шангајска листа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shangajska-lista/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 14:29:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шангајска листа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shangajska-lista/ 32 32 „Шангајските“ стипендии за 111 студенти чинат колку за останатите 2400 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shangajskite-stipendii-za-111-studenti-chinat-kolku-za-ostanatite-2400/ Mon, 04 Nov 2024 14:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=834069

Главниот ревизор Максим Ацевски на денешната презентација на Конечниот ревизорски извештај за студентскиот стандард и условите во студентските домови повика „да се преиспита политиката на финансирање студии надвор од нашата држава“.

Дали ние сме толку богати за да ги финансираме другите држави, да ни се одлеваат нашите стручни високообразовани кадри во другите држави, рече Ацевски откако соопштувајќи ги наодите од извештајот за 2022 година рече дека 44,4 отсто од парите за стипендии се наменети за 111 студенти запишани на првите сто рангирани универзитети според Шангајската листа.

Посочи дека од околу 3100 барања од студенти на нашите универзитети, одобрени се 2509 и дека  соодносот на одобрени и неодобрени стипендии „укажува дека нешто недостига во системот на градење на политиките, на рангирање на барателите и бројот на прифатени барања“.

Но, да биде иронијата поголема, ако се изземат овие 2509 студенти коишто се одобрени во текот на 2022/2023 година и ако споредите колкав процент на средства се издвојува за овој број на студенти со бројот на студенти што државата ги финансира за студии во странство за првите сто универзитети во светот, ќе констатираме дека дури 44,4 отсто отпаѓаат на овие 111 студенти. Може да видите дискрапанца дека 111 студенти го земаат колачот на стипендии 44,4 отсто од 2509 студенти кои се финансираат во државата. И што имаме на крај – во суштина нашата држава е толку богата што нашите деца и нашите таленти ги финансираме со сопствени средства на нашите даночни обврзници, а воопшто не водиме грижа тие таленти и високообразовани кадри да ги вратиме во нашата држава и дадат придонес во нашето општество, рече Ацевски.

Ревизијата утврдила дека постои можност за подобрување на износот на стипендиите што ги добиваат студентите на нашите универзитети. Во социјално ранливата категорија и групата на студенти кои треба да добиваат одредена стипендија, рече ревизорот, има висок број на студенти коишто не доставиле конечни документи „што укажува можеби на бирократски пристап во однос на брзината и леснотијата на обезбедување на потребните документи“.

Според Извештајот на ДЗР, джавата во 2022 година потрошила приближно 22 милиона 690 илјади евра за сместување, исхрана и стипендирање во високото образование. Од тие 22,6 милиони евра, 50 отсто се исплатени за студентки оброк, 40 отсто за стипендии, 17 отсто за сместување и исхрана, а 3 отсто за останати расходи.

Министерката Весна Јаневска посочи дека со закон е дефинирана процентуална распределба на стипендии по области при што некои не се искористуваат. Според неа, тоа не мора да биде дефинирано со закон, туку со подзаконски акт, кој, како што рече, може полесно да се менува според потребите за стимулирање на упис во одредени области кои се дефицитарни.

Точно, големи се средствата што се издвојуваат за студентите што ги испраќаме на универзитети на Шангајската листа. Јас и натаму сметам дека идејата била добра, но реализацијата е лоша. Лично не гледам вина во тие студенти, гледам вина во однесувањето на државата, не само на МОН. Иако околу 40 проценти се вратени во земјата и работат во приватните компании, факт е дека државата на тие студенти треба да им обезбеди услови за тие што ќе се вратат за да работат. Дел од нив се уште се на постдипломски и на докторски студии. Значи, имаме реални шанси да ја подобриме оваа ситуација, истакна Јаневска.

Соопшти дека во моментов МОН прави дигитален регистар за сите стипендирани студенти во странство, ги контактира и со двајца се склучени договори про боно ќе работат за потребите на МОН.

На седницата на која беше презентиран Извештајот на ДЗР, организирана од Собранискиот Клуб за младински прашања и политики, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека е „голем поборник“ за „шангајската“ стипендија, нејзин корисник што што се вратил во државава.

Според него, оваа стипендија е „одлично смислено решение и  една од најголемите  иновации“  во стипендирањето на високото образование во светот. Рече дека тој самиот ја исполнил обврската од договорот да се врати во државата, но многу од другите студенти во странство  не се вратиле или не биле ангажирани од државата и од самите универзитети.

За жал, државата не ги почувствува резултатите, а можеше. Јас се вратив во 2015 и во 2016 аплицирав на Економскиот факултет. Тогаш направивме анализа дека по тогашниот Закон за високо образование ниту еден од тие студенти имаше можност за олеснето вработување, ниту еден студент не бил вработен по тој член на законот. Потоа, со промената на владата, се укина тој член. Во тој момент бевме 400 што се вративме од универзитетите, а пресметката тогаш беше дека само 50 студенти ако се врателе, рангот на УКИМ би скокнал за илјада места само по тоа што тие работат  бидејќи ги носат референците од факултетите каде што имаат завршено. Само по тој основ, УКИМ или кој било друг државен универзитет би скокнал илјада места на Шангајската ранг-листа. За жал, до денеска, по моите информации, се уште ниту еден студент од оваа Шангајска листа не  е вработен на некој од нашите државни универзитети, што зборува многу за ангажманот и желбата на македонските универзитети за едноставен и бесплатен начин да стигнат до таков успех, додаде Андоновски.

The post „Шангајските“ стипендии за 111 студенти чинат колку за останатите 2400 appeared first on Република.

]]>

Главниот ревизор Максим Ацевски на денешната презентација на Конечниот ревизорски извештај за студентскиот стандард и условите во студентските домови повика „да се преиспита политиката на финансирање студии надвор од нашата држава“.
Дали ние сме толку богати за да ги финансираме другите држави, да ни се одлеваат нашите стручни високообразовани кадри во другите држави, рече Ацевски откако соопштувајќи ги наодите од извештајот за 2022 година рече дека 44,4 отсто од парите за стипендии се наменети за 111 студенти запишани на првите сто рангирани универзитети според Шангајската листа.
Посочи дека од околу 3100 барања од студенти на нашите универзитети, одобрени се 2509 и дека  соодносот на одобрени и неодобрени стипендии „укажува дека нешто недостига во системот на градење на политиките, на рангирање на барателите и бројот на прифатени барања“.
Но, да биде иронијата поголема, ако се изземат овие 2509 студенти коишто се одобрени во текот на 2022/2023 година и ако споредите колкав процент на средства се издвојува за овој број на студенти со бројот на студенти што државата ги финансира за студии во странство за првите сто универзитети во светот, ќе констатираме дека дури 44,4 отсто отпаѓаат на овие 111 студенти. Може да видите дискрапанца дека 111 студенти го земаат колачот на стипендии 44,4 отсто од 2509 студенти кои се финансираат во државата. И што имаме на крај – во суштина нашата држава е толку богата што нашите деца и нашите таленти ги финансираме со сопствени средства на нашите даночни обврзници, а воопшто не водиме грижа тие таленти и високообразовани кадри да ги вратиме во нашата држава и дадат придонес во нашето општество, рече Ацевски.
Ревизијата утврдила дека постои можност за подобрување на износот на стипендиите што ги добиваат студентите на нашите универзитети. Во социјално ранливата категорија и групата на студенти кои треба да добиваат одредена стипендија, рече ревизорот, има висок број на студенти коишто не доставиле конечни документи „што укажува можеби на бирократски пристап во однос на брзината и леснотијата на обезбедување на потребните документи“. Според Извештајот на ДЗР, джавата во 2022 година потрошила приближно 22 милиона 690 илјади евра за сместување, исхрана и стипендирање во високото образование. Од тие 22,6 милиони евра, 50 отсто се исплатени за студентки оброк, 40 отсто за стипендии, 17 отсто за сместување и исхрана, а 3 отсто за останати расходи. Министерката Весна Јаневска посочи дека со закон е дефинирана процентуална распределба на стипендии по области при што некои не се искористуваат. Според неа, тоа не мора да биде дефинирано со закон, туку со подзаконски акт, кој, како што рече, може полесно да се менува според потребите за стимулирање на упис во одредени области кои се дефицитарни.
Точно, големи се средствата што се издвојуваат за студентите што ги испраќаме на универзитети на Шангајската листа. Јас и натаму сметам дека идејата била добра, но реализацијата е лоша. Лично не гледам вина во тие студенти, гледам вина во однесувањето на државата, не само на МОН. Иако околу 40 проценти се вратени во земјата и работат во приватните компании, факт е дека државата на тие студенти треба да им обезбеди услови за тие што ќе се вратат за да работат. Дел од нив се уште се на постдипломски и на докторски студии. Значи, имаме реални шанси да ја подобриме оваа ситуација, истакна Јаневска.
Соопшти дека во моментов МОН прави дигитален регистар за сите стипендирани студенти во странство, ги контактира и со двајца се склучени договори про боно ќе работат за потребите на МОН. На седницата на која беше презентиран Извештајот на ДЗР, организирана од Собранискиот Клуб за младински прашања и политики, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека е „голем поборник“ за „шангајската“ стипендија, нејзин корисник што што се вратил во државава. Според него, оваа стипендија е „одлично смислено решение и  една од најголемите  иновации“  во стипендирањето на високото образование во светот. Рече дека тој самиот ја исполнил обврската од договорот да се врати во државата, но многу од другите студенти во странство  не се вратиле или не биле ангажирани од државата и од самите универзитети.
За жал, државата не ги почувствува резултатите, а можеше. Јас се вратив во 2015 и во 2016 аплицирав на Економскиот факултет. Тогаш направивме анализа дека по тогашниот Закон за високо образование ниту еден од тие студенти имаше можност за олеснето вработување, ниту еден студент не бил вработен по тој член на законот. Потоа, со промената на владата, се укина тој член. Во тој момент бевме 400 што се вративме од универзитетите, а пресметката тогаш беше дека само 50 студенти ако се врателе, рангот на УКИМ би скокнал за илјада места само по тоа што тие работат  бидејќи ги носат референците од факултетите каде што имаат завршено. Само по тој основ, УКИМ или кој било друг државен универзитет би скокнал илјада места на Шангајската ранг-листа. За жал, до денеска, по моите информации, се уште ниту еден студент од оваа Шангајска листа не  е вработен на некој од нашите државни универзитети, што зборува многу за ангажманот и желбата на македонските универзитети за едноставен и бесплатен начин да стигнат до таков успех, додаде Андоновски.

The post „Шангајските“ стипендии за 111 студенти чинат колку за останатите 2400 appeared first on Република.

]]>
На Шангајската листа и оваа година нема ниту еден македонски универзитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-shangajskata-lista-i-ovaa-godina-nema-nitu-eden-makedonski-univerzitet/ Mon, 26 Aug 2024 09:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=810213

Организацијата „Шангај ранкинг консултанси“ („ShanghaiRanking Consultancy“) го објави академското рангирање на светските универзитети за 2024 година, познато како Шангајска листа. На првото место повторно се најде „Харвард“. Второрангиран е Универзитетот „Стенфорд“, а на трето е Институтот за технологија „Масачусетс“ (МИТ).

И оваа година нема ниту еден македонски универзитет на Шангајската листа.

Од регионот, Белградскиот универзитет се најде на позиција помеѓу 401-500. место, односно бележи пад од минатата година кога беше рангиран помеѓу 301-400. место. Универзитетот во Нови Сад се задржа на позиција помеѓу 901. и 1.000. место.

На позиција помеѓу 401-500. место се најде Универзитетот во Загреб, а Универзитетот во Љубљана помеѓу 501-600. место. Истовремено, на листата оваа година се најдоа шест грчки универзитети.

Освен македонски, на Шангајската листа нема ниту еден универзитет од Бугарија и Албанија.

Шангајската листа се објавува од јуни 2003 година. Повеќе од 2.500 универзитети се вклучени во Академското рангирање на универзитетите во светот секоја година, а се објавуваат најдобрите 1.000.

The post На Шангајската листа и оваа година нема ниту еден македонски универзитет appeared first on Република.

]]>

Организацијата „Шангај ранкинг консултанси“ („ShanghaiRanking Consultancy“) го објави академското рангирање на светските универзитети за 2024 година, познато како Шангајска листа. На првото место повторно се најде „Харвард“. Второрангиран е Универзитетот „Стенфорд“, а на трето е Институтот за технологија „Масачусетс“ (МИТ). И оваа година нема ниту еден македонски универзитет на Шангајската листа. Од регионот, Белградскиот универзитет се најде на позиција помеѓу 401-500. место, односно бележи пад од минатата година кога беше рангиран помеѓу 301-400. место. Универзитетот во Нови Сад се задржа на позиција помеѓу 901. и 1.000. место. На позиција помеѓу 401-500. место се најде Универзитетот во Загреб, а Универзитетот во Љубљана помеѓу 501-600. место. Истовремено, на листата оваа година се најдоа шест грчки универзитети. Освен македонски, на Шангајската листа нема ниту еден универзитет од Бугарија и Албанија. Шангајската листа се објавува од јуни 2003 година. Повеќе од 2.500 универзитети се вклучени во Академското рангирање на универзитетите во светот секоја година, а се објавуваат најдобрите 1.000.

The post На Шангајската листа и оваа година нема ниту еден македонски универзитет appeared first on Република.

]]>
Ќе направиме сѐ да имаме универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада и секое дете да има учебник, вети Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-napravime-s-da-imame-univerzitet-na-shangajska-lista-megu-prvite-iljada-i-sekoe-dete-da-ima-uchebnik-veti-mitskoski/ Sun, 10 Mar 2024 14:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=753348

„Многумина добиваат звање редовен професор и до пензија забораваат да напишат труд. И ние сакаме во една таква ситуација да имаме универзитет на Шангајската листа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“.

За да се биде на Шангајската листа има два столба. Едниот е обврска на државата и со тоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ треба да се позанимава сериозно. Тоа значи државата да обезбеди услови за научно функционирање, опрема и слично. Тоа е дел и обврска на државата, но и за наставниот кадар, да објавува трудови индексирани со висок фактор на влијание. Нашиот највисок рангиран е Универзитетот „Кирил и Методиј“ и тој е нешто под двеилјадитото место и ние сакаме да имаме наука, тоа не е можно. Наука не може во вакви услови, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека одлучиле да предложат повисоки плати за сите наставници кои ќе имаат трудови со импакт фактор.

Сега се префрлам на основците. Сето ова е залудно ако основците на време не добијат книги. А немаат книги и тоа ни се случува не затоа што се натпреваруваат концепти, туку се натпреваруваат кој поголема провизија да земе, па една партија има една омилена печатница, друга има друга печатница. На крај од ова учениците се тие кои се негативно изненадени и немаат книги“, кажа Мицкоски.

Тој укажа дека новата влада која би се формирала некаде втора половина на јуни, ќе гледа да направи се, сите ученици да имаат книги.

Учебната година стaртува на први септември и информациите велат дека власта знае дека ќе биде поразена и се обидува да остават тотален хаос. Но, ние ќе дадеме се од себе тоа да не се случи, како што и во техничката влада даваме се од себе да се среди хаосот кој го оставија со личните документи“, заклучи Мицкоски.

The post Ќе направиме сѐ да имаме универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада и секое дете да има учебник, вети Мицкоски appeared first on Република.

Ќе направиме се да имаме универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада, како и секое дете да има учебник во претстојната 2024/25 учебна година иако сакаат да ни остават хаос https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-napravime-se-da-imame-univerzitet-na-shangajska-lista-megu-prvite-iljada-kako-i-sekoe-dete-da-ima-uchebnik-vo-pretstojnata-2024-25-uchebna-godina-iako-sakaat-da-ni-ostavat-haos/ Sun, 10 Mar 2024 13:23:25 +0000 https://republika.mk/?p=753322

Многумина добиваат звање редовен професор и до пензија забораваат да напишат труд да напишал. И ние сакаме во една таква ситуација да имаме универзитет на Шангајската листа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“.

„За да се биде на Шангајската листа има два столба. Едниот столб е обврска на државата и со тоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ  треба да се позанимава сериозно. Тоа значи државата да обезбеди околина, услови за научно функционирање, опрема и слично. Тоа е дел и обврска на државата, но обврската за наставниот кадар е да објавуваат трудови индексирани со висок фактор на влијание.  Нашиот највисок рангиран е Универзитетот Кирил и Методиј и тој е нешто под двеилјадитото место и ние сакаме да имаме наука, тоа не е можно. Наука не може во вакви услови“, рече Мицкоски.

Оттука рече претседателот Мицкоски, одлучивме да предложиме повисоки плати за сите наставници кои ќе имаат трудови со импакт фактор.

„Сега се префрлам на основците. Сето ова е залудно ако основците на време не добијат книги. А немаат книги и тоа ни се случува не затоа што се натпреваруваат концепти, туку се натпреваруваат  кој поголема провизија да земе, па една партија има една омилена печатница, друга има друга печатница. На крај од ова учениците се тие кои се негативно изненадени и немаат книги“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека новата влада која би се формирала некаде втора половина на јуни месец ќе гледа да направи се сите ученици да имаат книги.

„Учебната година стaртува на први септември и информациите велат дека власта знаат дека ќе биде поразена и се обидуваат да остават тотален хаос. Но, ние ќе дадеме се од себе тоа да не се случи, како што и во техничката влада даваме се од себе да се среди хаосот кој го оставија со личните документи“, заклучи Мицкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=qbs-FMOR-zI

The post Ќе направиме се да имаме универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада, како и секое дете да има учебник во претстојната 2024/25 учебна година иако сакаат да ни остават хаос appeared first on Република.

Над 300 лица за кои се потрошени дури 24,4 милиони евра од државата за студии на еден од првите 100 рангирани универзитети на Шангајската листа, не се вратиле во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-300-litsa-za-koi-se-potrosheni-duri-24-4-milioni-evra-od-drzhavata-za-studii-na-eden-od-prvite-100-rangirani-univerziteti-na-shangajskata-lista-ne-se-vratile-vo-makedonija/ Tue, 07 Nov 2023 13:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=699215

Голем број од студентите кои добиле скапа стипендија од државниот буџет за студии на еден од првите сто рангирани универзитети на Шангајската листа не се вратиле во земјава. МОН нема анализа за нивната кариера по дипломирањето, ниту, пак, тие што останале во странство ја вратиле стипендијата во десеткратен износ како што е пропишано во конкурсот.

Овие стипендии, кои за додипломски студии се во годишен износ од 40.000 евра, а за магистерски 36.000 евра, се доделуваат без прецизно и соодветно дефинирани критериуми за рангирање и избор на студентите и без анализа кои области за студирање се од интерес на нашата земја или му се потребни на стопанството. Притоа, министерот за образование и наука има дискрециско право во одлучувањето.

Ова го заклучува анализата на Независниот академски синдикат (НАкС) насловена „Исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од Шангајската листа“.

Кариерите на корисниците на стипендиите за студии во странство НАкС самиот ги откривал следејќи ги профилите на платформи како Линкдин, при што е утврдено дека од 61 кои добиле стипендија за прв циклус, во земјава се вратиле само 11, во странство останале 41, а за девет немаат податоци. Ова се однесува на периодот од академската 2013/2014 до 2016/2017, но за последните шест академски години НАкС не добил податоци од МОН.

Од 165 стипендии доделени за магистерски студии, пак, во земјава се вратиле 59 корисници. Податоците за втор циклус (магистерски студии) се за периодот од 2010/2011 до 2021/2022 година. Синдикатот не добил податоци за корисници на оваа стипендија за трет циклус (докторски) студии.

Поради недостапност до сите податоци, НАкС неофицијално проценува дека над 300 лица добиле ваква стипендија за студии на некој универзитет од првите 100 рангирани на Шангајската листа и дека за нив е потрошен огромен буџет, кој се движи од 10 милиони евра до дури 24,4 милиони евра – податок што бил објавен од Стопанската комора.

Проф. Мимоза Ристова презентирајќи ја анализата денеска рече дека најчесто студирале (и останувале) во Велика Британија, САД, во земји на ЕУ, но и во Швајцарија и Израел. Од корисниците на стипендија за прв циклус, во земјава не се вратиле 67 отсто, а 48 отсто од тие со стипендија за магистерски студии, иако имале обврска да работат во државава. За четиригодишни додипломски студии, рече Ристова, тоа се 160.000 евра.

Значи, само за периодот 2013/2014 – 2016-2017, биле дадени 2,5 милиони евра, а во исто време издвојувањето од буџетот за наука во нашава држава е 0,02 отсто. За 67 отсто кои не се вратиле биле потрошени 1,7 милиони евра, кои од нашиот сиромашен буџет сме ги платиле за поттикнување на економскиот развој на други држави, рече проф. Ристова.

За магистерските студии, за кои има податоци за периодот од 2010 до 2021, платени се 6 милиони евра за стипендии, односно 2,8 милиони евра, рече Ристова, за поттикнување на економијата на други земји зашто таму да работат останале 47 проценти од стипендираните.

На прашање дали меѓу корисниците што ги истражиле наишле на „звучни“ имиња, Ристова рече дека препознала некои презимиња, но сепак не е сигурна, и дека целта им била не да следат судбини на луѓе, туку да ги следат парите на државава.

Проф. Мирјана Најчевска рече дека стипендирањето не е регулирано со Законот за високо образование и дека никаде во законите нема критериуми по кои ќе се одреди потребата од финансирање студенти во странство. Информации за условите и критериумите, според наведеното во конкурсите за овие стипендии, рече Најчевска, кандидатите добиваат усно во МОН, а министерот има дискреционо право за пропишување на видот на стипендиите и начинот на нивното доделување. Во законската регулатива и во подзаконските акти, рече, нема процедура за враќање на парите - иако е предвидено студентот да потпише меница, нема процедура како таа ќе се активира доколку студентот не работи две години во државава, по завршување на студиите. Конкурсот наведува десеткратно враќање на парите.

На прашањето до МОН - дали има случаи кога е активирана меницата односно случаи кога студентите вратиле пари, ни одговорија дека нема ниту еден таков случај. Видовме колку студенти останале да работат во странство. Тие студенти не одработиле ниту еден единствен ден во државата. Значи дека ова е класична кражба, а не само несоодветно работење со буџетските пари. Затоа што меницата, според облигационите односи, е јавна исправа врз која треба да се вратат пари кои се земени, истакна Најчевска.

Според анализата што ја презентираше НАкС, најголем број стипендии биле дадени во 2014/2015 година. За додипломски студии, на пример, во 2014/2015 биле доделени 25 вакви стипендии, односно 600 проценти повеќе од претходната академска година кога биле доделени четири.

Професорите од НАкС на презентацијата истакнаа дека стипендирањето за студии во странство почнало во 2010 година и дека токму тогаш државата престанала да ги објавува конкурсите за финансирање магистерски и докторски студии во земјава и за финансирање научно-истражувачки проекти.

Од пет министри за образование во изминатиов период барале овие стипендии да се укинат и средствата да се пренасочат за нашата наука и истражувачки проекти, но министрите само се согласиле дека оваа програма за стипендирање е штетна. Пред околу два месеца МОН објави нов повик за 10 вакви стипендии при што, како што укажаа, не се наведени областите на студиите.

Проектот „Aнализи на НАкС за исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од шангајската листа“ е изработен и финансиран од Независниот академски синдикат. Анализата во целост ќе биде објавена на веб-страницата на НАкС.

The post Над 300 лица за кои се потрошени дури 24,4 милиони евра од државата за студии на еден од првите 100 рангирани универзитети на Шангајската листа, не се вратиле во Македонија appeared first on Република.

]]>

Голем број од студентите кои добиле скапа стипендија од државниот буџет за студии на еден од првите сто рангирани универзитети на Шангајската листа не се вратиле во земјава. МОН нема анализа за нивната кариера по дипломирањето, ниту, пак, тие што останале во странство ја вратиле стипендијата во десеткратен износ како што е пропишано во конкурсот. Овие стипендии, кои за додипломски студии се во годишен износ од 40.000 евра, а за магистерски 36.000 евра, се доделуваат без прецизно и соодветно дефинирани критериуми за рангирање и избор на студентите и без анализа кои области за студирање се од интерес на нашата земја или му се потребни на стопанството. Притоа, министерот за образование и наука има дискрециско право во одлучувањето. Ова го заклучува анализата на Независниот академски синдикат (НАкС) насловена „Исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од Шангајската листа“. Кариерите на корисниците на стипендиите за студии во странство НАкС самиот ги откривал следејќи ги профилите на платформи како Линкдин, при што е утврдено дека од 61 кои добиле стипендија за прв циклус, во земјава се вратиле само 11, во странство останале 41, а за девет немаат податоци. Ова се однесува на периодот од академската 2013/2014 до 2016/2017, но за последните шест академски години НАкС не добил податоци од МОН. Од 165 стипендии доделени за магистерски студии, пак, во земјава се вратиле 59 корисници. Податоците за втор циклус (магистерски студии) се за периодот од 2010/2011 до 2021/2022 година. Синдикатот не добил податоци за корисници на оваа стипендија за трет циклус (докторски) студии. Поради недостапност до сите податоци, НАкС неофицијално проценува дека над 300 лица добиле ваква стипендија за студии на некој универзитет од првите 100 рангирани на Шангајската листа и дека за нив е потрошен огромен буџет, кој се движи од 10 милиони евра до дури 24,4 милиони евра – податок што бил објавен од Стопанската комора. Проф. Мимоза Ристова презентирајќи ја анализата денеска рече дека најчесто студирале (и останувале) во Велика Британија, САД, во земји на ЕУ, но и во Швајцарија и Израел. Од корисниците на стипендија за прв циклус, во земјава не се вратиле 67 отсто, а 48 отсто од тие со стипендија за магистерски студии, иако имале обврска да работат во државава. За четиригодишни додипломски студии, рече Ристова, тоа се 160.000 евра.
Значи, само за периодот 2013/2014 – 2016-2017, биле дадени 2,5 милиони евра, а во исто време издвојувањето од буџетот за наука во нашава држава е 0,02 отсто. За 67 отсто кои не се вратиле биле потрошени 1,7 милиони евра, кои од нашиот сиромашен буџет сме ги платиле за поттикнување на економскиот развој на други држави, рече проф. Ристова.
За магистерските студии, за кои има податоци за периодот од 2010 до 2021, платени се 6 милиони евра за стипендии, односно 2,8 милиони евра, рече Ристова, за поттикнување на економијата на други земји зашто таму да работат останале 47 проценти од стипендираните. На прашање дали меѓу корисниците што ги истражиле наишле на „звучни“ имиња, Ристова рече дека препознала некои презимиња, но сепак не е сигурна, и дека целта им била не да следат судбини на луѓе, туку да ги следат парите на државава. Проф. Мирјана Најчевска рече дека стипендирањето не е регулирано со Законот за високо образование и дека никаде во законите нема критериуми по кои ќе се одреди потребата од финансирање студенти во странство. Информации за условите и критериумите, според наведеното во конкурсите за овие стипендии, рече Најчевска, кандидатите добиваат усно во МОН, а министерот има дискреционо право за пропишување на видот на стипендиите и начинот на нивното доделување. Во законската регулатива и во подзаконските акти, рече, нема процедура за враќање на парите - иако е предвидено студентот да потпише меница, нема процедура како таа ќе се активира доколку студентот не работи две години во државава, по завршување на студиите. Конкурсот наведува десеткратно враќање на парите.
На прашањето до МОН - дали има случаи кога е активирана меницата односно случаи кога студентите вратиле пари, ни одговорија дека нема ниту еден таков случај. Видовме колку студенти останале да работат во странство. Тие студенти не одработиле ниту еден единствен ден во државата. Значи дека ова е класична кражба, а не само несоодветно работење со буџетските пари. Затоа што меницата, според облигационите односи, е јавна исправа врз која треба да се вратат пари кои се земени, истакна Најчевска.
Според анализата што ја презентираше НАкС, најголем број стипендии биле дадени во 2014/2015 година. За додипломски студии, на пример, во 2014/2015 биле доделени 25 вакви стипендии, односно 600 проценти повеќе од претходната академска година кога биле доделени четири. Професорите од НАкС на презентацијата истакнаа дека стипендирањето за студии во странство почнало во 2010 година и дека токму тогаш државата престанала да ги објавува конкурсите за финансирање магистерски и докторски студии во земјава и за финансирање научно-истражувачки проекти. Од пет министри за образование во изминатиов период барале овие стипендии да се укинат и средствата да се пренасочат за нашата наука и истражувачки проекти, но министрите само се согласиле дека оваа програма за стипендирање е штетна. Пред околу два месеца МОН објави нов повик за 10 вакви стипендии при што, како што укажаа, не се наведени областите на студиите. Проектот „Aнализи на НАкС за исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од шангајската листа“ е изработен и финансиран од Независниот академски синдикат. Анализата во целост ќе биде објавена на веб-страницата на НАкС.  

The post Над 300 лица за кои се потрошени дури 24,4 милиони евра од државата за студии на еден од првите 100 рангирани универзитети на Шангајската листа, не се вратиле во Македонија appeared first on Република.

]]>
Со СДС и ДУИ и оваа година ниту еден универзитет од Македонија не е во првите 1.000 на Шангајската листа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-sds-i-dui-i-ovaa-godina-nitu-eden-univerzitet-od-makedonija-ne-e-vo-prvite-1-000-na-shangajskata-lista/ Thu, 17 Aug 2023 08:25:05 +0000 https://republika.mk/?p=672917

Со СДС и ДУИ и оваа година ниту еден универзитет од Македонија не е во првите 1.000 на Шангајската листа, образованието тоне, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Додека универзитетите од регионот напредуваат на листата најдобри универзитети, од Македонија нема ниту еден универзитет во првите 1.000.

СДС е партијата која ветуваше подобар студентски стандард, подобри услови за студирање, квалитетно образование, студентски град и што ли уште не. Шест години подоцна ништо од тоа што ветуваа не исполнија, напротив и тоа што беше добро и функционираше го упропастија.

Младите се повеќе си заминуваат од државата затоа што системот целосно пропаѓа. Потребен е рестарт и нови политики кои ќе донесат промени и резултати, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

The post Со СДС и ДУИ и оваа година ниту еден универзитет од Македонија не е во првите 1.000 на Шангајската листа appeared first on Република.

]]>

Со СДС и ДУИ и оваа година ниту еден универзитет од Македонија не е во првите 1.000 на Шангајската листа, образованието тоне, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
Додека универзитетите од регионот напредуваат на листата најдобри универзитети, од Македонија нема ниту еден универзитет во првите 1.000. СДС е партијата која ветуваше подобар студентски стандард, подобри услови за студирање, квалитетно образование, студентски град и што ли уште не. Шест години подоцна ништо од тоа што ветуваа не исполнија, напротив и тоа што беше добро и функционираше го упропастија. Младите се повеќе си заминуваат од државата затоа што системот целосно пропаѓа. Потребен е рестарт и нови политики кои ќе донесат промени и резултати, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.  

The post Со СДС и ДУИ и оваа година ниту еден универзитет од Македонија не е во првите 1.000 на Шангајската листа appeared first on Република.

]]>
Трета година по ред на Шангајската листа нема универзитет од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/treta-godina-po-red-na-shangajskata-lista-nema-univerzitet-od-makedonija/ Wed, 16 Aug 2023 08:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=672586

На новата Шангајската листа на најдобрите универзитети во светот (ShanghaiRanking Consultancy) нема ниеден универзитет од Македонија, но во првите илјада нема ниту универзитети од Бугарија и Албанија. Ова е трета година по ред како меѓу најдобрите илјада универзитети во светот, нема ниту една македонска високообразовна установа.

Од универзитетите во регионот, универзитетот во Белград ја подобрил својата позиција. Како што е објавено, Универзитетот во Белград е рангиран меѓу 301-во и 400-то место на листата. Универзитетот во Нови Сад ја задржал минатогодишната позиција, меѓу 901 и 1000 место.

Од останатите, Универзитетот во Загреб ја задржал својата позиција меѓу 401. и 500. место, додека Љубљанскиот универзитет остварил полошо рангирање и на листата се наоѓа меѓу 601. и 700. место.

Шангајската листа е неформална, но се смета за една од најпочитуваните.

Универзитетот Харвард од САД е на врвот на листата веќе 21 година. На второ место е Универзитетот Стенфорд, а на трето Институтот за технологија Масачусетс (МИТ) – сите од САД. Американските универзитети, всушност, држат 14 од најдобрите 20 места на Шангајската листа.

The post Трета година по ред на Шангајската листа нема универзитет од Македонија appeared first on Република.

]]>

На новата Шангајската листа на најдобрите универзитети во светот (ShanghaiRanking Consultancy) нема ниеден универзитет од Македонија, но во првите илјада нема ниту универзитети од Бугарија и Албанија. Ова е трета година по ред како меѓу најдобрите илјада универзитети во светот, нема ниту една македонска високообразовна установа. Од универзитетите во регионот, универзитетот во Белград ја подобрил својата позиција. Како што е објавено, Универзитетот во Белград е рангиран меѓу 301-во и 400-то место на листата. Универзитетот во Нови Сад ја задржал минатогодишната позиција, меѓу 901 и 1000 место. Од останатите, Универзитетот во Загреб ја задржал својата позиција меѓу 401. и 500. место, додека Љубљанскиот универзитет остварил полошо рангирање и на листата се наоѓа меѓу 601. и 700. место. Шангајската листа е неформална, но се смета за една од најпочитуваните. Универзитетот Харвард од САД е на врвот на листата веќе 21 година. На второ место е Универзитетот Стенфорд, а на трето Институтот за технологија Масачусетс (МИТ) – сите од САД. Американските универзитети, всушност, држат 14 од најдобрите 20 места на Шангајската листа.  

The post Трета година по ред на Шангајската листа нема универзитет од Македонија appeared first on Република.

]]>
УКИМ го нема во првите илјада рангирани универзитети на Шангајската листа 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ukim-go-nema-vo-prvite-iljada-rangirani-univerziteti-na-shangajskata-lista-2022/ Mon, 15 Aug 2022 13:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=540560

На најновото рангирање на универзитетите во светот во 2022 година на Шангајската листа, во првите сто се 39 од Соединетите Американски Држави.

Прв на листата е Универзитетот Харвард и, освен два британски – Универзитетот Кембриџ на четврто место и Оксфордскиот на седмо, првите 15 места на листата ги држат американски универзитети.

Кина има девет универзитети рангирани во првите сто, Германија четири, а меѓу стоте најдобри  се и универзитети од Франција, Шведска, Данска, Швајцарија Израел, Јапонија, Австралија, Канада…

Земјите од регионот имаат универзитети рангирани во првите илјада на листата – во рангот универзитети меѓу 301 и 400 место е универзитет во Атина, универзитетите во Белград,  Загреб и Љубљана се од 401 до 500 место, а со ранг меѓу 901 и 1000 место е Универзитетот во Нови Сад.

На листата нема рангиран универзитет од Македонија.

The post УКИМ го нема во првите илјада рангирани универзитети на Шангајската листа 2022 appeared first on Република.

]]>

На најновото рангирање на универзитетите во светот во 2022 година на Шангајската листа, во првите сто се 39 од Соединетите Американски Држави. Прв на листата е Универзитетот Харвард и, освен два британски – Универзитетот Кембриџ на четврто место и Оксфордскиот на седмо, првите 15 места на листата ги држат американски универзитети. Кина има девет универзитети рангирани во првите сто, Германија четири, а меѓу стоте најдобри  се и универзитети од Франција, Шведска, Данска, Швајцарија Израел, Јапонија, Австралија, Канада… Земјите од регионот имаат универзитети рангирани во првите илјада на листата – во рангот универзитети меѓу 301 и 400 место е универзитет во Атина, универзитетите во Белград,  Загреб и Љубљана се од 401 до 500 место, а со ранг меѓу 901 и 1000 место е Универзитетот во Нови Сад. На листата нема рангиран универзитет од Македонија.

The post УКИМ го нема во првите илјада рангирани универзитети на Шангајската листа 2022 appeared first on Република.

]]>