Шангај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shangaj/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 15:49:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шангај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shangaj/ 32 32 Ѓоковиќ: Знаев дека ова ќе биде голем тест https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-znaev-deka-ova-ke-bide-golem-test/ Sat, 12 Oct 2024 15:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=825947

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека денешното полуфинале на Мастерсот во Шангај било голем тест за него поради одличната форма на противникот Тејлор Фриц, кого го победи во два сета.

„Секогаш ваквите битки извлекуваат многу од мене, особено кон крајот на турнирот и во оваа фаза од мојата кариера. Морам да се опоравам, имав некои проблеми на теренот денеска и вчера, ги пребродив. Знаев дека ова ќе биде голем тест за мене, Тејлор (Фриц) е во животна форма, игра добро на оваа подлога, добро сервира, не сакав да одам во трет сет“, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер победи со 6:4 и 7:6 во сетови, а во финалето ќе игра против тенисерот број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер, кој го совлада 33. тенисер во светот, Чехот Томаш Махач, во два сета, 6:4, 7:5.

„Дојдов во Шангај по пет години неиграње во Кина, каде имав многу успеси, поддршката е феноменална, ми дава енергија што ме тера да одам понатаму. Дојдов со желба да стигнам до финалето и да играм за мојата 100-та титула, а тоа ќе го направам против најдобриот тенисер во светот Јаник Синер“, додаде Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е лидер по бројот на освоени мастер титули во Шангај-четири (2012, 2013, 2015, 2018), а турнирот во Шангај не се играше од 2020 до 2022 година поради пандемијата на Ковид-19.

The post Ѓоковиќ: Знаев дека ова ќе биде голем тест appeared first on Република.

]]>

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека денешното полуфинале на Мастерсот во Шангај било голем тест за него поради одличната форма на противникот Тејлор Фриц, кого го победи во два сета.
„Секогаш ваквите битки извлекуваат многу од мене, особено кон крајот на турнирот и во оваа фаза од мојата кариера. Морам да се опоравам, имав некои проблеми на теренот денеска и вчера, ги пребродив. Знаев дека ова ќе биде голем тест за мене, Тејлор (Фриц) е во животна форма, игра добро на оваа подлога, добро сервира, не сакав да одам во трет сет“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер победи со 6:4 и 7:6 во сетови, а во финалето ќе игра против тенисерот број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер, кој го совлада 33. тенисер во светот, Чехот Томаш Махач, во два сета, 6:4, 7:5.
„Дојдов во Шангај по пет години неиграње во Кина, каде имав многу успеси, поддршката е феноменална, ми дава енергија што ме тера да одам понатаму. Дојдов со желба да стигнам до финалето и да играм за мојата 100-та титула, а тоа ќе го направам против најдобриот тенисер во светот Јаник Синер“, додаде Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ е лидер по бројот на освоени мастер титули во Шангај-четири (2012, 2013, 2015, 2018), а турнирот во Шангај не се играше од 2020 до 2022 година поради пандемијата на Ковид-19.

The post Ѓоковиќ: Знаев дека ова ќе биде голем тест appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ и Синер во финалето на мастерсот во Шангај https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-i-siner-vo-finaleto-na-mastersot-vo-shangaj/ Sat, 12 Oct 2024 13:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=825916

Италијанскиот тенисер Јаник Синер и Србинот Новак Ѓоковиќ ќе играат во утрешното машко финале на Мастерс турнирот во кинескиот град Шангај.

Прворангираниот тенисер на АТП листата Синер во денешното полуфинале го совлада Чехот Томаш Махач (33. АТП) со 2-0 во сетови (6-4, 7-5), за еден час и 44 минути игра.

Во второто полуфинале, четврторангираниот на АТП листата Ѓоковиќ со идентични 2-0 (6-4, 7-6) го совлада Американецот Тејлор Фриц (7. АТП). Дуелот траеше еден час и 55 минути.

Утрешното финале ќе биде осми дуел меѓу Синер и Ѓоковиќ, а српскиот тенисер води во меѓусебните пресметки со 4-3.

Турнирот во Шангај од серијата Мастерс 1000 се игра за награден фонд од девет милиони долари.

The post Ѓоковиќ и Синер во финалето на мастерсот во Шангај appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот тенисер Јаник Синер и Србинот Новак Ѓоковиќ ќе играат во утрешното машко финале на Мастерс турнирот во кинескиот град Шангај. Прворангираниот тенисер на АТП листата Синер во денешното полуфинале го совлада Чехот Томаш Махач (33. АТП) со 2-0 во сетови (6-4, 7-5), за еден час и 44 минути игра. Во второто полуфинале, четврторангираниот на АТП листата Ѓоковиќ со идентични 2-0 (6-4, 7-6) го совлада Американецот Тејлор Фриц (7. АТП). Дуелот траеше еден час и 55 минути. Утрешното финале ќе биде осми дуел меѓу Синер и Ѓоковиќ, а српскиот тенисер води во меѓусебните пресметки со 4-3. Турнирот во Шангај од серијата Мастерс 1000 се игра за награден фонд од девет милиони долари.

The post Ѓоковиќ и Синер во финалето на мастерсот во Шангај appeared first on Република.

]]>
Сезонава нема да се одржи Ф1 трката во Кина https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sezonava-nema-da-se-odrzi-f1-trkata-vo-kina/ Sun, 04 Dec 2022 09:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=581571

Мерките за сузбивање на ширењето на Ковид-19 во Кина се причина за откажување на Формула 1 трката во Шангај во 2023 година.

Организаторите на престижното автомобилистичко првенство се надеваа дека за прв пат од 2019 година караванот ќе може да се врати во Кина, но сега на календарот повторно има „само“ 23 трки.

Во Кина се уште е на сила „нултата политика кон Ковид“, што значи строги „заклучувања“, а настаните како оној што би се одржал на „Меѓународната патека во Шангај“ се строго забранети.

Во моментов има четиринеделна пауза во календарот на Ф1, во перидоот од почетокот до крајот на април и не се знае дали ќе се вметне уште една трка помеѓу ГП на Австралија и ГП на Азербејџан.

The post Сезонава нема да се одржи Ф1 трката во Кина appeared first on Република.

]]>

Мерките за сузбивање на ширењето на Ковид-19 во Кина се причина за откажување на Формула 1 трката во Шангај во 2023 година. Организаторите на престижното автомобилистичко првенство се надеваа дека за прв пат од 2019 година караванот ќе може да се врати во Кина, но сега на календарот повторно има „само“ 23 трки. Во Кина се уште е на сила „нултата политика кон Ковид“, што значи строги „заклучувања“, а настаните како оној што би се одржал на „Меѓународната патека во Шангај“ се строго забранети. Во моментов има четиринеделна пауза во календарот на Ф1, во перидоот од почетокот до крајот на април и не се знае дали ќе се вметне уште една трка помеѓу ГП на Австралија и ГП на Азербејџан.

The post Сезонава нема да се одржи Ф1 трката во Кина appeared first on Република.

]]>
Полицијата се обидува да спречи протести во Пекинг и во Шангај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/policijata-se-obiduva-da-sprechi-protesti-vo-peking-i-vo-shangaj/ Tue, 29 Nov 2022 09:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=579463

Во Пекинг и во Шангај е забележано засилено присуство на полицијата со цел да спречат нови протести против ковид ограничувањата.

Најголемите протести во Кина, откако Си Џинпинг ја презеде власта пред една деценија, со барање за негова оставка, почнаа поради политиката на „нулта толеранција на ковид“ и воведувањето на нови строги мерки со цел да се спречи ширење на коронавирусот.

Протестите во Кина почнаа откако во пожар, што изби во зграда во Урумчи на 24 ноември, загинаа десет луѓе. Демонстрантите тврдат дека на жителите од запалената зграда не им било дозволено да побегнат поради ковид ограничувањата, поради што голем број од нив загинале.

Кинеските власти негираат дека мерките воведени за запирање на ширењето на коронавируст ги забавиле напорите на спасувачите и пожарникарите во запалената зграда во градот Урумчи.

Кинеската политика на „нулта толеранција на ковид“ го наруши животот на милиони луѓе, а има и смртни случаи поради овие мерки. Исто така, таквата политика има негативен ефект врз кинеската економија.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан вчера изјави дека „постојат сили со задни намери на социјалните мрежи, кои го поврзуваат пожарот со локалниот одговор на Ковид-19.

The post Полицијата се обидува да спречи протести во Пекинг и во Шангај appeared first on Република.

]]>

Во Пекинг и во Шангај е забележано засилено присуство на полицијата со цел да спречат нови протести против ковид ограничувањата. Најголемите протести во Кина, откако Си Џинпинг ја презеде власта пред една деценија, со барање за негова оставка, почнаа поради политиката на „нулта толеранција на ковид“ и воведувањето на нови строги мерки со цел да се спречи ширење на коронавирусот. Протестите во Кина почнаа откако во пожар, што изби во зграда во Урумчи на 24 ноември, загинаа десет луѓе. Демонстрантите тврдат дека на жителите од запалената зграда не им било дозволено да побегнат поради ковид ограничувањата, поради што голем број од нив загинале. Кинеските власти негираат дека мерките воведени за запирање на ширењето на коронавируст ги забавиле напорите на спасувачите и пожарникарите во запалената зграда во градот Урумчи. Кинеската политика на „нулта толеранција на ковид“ го наруши животот на милиони луѓе, а има и смртни случаи поради овие мерки. Исто така, таквата политика има негативен ефект врз кинеската економија. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан вчера изјави дека „постојат сили со задни намери на социјалните мрежи, кои го поврзуваат пожарот со локалниот одговор на Ковид-19.

The post Полицијата се обидува да спречи протести во Пекинг и во Шангај appeared first on Република.

]]>
„Дизниленд“ во Шангај отворен по три месеци пауза поради новиот бранот на корона https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/diznilend-vo-shangaj-otvoren-po-tri-meseci-pauza-poradi-noviot-branot-na-korona/ Thu, 30 Jun 2022 12:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=521558

Повеќе од илјада луѓе го посетија забавниот парк на „Дизни“ во Шангај, по тримесечното неработење поради новиот бран на корона вирусот. Посетителите се вратија со маски и физичка оддалеченост.

Паркот беше затворен на 21 март, откако се зголеми бројот случаи на зараза со корона вирусот во градот, што доведе до двомесечен карантин, со мерки што почнаа да се ублажуваат на 1 јуни.

И пред затворањето во март, паркот ја воведе обврската за носење маски и редовна дезинфекција, како мерки донесени од властите во борбата против Ковид-19. А исто така, од гостите сега се бара да покажат доказ за негативен корона-тест.

Паркот, исто така, најави дека ќе го ограничи капацитетот, додавајќи дека некои знаменитости – како што е „Универзумот на Марвел“, ќе останат затворени.

The post „Дизниленд“ во Шангај отворен по три месеци пауза поради новиот бранот на корона appeared first on Република.

]]>

Повеќе од илјада луѓе го посетија забавниот парк на „Дизни“ во Шангај, по тримесечното неработење поради новиот бран на корона вирусот. Посетителите се вратија со маски и физичка оддалеченост. Паркот беше затворен на 21 март, откако се зголеми бројот случаи на зараза со корона вирусот во градот, што доведе до двомесечен карантин, со мерки што почнаа да се ублажуваат на 1 јуни. И пред затворањето во март, паркот ја воведе обврската за носење маски и редовна дезинфекција, како мерки донесени од властите во борбата против Ковид-19. А исто така, од гостите сега се бара да покажат доказ за негативен корона-тест. Паркот, исто така, најави дека ќе го ограничи капацитетот, додавајќи дека некои знаменитости – како што е „Универзумот на Марвел“, ќе останат затворени.

The post „Дизниленд“ во Шангај отворен по три месеци пауза поради новиот бранот на корона appeared first on Република.

]]>
Шангај прогласи победа над коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shangaj-proglasi-pobeda-nad-koronavirusot/ Sat, 25 Jun 2022 14:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=519654

Комисијата за образование во Пекинг објави дека сите основци и средношколци во главниот град на Кина можат да се вратат на индивидуални часови.
Властите во Шангај прогласија победа над вирусот бидејќи во градот за прв пат во два месеци нема пријавени случаи, јавуваат агенциите.
Двата големи града беа меѓу неколкуте градови во Кина кои воведоа ограничувања за да се запре ширењето на омикронската варијанта на Ковид-19 од март до мај оваа година, а Шангај воведе двомесечен карантин на целата нејзина територија, кој беше укинат на 1 јуни, пренесува Ројтерс.
Властите во Пекинг ги затворија училиштата на почетокот на мај оваа година и им наредија на учениците да се префрлат на онлајн настава поради нагло зголемување на случаите на Ковид-19, а на средношколците им беше дозволено да се вратат во училниците на 2 јуни.
Во Шангај, каде што на 1 јуни беше укинат двомесечниот карантин, денеска не беа пријавени нови локални случаи, било симптоматски или асимптоматски, според Ројтерс.
Во тој град со 25 милиони жители, масовното ПЦР тестирање ќе продолжи секој викенд до крајот на јули, а јадењето во затворен простор се уште е забрането во повеќето делови од градот.
Претседателот на Комунистичката партија на Шангај, Ли Чианг, на отворањето на партискиот конгрес на градот во саботата рече дека градските власти ја добиле војната за одбрана на Шангај од Ковид-19 следејќи ги упатствата на кинескиот претседател Кси Џинпинг и дека одлуките на Пекинг за спречување на епидемијата биле „целосно ефикасни“.

The post Шангај прогласи победа над коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Комисијата за образование во Пекинг објави дека сите основци и средношколци во главниот град на Кина можат да се вратат на индивидуални часови. Властите во Шангај прогласија победа над вирусот бидејќи во градот за прв пат во два месеци нема пријавени случаи, јавуваат агенциите. Двата големи града беа меѓу неколкуте градови во Кина кои воведоа ограничувања за да се запре ширењето на омикронската варијанта на Ковид-19 од март до мај оваа година, а Шангај воведе двомесечен карантин на целата нејзина територија, кој беше укинат на 1 јуни, пренесува Ројтерс. Властите во Пекинг ги затворија училиштата на почетокот на мај оваа година и им наредија на учениците да се префрлат на онлајн настава поради нагло зголемување на случаите на Ковид-19, а на средношколците им беше дозволено да се вратат во училниците на 2 јуни. Во Шангај, каде што на 1 јуни беше укинат двомесечниот карантин, денеска не беа пријавени нови локални случаи, било симптоматски или асимптоматски, според Ројтерс. Во тој град со 25 милиони жители, масовното ПЦР тестирање ќе продолжи секој викенд до крајот на јули, а јадењето во затворен простор се уште е забрането во повеќето делови од градот. Претседателот на Комунистичката партија на Шангај, Ли Чианг, на отворањето на партискиот конгрес на градот во саботата рече дека градските власти ја добиле војната за одбрана на Шангај од Ковид-19 следејќи ги упатствата на кинескиот претседател Кси Џинпинг и дека одлуките на Пекинг за спречување на епидемијата биле „целосно ефикасни“.

The post Шангај прогласи победа над коронавирусот appeared first on Република.

]]>
Шангај: 11 новозаразени ќе затворат над 15 милиони луѓе во строг карантин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shangaj-11-novozarazeni-kje-zatvorat-nad-15-milioni-lugje-vo-strog-karantin/ Fri, 10 Jun 2022 21:09:02 +0000 https://republika.mk/?p=513695

Само една недела по завршувањето на двомесечниот карантин, Шангај најави нови ограничувања и програми за масовно тестирање.

Мерките воведени вчера за областа Минханг од денеска ќе важат за уште седум градски области.

Единаесет новозаразени со Ковид-19 биле откриени вчера, што доведе до одлука за повторно воведување ограничувања. Во текот на викендот ќе се спроведе масовно тестирање во осум населби, а 15 милиони луѓе повторно ќе бидат во строг карантин.

По масовното тестирање, новите ограничувања ќе бидат воведени само во оние населби каде ќе бидат потврдени случаите на Ковид-19.

Долгото и контроверзно заклучување за Шангај беше укинато дури вчера, по два месеци рестрикции што ги нарушија синџирите на снабдување, погодувајќи ги земјите ширум светот.

The post Шангај: 11 новозаразени ќе затворат над 15 милиони луѓе во строг карантин appeared first on Република.

]]>

Само една недела по завршувањето на двомесечниот карантин, Шангај најави нови ограничувања и програми за масовно тестирање. Мерките воведени вчера за областа Минханг од денеска ќе важат за уште седум градски области. Единаесет новозаразени со Ковид-19 биле откриени вчера, што доведе до одлука за повторно воведување ограничувања. Во текот на викендот ќе се спроведе масовно тестирање во осум населби, а 15 милиони луѓе повторно ќе бидат во строг карантин. По масовното тестирање, новите ограничувања ќе бидат воведени само во оние населби каде ќе бидат потврдени случаите на Ковид-19. Долгото и контроверзно заклучување за Шангај беше укинато дури вчера, по два месеци рестрикции што ги нарушија синџирите на снабдување, погодувајќи ги земјите ширум светот.

The post Шангај: 11 новозаразени ќе затворат над 15 милиони луѓе во строг карантин appeared first on Република.

]]>
Карантинот во еден кварт во Шангај го запре растот на цените на нафтата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/karantinot-vo-eden-kvart-vo-shangaj-go-zapre-rastot-na-cenite-na-naftata/ Fri, 10 Jun 2022 19:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=513368

На лондонскиот пазар цената на барел падна за 57 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 123,01 долар. Вчера ја затвори трговијата со плус од 3,01 долари. На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по 85 центи пониска од цената од 121,26 долари. Вчера ја затвори трговијата со плус 2,7 долари.

Пазарите вчера беа катапултирани од фактот што резервите на бензин во САД минатата недела паднаа за 800 илјади барели, и покрај високите цени, што сигнализираше силна побарувачка. Во исто време, трговците се загрижени за испораките поради постојаното одложување на преговорите со Иран за нуклеарната програма.

Денеска расположението беше поддржано и од силниот раст на кинескиот извоз во мај, за 16,9 отсто, благодарение на олеснувањето на мерките за контрола на Ковид-19.

„Резултатот од извозот е импресивен кога се размислува за карантинот во повеќе градови“, рече Стивен Инес, извршен партнер во SPI Asset Management.

Во текот на денот, вниманието се префрли на информациите за повторното воведување ограничувања во Шангај. На жителите на областа Минханг им било кажано да останат дома два дена за да го контролираат ризикот од пренесување на вирусот.

„Многу поважна е веста за денешното затворање на кварт во Шангај, што повторно ги разгоре стравувањата од уште еден период на слабост во Кина поради политиката на нулта толеранција за КОВИД“, објасни Џефри Хали од ОАНДА.

Значителниот пад на цената на нафтата е попречен од очекувањата за силна побарувачка за гориво во летната сезона на возење.

„Тешко е да се очекува значителен пад во наредните месеци, бидејќи пазарот на бензин најверојатно ќе биде под уште поголем притисок како што напредува сезоната на возење“, рече Ворен Патерсон од ING.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно известила дека барел од референтната кошничка на нејзината членка вчера чинела 121,54 долари, што е за 1,38 долари повеќе од претходниот работен ден.

The post Карантинот во еден кварт во Шангај го запре растот на цените на нафтата appeared first on Република.

]]>

На лондонскиот пазар цената на барел падна за 57 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 123,01 долар. Вчера ја затвори трговијата со плус од 3,01 долари. На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по 85 центи пониска од цената од 121,26 долари. Вчера ја затвори трговијата со плус 2,7 долари. Пазарите вчера беа катапултирани од фактот што резервите на бензин во САД минатата недела паднаа за 800 илјади барели, и покрај високите цени, што сигнализираше силна побарувачка. Во исто време, трговците се загрижени за испораките поради постојаното одложување на преговорите со Иран за нуклеарната програма. Денеска расположението беше поддржано и од силниот раст на кинескиот извоз во мај, за 16,9 отсто, благодарение на олеснувањето на мерките за контрола на Ковид-19. „Резултатот од извозот е импресивен кога се размислува за карантинот во повеќе градови“, рече Стивен Инес, извршен партнер во SPI Asset Management. Во текот на денот, вниманието се префрли на информациите за повторното воведување ограничувања во Шангај. На жителите на областа Минханг им било кажано да останат дома два дена за да го контролираат ризикот од пренесување на вирусот. „Многу поважна е веста за денешното затворање на кварт во Шангај, што повторно ги разгоре стравувањата од уште еден период на слабост во Кина поради политиката на нулта толеранција за КОВИД“, објасни Џефри Хали од ОАНДА. Значителниот пад на цената на нафтата е попречен од очекувањата за силна побарувачка за гориво во летната сезона на возење. „Тешко е да се очекува значителен пад во наредните месеци, бидејќи пазарот на бензин најверојатно ќе биде под уште поголем притисок како што напредува сезоната на возење“, рече Ворен Патерсон од ING. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно известила дека барел од референтната кошничка на нејзината членка вчера чинела 121,54 долари, што е за 1,38 долари повеќе од претходниот работен ден.

The post Карантинот во еден кварт во Шангај го запре растот на цените на нафтата appeared first on Република.

]]>
Во Шангај ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, но милион луѓе уште се во карантин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shangaj-shirenjeto-na-koronavirusot-e-staveno-pod-kontrola-no-milion-lugje-ushte-se-vo-karantin/ Mon, 16 May 2022 14:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=502959

Во поголемиот дел од Шангај е запрено ширењето на коронавирусот, а нешто помалку од еден милион луѓе сè уште се во карантин.

Градот постепено се отвора, соопштија денеска локалните власти, но економските податоци го покажуваат негативното влијание на кинеската стратегија „нулта ковид“.

Супермаркетите, трговските центри и рестораните денеска се отворени со ограничен бројот на луѓе и контакти, додека ограничувањата за движење остануваат во сила, а метрото е сè уште затворено.

Во градот со 25 милиони жители, многу жители без затворени во своите домови, имоти и населби повеќе од 50 дена, а датумот на целосно отворање е 1 јуни.

Кина денеска регистрира 1.159 нови случаи на заразени, од кои повеќето се во Шангај. Речиси сите случаи биле инфекции без симптоми.

 

The post Во Шангај ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, но милион луѓе уште се во карантин appeared first on Република.

]]>

Во поголемиот дел од Шангај е запрено ширењето на коронавирусот, а нешто помалку од еден милион луѓе сè уште се во карантин. Градот постепено се отвора, соопштија денеска локалните власти, но економските податоци го покажуваат негативното влијание на кинеската стратегија „нулта ковид“. Супермаркетите, трговските центри и рестораните денеска се отворени со ограничен бројот на луѓе и контакти, додека ограничувањата за движење остануваат во сила, а метрото е сè уште затворено. Во градот со 25 милиони жители, многу жители без затворени во своите домови, имоти и населби повеќе од 50 дена, а датумот на целосно отворање е 1 јуни. Кина денеска регистрира 1.159 нови случаи на заразени, од кои повеќето се во Шангај. Речиси сите случаи биле инфекции без симптоми.  

The post Во Шангај ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, но милион луѓе уште се во карантин appeared first on Република.

]]>
Ковид-лудило во Шангај: Старец го извадиле во мртовечки ковчег, а потоа сфатиле дека не е мртов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kovid-ludilo-vo-shangaj-starec-go-izvadile-vo-mrtovechki-kovcheg-a-potoa-sfatile-deka-ne-e-mrtov/ Sun, 08 May 2022 14:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=499498

Еден постар жител на Шангај по грешка беше прогласен за мртов и одведен во мртовечница во ковчег, нов пример за хаосот на бруталните мерки на Ковид во кинески град каде што милиони луѓе сè уште се затворени во станови поради заклучување на владата.

На видеото снимено од случаен минувач се гледа моментот кога неколку работници од глава до пети облечени во заштитна опрема сфаќаат дека човекот во ковчегот е се уште жив. Еден од вработените ја отвора вреќата и сфаќа дека човекот е жив, а потоа во тоа се уверуваат и другите двајца вработени.

Откако се појави видеото, стана вирално на кинеските социјални мрежи и предизвика луѓето да почувствуваат ужас и гнев.

Маж кој го снима видеото очигледно од блиската зграда, како што може да се слушне од снимката вели: „Во домот за стари лица е таков хаос. Испратија жив човек во мртовечката кола и рекоа дека е мртов. Гробарите открија дека тој се уште е жив… Тоа е неодговорно, навистина неодговорно“.

Обласната влада соопшти дека човекот од видеото сега е стабилен.

Тројца службеници беа отпуштени од окружната канцеларија за граѓански работи и канцеларијата за социјален развој, а отпуштен е и шефот на старечкиот дом, се вели во соопштението.

Забраната за напуштање на станбени комплекси и натаму е во сила во вторник во Шангај за 8,2 милиони жители на Шангај.

 

The post Ковид-лудило во Шангај: Старец го извадиле во мртовечки ковчег, а потоа сфатиле дека не е мртов appeared first on Република.

]]>

Еден постар жител на Шангај по грешка беше прогласен за мртов и одведен во мртовечница во ковчег, нов пример за хаосот на бруталните мерки на Ковид во кинески град каде што милиони луѓе сè уште се затворени во станови поради заклучување на владата. На видеото снимено од случаен минувач се гледа моментот кога неколку работници од глава до пети облечени во заштитна опрема сфаќаат дека човекот во ковчегот е се уште жив. Еден од вработените ја отвора вреќата и сфаќа дека човекот е жив, а потоа во тоа се уверуваат и другите двајца вработени. Откако се појави видеото, стана вирално на кинеските социјални мрежи и предизвика луѓето да почувствуваат ужас и гнев. Маж кој го снима видеото очигледно од блиската зграда, како што може да се слушне од снимката вели: „Во домот за стари лица е таков хаос. Испратија жив човек во мртовечката кола и рекоа дека е мртов. Гробарите открија дека тој се уште е жив… Тоа е неодговорно, навистина неодговорно“. Обласната влада соопшти дека човекот од видеото сега е стабилен. Тројца службеници беа отпуштени од окружната канцеларија за граѓански работи и канцеларијата за социјален развој, а отпуштен е и шефот на старечкиот дом, се вели во соопштението. Забраната за напуштање на станбени комплекси и натаму е во сила во вторник во Шангај за 8,2 милиони жители на Шангај.  

The post Ковид-лудило во Шангај: Старец го извадиле во мртовечки ковчег, а потоа сфатиле дека не е мртов appeared first on Република.

]]>
Здравствените власти на Шангај дозволија на поголем број луѓе да ги напуштат своите домови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zdravstvenite-vlasti-na-shangaj-dozvolija-na-pogolem-broj-lugje-da-gi-napushtat-svoite-domovi/ Tue, 03 May 2022 10:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=496719

Бројот на нови случаи на коронавирус во Шангај продолжува благо да се намалува. Шангај вчера пријави 274 случаи на Ковид преку локална трансмисија, како и 5.395 локални асимптоматски случаи, соопшти денеска општинската здравствена комисија.

Во моментов, повеќе од половина од жителите на Шангај живеат во помалку ризични „превентивни области“ според најновото прилагодување на градот на неговата тристепена класификација на ризичните области во однос на Ковид-19.

Од неделата, над 15,1 милиони жители, или околу 60 отсто од постојаното население на градот, живеат во зони на претпазливост без извештај за инфекции во текот на изминатите две недели, според Жао Дандан, заменик директор на здравствената комисија.

Од останатите, 2,76 милиони жители се во зони на заклучување (локдаун) и 5,51 милиони во контролирани зони, каде сè уште се спроведуваат строги мерки за контрола на епидемијата врз основа на резултати од тестови. Многу населби, кои припаѓаат на зоните на претпазливост од 1 мај дозволуваат едно лице по семејство да ја напушти заедницата, но не повеќе од четири часа дневно.

The post Здравствените власти на Шангај дозволија на поголем број луѓе да ги напуштат своите домови appeared first on Република.

]]>

Бројот на нови случаи на коронавирус во Шангај продолжува благо да се намалува. Шангај вчера пријави 274 случаи на Ковид преку локална трансмисија, како и 5.395 локални асимптоматски случаи, соопшти денеска општинската здравствена комисија. Во моментов, повеќе од половина од жителите на Шангај живеат во помалку ризични „превентивни области“ според најновото прилагодување на градот на неговата тристепена класификација на ризичните области во однос на Ковид-19. Од неделата, над 15,1 милиони жители, или околу 60 отсто од постојаното население на градот, живеат во зони на претпазливост без извештај за инфекции во текот на изминатите две недели, според Жао Дандан, заменик директор на здравствената комисија. Од останатите, 2,76 милиони жители се во зони на заклучување (локдаун) и 5,51 милиони во контролирани зони, каде сè уште се спроведуваат строги мерки за контрола на епидемијата врз основа на резултати од тестови. Многу населби, кои припаѓаат на зоните на претпазливост од 1 мај дозволуваат едно лице по семејство да ја напушти заедницата, но не повеќе од четири часа дневно.

The post Здравствените власти на Шангај дозволија на поголем број луѓе да ги напуштат своите домови appeared first on Република.

]]>
Во Шангај, регистрирани три смртни случаи од коронавирус во новиот бран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shangaj-registrirani-tri-smrtni-sluchai-od-koronavirus-vo-noviot-bran/ Mon, 18 Apr 2022 08:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=489869

Кинеските власти денеска пријавија три смртни случаи од Ковид-19 во Шангај, први откако беа воведени последните ограничувања кон крајот на март.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи се наведува дека починале тројца постари лица со основни болести, пишува АФП, пренесува Бета.

Во Шангај, 4.641 лице починале од коронавирус од почетокот на епидемијата.

Дневно се евидентираат десетици илјади нови случаи на инфекција.

Кинеските власти го заострија долгогодишниот пристап на Пекинг за нулта толеранција кон вирусот, ветувајќи дека ќе истраат со строги ограничувања на движењето и ќе го изолираат секој што е позитивен – дури и ако не покажува знаци на болест.

The post Во Шангај, регистрирани три смртни случаи од коронавирус во новиот бран appeared first on Република.

]]>

Кинеските власти денеска пријавија три смртни случаи од Ковид-19 во Шангај, први откако беа воведени последните ограничувања кон крајот на март. Во соопштението објавено на социјалните мрежи се наведува дека починале тројца постари лица со основни болести, пишува АФП, пренесува Бета. Во Шангај, 4.641 лице починале од коронавирус од почетокот на епидемијата. Дневно се евидентираат десетици илјади нови случаи на инфекција. Кинеските власти го заострија долгогодишниот пристап на Пекинг за нулта толеранција кон вирусот, ветувајќи дека ќе истраат со строги ограничувања на движењето и ќе го изолираат секој што е позитивен – дури и ако не покажува знаци на болест.

The post Во Шангај, регистрирани три смртни случаи од коронавирус во новиот бран appeared first on Република.

]]>
Во Шангај рекорден број заразени, се повеќе кинески градови воведуваат мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shangaj-rekorden-broj-zarazeni-se-povekje-kineski-gradovi-voveduvaat-merki/ Sat, 16 Apr 2022 12:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=489280

Рекорден број на луѓе заразени со Ковид-19 беа регистрирани денеска во Шангај, а другите кинески градови воведоа ограничувања според методот „брзо чистење“ што го користи земјата за елиминирање на заразната варијанта на омикрон.

Во северозападна Кина, во градот Ксиан, поради десетици случаи на зараза со Ковид-19, жителите во петокот беа предупредени да избегнуваат непотребни излези надвор од станбените комплекси, а компаниите се охрабруваат да воведат работа од дома или работниците да живеат во работното место.

Владиниот функционер од Ксиан денеска им кажа на жителите кои стравуваат од недостиг на храна дека во соопштението не се споменува заклучување и дека градот нема да го воведе.

Шангај, новото кинеско жариште, денеска објави рекорден број на симптоматски случаи на инфекција, 3.590 и уште 19.923 асимптоматски случаи.

Бројот на заразени без симптоми незначително се зголеми во однос на претходниот ден кога имаше 19.872. Вкупниот број на луѓе заразени во тој град го сочинува најголемиот дел од вкупните случаи низ Кина, иако повеќето од 25-те милиони жители на Шангај се во карантин.

Ограничувањата кои остануваат на сила или се прошируваат дополнително ги влошуваат нарушувањата во снабдувањето и тоа може да предизвика одложување на испораката до компании како Apple. Економистите исто така тврдат дека ограничувањата негативно ќе се одразат на економскиот раст на земјата оваа година.

Градот Сужоу во близина на Шангај денеска ги повика сите работници кои можат да работат од дома да го направат тоа, а станбените населби и работничките населби треба да избегнуваат непотребен влез на луѓе и возила. Во тој град во последниот бран се забележани 500 случаи на зараза.

The post Во Шангај рекорден број заразени, се повеќе кинески градови воведуваат мерки appeared first on Република.

]]>

Рекорден број на луѓе заразени со Ковид-19 беа регистрирани денеска во Шангај, а другите кинески градови воведоа ограничувања според методот „брзо чистење“ што го користи земјата за елиминирање на заразната варијанта на омикрон. Во северозападна Кина, во градот Ксиан, поради десетици случаи на зараза со Ковид-19, жителите во петокот беа предупредени да избегнуваат непотребни излези надвор од станбените комплекси, а компаниите се охрабруваат да воведат работа од дома или работниците да живеат во работното место. Владиниот функционер од Ксиан денеска им кажа на жителите кои стравуваат од недостиг на храна дека во соопштението не се споменува заклучување и дека градот нема да го воведе. Шангај, новото кинеско жариште, денеска објави рекорден број на симптоматски случаи на инфекција, 3.590 и уште 19.923 асимптоматски случаи. Бројот на заразени без симптоми незначително се зголеми во однос на претходниот ден кога имаше 19.872. Вкупниот број на луѓе заразени во тој град го сочинува најголемиот дел од вкупните случаи низ Кина, иако повеќето од 25-те милиони жители на Шангај се во карантин. Ограничувањата кои остануваат на сила или се прошируваат дополнително ги влошуваат нарушувањата во снабдувањето и тоа може да предизвика одложување на испораката до компании како Apple. Економистите исто така тврдат дека ограничувањата негативно ќе се одразат на економскиот раст на земјата оваа година. Градот Сужоу во близина на Шангај денеска ги повика сите работници кои можат да работат од дома да го направат тоа, а станбените населби и работничките населби треба да избегнуваат непотребен влез на луѓе и возила. Во тој град во последниот бран се забележани 500 случаи на зараза.

The post Во Шангај рекорден број заразени, се повеќе кинески градови воведуваат мерки appeared first on Република.

]]>
Раст на бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rast-na-brojot-na-kovid-infekcii-vo-shangaj-i-pokraj-lokdaunot/ Wed, 13 Apr 2022 08:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=487729

Во пораст е бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот од големи размери, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА.

Евидентирани се 26.330 нови случаи во текот на вчерашниот ден, се наведува во денешниот извештај. Најголем дел од случаите се асимптоматски.

Шангај е центарот на најголемиот ковид бран во Кина, од почетокот на пандемијата.

И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, огромното мнозинство од населението во областа на Шангај, од 26 милиони лица, продолжува да живее со полициски час.

Градската власт го забрани и приватниот сообраќај по улиците. На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови.

Но, најголем дел од продавниците, остануваат затворени.

Германската агенција наведува дека расте и незадоволството во Шангај, затоа што има недоволно залихи на храна, проблеми со медицинска нега, заразени деца одделени од своите родители, како што налагаат правилата за карантин.

The post Раст на бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот appeared first on Република.

]]>

Во пораст е бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот од големи размери, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА. Евидентирани се 26.330 нови случаи во текот на вчерашниот ден, се наведува во денешниот извештај. Најголем дел од случаите се асимптоматски. Шангај е центарот на најголемиот ковид бран во Кина, од почетокот на пандемијата. И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, огромното мнозинство од населението во областа на Шангај, од 26 милиони лица, продолжува да живее со полициски час. Градската власт го забрани и приватниот сообраќај по улиците. На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови. Но, најголем дел од продавниците, остануваат затворени. Германската агенција наведува дека расте и незадоволството во Шангај, затоа што има недоволно залихи на храна, проблеми со медицинска нега, заразени деца одделени од своите родители, како што налагаат правилата за карантин.

The post Раст на бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот appeared first on Република.

]]>
Во пораст бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-porast-brojot-na-kovid-infekcii-vo-shangaj-i-pokraj-lokdaunot/ Wed, 13 Apr 2022 08:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=487727

Во пораст е бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот од големи размери.

Евидентирани се 26.330 нови случаи во текот на вчерашниот ден, се наведува во денешниот извештај. Најголем дел од случаите се асимптоматски.

Шангај е центарот на најголемиот ковид бран во Кина, од почетокот на пандемијата.

И покрај најаваta за постепено олеснување на заклучувањата, сепак 26 милиони лица, продолжува да живее со полициски час.

Градската власт го забрани и приватниот сообраќај по улиците. На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови.

Но, најголем дел од продавниците, остануваат затворени.

The post Во пораст бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот appeared first on Република.

]]>

Во пораст е бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот од големи размери. Евидентирани се 26.330 нови случаи во текот на вчерашниот ден, се наведува во денешниот извештај. Најголем дел од случаите се асимптоматски. Шангај е центарот на најголемиот ковид бран во Кина, од почетокот на пандемијата. И покрај најаваta за постепено олеснување на заклучувањата, сепак 26 милиони лица, продолжува да живее со полициски час. Градската власт го забрани и приватниот сообраќај по улиците. На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови. Но, најголем дел од продавниците, остануваат затворени.

The post Во пораст бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот appeared first on Република.

]]>
Карантинот во Шангај контрапродуктивен, рапидно расте бројот на асимптоматски случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/karantinot-vo-shangaj-kontraproduktiven-rapidno-raste-brojot-na-asimptomatski-sluchai/ Wed, 13 Apr 2022 07:07:36 +0000 https://republika.mk/?p=487631

Во пораст е бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот од големи размери, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА.

Евидентирани се 26.330 нови случаи во текот на вчерашниот ден, се наведува во денешниот извештај. Најголем дел од случаите се асимптоматски.

Шангај е центарот на најголемиот ковид бран во Кина, од почетокот на пандемијата.

И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, огромното мнозинство од населението во областа на Шангај, од 26 милиони лица, продолжува да живее со  полициски час.

Градската власт го забрани и приватниот сообраќај по улиците. На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови.

Но, најголем дел од продавниците, остануваат затворени.

Германската агенција наведува дека расте и незадоволството во Шангај, затоа што има недоволно залихи на храна, проблеми со медицинска нега, заразени деца одделени од своите родители, како што налагаат правилата за карантин.

The post Карантинот во Шангај контрапродуктивен, рапидно расте бројот на асимптоматски случаи appeared first on Република.

]]>

Во пораст е бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот од големи размери, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА. Евидентирани се 26.330 нови случаи во текот на вчерашниот ден, се наведува во денешниот извештај. Најголем дел од случаите се асимптоматски. Шангај е центарот на најголемиот ковид бран во Кина, од почетокот на пандемијата. И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, огромното мнозинство од населението во областа на Шангај, од 26 милиони лица, продолжува да живее со  полициски час. Градската власт го забрани и приватниот сообраќај по улиците. На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови. Но, најголем дел од продавниците, остануваат затворени. Германската агенција наведува дека расте и незадоволството во Шангај, затоа што има недоволно залихи на храна, проблеми со медицинска нега, заразени деца одделени од своите родители, како што налагаат правилата за карантин.

The post Карантинот во Шангај контрапродуктивен, рапидно расте бројот на асимптоматски случаи appeared first on Република.

]]>
Дел од американскиот конзуларен персонал заминува од Шангај поради Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/del-od-amerikanskiot-konzularen-personal-zaminuva-od-shangaj-poradi-kovid-19/ Tue, 12 Apr 2022 07:20:26 +0000 https://republika.mk/?p=487119

Стејт департментот синоќа им нареди на сите неопходни владини службеници да го напуштат Конзулатот во Шангај поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 и кинеските мерки за борба против вирусот.
Најконтроверзната практика во Шангај е да се одвојат децата позитивни на Ковид-19 од нивните родители.

Шангај се справува со најлошата епидемија од појавата на Ковид-19 во Вухан кон крајот на 2019 година.

The post Дел од американскиот конзуларен персонал заминува од Шангај поради Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Стејт департментот синоќа им нареди на сите неопходни владини службеници да го напуштат Конзулатот во Шангај поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 и кинеските мерки за борба против вирусот. Најконтроверзната практика во Шангај е да се одвојат децата позитивни на Ковид-19 од нивните родители. Шангај се справува со најлошата епидемија од појавата на Ковид-19 во Вухан кон крајот на 2019 година.

The post Дел од американскиот конзуларен персонал заминува од Шангај поради Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Шангај ќе ги олесни рестриктивните мерки и покрај зголемениот број случаи на коронавирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shangaj-kje-gi-olesni-restriktivnite-merki-i-pokraj-zgolemeniot-broj-sluchai-na-koronavirus/ Mon, 11 Apr 2022 15:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=486892

Властите во Шангај денеска ќе започнат со олеснување на „затворањето“ во некои области, и покрај тоа што пријавија рекордни над 25.000 нови случаи на коронавирус во најнаселениот град во земјата и еден од неговите најзначајни финансиски центри.

Метрополата со речиси 26 милиони луѓе ќе дозволи, како што рече градскиот функционер Гу Хонгхуи, „соодветна активност“ во некои населби каде што немало позитивни случаи најмалку две недели. На жителите од овие населби не им е дозволено да патуваат во оние кои сè уште се под строга блокада, пренесува Гардијан.

Секоја област ќе ги објави специфичните имиња на првата група (заедници), рече Гу на брифингот со новинарите.

Шангај денеска објави рекордно висок комбиниран број случаи за претходните 24 часа, со 914 симптоматски случаи и 25.173 асимптоматски. За саботата властите пријавиле 1.006 случаи со симптоми и 23.937 без.

Фрустрацијата продолжи да се зголемува во Шангај. На интернет, како што пренесува Гардија, објавени се потресни приказни за жители кои не можат да пристапат до медицинските ресурси навреме. Засегнатите жители испратија молби за помош со медицински установи и поплаки за тешкотии при купување храна.

https://republika.mk/zivot/patuvanja/makedonci-tri-nedeli-zarobeni-vo-karantinot-vo-shangaj-plateno-mi-e-nerabotenjeto-ama-eksik-neka-e/

Додека вестите за жителите на Шангај кои се борат да купат храна се шират низ Кина, во последните недели жителите во другите провинции, наводно, брзаат да складираат стоки. Повеќекратни „водичи за преживување“ беа споделени на социјалните мрежи во изминатите неколку дена додека луѓето во другите делови на Кина шокирано ги гледаа маките на Шангај, пишува Гардијан.

Ситуацијата во Шангај, исто така, ги поттикна другите кинески градови да преземат пристап со нула ризик од Ковид. Денеска, јужниот град Гуангжу ја откажа наставата со физичко присуство во основните и средните училишта и ги префрли онлајн. Мерките се преземени откако беа откриени повеќе од десетина случаи, а надлежните соопштија дека ќе траат најмалку една недела.

The post Шангај ќе ги олесни рестриктивните мерки и покрај зголемениот број случаи на коронавирус appeared first on Република.

]]>

Властите во Шангај денеска ќе започнат со олеснување на „затворањето“ во некои области, и покрај тоа што пријавија рекордни над 25.000 нови случаи на коронавирус во најнаселениот град во земјата и еден од неговите најзначајни финансиски центри. Метрополата со речиси 26 милиони луѓе ќе дозволи, како што рече градскиот функционер Гу Хонгхуи, „соодветна активност“ во некои населби каде што немало позитивни случаи најмалку две недели. На жителите од овие населби не им е дозволено да патуваат во оние кои сè уште се под строга блокада, пренесува Гардијан.
Секоја област ќе ги објави специфичните имиња на првата група (заедници), рече Гу на брифингот со новинарите.
Шангај денеска објави рекордно висок комбиниран број случаи за претходните 24 часа, со 914 симптоматски случаи и 25.173 асимптоматски. За саботата властите пријавиле 1.006 случаи со симптоми и 23.937 без. Фрустрацијата продолжи да се зголемува во Шангај. На интернет, како што пренесува Гардија, објавени се потресни приказни за жители кои не можат да пристапат до медицинските ресурси навреме. Засегнатите жители испратија молби за помош со медицински установи и поплаки за тешкотии при купување храна. https://republika.mk/zivot/patuvanja/makedonci-tri-nedeli-zarobeni-vo-karantinot-vo-shangaj-plateno-mi-e-nerabotenjeto-ama-eksik-neka-e/
Додека вестите за жителите на Шангај кои се борат да купат храна се шират низ Кина, во последните недели жителите во другите провинции, наводно, брзаат да складираат стоки. Повеќекратни „водичи за преживување“ беа споделени на социјалните мрежи во изминатите неколку дена додека луѓето во другите делови на Кина шокирано ги гледаа маките на Шангај, пишува Гардијан.
Ситуацијата во Шангај, исто така, ги поттикна другите кинески градови да преземат пристап со нула ризик од Ковид. Денеска, јужниот град Гуангжу ја откажа наставата со физичко присуство во основните и средните училишта и ги префрли онлајн. Мерките се преземени откако беа откриени повеќе од десетина случаи, а надлежните соопштија дека ќе траат најмалку една недела.

The post Шангај ќе ги олесни рестриктивните мерки и покрај зголемениот број случаи на коронавирус appeared first on Република.

]]>
Македонци заробени во карантинот во Шангај: Платено ми е неработењето, ама ексик нека е https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/makedonci-tri-nedeli-zarobeni-vo-karantinot-vo-shangaj-plateno-mi-e-nerabotenjeto-ama-eksik-neka-e/ Thu, 07 Apr 2022 15:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=484481

Кина вчера го регистрира највисокиот дневен ковид-биланс од почетокот на пандемијата, со пријавени над 20.000 новозаразени во 24 часа.

Повеќе од 80 отсто од новите позитивни случаи на ковид-19 се регистрирани во Шангај, најголемиот град во земјата, кој минатата недела беше речиси целосно затворен.

[caption id="attachment_484681" align="alignnone" width="640"] Жителите на комплексот во којшто живее семејството Миленковиќ чекаат во ред за тестирање. Ги тестираат секој ден / (Фото: приватна архива)[/caption]

Поранешниот кошаркар и тренер на МЗТ Скопје Драган Миленковиќ - Гаго неколку години живее со семејството во Шангај. Последниве три недели ја дели судбината на 25 милиони шангајци, кои поради ригорозните политики на кинеската влада се во целосен карантин.

Некогаш смееме да излеземе на час-два во комплексот каде што живееме, а веќе следниот момент добиваме порака на апликацијата дека треба да носиме маски и дома. Полека станува неиздржливо, не само за нас, туку и за Кинезите, кои се многу дисциплинирани, вели Миленковиќ за „Република“.

Кинезите се доследни и ригорозни. Во комплексот има пункт каде што се врши постојано тестирање на жителите.

Пунктот е пред нашата зграда, кога ќе јават, се симнуваме и чекаме ред за тестирање. За 17 дена, колку што сме во карантин, имаме направено по 11 теста. Брзи тестови, брисови, постојано, вели Миленковиќ.

Деновите ги минуваат пред телевизор, пред телефон, нарачувајќи се и сешто преку интернет за да им мине времето. Во првите денови од карантинот готвеле, но сега штедат храна.

Вистина се видеата што ги гледате на интернет. Кога затвораат, јавуваат неколку часа претходно дека имате час-два да пазарите. Тогаш настанува војна по маркетите. Кинезите се жестоки, а и добро знаат дека владините одлуки овде можат да бидат на сила до недоглед. И навистина е како што излега на видеата. Луѓе се тепаат на каса за масло, за ориз...

Храна се нарачуваше само првата недела и тоа преку Вичет. Оттогаш владата доставува пакети со храна. Добиваме ориз, нудли, масло за јадење, млеко... Храна не се нарачува преку интернет сервисите. И кога можеше да се нарача, цел Шангај нарачува, па занемува зеленчук, млеко, и некои други основни намирници. Нови сме во овој кварт, неодамна се доселивме, па не контактиравме со соседите. Бев изненаден кога почнаа да тропаат на врата за да ни понудат храна и да споделат информации. Еден сосед ни донесе компири, друг млеко, трети споделуваат информации. Петта година сме овде, и навикнавме да функционираме со апликации, сепак, за да пливаме во тоа море во вонредни услови, потребна ни е помош од Кинези, вели Гаго.

Неговата сопруга Владица, која е наставничка по англиски јазик, и синот Јаков, кој е прваче, следат настава онлајн, но Гаго, кој работи како кошаркарски тренер во Шангај, нема работа додека трае изолацијата.

Засега ми е платено неработењето, но тоа нема да трае. Ако продолжи карантинот, веќе следниот месец ќе земаме намалена плата, вели тој.

[caption id="attachment_484680" align="alignnone" width="640"] Гаго со победничкиот тим (фото: приватна архива)[/caption]

Политиката за карантин во Шангај беше критикувана поради одвојувањето на децата од нивните родители. Но, тоа веќе не се практикува, вели Миленковиќ.

Денеска дозволија децата и родителите да одат заедно. Видеово е од прифатен ценар, во којшто има преку 7000 луѓе. Овде ги носеа позитивните деца, кои не смеат да престојуваат со родителите и обратно. Ако родителот е позитивен, го носат во модуларен центар, а децата остануваат дома со волонтери. Се грижат и за миленичињата на болните. И тие се сместуваат во прифатни центри, објаснува Гаго.

Кина, каде што коронавирусот првпат беше регистриран на крајот на 2019 година, успеа во голема мера да ја искорени епидемијата до март благодарение на строгите мерки и политиката „нулта ковид“.

Но, бројот на случаи погоди илјадници луѓе на дневно ниво во последниве недели, при што официјалните лица велат оти откриле мутација на високо преносливата варијанта омикрон во близина на Шангај.


Разговараше Катерина Митиќ

The post Македонци заробени во карантинот во Шангај: Платено ми е неработењето, ама ексик нека е appeared first on Република.

]]>

Кина вчера го регистрира највисокиот дневен ковид-биланс од почетокот на пандемијата, со пријавени над 20.000 новозаразени во 24 часа. Повеќе од 80 отсто од новите позитивни случаи на ковид-19 се регистрирани во Шангај, најголемиот град во земјата, кој минатата недела беше речиси целосно затворен. [caption id="attachment_484681" align="alignnone" width="640"] Жителите на комплексот во којшто живее семејството Миленковиќ чекаат во ред за тестирање. Ги тестираат секој ден / (Фото: приватна архива)[/caption] Поранешниот кошаркар и тренер на МЗТ Скопје Драган Миленковиќ - Гаго неколку години живее со семејството во Шангај. Последниве три недели ја дели судбината на 25 милиони шангајци, кои поради ригорозните политики на кинеската влада се во целосен карантин.
Некогаш смееме да излеземе на час-два во комплексот каде што живееме, а веќе следниот момент добиваме порака на апликацијата дека треба да носиме маски и дома. Полека станува неиздржливо, не само за нас, туку и за Кинезите, кои се многу дисциплинирани, вели Миленковиќ за „Република“.
Кинезите се доследни и ригорозни. Во комплексот има пункт каде што се врши постојано тестирање на жителите.
Пунктот е пред нашата зграда, кога ќе јават, се симнуваме и чекаме ред за тестирање. За 17 дена, колку што сме во карантин, имаме направено по 11 теста. Брзи тестови, брисови, постојано, вели Миленковиќ.
Деновите ги минуваат пред телевизор, пред телефон, нарачувајќи се и сешто преку интернет за да им мине времето. Во првите денови од карантинот готвеле, но сега штедат храна.
Вистина се видеата што ги гледате на интернет. Кога затвораат, јавуваат неколку часа претходно дека имате час-два да пазарите. Тогаш настанува војна по маркетите. Кинезите се жестоки, а и добро знаат дека владините одлуки овде можат да бидат на сила до недоглед. И навистина е како што излега на видеата. Луѓе се тепаат на каса за масло, за ориз... Храна се нарачуваше само првата недела и тоа преку Вичет. Оттогаш владата доставува пакети со храна. Добиваме ориз, нудли, масло за јадење, млеко... Храна не се нарачува преку интернет сервисите. И кога можеше да се нарача, цел Шангај нарачува, па занемува зеленчук, млеко, и некои други основни намирници. Нови сме во овој кварт, неодамна се доселивме, па не контактиравме со соседите. Бев изненаден кога почнаа да тропаат на врата за да ни понудат храна и да споделат информации. Еден сосед ни донесе компири, друг млеко, трети споделуваат информации. Петта година сме овде, и навикнавме да функционираме со апликации, сепак, за да пливаме во тоа море во вонредни услови, потребна ни е помош од Кинези, вели Гаго.
Неговата сопруга Владица, која е наставничка по англиски јазик, и синот Јаков, кој е прваче, следат настава онлајн, но Гаго, кој работи како кошаркарски тренер во Шангај, нема работа додека трае изолацијата.
Засега ми е платено неработењето, но тоа нема да трае. Ако продолжи карантинот, веќе следниот месец ќе земаме намалена плата, вели тој.
[caption id="attachment_484680" align="alignnone" width="640"] Гаго со победничкиот тим (фото: приватна архива)[/caption] Политиката за карантин во Шангај беше критикувана поради одвојувањето на децата од нивните родители. Но, тоа веќе не се практикува, вели Миленковиќ.
Денеска дозволија децата и родителите да одат заедно. Видеово е од прифатен ценар, во којшто има преку 7000 луѓе. Овде ги носеа позитивните деца, кои не смеат да престојуваат со родителите и обратно. Ако родителот е позитивен, го носат во модуларен центар, а децата остануваат дома со волонтери. Се грижат и за миленичињата на болните. И тие се сместуваат во прифатни центри, објаснува Гаго.
Кина, каде што коронавирусот првпат беше регистриран на крајот на 2019 година, успеа во голема мера да ја искорени епидемијата до март благодарение на строгите мерки и политиката „нулта ковид“. Но, бројот на случаи погоди илјадници луѓе на дневно ниво во последниве недели, при што официјалните лица велат оти откриле мутација на високо преносливата варијанта омикрон во близина на Шангај.
Разговараше Катерина Митиќ

The post Македонци заробени во карантинот во Шангај: Платено ми е неработењето, ама ексик нека е appeared first on Република.

]]>
Карантинот во Шангај ги урна цените на нафтата на светските берзи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/karantinot-vo-shangaj-gi-urna-cenite-na-naftata-na-svetskite-berzi/ Mon, 28 Mar 2022 13:31:11 +0000 https://republika.mk/?p=479908

Цените на нафтата во светот денеска паднаа откако Кина поради случаи на коронавирус го стави во карантин цел Шангај, важен финансиски и производствен центар.

Цените на нафтата брент паднаа за повеќе од 4,5 долари за барел поради загриженоста дека „заклучувањето” на Шангај може да доведе до пад на побарувачката на нафта, јавува Би-Би-Си.

И покрај падот, цените на нафтата се уште се речиси 80 отсто повисоки од пред една година, а војната во Украина придонесе за голем скок.

Шангајскиот композитен индекс падна на почетокот на тргувањето на берзите, но го врати најголемиот дел од загубата во текот на ден от. Денешниот карантин во Шангај е најголемо „заклучување” во Кина од почетокот на пандемијата пред повеќе од две години.

 

The post Карантинот во Шангај ги урна цените на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>

Цените на нафтата во светот денеска паднаа откако Кина поради случаи на коронавирус го стави во карантин цел Шангај, важен финансиски и производствен центар.
Цените на нафтата брент паднаа за повеќе од 4,5 долари за барел поради загриженоста дека „заклучувањето” на Шангај може да доведе до пад на побарувачката на нафта, јавува Би-Би-Си.
И покрај падот, цените на нафтата се уште се речиси 80 отсто повисоки од пред една година, а војната во Украина придонесе за голем скок. Шангајскиот композитен индекс падна на почетокот на тргувањето на берзите, но го врати најголемиот дел од загубата во текот на ден от. Денешниот карантин во Шангај е најголемо „заклучување” во Кина од почетокот на пандемијата пред повеќе од две години.  

The post Карантинот во Шангај ги урна цените на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>