ќе ги обезбеди интересите на поединци и инвеститори, но нема да се заштити јавниот интерес. Во обид да превенираме и со време да ја информираме јавноста сакаме да ги посочиме следниве точки и да поставиме неколку прашања за кои до денеска немаме добиено официјален одговор: • Резултатите од идејните решенија од конкурсот за фабриката Треска сѐ уште не се јавно обелоденети. Иако Општината вети, чекаме изложба повеќе од 6 месеци за да ги видиме понудените и наградени решенија. Градоначалникот одбива соработка и со Партиципативното тело за урбанизам кое го бара објавувањето и ветената изложба. • Шанса за Центар повеќе месеци бара податоци за состојбата и третманот на државното земјиште на овој потег. Дали е продадено или не? Дали се дооформуваат парцели или не по стариот план, непочитувајќи ги конкурсните решенија? Да потсетиме – повеќе од 47 отсто од земјиштето е државно и не смее да се случи тајна продажба и дооформување на парцели по закони кои не го штитат јавниот интерес ниту граѓаните. Промените на Законот за урбанистичко планирање не влијаеа на промена на планирањето во интерес на заедницата, ниту успеаја да ги разбудат институциите за запирање на штетните планови од 2012 година. • Јавно прашуваме зошто по 5 години законите и уредбите за дооформување парцели во сооднос имаш 30% си докупуваш 70% сѐ уште не се променети, или се распродава имот во Центар во четири очи за багателни цени. Зошто системот за продажба на државно земјиште нема никаква транспарентност за јавноста? Зошто легализацијата се дозволува и се спроведува полесно отколку справувањето со дивоградбите, а за тоа никој не одговара? Ги повикуваме сите институции, невладини организации и оние кои треба да го заштитат јавниот интерес и интересот на државата да го следат случајот околу Треска за да не ни се повтори ситуација како кај Холидеј ин, Нова Македонија и други места низ центарот на градот. Бараме општината да одговори на следните 3 прашања: 1.Дали и колку државно земјиште е продадено или е во фаза на продажба на овој потег во последната година. 2. Кога најпосле ќе ги видиме решенијата од конкурсот за Треска. 3. Дали градоначалникот свесно ги занемарува и работи спротивно од одлуката на претходниот Совет и во договор со малкумина е спремен да направи штета за многумина? На средина на 2022 година ние не смееме да си дозволиме реализација на планови од 2012 покажувајќи немоќ. Последиците од тие планови се видливи и не придонесоа за поубав град за неговите жители туку за обезличување, нагрдување, бетонизација, губење зеленило, интензивен сообраќај, топлотни острова, неотпорност на климатски промени. Сите заедно имаме обврска да не ги повторуваме научените грешки. Ги повикуваме и граѓаните активно да се вклучат и будно да следат како се менува градот, а со тоа се менува и нашиот живот и секојдневие. Само активни граѓани можат да придонесат за демократско општество, стои во реакцијата на Шанса за Центар.

The post Дали „Треска“ ќе стане новиот Холидеј Ин ? appeared first on Република.

]]>