шамии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shamii/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jan 2024 14:26:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шамии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shamii/ 32 32 Ученици бараат девојките да носат шамии, а класовите да се поделат по пол во нивното училиште во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uchenitsi-baraat-devojkite-da-nosat-shamii-a-klasovite-da-se-podelat-po-pol-vo-nivnoto-uchilishte-vo-germanija/ Tue, 16 Jan 2024 14:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=733688

Четворица муслимански ученици побарале да се воведат строги исламски правила во нивното средно училиште „Нордштат“ во Нојс, град во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Како што пренесе ДВ, 17-годишник, двајца 18-годишници и еден 19-годишен ученик барале часовите да бидат строго поделени по пол, мажи да им држат часови по пливање на момчиња, а жени на девојчињата и дека девојките мора да носат шамии.

Тие бараа дури и групите за разговор што постојат за комуникација во класот да бидат поделени по пол, а на муслиманите да им се обезбеди просторија во училиштето каде што ќе можат да се молат и да им биде дозволено да го напуштат училиштето порано во петок за да можат да одат до џамија.

Медиумите јавуваат дека четворицата на час експлицитно изјавиле дека ја отфрлаат демократијата. Тие јавно поддржале каменување и другите кршења на човековите права. Исто така, пишуваат медиумите, вршеле притисок и врз други муслимани кои според нив, биле „лоши муслимани“.

Сето тоа е содржано во полицискиот извештај во кој имале увид од германскиот јавен сервис WDR. Управата на училиштето за случајот ја известила полицијата минатиот декември, а за тоа биле информирани и Државната безбедност, јавното обвинителство во Дизелдорф, како и Покраинската канцеларија на криминалистичката полиција (ЛКА).

Наводно, лани имало повеќе инциденти, во март и декември. За тројца од четворицата ученици се вели дека веќе се пријавени за слични проблеми. Јавното обвинителство се уште истражува што се случило во декември, се сомневаат дека се работи за закани и принуда.

Како што се наведува во полицискиот извештај, биле проверени и родителите на четворицата обвинети ученици.

The post Ученици бараат девојките да носат шамии, а класовите да се поделат по пол во нивното училиште во Германија appeared first on Република.

]]>

Четворица муслимански ученици побарале да се воведат строги исламски правила во нивното средно училиште „Нордштат“ во Нојс, град во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Како што пренесе ДВ, 17-годишник, двајца 18-годишници и еден 19-годишен ученик барале часовите да бидат строго поделени по пол, мажи да им држат часови по пливање на момчиња, а жени на девојчињата и дека девојките мора да носат шамии. Тие бараа дури и групите за разговор што постојат за комуникација во класот да бидат поделени по пол, а на муслиманите да им се обезбеди просторија во училиштето каде што ќе можат да се молат и да им биде дозволено да го напуштат училиштето порано во петок за да можат да одат до џамија. Медиумите јавуваат дека четворицата на час експлицитно изјавиле дека ја отфрлаат демократијата. Тие јавно поддржале каменување и другите кршења на човековите права. Исто така, пишуваат медиумите, вршеле притисок и врз други муслимани кои според нив, биле „лоши муслимани“. Сето тоа е содржано во полицискиот извештај во кој имале увид од германскиот јавен сервис WDR. Управата на училиштето за случајот ја известила полицијата минатиот декември, а за тоа биле информирани и Државната безбедност, јавното обвинителство во Дизелдорф, како и Покраинската канцеларија на криминалистичката полиција (ЛКА). Наводно, лани имало повеќе инциденти, во март и декември. За тројца од четворицата ученици се вели дека веќе се пријавени за слични проблеми. Јавното обвинителство се уште истражува што се случило во декември, се сомневаат дека се работи за закани и принуда. Како што се наведува во полицискиот извештај, биле проверени и родителите на четворицата обвинети ученици.

The post Ученици бараат девојките да носат шамии, а класовите да се поделат по пол во нивното училиште во Германија appeared first on Република.

]]>
Девојчиња што одбиле да ја соблечат муслиманската наметка отстранети од час во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/devojchina-shto-odbile-da-ja-soblechat-muslimanskata-nametka-otstraneti-od-chas-vo-frantsija/ Tue, 05 Sep 2023 13:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=678983

Француските училишта вчера, на првиот час од новата учебна година испратија дома десетици девојчиња дома откако одбиле да ги соблечат муслиманските наметки (абаја).

Француската Влада минатиот месец забрани носење абаја во училиштата со образложение дека таквата облека ги крши секуларните правила. Франција поради тоа ги забрани и муслиманските марами.

Пркосејќи на забраната за носење муслиманска облека, речиси 300 девојчиња се појавија во училиштата во абаја во понеделникот. Повеќето се согласија да се пресоблечат, но 67 одбија и беа испратени дома, изјави францускиот министер за образование Габриел Атал.

Тој додаде дека девојчињата кои биле отстранети од настава добиле писма за нивните родители во кои се наведува дека „секуларизмот не е принуда, туку слобода“.

Ако повторно во училиште дојдат во абаја ќе се води нов дијалог, посочи Атал.

Претседателот Емануел Макрон вчера изјави дека „малцинството во Франција ја киднапира религијата и ја предизвикува Републиката и секуларизмот“, што доведува до „најлоши последици“ како што е убиството на Самуел Пати пред три години за покажување на настава карикатура на пророкот Мухамед, посочи Макрон.

Муслиманско здружение поднесе тужба до Државниот совет, највисокиот суд во земјата за жалби против државните власти, барајќи да се укине забраната за мажи и жени муслимани да носат традиционална облека врз нивната облека.

Закон од март 2004 година го забрани „носењето облека со која учениците ја демонстрираат верската припадност“ во училиштата, вклучувајќи христијански крстови, еврејски капи и исламски шамии. Абаjите беа сива зона и не беа забранети до сега.

The post Девојчиња што одбиле да ја соблечат муслиманската наметка отстранети од час во Франција appeared first on Република.

]]>

Француските училишта вчера, на првиот час од новата учебна година испратија дома десетици девојчиња дома откако одбиле да ги соблечат муслиманските наметки (абаја). Француската Влада минатиот месец забрани носење абаја во училиштата со образложение дека таквата облека ги крши секуларните правила. Франција поради тоа ги забрани и муслиманските марами.
Пркосејќи на забраната за носење муслиманска облека, речиси 300 девојчиња се појавија во училиштата во абаја во понеделникот. Повеќето се согласија да се пресоблечат, но 67 одбија и беа испратени дома, изјави францускиот министер за образование Габриел Атал.
Тој додаде дека девојчињата кои биле отстранети од настава добиле писма за нивните родители во кои се наведува дека „секуларизмот не е принуда, туку слобода“.
Ако повторно во училиште дојдат во абаја ќе се води нов дијалог, посочи Атал.
Претседателот Емануел Макрон вчера изјави дека „малцинството во Франција ја киднапира религијата и ја предизвикува Републиката и секуларизмот“, што доведува до „најлоши последици“ како што е убиството на Самуел Пати пред три години за покажување на настава карикатура на пророкот Мухамед, посочи Макрон. Муслиманско здружение поднесе тужба до Државниот совет, највисокиот суд во земјата за жалби против државните власти, барајќи да се укине забраната за мажи и жени муслимани да носат традиционална облека врз нивната облека. Закон од март 2004 година го забрани „носењето облека со која учениците ја демонстрираат верската припадност“ во училиштата, вклучувајќи христијански крстови, еврејски капи и исламски шамии. Абаjите беа сива зона и не беа забранети до сега.

The post Девојчиња што одбиле да ја соблечат муслиманската наметка отстранети од час во Франција appeared first on Република.

]]>
На Курти засега не му успеа: Останува во сила забраната за носење шамии во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-kurti-zasega-ne-mu-uspea-ostanuva-vo-sila-zabranata-za-nosenje-shamii-vo-uchilishtata/ Sat, 20 Aug 2022 14:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=542343

Министерката за образование на Косово, Арберие Нагавци денеска изјави дека административното упатство за образовните институции, кое во дел од јавноста се толкуваше како ограничување на верските слободи, односно забрана за носење шамии во училиштата, и натаму останува во сила, јави дописникот на МИА од Приштина.

Нагавци на денешната прес-конференција рече дека протестите против упатството се неосновани и нагласи дека со косовскиот Устав „јасно е деифиниран карактерот на државата и на јавните институции“.

Според неа, во споменатиот акт воопшто и не се зброрува за прашањето на носењето шамии во училиштата.

Сакам јасно да ставам до знаење дека некакво административно упатство за шамиите никогаш и немало. Сéта кампања што ја гледате во последно време, јас сметам дека е неоснована и не стои. Јасно е дефиниран карактерот на државата и на јавните институции… Вистина е дека препораките се за Упатството да остане во сила и ние не можеме да промениме некој негов специфичен член. Упатството останува во сила, изјави Нагавци.

Таа нагласи дека правото на школување е гарантирано и никому не може да се забрани да ја следи наставата во училиштата.

Во косовската јавност се разви дебата околу тоа дали треба на девојчињата и девојките да им се дозволи носење шамии на училиште, а во социјалните мрежи се покрената обемна кампања со барање да се укине административната одлука која е во сила и која тоа го забранува.

Премиерот Албин Курти во врска со тоа изјави дека смета оти треба да се дозволи употреба на верските симболи во јавниот живот во Косово, но оти прагот за тоа треба да биде 16-годишната возраст.

Претседателката на државата, Вјоса Османи одговори дека за да се смени возрасниот праг, не само за користење на шамиите, потребна е промена на Уставот, односно тоа не може да се направи со закон или владини одлуки.

The post На Курти засега не му успеа: Останува во сила забраната за носење шамии во училиштата appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование на Косово, Арберие Нагавци денеска изјави дека административното упатство за образовните институции, кое во дел од јавноста се толкуваше како ограничување на верските слободи, односно забрана за носење шамии во училиштата, и натаму останува во сила, јави дописникот на МИА од Приштина. Нагавци на денешната прес-конференција рече дека протестите против упатството се неосновани и нагласи дека со косовскиот Устав „јасно е деифиниран карактерот на државата и на јавните институции“. Според неа, во споменатиот акт воопшто и не се зброрува за прашањето на носењето шамии во училиштата.
Сакам јасно да ставам до знаење дека некакво административно упатство за шамиите никогаш и немало. Сéта кампања што ја гледате во последно време, јас сметам дека е неоснована и не стои. Јасно е дефиниран карактерот на државата и на јавните институции… Вистина е дека препораките се за Упатството да остане во сила и ние не можеме да промениме некој негов специфичен член. Упатството останува во сила, изјави Нагавци.
Таа нагласи дека правото на школување е гарантирано и никому не може да се забрани да ја следи наставата во училиштата. Во косовската јавност се разви дебата околу тоа дали треба на девојчињата и девојките да им се дозволи носење шамии на училиште, а во социјалните мрежи се покрената обемна кампања со барање да се укине административната одлука која е во сила и која тоа го забранува. Премиерот Албин Курти во врска со тоа изјави дека смета оти треба да се дозволи употреба на верските симболи во јавниот живот во Косово, но оти прагот за тоа треба да биде 16-годишната возраст. Претседателката на државата, Вјоса Османи одговори дека за да се смени возрасниот праг, не само за користење на шамиите, потребна е промена на Уставот, односно тоа не може да се направи со закон или владини одлуки.

The post На Курти засега не му успеа: Останува во сила забраната за носење шамии во училиштата appeared first on Република.

]]>
Курти: Да се дозволи носењето шамии и верски симболи за лица над 16-годишна возраст https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-da-se-dozvoli-nosenjeto-shamii-i-verski-simboli-za-lica-nad-16-godishna-vozrast/ Fri, 12 Aug 2022 11:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=539639

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека во Косово не треба да има забрана на шамиите и на другите верски елементи во јавниот живот на граѓаните, јави дописникот на МИА од Приштина.

Сепак, Курти смета дека прагот за дозволување на носење на шамиите во училиштата треба да биде 16 години.

Мој став е дека не треба да има забрана на шамиите и на другите верски елементи во јавниот живот на граѓаните, туку треба да имаме слобода во тој поглед. Меѓутоа, исто така сум кажал и порано дека 16-годишната возраст треба да биде прагот, и таа возраст ја гледаме како праг за многу други работи - рече Курти во обраќањето пред новинарите по денешната посета на Царините на Косово.

Косовскиот премиер смета дека и возраста на која лицата ќе се стекнат со право на глас тгреба да биде 16 години.

Со оглед дека можеш да добиеш лична карта на 16-годишна возраст, ако системот ти дозволува венчавање на 16 години, со оглед дека просечната возраст е 35 години и две третини од населението се под 35 години, мислам дека во иднина не би било лошо и возраста за право на глас да биде 16 години - изјави Курти.

Во косовската јавност во тек е обемна дебата околу тоа дали треба на девојчињата и девојките да им се дозволи носење шамии на училиште, а во социјалните мрежи е покрената голема кампања со барање да се укине административната одлука која е во сила и која тоа го забранува.

The post Курти: Да се дозволи носењето шамии и верски симболи за лица над 16-годишна возраст appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека во Косово не треба да има забрана на шамиите и на другите верски елементи во јавниот живот на граѓаните, јави дописникот на МИА од Приштина. Сепак, Курти смета дека прагот за дозволување на носење на шамиите во училиштата треба да биде 16 години.