сезона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sezona/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Oct 2023 18:07:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сезона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sezona/ 32 32 Дино Имери и тенорот Михаило Арсенски ќе го отворат фестивалот „Златна Лира“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dino-imeri-i-tenorot-mihailo-arsenski-ke-go-otvorat-festivalot-zlatna-lira/ Wed, 11 Oct 2023 18:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=690279

Македонскиот пијанист Дино Имери, кој не случајно критиката го нарекува „волшебник на пијаното“, до крајот на оваа година го очекуваат неколку значајни настани, што ќе придонесат кон збогатување не само на неговата лична биографија и пијанистичка кариера, туку и на културното милје во земјава. Имери ќе реализира концерти на домашната и на меѓународната сцена, самостојни, но и во рамки на фестивали и проекти, што ќе остават силен белег на музичкото небо и надвор од земјава, поради шареноликата програма, поради несомнениот квалитет на неговото музицирање, но и поради поводите за кои тие се наменети.

Првиот настап на еден од најдобрите македонски пијанисти, Дино Имери, ќе се случи на 16 октомври, кога заедно со извонредниот тенор Михаило Арсенски, ќе концертира на свеченото отворање на фестивалот „Златна Лира“, кој е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија. Оваа вечер ќе ја красат изведби на мошне импресивни дела од различни музички епохи, од композитори како Клод Дебиси или Рихард Штраус, и секако дела од македонските композитори, оние кои ги поставија темелите на македонското композиторско творештво - Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев и Томислав Зографски.

Мошне значаен меѓународен проект, ќе се случи на 25 октомври. По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music), каде ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин, со изведба на дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон.

На 19 ноември, Имери заминува во Загреб, Хрватска, каде што ќе одржи солистички рецитал во прекрасното здание на Државниот архив. Она што посебно интригира во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист ќе свири на историскиот инструмент „Pleyel“ од 1924 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија. Концертот е дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а Имери ќе изведе дела од Де Фаља, Момпу, Равел, Бизе-Хоровиц. Организатор на настанот е уметничката организација „Cristoforium“, во соработка со Културно-информативниот центар на РСМ во Загреб.

На 4 декември, пак, Имери се враќа во Скопје, каде што во Камерната сала на Филхармонија на РСМ, заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери Илкоска, ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“.

Станува збор всушност, за концерт на ИД Камерниот оркестар, предводен од маестра Имери Илкоска, на кој како солист на пијано настапува Дино Имери. Мошне атрактивна и комплексна програма, заокружена во звучно-поетска обланда преку изведба на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во f-moll и други дела на славниот романтичар Фредерик Шопен. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, како и од Амбасада на Р. Полска во РСМ.

The post Дино Имери и тенорот Михаило Арсенски ќе го отворат фестивалот „Златна Лира“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист Дино Имери, кој не случајно критиката го нарекува „волшебник на пијаното“, до крајот на оваа година го очекуваат неколку значајни настани, што ќе придонесат кон збогатување не само на неговата лична биографија и пијанистичка кариера, туку и на културното милје во земјава. Имери ќе реализира концерти на домашната и на меѓународната сцена, самостојни, но и во рамки на фестивали и проекти, што ќе остават силен белег на музичкото небо и надвор од земјава, поради шареноликата програма, поради несомнениот квалитет на неговото музицирање, но и поради поводите за кои тие се наменети. Првиот настап на еден од најдобрите македонски пијанисти, Дино Имери, ќе се случи на 16 октомври, кога заедно со извонредниот тенор Михаило Арсенски, ќе концертира на свеченото отворање на фестивалот „Златна Лира“, кој е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија. Оваа вечер ќе ја красат изведби на мошне импресивни дела од различни музички епохи, од композитори како Клод Дебиси или Рихард Штраус, и секако дела од македонските композитори, оние кои ги поставија темелите на македонското композиторско творештво - Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев и Томислав Зографски. Мошне значаен меѓународен проект, ќе се случи на 25 октомври. По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music), каде ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин, со изведба на дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон. На 19 ноември, Имери заминува во Загреб, Хрватска, каде што ќе одржи солистички рецитал во прекрасното здание на Државниот архив. Она што посебно интригира во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист ќе свири на историскиот инструмент „Pleyel“ од 1924 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија. Концертот е дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а Имери ќе изведе дела од Де Фаља, Момпу, Равел, Бизе-Хоровиц. Организатор на настанот е уметничката организација „Cristoforium“, во соработка со Културно-информативниот центар на РСМ во Загреб. На 4 декември, пак, Имери се враќа во Скопје, каде што во Камерната сала на Филхармонија на РСМ, заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери Илкоска, ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“. Станува збор всушност, за концерт на ИД Камерниот оркестар, предводен од маестра Имери Илкоска, на кој како солист на пијано настапува Дино Имери. Мошне атрактивна и комплексна програма, заокружена во звучно-поетска обланда преку изведба на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во f-moll и други дела на славниот романтичар Фредерик Шопен. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, како и од Амбасада на Р. Полска во РСМ.

The post Дино Имери и тенорот Михаило Арсенски ќе го отворат фестивалот „Златна Лира“ appeared first on Република.

]]>
Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на Рисима Рисимкин вечерва се отвора новата сезона на Опера и балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-premiera-na-sovremeniot-balet-saga-identiteti-na-risima-risimkin-vecherva-se-otvora-novata-sezona-na-opera-i-balet/ Fri, 06 Oct 2023 09:13:38 +0000 https://republika.mk/?p=688491

Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на кореографката Рисима Рисимкин вечерва и утревечер во 20 часот се отвора новата сезона на Национлната опера и балет.

Насловните улоги ги толкуваат прима-балерините Марија Кичевска Шокаровска и Мирјана Поп-Алексова Атанасова, како и истакнатата солистка Саша Евтимова, придружувани од Балаж Лочеи (к.г. Унгарија) и другите солисти и ансамблот на Балетот. Настапуваат и: Наташа Трендафилова Гицев, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Игор Веланоски, Ендру Кук (к.г.Англија), Веселин Трајковски, Алфред Јаго (к.г. Англија), Франциско Хименез Руиз (к.г Шпанија) и Мирослав Митрашиновиќ.

Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.

Македонската кореографка Рисима Рисимкин, која последниве години е актуелна на танцовите сцени во Париз, Њујорк и Пекинг, каде за нејзините кореографски остварувања добива одлични критики, после подолго време на наша покана, работи престава во Националниот балет. Рисимкин подготви национално дело, инспирирано од музиката, традицијата и современото македонско поетско творештво, каде прави симбиоза помеѓу битовота, класичната и модерната танцова лексика преточена во музиката на светски познатиот композитор Тони Китановски, костимите се на повеќе пати наградуваниот костимограф, Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, чии сценографски решенија добиваат одлични оценки на познатите танцови светски сцени. Авторската екипа, во соработка со танчерите на Националниот балет, создаде едно спектакуларно дело, во кое се испреплетува историјата, традицијата и современиот уметнички израз – вели Олга Панго, уметнички директор на Балетот.

The post Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на Рисима Рисимкин вечерва се отвора новата сезона на Опера и балет appeared first on Република.

]]>

Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на кореографката Рисима Рисимкин вечерва и утревечер во 20 часот се отвора новата сезона на Национлната опера и балет. Насловните улоги ги толкуваат прима-балерините Марија Кичевска Шокаровска и Мирјана Поп-Алексова Атанасова, како и истакнатата солистка Саша Евтимова, придружувани од Балаж Лочеи (к.г. Унгарија) и другите солисти и ансамблот на Балетот. Настапуваат и: Наташа Трендафилова Гицев, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Игор Веланоски, Ендру Кук (к.г.Англија), Веселин Трајковски, Алфред Јаго (к.г. Англија), Франциско Хименез Руиз (к.г Шпанија) и Мирослав Митрашиновиќ. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.
Македонската кореографка Рисима Рисимкин, која последниве години е актуелна на танцовите сцени во Париз, Њујорк и Пекинг, каде за нејзините кореографски остварувања добива одлични критики, после подолго време на наша покана, работи престава во Националниот балет. Рисимкин подготви национално дело, инспирирано од музиката, традицијата и современото македонско поетско творештво, каде прави симбиоза помеѓу битовота, класичната и модерната танцова лексика преточена во музиката на светски познатиот композитор Тони Китановски, костимите се на повеќе пати наградуваниот костимограф, Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, чии сценографски решенија добиваат одлични оценки на познатите танцови светски сцени. Авторската екипа, во соработка со танчерите на Националниот балет, создаде едно спектакуларно дело, во кое се испреплетува историјата, традицијата и современиот уметнички израз – вели Олга Панго, уметнички директор на Балетот.
 
The post Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на Рисима Рисимкин вечерва се отвора новата сезона на Опера и балет appeared first on Република.

]]>
Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со виолинистот Барнабаш Келемен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filharmonija-ja-otvora-novata-kontsertna-sezona-so-violinistot-barnabash-kelemen/ Thu, 05 Oct 2023 07:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=688040

Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе ја отвори новата концертна сезона насловена „80 години-Љубов!“. Првиот концерт е насловен „Будење“ и како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена – Барнабаш Келемен од Унгарија, а диригент е Бенџамин Шварц од Израел/САД.

На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Бела Барток и Извадоци од балетот „Ромео и Јулија“ од Сергеј Прокофјев.

Виолинистот Барнабаш Келемен ги освои најпознатите концертни сцени во светот со својата виртуозна техника и динамика, како и со страсниот изведувачки стил. Различен и со отворен ум, тој важи за исклучителен солист и камерен музичар, како и уметнички директор на фестивали и професор на водечки музички институции. Во последните неколку години, Келемен работи и како диригент. Поседува филигранско чувство за креирање стил и поседува неверојатна техничка подготвеност која му дава сигурност да изведува комплексни дела од виолинската литература. Неговиот репертоар е диверзитетен, изведува дела од раниот барок, класиката, дела од романтизмот, како и современа музика, велат од Македонската филхармонија.

За диригентот Бенџамин Шварц, од Македонска филхармонија ги пренесуваат зборовите на критичарите кои го опишуваат како сензација. Тој, како што оценуваат критичарите, „има јасна визија во своите интерпретации“.

Овие квалитети заедно со широкиот репертоар на дела произлегуваат од неговата постојано присутна желба за истражување и проширување на индивидуалните звучни хоризонти. Следната сезона Шварц ќе работи како шеф-диригент на државниот оркестар на Рајнската филхармонија. Од 2013 до 2016 година работи како музички директор на Филхармонискиот оркестар на Вроцлав, Полска, информираат од Македонската филхармонија.

The post Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со виолинистот Барнабаш Келемен appeared first on Република.

]]>

Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе ја отвори новата концертна сезона насловена „80 години-Љубов!“. Првиот концерт е насловен „Будење“ и како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена – Барнабаш Келемен од Унгарија, а диригент е Бенџамин Шварц од Израел/САД. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Бела Барток и Извадоци од балетот „Ромео и Јулија“ од Сергеј Прокофјев.
Виолинистот Барнабаш Келемен ги освои најпознатите концертни сцени во светот со својата виртуозна техника и динамика, како и со страсниот изведувачки стил. Различен и со отворен ум, тој важи за исклучителен солист и камерен музичар, како и уметнички директор на фестивали и професор на водечки музички институции. Во последните неколку години, Келемен работи и како диригент. Поседува филигранско чувство за креирање стил и поседува неверојатна техничка подготвеност која му дава сигурност да изведува комплексни дела од виолинската литература. Неговиот репертоар е диверзитетен, изведува дела од раниот барок, класиката, дела од романтизмот, како и современа музика, велат од Македонската филхармонија.
За диригентот Бенџамин Шварц, од Македонска филхармонија ги пренесуваат зборовите на критичарите кои го опишуваат како сензација. Тој, како што оценуваат критичарите, „има јасна визија во своите интерпретации“.
Овие квалитети заедно со широкиот репертоар на дела произлегуваат од неговата постојано присутна желба за истражување и проширување на индивидуалните звучни хоризонти. Следната сезона Шварц ќе работи како шеф-диригент на државниот оркестар на Рајнската филхармонија. Од 2013 до 2016 година работи како музички директор на Филхармонискиот оркестар на Вроцлав, Полска, информираат од Македонската филхармонија.

The post Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со виолинистот Барнабаш Келемен appeared first on Република.

]]>
Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со врвниот виолинист Барнабаш Келемен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filharmonija-ja-otvora-novata-kontsertna-sezona-so-vrvniot-violinist-barnabash-kelemen/ Mon, 02 Oct 2023 07:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=686926

Овој четврток со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја отвори новата концертна сезона насловена „80 години-Љубов!“. Првиот концерт е насловен „Будење“ и како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена – Барнабаш Келемен од Унгарија, а диригенти е Бенџамин Шварц од Израел/САД.

На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Бела Барток и Извадоци од балетот „Ромео и Јулија“ од Сергеј Прокофјев.

Бела Барток (1881 – 1945) е еден од најпознатите унгарски композитори (воедно пијанист и етномузиколог) и еден од најзначајните композитори на 20 век. Тој е еден од основачите на етномузикологијата, антропологијата и етнографијата во музиката. Во неговиот опус препознатлива е инспирацијата од фолклорното мелодиско богатство, а познат е и по неговите едиции за музичкиот фолклор. Долго време бил во потрага по својот автентичен стил. Бил под влијание на Брамс и Лист, Штраус, Дебиси, Шенберг или Стравински, но подоцна, иако потпирајќи се на унгарската звучна традиција, создал индивидуален израз и филигрански изработен, кохерентен и оригинален јазик. Концертот за виолина и оркестар бр. 2 (1938) долго време важел за негов единствен виолински концерт, затоа што останатите биле објавени по неговата смрт. Посветен е на виолинистот Золтан Шекељ, кој му предложил на Барток да биде во три става, наспроти идејата на композиторот да биде во еден. Токму Шекељ и го извел делото премиерно во Амстердам (1939), со оркестарот на Концертгебау. Бела Барток во ова дело останал верен на својот препознатлив стил и самиот велел дека не мора по секаква цена да се изрази како модернист. Се вратил на тоналитетите и за сите три става избрал решенија блиски на традицијата.

Балетот во три чина, според Шекспировата трагедија „Ромео и Јулија“, една од најубавите и најчитани драми во светската литература е лирска музичка приказна за трагичната љубов на двајцата главни протагонисти видена од специфичниот агол на препознатливиот музички сензибилитет на рускиот композитор Сергеј Прокофјев. Од кога е напишан, во 1938 година, овој балет е постојана инспирација за генерации кореографи и режисери, а музиката на Прокофјев е совршен звучен тестамент кој постојано се изведува и самостојно, без балетска поставка. Многу композитори напишале балети и опери инспирирани од приказната за двајцата несреќни љубовници кои на трагичен начин ќе ѝ стават крај на нетрпеливоста меѓу нивните семејства – Монтеки и Капулети. Сепак, Сергеј Прокофјев бил првиот композитор кој создал вистински шекспировски балет – еден од најдобрите во 20 век. Ова музичко-сценско дело има исклучителен и богат музички израз. Музиката на Прокофјев овозможила автентично танцово обликување на Шекспировото дело и неговите ликови кои преку моќниот звук и кореографија добиваат сосема нова димензија. Праизведбата била надвор во Русија, во Брно, на 30 јануари 1938 година, од кога всушност започнува брилијантната сценска и инструментална историја на овој исклучителен балет.

Виолинистот Барнабаш Келемен ги освои најпознатите концертни сцени во светот со својата виртуозна техника и динамика, како и со страсниот изведувачки стил. Различен и со отворен ум, тој важи за исклучителен солист и камерен музичар, како и уметнички директор на фестивали и професор на водечки музички институции. Во последните неколку години, Келемен работи и како диригент. Поседува филигранско чувство за креирање стил и поседува неверојатна техничка подготвеност која му дава сигурност да изведува комплексни дела од виолинската литература. Неговиот репертоар е диверзитетен, изведува дела од раниот барок, класиката, дела од романтизмот, како и современа музика. Посветен промотор е на современата музика и зад себе има многу светски и унгарски премиери на дела од Куртаг, Лигети, Шнитке, Губадулина, Рајх... Настапува на сцените на Карнеги Хол, Концертгебау, Ројал фестивал хол, како и на сцената на Берлинската филхармонија. Често настапува во оркестарот на „Би-би-си“, Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Унгарскиот национален филхармониски оркестар, Естонискиот национален симфониски оркестар, Лондонскиот симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Хелсинки, Филхармонијата на Хонг Конг... Настапувал со водечки диригенти како Лорин Мазел, Сер Невил Маринер, Владимир Јуровски, Марек Јановски, Мајкл Стерн, Иван Фишер и други. Добитник е на значајни награди и признанија, а досега има снимено 20 албуми за престижни продукциски компании, од кои 17 се соло, а три со неговиот квартет. Добитник е на први награди на интернационалниот натпревар за виолина „Моцарт“ во Салцбург, на интернационалниот натпревар за виолина во Индијанаполис... Во моментов работи како професор на музичката академија „Лист“ во Будимпешта и на универзитетот во Келн. Барнабаш Келемен свири на виолина „Џузепе Гварнери“ од 1742 година, која му е дадена на користење од државата (Унгарија).

„Бенџамин Шварц е сензација. Со неговата чиста енергија, перфектна техника во комбинација со мотивиран оркестар, тој успева да продуцира возбудлив и култивиран звук“. Ова се дел од зборовите со кои критичарите го опишуваат харизматичниот диригент Бенџамин Шварц, кој, како што оценуваат, „има јасна визија во своите интерпретации“. Овие квалитети заедно со широкиот репертоар на дела произлегуваат од неговата постојано присутна желба за истражување и проширување на индивидуалните звучни хоризонти. Следната сезона Шварц ќе работи како шеф-диригент на државниот оркестар на Рајнската филхармонија. Од 2013 до 2016 година работи како музички директор на Филхармонискиот оркестар на Вроцлав, Полска. Со својата работа во овој оркестар тој беше вклучен и во голем број од настаните што се реализираа во 2016 година, кога Вроцлав беше Европска престолнина на културата. Работел и како гостин-диригент на Филхармонијата на Дисбург (2019/2020), бил гостин-диригент на Симфонискиот оркестар на Сан Франциско и музички директор на Младинскиот оркестар во овој американски град. Репертоарот на Шварц го рефлектира неговиот антидогматски, отворен однос кон програмата и делата од различни епохи и стилови – од делата на Џон Адамс до Малер, Брамс, Барток... Бил вклучен и во проектот „Години на вознемиреност“, во соработка со скулпторот, сликар и сценограф Александар Ползин, продукција која се базира на поезијата на англо-американскиот поет В. Х. Оден, во која преку музика и слики се прикажуваат настани од раниот 20 век. Како гостин-диригент, Шварц настапувал во Кралската филхармонија на Стокхолм, Филхармонијата на Лос Анџелес, Кралскиот шкотски симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Токио, Националниот оркестар на Лил и многу други. Работел и оперски продукции во Шведската кралска опера, Операта во Келн, Вајнмар... Работел и балетски продукции, меѓу кои и кореографијата на Пина Бауш на „Посветување на пролетта“. Во неговата дискографија се делата од Алберт Шнелцер кои ги сними со Симфонискиот оркестар на Готенбург, делата на Поул Рудерс со Симфонискиот оркестар на Оденсе и музиката на Васо Мендонца со оркестарот на Гулбенкиан.

The post Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со врвниот виолинист Барнабаш Келемен appeared first on Република.

]]>

Овој четврток со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја отвори новата концертна сезона насловена „80 години-Љубов!“. Првиот концерт е насловен „Будење“ и како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена – Барнабаш Келемен од Унгарија, а диригенти е Бенџамин Шварц од Израел/САД.

На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Бела Барток и Извадоци од балетот „Ромео и Јулија“ од Сергеј Прокофјев.

Бела Барток (1881 – 1945) е еден од најпознатите унгарски композитори (воедно пијанист и етномузиколог) и еден од најзначајните композитори на 20 век. Тој е еден од основачите на етномузикологијата, антропологијата и етнографијата во музиката. Во неговиот опус препознатлива е инспирацијата од фолклорното мелодиско богатство, а познат е и по неговите едиции за музичкиот фолклор. Долго време бил во потрага по својот автентичен стил. Бил под влијание на Брамс и Лист, Штраус, Дебиси, Шенберг или Стравински, но подоцна, иако потпирајќи се на унгарската звучна традиција, создал индивидуален израз и филигрански изработен, кохерентен и оригинален јазик. Концертот за виолина и оркестар бр. 2 (1938) долго време важел за негов единствен виолински концерт, затоа што останатите биле објавени по неговата смрт. Посветен е на виолинистот Золтан Шекељ, кој му предложил на Барток да биде во три става, наспроти идејата на композиторот да биде во еден. Токму Шекељ и го извел делото премиерно во Амстердам (1939), со оркестарот на Концертгебау. Бела Барток во ова дело останал верен на својот препознатлив стил и самиот велел дека не мора по секаква цена да се изрази како модернист. Се вратил на тоналитетите и за сите три става избрал решенија блиски на традицијата.

Балетот во три чина, според Шекспировата трагедија „Ромео и Јулија“, една од најубавите и најчитани драми во светската литература е лирска музичка приказна за трагичната љубов на двајцата главни протагонисти видена од специфичниот агол на препознатливиот музички сензибилитет на рускиот композитор Сергеј Прокофјев. Од кога е напишан, во 1938 година, овој балет е постојана инспирација за генерации кореографи и режисери, а музиката на Прокофјев е совршен звучен тестамент кој постојано се изведува и самостојно, без балетска поставка. Многу композитори напишале балети и опери инспирирани од приказната за двајцата несреќни љубовници кои на трагичен начин ќе ѝ стават крај на нетрпеливоста меѓу нивните семејства – Монтеки и Капулети. Сепак, Сергеј Прокофјев бил првиот композитор кој создал вистински шекспировски балет – еден од најдобрите во 20 век. Ова музичко-сценско дело има исклучителен и богат музички израз. Музиката на Прокофјев овозможила автентично танцово обликување на Шекспировото дело и неговите ликови кои преку моќниот звук и кореографија добиваат сосема нова димензија. Праизведбата била надвор во Русија, во Брно, на 30 јануари 1938 година, од кога всушност започнува брилијантната сценска и инструментална историја на овој исклучителен балет.   Виолинистот Барнабаш Келемен ги освои најпознатите концертни сцени во светот со својата виртуозна техника и динамика, како и со страсниот изведувачки стил. Различен и со отворен ум, тој важи за исклучителен солист и камерен музичар, како и уметнички директор на фестивали и професор на водечки музички институции. Во последните неколку години, Келемен работи и како диригент. Поседува филигранско чувство за креирање стил и поседува неверојатна техничка подготвеност која му дава сигурност да изведува комплексни дела од виолинската литература. Неговиот репертоар е диверзитетен, изведува дела од раниот барок, класиката, дела од романтизмот, како и современа музика. Посветен промотор е на современата музика и зад себе има многу светски и унгарски премиери на дела од Куртаг, Лигети, Шнитке, Губадулина, Рајх... Настапува на сцените на Карнеги Хол, Концертгебау, Ројал фестивал хол, како и на сцената на Берлинската филхармонија. Често настапува во оркестарот на „Би-би-си“, Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Унгарскиот национален филхармониски оркестар, Естонискиот национален симфониски оркестар, Лондонскиот симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Хелсинки, Филхармонијата на Хонг Конг... Настапувал со водечки диригенти како Лорин Мазел, Сер Невил Маринер, Владимир Јуровски, Марек Јановски, Мајкл Стерн, Иван Фишер и други. Добитник е на значајни награди и признанија, а досега има снимено 20 албуми за престижни продукциски компании, од кои 17 се соло, а три со неговиот квартет. Добитник е на први награди на интернационалниот натпревар за виолина „Моцарт“ во Салцбург, на интернационалниот натпревар за виолина во Индијанаполис... Во моментов работи како професор на музичката академија „Лист“ во Будимпешта и на универзитетот во Келн. Барнабаш Келемен свири на виолина „Џузепе Гварнери“ од 1742 година, која му е дадена на користење од државата (Унгарија).

„Бенџамин Шварц е сензација. Со неговата чиста енергија, перфектна техника во комбинација со мотивиран оркестар, тој успева да продуцира возбудлив и култивиран звук“. Ова се дел од зборовите со кои критичарите го опишуваат харизматичниот диригент Бенџамин Шварц, кој, како што оценуваат, „има јасна визија во своите интерпретации“. Овие квалитети заедно со широкиот репертоар на дела произлегуваат од неговата постојано присутна желба за истражување и проширување на индивидуалните звучни хоризонти. Следната сезона Шварц ќе работи како шеф-диригент на државниот оркестар на Рајнската филхармонија. Од 2013 до 2016 година работи како музички директор на Филхармонискиот оркестар на Вроцлав, Полска. Со својата работа во овој оркестар тој беше вклучен и во голем број од настаните што се реализираа во 2016 година, кога Вроцлав беше Европска престолнина на културата. Работел и како гостин-диригент на Филхармонијата на Дисбург (2019/2020), бил гостин-диригент на Симфонискиот оркестар на Сан Франциско и музички директор на Младинскиот оркестар во овој американски град. Репертоарот на Шварц го рефлектира неговиот антидогматски, отворен однос кон програмата и делата од различни епохи и стилови – од делата на Џон Адамс до Малер, Брамс, Барток... Бил вклучен и во проектот „Години на вознемиреност“, во соработка со скулпторот, сликар и сценограф Александар Ползин, продукција која се базира на поезијата на англо-американскиот поет В. Х. Оден, во која преку музика и слики се прикажуваат настани од раниот 20 век. Како гостин-диригент, Шварц настапувал во Кралската филхармонија на Стокхолм, Филхармонијата на Лос Анџелес, Кралскиот шкотски симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Токио, Националниот оркестар на Лил и многу други. Работел и оперски продукции во Шведската кралска опера, Операта во Келн, Вајнмар... Работел и балетски продукции, меѓу кои и кореографијата на Пина Бауш на „Посветување на пролетта“. Во неговата дискографија се делата од Алберт Шнелцер кои ги сними со Симфонискиот оркестар на Готенбург, делата на Поул Рудерс со Симфонискиот оркестар на Оденсе и музиката на Васо Мендонца со оркестарот на Гулбенкиан.

The post Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со врвниот виолинист Барнабаш Келемен appeared first on Република.

]]>
Кикиљас: Изборите нема да влијаат на туристичката сезона во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kikilas-izborite-nema-da-vlijaat-na-turistichkata-sezona-vo-grtsija/ Fri, 07 Apr 2023 07:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=628207

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас, говорејќи за грчката телевизија „Антена“ истакна дека нема простор за загриженост дека изборите во земјата би можеле да влијаат на туристичката сезона, а паралелно истакна дека очекуваат рекордна година во туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.

За евентуалните втори избори кои би биле на почетокот на јули, Кикиљас објасни дека нема да влијаат врз туризмот бидејќи, како што рече, туристичката сезона е веќе започната.

Додаде дека веќе има зголемување за 20 отсто кај крузерите и 15 до 20 проценти на пристигнувањата, како на атинскиот, така и на регионалните аеродроми.

Оваа година ќе биде рекордна година во туризмот со многу големи приходи. Ова нѐ прави задоволни, бидејќи туризмот е народната економија на земјата и на малите и средните претпријатија, на грчкото семејство и на малиот и средниот грчки бизнис им дава суфицит и дел. Тоа е индустрија која го поддржува примарното производство, земјоделството, трговијата, градежништвото и ги задржува работниците - истакна Кикиљас.

The post Кикиљас: Изборите нема да влијаат на туристичката сезона во Грција appeared first on Република.

]]>

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас, говорејќи за грчката телевизија „Антена“ истакна дека нема простор за загриженост дека изборите во земјата би можеле да влијаат на туристичката сезона, а паралелно истакна дека очекуваат рекордна година во туризмот, јави дописничката на МИА од Атина. За евентуалните втори избори кои би биле на почетокот на јули, Кикиљас објасни дека нема да влијаат врз туризмот бидејќи, како што рече, туристичката сезона е веќе започната. Додаде дека веќе има зголемување за 20 отсто кај крузерите и 15 до 20 проценти на пристигнувањата, како на атинскиот, така и на регионалните аеродроми.
Оваа година ќе биде рекордна година во туризмот со многу големи приходи. Ова нѐ прави задоволни, бидејќи туризмот е народната економија на земјата и на малите и средните претпријатија, на грчкото семејство и на малиот и средниот грчки бизнис им дава суфицит и дел. Тоа е индустрија која го поддржува примарното производство, земјоделството, трговијата, градежништвото и ги задржува работниците - истакна Кикиљас.

The post Кикиљас: Изборите нема да влијаат на туристичката сезона во Грција appeared first on Република.

]]>
Народен театар Охрид ја започнува новата сезона со „Енергични луѓе“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-ohrid-ja-zapochnuva-novata-sezona-so-energichni-luge/ Wed, 15 Feb 2023 09:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=609186

Со претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, Народен театар Охрид ја започнува новата сезона. Претставата ќе биде изведена во сабота на 18 февруари со почеток во 20.00 часот.

Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.

Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, како и да се резервираат на боревите 046/261-063 и 075/283-066.

The post Народен театар Охрид ја започнува новата сезона со „Енергични луѓе“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, Народен театар Охрид ја започнува новата сезона. Претставата ќе биде изведена во сабота на 18 февруари со почеток во 20.00 часот. Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни. Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ. Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, како и да се резервираат на боревите 046/261-063 и 075/283-066.

The post Народен театар Охрид ја започнува новата сезона со „Енергични луѓе“ appeared first on Република.

]]>
Грција бележи одлична сезона: Неделно земјата ја посетуваат над 900.000 туристи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-belezi-odlichna-sezona-nedelno-zemjata-ja-posetuvaat-nad-900-000-turisti/ Mon, 08 Aug 2022 13:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=537976

Во јули, неделните пристигнувања надминаа 900.000, додека оваа седмица се очекува да достигнат еден милион, рече министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА и истакна дека „бројките се навистина импресивни“, но избегнува да даде предвидувања за текот на сезоната, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас потенцираше дека „туризмот годинава покажа дека навистина е „тешката индустрија“ на Грција и не само што може да ја зајакне националната економија, туку и да и понуди значителна поддршка“.

Во однос на тоа кои туристи се најбројни, објасни дека „динамично се вратија“ туристите од Велика Британија, Германија и Скандинавија, за Американците рече дека се „high spenders“ туристи, односно „престојуваат многу денови во Атина и на многу дестинации, не само на островите, туку и во континенталниот дел, трошејќи многу пари со што значително ги зајакнуваат локалните економии“, а Грција е високо на листата и за балканските земји.

Во јуни пристигнувањата од САД беа зголемени за 50 отсто во однос на 2019 година, беше регистриран пораст од 32 проценти од Австрија, 24 отсто од Израел. Грција оваа година е дестинација број еден за патниците од Франција, Израел, многу високо во преференциите на туристите од Балканот и на првите три места во Германија и Скандинавија – истакна Кикиљас.

Потенцираше дека постојат не само знаци, туку и докази дека туристичката сезона оваа година ќе биде продолжена, а надлежното Министерство веќе започнало да го спроведува планот за сезоната да биде продолжена до крајот на годината, додавајќи дека нивната намера е во текот на есента и зимата да има што е можно повеќе патници од северна и централна Европа.

Веќе започнав контакти со туроператори, се сретнав со германскиот амбасадор, а минатата недела се видов и со амбасадорите на Австрија, Шведска и Норвешка. Во септември ќе ги посетам овие земји за да можеме внимателно и методично да го „изградиме“ овој проект. Германските пензионери, со оглед на тоа што немаат професионални и семејни обврски, можат да дојдат во Грција и да уживаат во блага зима во прекрасните области како што Крит, Родос, Кос, при што сместувањето ќе ги чини помалку, отколку да останат во своите домови каде што уште рано на есен, би биле принудени да трошат огромни износи пари за греење поради енергетската криза – истакна министерот за туризам на Грција.

The post Грција бележи одлична сезона: Неделно земјата ја посетуваат над 900.000 туристи appeared first on Република.

]]>

Во јули, неделните пристигнувања надминаа 900.000, додека оваа седмица се очекува да достигнат еден милион, рече министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА и истакна дека „бројките се навистина импресивни“, но избегнува да даде предвидувања за текот на сезоната, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас потенцираше дека „туризмот годинава покажа дека навистина е „тешката индустрија“ на Грција и не само што може да ја зајакне националната економија, туку и да и понуди значителна поддршка“. Во однос на тоа кои туристи се најбројни, објасни дека „динамично се вратија“ туристите од Велика Британија, Германија и Скандинавија, за Американците рече дека се „high spenders“ туристи, односно „престојуваат многу денови во Атина и на многу дестинации, не само на островите, туку и во континенталниот дел, трошејќи многу пари со што значително ги зајакнуваат локалните економии“, а Грција е високо на листата и за балканските земји.
Во јуни пристигнувањата од САД беа зголемени за 50 отсто во однос на 2019 година, беше регистриран пораст од 32 проценти од Австрија, 24 отсто од Израел. Грција оваа година е дестинација број еден за патниците од Франција, Израел, многу високо во преференциите на туристите од Балканот и на првите три места во Германија и Скандинавија – истакна Кикиљас.
Потенцираше дека постојат не само знаци, туку и докази дека туристичката сезона оваа година ќе биде продолжена, а надлежното Министерство веќе започнало да го спроведува планот за сезоната да биде продолжена до крајот на годината, додавајќи дека нивната намера е во текот на есента и зимата да има што е можно повеќе патници од северна и централна Европа.
Веќе започнав контакти со туроператори, се сретнав со германскиот амбасадор, а минатата недела се видов и со амбасадорите на Австрија, Шведска и Норвешка. Во септември ќе ги посетам овие земји за да можеме внимателно и методично да го „изградиме“ овој проект. Германските пензионери, со оглед на тоа што немаат професионални и семејни обврски, можат да дојдат во Грција и да уживаат во блага зима во прекрасните области како што Крит, Родос, Кос, при што сместувањето ќе ги чини помалку, отколку да останат во своите домови каде што уште рано на есен, би биле принудени да трошат огромни износи пари за греење поради енергетската криза – истакна министерот за туризам на Грција.

The post Грција бележи одлична сезона: Неделно земјата ја посетуваат над 900.000 туристи appeared first on Република.

]]>
Неизвесноста на граѓаните како ќе ја поминат престојната грејна сезона станува се поголема https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/neizvesnosta-na-gragjanite-kako-kje-ja-pominat-prestojnata-grejna-sezona-stanuva-se-pogolema/ Sun, 17 Jul 2022 14:36:57 +0000 https://republika.mk/?p=530370

Изгор скапите дрва и струја ќе ги смрзнат граѓаните назима. Неизвесноста како ќе ја поминат престојната грејна сезона станува се поголема, по најавите дека дрва нема, а тие што ќе успеат да си купат ќе платат астрономски суми. Огревното дрво веќе се продава по 4000денари за кубик, па за да се затопли едно семејство потребни ќе му бидат минумим 24.000денари. Уште едно поскапување се очекува пред стартот на грејната сезона. Новите цени, дополнително ќе удрат по скромниот македонски буџет. Граѓаните се во недоумица, бараат начин како поевтино да се стоплат на минусните температури. Дрвата и понатаму им остануват како најевтина варијатна, објави Алфа телевизија.

Целиот текст овде.

The post Неизвесноста на граѓаните како ќе ја поминат престојната грејна сезона станува се поголема appeared first on Република.

]]>

Изгор скапите дрва и струја ќе ги смрзнат граѓаните назима. Неизвесноста како ќе ја поминат престојната грејна сезона станува се поголема, по најавите дека дрва нема, а тие што ќе успеат да си купат ќе платат астрономски суми. Огревното дрво веќе се продава по 4000денари за кубик, па за да се затопли едно семејство потребни ќе му бидат минумим 24.000денари. Уште едно поскапување се очекува пред стартот на грејната сезона. Новите цени, дополнително ќе удрат по скромниот македонски буџет. Граѓаните се во недоумица, бараат начин како поевтино да се стоплат на минусните температури. Дрвата и понатаму им остануват како најевтина варијатна, објави Алфа телевизија. Целиот текст овде.

The post Неизвесноста на граѓаните како ќе ја поминат престојната грејна сезона станува се поголема appeared first on Република.

]]>
Филхармонија го заокружува официјалниот дел од програмата на „Филхармонија во движење“ со концертот „Слобода“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filharmonija-go-zaokruzuva-oficijalniot-del-od-programata-na-filharmonija-vo-dvizenje-so-koncertot-sloboda/ Mon, 16 May 2022 07:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=502750

Овој четврток, во 20 часот во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи концертот насловен „Слобода“ со кој оркестарот на Филхармонија ќе го заокружи официјалниот дел од програмата на концертната сезона „Филхармонија во движење“.

За првпат ќе биде изведено грандиозното вокално -инструментално дело „Реквием за војната“ од Бенџамин Бритн по диригентската палка на маестралниот Бенџамин Шварц (Израел/САД).

Во изведбата учествуваат Камерниот и симфонскиот оркестар на Филхармонија, Хорот на Софиската филхармонија, Детскиот хор при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и солистите Весна Ѓиновска – ИлковаСтеван Каранац (Србија) и Горан Начевски.

Концертот им е посветен на сите жртви во војните кои се водат низ светот, а музиката е порака за мир!

„Реквием за војната“ Бенџамин Бритн го напишал како нарачка од Англиската катедрална црква „Св. Михаил“ во Вест Мидлендс, која повторно била изградена, откако целосно била разрушена по бомбардирањата во Втората светска војна. Ова дело претставува остварување на долгогодишниот сон на Бритн, во кое ја реализирал својата желба да напише вокално инструментално дело и воедно да ја инкорпорира во него сопствената верба во хуманоста и да го изрази своето длабоко сочувство кон жртвите во војните. Како што самиот изјавил “Реквием за војната“ е акт на помирување.

Во „Реквием за војната“ Бенџамин Бритн инкорпирира фрагменти од поетот Вилфред Овен (1893-1918), кој според него бил еден од „најголемите воени поети, еден од најоригиналните во 20 век.

Првата изведба на ова грандиозно дело била на 30 мај, 1962 година во Катердалната црква „Св. Михаил“. Реакциите од изведбата биле одлични – делото било декларирано како монументален музички тестамент против војната, конфликтите и насилството.

„Бенџамин Шварц е сензација. Со неговата чиста енергија, перфектна техника, во комбинација со мотивиран орекстар, тој успева да продуцира возбудлив и култивиран звук“. Ова се дел од зборовите со критичарите го опишуваат харизматичниот диригент Бенџамин Шварц кој како што оценуваат „има јасна визија во своите интерпретации“. Овие квалитети, заедно со широкиот репертоар на дела произлегуваат од неговата постојано присутна желба за истражување и проширување на индивидуалните звучни хоризонти. Следната сезона Шварц ќе работи како шеф диригент на државниот оркестар на Рајнската филхармонија. Од 2013-2016 година работи како музички директор на Филхармонискиот оркестар на Вроцлав, Полска. Со својата работа во овој оркестар тој беше вклучен и во голем број од настаните кои се реализираа во 2016 година кога Вроцлав беше Европска престолнина на културата. Работел и како гостин -диригент на Филхармонијата на Дисбург (2019-2020), бил гостин диригент на Симфонискиот оркестар на Сан Франциско и музички директор на Младинскиот оркестар во овој американски град. Репертоарот на Шварц го рефлектира неговиот анти-догматски, отворен однос кон програмата и делата од различни епохи и стилови – од делата на Џон Адамс, до Малер, Брамс, Барток... Бил вклучен и во проектот „Години на вознемиреност“ во соработка со скулпторот, сликар и сценограф Александар Ползин, продукција која се базира на поезијата на англо-американскиот поет В.Х. Оден, во која преку музика и слики се прикажуваат настани од раниот 20 век.

Како гостин диригент Шварц настапувал во Кралската филхамонија на Стокхолм, Филхармонијата на Лос Анѓелес, Кралскиот шкотски симфониски оркестар, симфонискиот оркестар на Токиот, Националниот оркестар на Лил и многу други. Работел и оперски продукции во Шведската кралска опера, Операта во Келн, Вајнмар... Работел и балетски продукции, меѓу кои и кореографијата на Пина Бауш на „Посветување на пролетта“.

Во неговата дискоградија се делата од Алберт Шнелцер кои ги сними до симфонискиот оркестар на Готенбург, делата на Поул Рудерс со Симфонискиот оркестар на Оденсе и музиката на Васо Мендонца со оркестарот на Гулбенкиан.

The post Филхармонија го заокружува официјалниот дел од програмата на „Филхармонија во движење“ со концертот „Слобода“ appeared first on Република.

Крај за Пол Погба на Олд Трафорд https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kraj-za-pol-pogba-na-old-traford/ Fri, 22 Apr 2022 15:21:22 +0000 https://republika.mk/?p=492349

Францускиот фудбалер Пол Погба (29) ја заврши сезоната во Манчестер Јунајтед, а очигледно ги одигра и последните минути во дресот на „црвените ѓаволи“.

Клубот од Манчестер денеска потврди дека 29-годишниот играч од средниот ред ја завршил сезоната поради проблеми со мускулите и дека повеќе нема да игра за „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната.

За Пол, оваа сезона веројатно е завршена. Докторот ми рече дека има минимум четири недели одмор, а со оглед на тоа што последниот натпревар е кон крајот на мај, не верувам дека ќе игра повеќе оваа сезона, изјави Ралф Рангник.

Погба најверојатно ја заврши кариерата во Манчестер Јунајтед со натпреварот против Ливерпул. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и очигледно кариерата ќе ја продолжи на друго место.

The post Крај за Пол Погба на Олд Трафорд appeared first on Република.

]]>

Францускиот фудбалер Пол Погба (29) ја заврши сезоната во Манчестер Јунајтед, а очигледно ги одигра и последните минути во дресот на „црвените ѓаволи“. Клубот од Манчестер денеска потврди дека 29-годишниот играч од средниот ред ја завршил сезоната поради проблеми со мускулите и дека повеќе нема да игра за „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната.
За Пол, оваа сезона веројатно е завршена. Докторот ми рече дека има минимум четири недели одмор, а со оглед на тоа што последниот натпревар е кон крајот на мај, не верувам дека ќе игра повеќе оваа сезона, изјави Ралф Рангник.
Погба најверојатно ја заврши кариерата во Манчестер Јунајтед со натпреварот против Ливерпул. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и очигледно кариерата ќе ја продолжи на друго место.

The post Крај за Пол Погба на Олд Трафорд appeared first on Република.

]]>
Летната сезона во Грција ќе почне порано од кога било досега https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/letnata-sezona-vo-grcija-kje-pochne-porano-od-koga-bilo-dosega/ Fri, 04 Feb 2022 20:26:03 +0000 https://republika.mk/?p=454373

Mинистерот за туризам на Грција, Василис Кикиљас, коментирајќи ја одлуката на неговата држава да го укине задолжителниот тест за влез во земјата, порача дека земјата испраќа силна порака за безбедност до нејзините посетители со валиден европски сертификат.

Нашата земја оваа година ги презема сите неопходни подготвителни чекори за да ги пречека нашите посетители за летната сезона, порано од кога било досега, почнувајќи од 1 март. Грчкиот туризам докажа извонредна издржливост во изминатите две години, испраќајќи силна порака за безбедноста на патниците во нашата земја. Истото ќе го направи и оваа година – порача Кикиљас.

Ваквиот коментар на Кикиљас доаѓа отккао претходно, грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, соопшти дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.

The post Летната сезона во Грција ќе почне порано од кога било досега appeared first on Република.