шахти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shahti/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Aug 2023 11:58:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шахти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shahti/ 32 32 Поради најави за невреме, се расчистуваат сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/poradi-najavi-za-nevreme-se-raschistuvaat-slivnitsite-i-shahtite-na-kritichnite-tochki-i-site-podvoznitsi-vo-gradot/ Sat, 05 Aug 2023 11:58:58 +0000 https://republika.mk/?p=668939

Екипите на сектор Канализација при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализациската мрежа, во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме, вчера и денеска спроведуваат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот, со цел непрекината функционалност на атмосферската канализациска мрежа, информираат попладнево од претпријатието.

Во текот на изминатите денови на територија на градот Скопје, екипите работеа на површинско расчистување на 1.458 сливници, рачно чистење на 387 сливници, контрола на 689 шахти, рачно чистење на 308 шахти и перење на 32 сливника со цистерна под притисок, во девет реони во градот, се наведува во соопштението.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како што се додава, се подготвени за интервенции и навремени реакции во согласност со условите и во зависност од интензитетот и количината на водениот талог, со цел задоволување на потребите на граѓаните.

The post Поради најави за невреме, се расчистуваат сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот appeared first on Република.

]]>

Екипите на сектор Канализација при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализациската мрежа, во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме, вчера и денеска спроведуваат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот, со цел непрекината функционалност на атмосферската канализациска мрежа, информираат попладнево од претпријатието. Во текот на изминатите денови на територија на градот Скопје, екипите работеа на површинско расчистување на 1.458 сливници, рачно чистење на 387 сливници, контрола на 689 шахти, рачно чистење на 308 шахти и перење на 32 сливника со цистерна под притисок, во девет реони во градот, се наведува во соопштението. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како што се додава, се подготвени за интервенции и навремени реакции во согласност со условите и во зависност од интензитетот и количината на водениот талог, со цел задоволување на потребите на граѓаните.

The post Поради најави за невреме, се расчистуваат сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот appeared first on Република.

]]>
Фирма ангажирана од Општина Центар заедно со улицата Козара ги асфалтирала и шахтите и решетките за канализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/firma-angazirana-od-opshtina-centar-zaedno-so-ulicata-kozara-gi-asfaltirala-i-shahtite-i-reshetkite-za-kanalizacija/ Wed, 07 Sep 2022 12:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=548342

Фирма ангажирана од Општина Центар заедно со улицата Козара ги асфалтирала и шахтите и решетките за канализација. Откако со месеци оваа улица во скопски Капиштец каде изминатиот период изникнаа куп згради стоеше раскопана, деновиве почна да се асфалтира. Како што раскажуваат жителите, заедно со улицата асфалт бил ставен и на шахтите.

Откако се побунивме како тоа со асфалт ги затвораат шахтите, работниците го раскопаа и го фрлија во шахтите. Нека ни каже некој како се вади асфалт од шахти, велат граѓани на улицата.

По реакциите на граѓаните, денеска на терен излезе градоначалникот Горан Герасимовски и општинските служби кои вршеа чистење на сливниците.

Герасимовски на револтираните граѓани им кажа дека Општината ќе биде строга и ригорозна со казнување доколку во иднина повторно се случат недоследности во работата на изведувачите како затрупувањето на шахтите во овој случај.

The post Фирма ангажирана од Општина Центар заедно со улицата Козара ги асфалтирала и шахтите и решетките за канализација appeared first on Република.

]]>

Фирма ангажирана од Општина Центар заедно со улицата Козара ги асфалтирала и шахтите и решетките за канализација. Откако со месеци оваа улица во скопски Капиштец каде изминатиот период изникнаа куп згради стоеше раскопана, деновиве почна да се асфалтира. Како што раскажуваат жителите, заедно со улицата асфалт бил ставен и на шахтите.

Откако се побунивме како тоа со асфалт ги затвораат шахтите, работниците го раскопаа и го фрлија во шахтите. Нека ни каже некој како се вади асфалт од шахти, велат граѓани на улицата.

По реакциите на граѓаните, денеска на терен излезе градоначалникот Горан Герасимовски и општинските служби кои вршеа чистење на сливниците.

Герасимовски на револтираните граѓани им кажа дека Општината ќе биде строга и ригорозна со казнување доколку во иднина повторно се случат недоследности во работата на изведувачите како затрупувањето на шахтите во овој случај.

The post Фирма ангажирана од Општина Центар заедно со улицата Козара ги асфалтирала и шахтите и решетките за канализација appeared first on Република.

]]>
Украдени капаци на шахти, опожарени шахти и цевки – вандалски чин во општина Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ukradeni-kapaci-na-shahti-opozareni-shahti-i-cevki-vandalski-chin-vo-opshtina-butel/ Sat, 09 Jul 2022 11:03:37 +0000 https://republika.mk/?p=526231

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при рутинска проверка на атмосферската канализација на ул. Александар Урдаревски кај мостот на реката Серава во општина Бутел, открија вандалски чин кој е на голема штета на претпријатието, но и на самите граѓани, како и опасност по нивната
безбедност.

Имено, при проверката на оваа линија беше установена кражба на капаците на шахтите, опожарување на шахтите но и на самите цевки кои се дел од атмосферската канализација. Веднаш по овие сознанија, случајот беше во пријавен
во Општина Бутел и МВР од каде беше извршен испекциски надзор и случајот беше заведен од страна на надлежните институции.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, веќе утрово ја оспособија атмосферската канализациска линија со дијаметар на цевка ф1000мм, каде во текот на вчерашниот ден беше утврдено извршување на вандалски чин и нејзино
оштетување и обезбедија непречен проток на атмосферска вода во истата.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во однос на овој случај по службена должност ќе поднесе две пријави за сторено злодело, една за кражба и една за опожарување на атмосферската канализација.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, јавно и строго го осудува ваквото неодговорно однесување на групи на поединци, кои нанесуваат штета не само на претпријатието туку и на граѓаните на град Скопје и претставуваат опасност за околината.

The post Украдени капаци на шахти, опожарени шахти и цевки – вандалски чин во општина Бутел appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при рутинска проверка на атмосферската канализација на ул. Александар Урдаревски кај мостот на реката Серава во општина Бутел, открија вандалски чин кој е на голема штета на претпријатието, но и на самите граѓани, како и опасност по нивната безбедност. Имено, при проверката на оваа линија беше установена кражба на капаците на шахтите, опожарување на шахтите но и на самите цевки кои се дел од атмосферската канализација. Веднаш по овие сознанија, случајот беше во пријавен во Општина Бутел и МВР од каде беше извршен испекциски надзор и случајот беше заведен од страна на надлежните институции. Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, веќе утрово ја оспособија атмосферската канализациска линија со дијаметар на цевка ф1000мм, каде во текот на вчерашниот ден беше утврдено извршување на вандалски чин и нејзино оштетување и обезбедија непречен проток на атмосферска вода во истата. ЈП Водовод и канализација – Скопје, во однос на овој случај по службена должност ќе поднесе две пријави за сторено злодело, една за кражба и една за опожарување на атмосферската канализација. ЈП Водовод и канализација – Скопје, јавно и строго го осудува ваквото неодговорно однесување на групи на поединци, кои нанесуваат штета не само на претпријатието туку и на граѓаните на град Скопје и претставуваат опасност за околината.

The post Украдени капаци на шахти, опожарени шахти и цевки – вандалски чин во општина Бутел appeared first on Република.

]]>