Шаќири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shakjiri/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 09:36:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шаќири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shakjiri/ 32 32 Министерот за образование и наука Шаќири во Струга кај учениците што полагаат државна матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-obrazovanie-i-nauka-shakiri-vo-struga-kaj-uchenitsite-shto-polagaat-drzhavna-matura/ Sat, 01 Jun 2024 09:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=783808

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска беше во посета на Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга каде учениците од завршните години го полагаа првиот дел од матурскиот испит за учебната 2023/24 година.

Тој на матурантите им посака успешно заокружување на средното образование со овој чин што е законска обврска и неопходен услов за натамошно продолжување на образованието.

Како што посочи, учениците полагаат два екстерни предмети, два интерни предмети и подготвуваат проектна задача, додека задолжителен за сите е мајчиниот јазик што се полага денеска, а следните се закажани за 8 јуни.

-Прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули (30 дена од полагањето на последниот испит), по што ќе следи можноста за поднесување приговори. Материјалите за подготовка на учениците, вкупно 14.834 пријавени, им беа навремено достапни и ценам дека не би требало да имаат потешкотии при полагањето и дека сите заедно успешно ќе го завршиме овој процес, рече министерот Шаќири.

Клучна новина годинава, како што истакна, е тоа што учениците полагаат во пошироки просторни услови, односно во холовите и салите на своите училишта, или во најблиското каде има соодветни услови, наместо како досега во училниците.

-Намерата е да се обезбеди поголема транспарентност и објективност на процесот. Оние кои се вклучени како набљудувачи и тестатори во државната матура, на овој начин имаат полесна контрола и увид во однесувањето на учениците за време на полагањето и практично очекуваме да бидат елиминирани обидите за манипулации и злоупотреби одредени начини или помагала при пополнувањето на тестовите, рече тој.

За текот и регуларноста на самиот испитен процес се задолжени околу две илјади наставници и околу 250 набљудувачи.

„Уште еднаш им посакувам среќа и успех на сите ученици на матурата, но и успех во понатамошната реализација на образовните и животните цели кои ги имаат зацртано и секако, тоа нека биде во границите на нашата држава, бидејќи тука припаѓаат и тие се иднината од која сите имаме големи очекувања“; порача министерот Шаќири.

The post Министерот за образование и наука Шаќири во Струга кај учениците што полагаат државна матура appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска беше во посета на Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга каде учениците од завршните години го полагаа првиот дел од матурскиот испит за учебната 2023/24 година. Тој на матурантите им посака успешно заокружување на средното образование со овој чин што е законска обврска и неопходен услов за натамошно продолжување на образованието. Како што посочи, учениците полагаат два екстерни предмети, два интерни предмети и подготвуваат проектна задача, додека задолжителен за сите е мајчиниот јазик што се полага денеска, а следните се закажани за 8 јуни. -Прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули (30 дена од полагањето на последниот испит), по што ќе следи можноста за поднесување приговори. Материјалите за подготовка на учениците, вкупно 14.834 пријавени, им беа навремено достапни и ценам дека не би требало да имаат потешкотии при полагањето и дека сите заедно успешно ќе го завршиме овој процес, рече министерот Шаќири. Клучна новина годинава, како што истакна, е тоа што учениците полагаат во пошироки просторни услови, односно во холовите и салите на своите училишта, или во најблиското каде има соодветни услови, наместо како досега во училниците. -Намерата е да се обезбеди поголема транспарентност и објективност на процесот. Оние кои се вклучени како набљудувачи и тестатори во државната матура, на овој начин имаат полесна контрола и увид во однесувањето на учениците за време на полагањето и практично очекуваме да бидат елиминирани обидите за манипулации и злоупотреби одредени начини или помагала при пополнувањето на тестовите, рече тој. За текот и регуларноста на самиот испитен процес се задолжени околу две илјади наставници и околу 250 набљудувачи. „Уште еднаш им посакувам среќа и успех на сите ученици на матурата, но и успех во понатамошната реализација на образовните и животните цели кои ги имаат зацртано и секако, тоа нека биде во границите на нашата држава, бидејќи тука припаѓаат и тие се иднината од која сите имаме големи очекувања“; порача министерот Шаќири.

The post Министерот за образование и наука Шаќири во Струга кај учениците што полагаат државна матура appeared first on Република.

]]>
Решението на Шаќири е од 10 јануари, ниту МКЦ, ниту кандидатите не се известени и пробиен е рокот за жалба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/reshenieto-na-shakiri-e-od-10-januari-nitu-mkts-nitu-kandidatite-ne-se-izvesteni-i-probien-e-rokot-za-zhalba/ Mon, 22 Jan 2024 15:13:53 +0000 https://republika.mk/?p=735540

Музичарот Арбен Шаќири е новиот директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Таму дури денеска дознале за исходот од конкурсот, иако решението за директорската позиција е изработено пред скоро две недели.

Решението на Шаќири е од 10 јануари. Тој дојде денеска на работа со решението, а кандидатите, ниту МКЦ како институција во меѓувреме не се известени за назначувањето. Рокот од осум денови за жалба е пробиен, а, со тоа, поминато е и времето за жалба на другите кандидати. Правото на жалба не е испочитувано, велат од МКЦ за Радио МОФ.

The post Решението на Шаќири е од 10 јануари, ниту МКЦ, ниту кандидатите не се известени и пробиен е рокот за жалба appeared first on Република.

Шаќири: До Владата не е доставен предлог училишната година да започне подоцна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-do-vladata-ne-e-dostaven-predlog-uchilishnata-godina-da-zapochne-podotsna/ Mon, 19 Jun 2023 11:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=653082

Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот на јуни.

Се уште не е доставен предлогот до Влада. Тоа е дискусија што почна заедно со синдикатите, одговори министерот, појаснувајќи дека иако кај нас новата учебна година започнува на 1 септември, во други земји таа стартува подоцна.

Тој нагласи дека Владата ќе одлучи како е подобро за образовниот процес, нагласувајќи дека овие промени може да се реализираат и од септември, за што, според него, има доволно време.

Доколку одлучиме за 1 септември, ќе биде петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа е во средината на месец септември. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст, појасни Шаќири.

Прашан дали новата учебна година ќе започне без проблеми, министерот одговори дека смета оти таа ќе биде една од поуспешните во делот на доставување на учебници уште од самиот старт.

Министерот беше прашан дали ќе има одговорност за тоа што биле пробиени тестовите на матурскиот испит.

Имам побарано од Државниот испитен центар и Советот да ги има предвид сите закони и секое прекршување, да има заклучоци за образовниот процес во дел на препишување на државната матура. Ако имаше пробивање во дел на државната матура, ќе имаше други чекори. Но, и ние како општество во наредниот период сите да дадеме придонес за вакви случувања да има што помалку во образовниот процес, нагласи Шаќири.

The post Шаќири: До Владата не е доставен предлог училишната година да започне подоцна appeared first on Република.

]]>

Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот на јуни.
Се уште не е доставен предлогот до Влада. Тоа е дискусија што почна заедно со синдикатите, одговори министерот, појаснувајќи дека иако кај нас новата учебна година започнува на 1 септември, во други земји таа стартува подоцна.
Тој нагласи дека Владата ќе одлучи како е подобро за образовниот процес, нагласувајќи дека овие промени може да се реализираат и од септември, за што, според него, има доволно време.
Доколку одлучиме за 1 септември, ќе биде петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа е во средината на месец септември. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст, појасни Шаќири.
Прашан дали новата учебна година ќе започне без проблеми, министерот одговори дека смета оти таа ќе биде една од поуспешните во делот на доставување на учебници уште од самиот старт. Министерот беше прашан дали ќе има одговорност за тоа што биле пробиени тестовите на матурскиот испит.
Имам побарано од Државниот испитен центар и Советот да ги има предвид сите закони и секое прекршување, да има заклучоци за образовниот процес во дел на препишување на државната матура. Ако имаше пробивање во дел на државната матура, ќе имаше други чекори. Но, и ние како општество во наредниот период сите да дадеме придонес за вакви случувања да има што помалку во образовниот процес, нагласи Шаќири.

The post Шаќири: До Владата не е доставен предлог училишната година да започне подоцна appeared first on Република.

]]>
Владата усвои сет препораки за училиштата: Режим на користење на мобилните во училиштата и униформи за учениците и наставниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-usvoi-set-preporaki-za-uchilishtata-rezhim-na-koristene-na-mobilnite-vo-uchilishtata-i-uniformi-za-uchenitsite-i-nastavnitsite/ Tue, 16 May 2023 12:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=641416

Владата на седница усвои сет препораки наменети за училиштата како и за сите останати учесници во воспитно-образовниот систем со цел во овој сензитивен период да се делува во насока на безбедноста во училишните објекти и превенирање на врсничкото насилство.

Станува збор за 10 владини препораки кои се плод на еден широк процес на консултации, изјави министерот за образование Јетон Шаќири на прес во Владата.

– Им препорачуваме на сите локални самоуправи во соработка со меѓуопштинските центри за социјални работи да формираат стручни тимови во рамки на општините во чиј фокус ќе бидат работа, разговори поединечно со секое дете во секое училиште

– Му се укажува на Државниот совет за превенција на детско престапништво да достави информација за работа и колку општински совети за превенција се опфатени, а во следниот период да ја засили комуникацијата со МОН во насока на преземање активности за градење доверба и добросостојба во училиштата односно да се засилат превентивните мерки. Во активностите на општинските совети за превенција да се предвиди вклучување на Сојузот на средношколци.

– Им се укажува на сите основни и средни училишта да одржат состаноци со сите родители, старатели на тема подобрување на процесите на безбедност и организација и состојбата во училишните објекти и околината. На состаноците потребно е да се отворат теми и дискусии дали е потребно да се воведат униформи како кодекс на облекување на учениците. Родителите да се запознаат со етичкиот кодекс на наставниците, како и да се размисли за надополнување на постоечкиот кодекс со правила за облекување на наставниот кадар и стручните служби. Исто така, на овие состаноци треба да се потсетат родителите на законските обврски кои произлегуваат од Законот за семејство и Кривичниот законик во делот на одговрноста при извршување на родителското право. Училиштата потребно е да го известат МОН за присутноста на родителите на овие состаноци.

– Во кризни ситуации кои можат негативно да влијаат на однесувањето на учениците потребно е менаџментите, наставниците и стручните служби да одговараат соодветно, да дискутираат и да влијаат на менталната состојба на младите, да понудат поддршка за надминување на предизвиците и да овозможат смирување на несигурноста и задржувањето на чувството на безбедност во училиштата

– Секое училиште треба да направи протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците, за време на часови и во просториите на училиштата. Укинување на употреба на мобилните за време на часови ќе поттикне повеќе дискусија, размена на идеи и слично.

– МОН и БРО ќе подготват листа на ресурси кои ќе се дискутираат на одделенскиот калсен час помежу учениците и наставниците, а ќе служат за унапредување на добросостојбата на учениците како на пример: прирачници за животни вештини, програма за психосоцијална помош и поддршка на унапредување на добросостојба и ментално здравје бна децата и младите во образовнието и здравствените згрижувачки институции, средни и други

– Им се препорачува на општините и на Град Скопје во новата годишна програма за работа на училиштата да се развијат и дополнително зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискримнинација, соработка со родители и старатели. Потребни се и активности за развивање на емоционални вештини компетенции за намалување од ризикот од психолошки нарушување, појава на анксиозност и депресија, а посебен фокус да има на учениците кои се под зголемен ризик.

– Им се укажува и препорачува на директорите на училиштата да обезбедат континуирано и непречени услови за стручните служби да функционираат на училишната клима, грижата за ментално здравје и добросостојба на учениците

– Се укажува на секое училиште да обезбеди просторни услови за соработници со цел да бидат отворени за учениците и доколку имаат потреба да закажат термин тет-а-тет со својот училишен психолог.

– МОН заедно со стручните соработници од основни и средни училишта претставници од сојузот на средношколци, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието, Државниот прсветен инспекторат ќе формира раотбна група која ќе треба да креира протоколи за соодветна работа при обезбедување на поддршка за психосоцијална поддршка и ментално здравје на учениците.

Овие мерки почнуваат да важат веднаш, а МОН ќе ги достави до сите општини и училишта.

The post Владата усвои сет препораки за училиштата: Режим на користење на мобилните во училиштата и униформи за учениците и наставниците appeared first on Република.

]]>

Владата на седница усвои сет препораки наменети за училиштата како и за сите останати учесници во воспитно-образовниот систем со цел во овој сензитивен период да се делува во насока на безбедноста во училишните објекти и превенирање на врсничкото насилство.
Станува збор за 10 владини препораки кои се плод на еден широк процес на консултации, изјави министерот за образование Јетон Шаќири на прес во Владата.
– Им препорачуваме на сите локални самоуправи во соработка со меѓуопштинските центри за социјални работи да формираат стручни тимови во рамки на општините во чиј фокус ќе бидат работа, разговори поединечно со секое дете во секое училиште
– Му се укажува на Државниот совет за превенција на детско престапништво да достави информација за работа и колку општински совети за превенција се опфатени, а во следниот период да ја засили комуникацијата со МОН во насока на преземање активности за градење доверба и добросостојба во училиштата односно да се засилат превентивните мерки. Во активностите на општинските совети за превенција да се предвиди вклучување на Сојузот на средношколци. – Им се укажува на сите основни и средни училишта да одржат состаноци со сите родители, старатели на тема подобрување на процесите на безбедност и организација и состојбата во училишните објекти и околината. На состаноците потребно е да се отворат теми и дискусии дали е потребно да се воведат униформи како кодекс на облекување на учениците. Родителите да се запознаат со етичкиот кодекс на наставниците, како и да се размисли за надополнување на постоечкиот кодекс со правила за облекување на наставниот кадар и стручните служби. Исто така, на овие состаноци треба да се потсетат родителите на законските обврски кои произлегуваат од Законот за семејство и Кривичниот законик во делот на одговрноста при извршување на родителското право. Училиштата потребно е да го известат МОН за присутноста на родителите на овие состаноци. – Во кризни ситуации кои можат негативно да влијаат на однесувањето на учениците потребно е менаџментите, наставниците и стручните служби да одговараат соодветно, да дискутираат и да влијаат на менталната состојба на младите, да понудат поддршка за надминување на предизвиците и да овозможат смирување на несигурноста и задржувањето на чувството на безбедност во училиштата – Секое училиште треба да направи протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците, за време на часови и во просториите на училиштата. Укинување на употреба на мобилните за време на часови ќе поттикне повеќе дискусија, размена на идеи и слично. – МОН и БРО ќе подготват листа на ресурси кои ќе се дискутираат на одделенскиот калсен час помежу учениците и наставниците, а ќе служат за унапредување на добросостојбата на учениците како на пример: прирачници за животни вештини, програма за психосоцијална помош и поддршка на унапредување на добросостојба и ментално здравје бна децата и младите во образовнието и здравствените згрижувачки институции, средни и други – Им се препорачува на општините и на Град Скопје во новата годишна програма за работа на училиштата да се развијат и дополнително зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискримнинација, соработка со родители и старатели. Потребни се и активности за развивање на емоционални вештини компетенции за намалување од ризикот од психолошки нарушување, појава на анксиозност и депресија, а посебен фокус да има на учениците кои се под зголемен ризик. – Им се укажува и препорачува на директорите на училиштата да обезбедат континуирано и непречени услови за стручните служби да функционираат на училишната клима, грижата за ментално здравје и добросостојба на учениците – Се укажува на секое училиште да обезбеди просторни услови за соработници со цел да бидат отворени за учениците и доколку имаат потреба да закажат термин тет-а-тет со својот училишен психолог. – МОН заедно со стручните соработници од основни и средни училишта претставници од сојузот на средношколци, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието, Државниот прсветен инспекторат ќе формира раотбна група која ќе треба да креира протоколи за соодветна работа при обезбедување на поддршка за психосоцијална поддршка и ментално здравје на учениците. Овие мерки почнуваат да важат веднаш, а МОН ќе ги достави до сите општини и училишта.

The post Владата усвои сет препораки за училиштата: Режим на користење на мобилните во училиштата и униформи за учениците и наставниците appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Учебниците се очекува да стигнат до крајот на октомври или почетокот на ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-uchebnicite-se-ochekuva-da-stignat-do-krajot-na-oktomvri-ili-pochetokot-na-noemvri/ Sun, 25 Sep 2022 14:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=554102

Министерот за образование Јетон Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се очекува до крајот на октомври или почетокот на ноември да стигнат учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение.

https://www.youtube.com/watch?v=q1s_adUemiM

The post Шаќири: Учебниците се очекува да стигнат до крајот на октомври или почетокот на ноември appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование Јетон Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се очекува до крајот на октомври или почетокот на ноември да стигнат учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение. https://www.youtube.com/watch?v=q1s_adUemiM

The post Шаќири: Учебниците се очекува да стигнат до крајот на октомври или почетокот на ноември appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Од 1 септември учениците ќе ги имаат сите учебници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-od-1-septemvri-uchenicite-kje-gi-imaat-site-uchebnici/ Fri, 18 Feb 2022 13:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=460468

Министерството за образование и наука ги разгледува сите можности, во тек се постапки и од 1 септември сите ученици во основно и средно образование ќе имаат учебници, соопшти ресорниот министер Јетон Шаќири.

Пред учеството на трибина во Струга, која е дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно", одговарајќи на новинарско прашање за немањето учебници по стручни предмети во средното образование, Шаќири рече дека учениците ќе продолжат да учат како и досега, бидејќи според законските процедури потребни се најмалку три месеци за одобрување на одреден учебник.

Педагошката служба има доставено извештај за сите учебници од основно и средно образование. Ќе се разгледаат сите можности за децата од 1 септември да имаат учебници за тие предмети за кои досега се завршени повиците. За оние предмети за кои нема, ќе распишеме повик. Тоа се законски постапки кои треба да се отворат и потребно е минимум три месеци да завршат, изјави Шаќири.

Директорот на Центарот за стручно образование Шериф Мифтари информира дека досега било дадено позитивно мислење за 147 книги за стручно образование.

Од нашиот Центар е дадено 147 позитивни мислења за книги за стручно образование и обука. Сега работата е на Педагошката служба. Нашата надлежност е до тука, понатаму има други надлежни институции. Мерки се преземани, за ова можеме да зборуваме во септември. Проблемот не е од денеска, туку одамна, но ете нешто е почнато, се преземаат мерки, рече Мифтари.

Во однос на проблемот со немањето парно во средното училиште „Здравко Цветковски" во Скопје, каде учениците повеќе од една недела следат онлајн-настава, министерот Шаќири посочи дека училиштата треба да се обратат во локалните самоуправи, доколку општината не може да помогне тогаш да побараат помош од Владата.

Училиштата треба да се обратат во општините, ако општините проценат дека не можат да помогнат во таква ситуацијата треба да се орбатат до Владата. Потоа економските ресори во Владата ќе треба да одлучат за тие потреби, појасни Шаќири.

Според министерот, блок-дотациите што општините ги добиваат од Владата за училиштата се доволни.

Некои општини бараат пренамена на блок-дотациите заради што не се искористуваат целосно. Досега не сум имал барање од општините за дополнителни блок-дотации, рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања.

The post Шаќири: Од 1 септември учениците ќе ги имаат сите учебници appeared first on Република.