северодоњецк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severodonjeck/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Jun 2022 09:21:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png северодоњецк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severodonjeck/ 32 32 Во тек се интензивни улични борби во Северодоњецк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-tek-se-intenzivni-ulichni-borbi-vo-severodonjeck/ Sat, 11 Jun 2022 09:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=513760

Во клучниот источен град Северодоњецк во тек се интензивни улични борби, а и украинската и руската страна веројатно ќе претрпат голем број жртви, соопшти британското Министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај.

Сепак, руските сили не напредуваа на југот на градот, тврди Министерството.

Во соопштението се додава дека Русија напаѓа со своите артилериски и воздушни капацитети, во обид да ја совлада украинската одбрана.

Британското Министерство за одбрана тврди дека на Русија и снемуваат попрецизни модерни ракети и прибегнува кон тешки противбродски ракети против копнени цели во Украина, кои првенствено се дизајнирани да уништуваат носачи на авиони користејќи нуклеарна боева глава.

Кога се користат во копнен напад со конвенционална боева глава, тие се многу неточни и затоа можат да предизвикаат значителна колатерална штета и цивилни жртви.

The post Во тек се интензивни улични борби во Северодоњецк appeared first on Република.

]]>

Во клучниот источен град Северодоњецк во тек се интензивни улични борби, а и украинската и руската страна веројатно ќе претрпат голем број жртви, соопшти британското Министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај. Сепак, руските сили не напредуваа на југот на градот, тврди Министерството. Во соопштението се додава дека Русија напаѓа со своите артилериски и воздушни капацитети, во обид да ја совлада украинската одбрана. Британското Министерство за одбрана тврди дека на Русија и снемуваат попрецизни модерни ракети и прибегнува кон тешки противбродски ракети против копнени цели во Украина, кои првенствено се дизајнирани да уништуваат носачи на авиони користејќи нуклеарна боева глава. Кога се користат во копнен напад со конвенционална боева глава, тие се многу неточни и затоа можат да предизвикаат значителна колатерална штета и цивилни жртви.

The post Во тек се интензивни улични борби во Северодоњецк appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Судбината на Донбас се решава во битката за Северодоњецк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-sudbinata-na-donbas-se-reshava-vo-bitkata-za-severodonjeck/ Thu, 09 Jun 2022 07:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=512929

Претседателот на Украина Володимир Зеленски оцени дека судбината на Донбас се решава во битката за Северодоњецк.

Зеленски во видеообраќање рече дека битката за Северодоњецк е една од најтешките во војната со Русија.

Северодоњецк останува епицентарот на конфликтот во Донбас, нагласи Зеленски.

The post Зеленски: Судбината на Донбас се решава во битката за Северодоњецк appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина Володимир Зеленски оцени дека судбината на Донбас се решава во битката за Северодоњецк. Зеленски во видеообраќање рече дека битката за Северодоњецк е една од најтешките во војната со Русија.
Северодоњецк останува епицентарот на конфликтот во Донбас, нагласи Зеленски.

The post Зеленски: Судбината на Донбас се решава во битката за Северодоњецк appeared first on Република.

]]>
Русите влегоа во Северодоњецк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-vlegoa-vo-severodonjeck/ Sat, 28 May 2022 08:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=507894

Гувернерот на украинската област Луганск, Серхиј Хајдај денеска изјави дека во тој источен регион, што речиси целосно е под руска контрола, се наоѓаат околу 10.000 руски војници.

Овие единици се постојано во регионот на Луганск, обидувајќи се да нападнат и да напредуваат во која било насока, изјави Хајдај за украинската телевизија.

Западните медиуми не можеа независно да го потврди извештајот.

Хајдај синоќа изјави дека е можно силите на Киев да бидат принудени да се повлечат од последниот џеб на отпорот за да избегнат заробување. Според него, руските трупи влегле во Северодоњецк, најголемиот град во Донбас, кој сè уште е под контрола на Украина.

Русите нема да можат да го заземат регионот Луганск во наредните денови, како што предвидуваа аналитичарите. Ќе имаме доволно сила и ресурси да се браниме. Сепак, можеби ќе треба да се повлечеме за да не бидеме опколени, објави тој на Телеграм.

Повеќе од три месеци по почетокот на руската инвазија, големиот град Северодоњецк е еден од последните делови на Луганск кој се уште е под контрола на украинската армија. Но, во близина на градот веќе започнаа жестоки борби.

Набљудувачите стравуваат дека украинските сили во Северодоњецк наскоро би можеле да бидат опколени од руски и проруски воени сили

The post Русите влегоа во Северодоњецк appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на украинската област Луганск, Серхиј Хајдај денеска изјави дека во тој источен регион, што речиси целосно е под руска контрола, се наоѓаат околу 10.000 руски војници.
Овие единици се постојано во регионот на Луганск, обидувајќи се да нападнат и да напредуваат во која било насока, изјави Хајдај за украинската телевизија.
Западните медиуми не можеа независно да го потврди извештајот. Хајдај синоќа изјави дека е можно силите на Киев да бидат принудени да се повлечат од последниот џеб на отпорот за да избегнат заробување. Според него, руските трупи влегле во Северодоњецк, најголемиот град во Донбас, кој сè уште е под контрола на Украина.
Русите нема да можат да го заземат регионот Луганск во наредните денови, како што предвидуваа аналитичарите. Ќе имаме доволно сила и ресурси да се браниме. Сепак, можеби ќе треба да се повлечеме за да не бидеме опколени, објави тој на Телеграм.
Повеќе од три месеци по почетокот на руската инвазија, големиот град Северодоњецк е еден од последните делови на Луганск кој се уште е под контрола на украинската армија. Но, во близина на градот веќе започнаа жестоки борби. Набљудувачите стравуваат дека украинските сили во Северодоњецк наскоро би можеле да бидат опколени од руски и проруски воени сили

The post Русите влегоа во Северодоњецк appeared first on Република.

]]>