севернодоњецк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severnodonjeck/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Jun 2022 19:10:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png севернодоњецк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severnodonjeck/ 32 32 Двајца новинари на Ројтерс ранети во украинско гранатирање во Северодоњецк, возачот загинал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvajca-novinari-na-rojters-raneti-vo-ukrainsko-granatiranje-vo-severodonjeck-vozachot-zaginal/ Fri, 03 Jun 2022 19:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=510813

Двајца новинари на „Ројтерс“ се повредени при украинско гранатирање кај Северодоњецк, во источна Украина, а нивниот возач е убиен, за „Си-Ен-Ен“ потврдил портпаролот на агенцијата.

Претходно извор од „Ројтерс“ за агенцијата „Тас“ изјавил дека двајца новинари на агенцијата биле повредени кога украинската војска го гранатирала патот и го погодила автомобилот во кој се наоѓале.

Мало парче шрапнел што го погоди Александар во ногата е отстрането и тој може да оди, а раката на Павел е скршена - изјавил изворот, додавајќи дека и двајцата новинари се во болница во градот Рубежноје.

Портпаролот на „Ројтерс“ за „Си-Ен-Ен“ изјавил дека повредените новинари биле во возило обезбедено од проруски сили и дека ги управувало лице задолжено за контакт со проруските сили.

„Ројтерс“ изразува длабоко сочувство до семејството на загинатиот возач - изјавил портпаролот.

Во последните неколку дена Северодоњецк, град во областа Луганск, е место на жестоко гранатирање во борбата меѓу украинските и руските сили за контрола над градот.

The post Двајца новинари на Ројтерс ранети во украинско гранатирање во Северодоњецк, возачот загинал appeared first on Република.

]]>

Двајца новинари на „Ројтерс“ се повредени при украинско гранатирање кај Северодоњецк, во источна Украина, а нивниот возач е убиен, за „Си-Ен-Ен“ потврдил портпаролот на агенцијата. Претходно извор од „Ројтерс“ за агенцијата „Тас“ изјавил дека двајца новинари на агенцијата биле повредени кога украинската војска го гранатирала патот и го погодила автомобилот во кој се наоѓале.
Мало парче шрапнел што го погоди Александар во ногата е отстрането и тој може да оди, а раката на Павел е скршена - изјавил изворот, додавајќи дека и двајцата новинари се во болница во градот Рубежноје.
Портпаролот на „Ројтерс“ за „Си-Ен-Ен“ изјавил дека повредените новинари биле во возило обезбедено од проруски сили и дека ги управувало лице задолжено за контакт со проруските сили.
„Ројтерс“ изразува длабоко сочувство до семејството на загинатиот возач - изјавил портпаролот.
Во последните неколку дена Северодоњецк, град во областа Луганск, е место на жестоко гранатирање во борбата меѓу украинските и руските сили за контрола над градот.

The post Двајца новинари на Ројтерс ранети во украинско гранатирање во Северодоњецк, возачот загинал appeared first on Република.

]]>
Француски новинар загинал во Северодонецк?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francuski-novinar-zaginal-vo-severodoneck/ Mon, 30 May 2022 13:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=508807

Француски новинар загинал откако неговото автомобил бил погоден во близина на Северодонецк, изјави во соопштението регионалниот гувернер на Луганск, Сергиус Гаидаи.

Тој изјави дека нивното оклопно возило за евакуација, кое требало да собере 10 лица од областа, се нашло под непријателски оган.

Шрапнели од гранати го пробиле оклопот на автомобилот, смртоносна рана на вратот добил акредитиран француски новинар кој правел материјал за евакуацијата, додека патролен полицаец бил спасен поради тоа што носел шлем - изјави Гајдај.

Засега нема независни потврди за овие наводи.

The post Француски новинар загинал во Северодонецк?! appeared first on Република.

]]>

Француски новинар загинал откако неговото автомобил бил погоден во близина на Северодонецк, изјави во соопштението регионалниот гувернер на Луганск, Сергиус Гаидаи. Тој изјави дека нивното оклопно возило за евакуација, кое требало да собере 10 лица од областа, се нашло под непријателски оган.
Шрапнели од гранати го пробиле оклопот на автомобилот, смртоносна рана на вратот добил акредитиран француски новинар кој правел материјал за евакуацијата, додека патролен полицаец бил спасен поради тоа што носел шлем - изјави Гајдај.
Засега нема независни потврди за овие наводи.

The post Француски новинар загинал во Северодонецк?! appeared first on Република.

]]>
Руските сили подготвуваат силен удар врз градот што е нова главна цел во источна Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-podgotvuvaat-silen-udar-vrz-gradot-shto-e-nova-glavna-cel-vo-istochna-ukraina/ Tue, 24 May 2022 18:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=506144

Врз основа на анализата на дејствувањето на руската армија во Украина, британското Министерство за одбрана дошлко до заклучок дека Русија има нова главна цел на бојното поле - Северодонецк. Тоа е град што се наоѓа во областа Луганск и чие освојување би било од големо стратешко значење за руските сили.

Според Министерството за одбрана на Велика Британија, тоа е еден од „непосредните тактички приоритети“, бидејќи руските војници на тој простор го распоредуваат своето моќно оружје.

Според британските информации, единствената руска оперативна компанија на тенкови „БМП-Т Терминатор“ веќе е распоредена на офанзивната линија Северен Доњецк во Донбас.

Првиот обид беше неуспешен

Руските сили веќе еднаш се обидоа да го освојат овој град, но безуспешно. Украинскиот претседател Владимир Зеленски исто така предупреди на крвави борби во оваа област, велејќи дека бомбардирањето на Северодонецк е „брутално и апсолутно бесмислено“.

Тој додаде дека источните провинции Луганск и Доњецк - познати под заедничкото име Донбас - се претвораат во „пекол“ и предупреди дека на оваа територија ќе се случи „најкрвавата последна фаза од војната“.

Зошто Русите го сакаат овој град?

Северодонецк е првенствено еден од ретките градови во регионот што се уште е во рацете на Украина. На нешто помалку од 100 километри од него се наоѓа градот Краматорск, кој е административен центар на украинскиот дел на Донбас, од 2014 година, кога сепаратистите го ставија под контрола источниот дел на тој голем слив.

Затоа, со заземањето на овој град, Русија би постигнала многу поголема цел од едноставно проширување на списокот на територии под нивна контрола.

https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-borbite-na-istokot-se-brutalni-dnevno-ginat-megju-50-i-100-ukrainski-vojnici/

The post Руските сили подготвуваат силен удар врз градот што е нова главна цел во источна Украина appeared first on Република.

]]>

Врз основа на анализата на дејствувањето на руската армија во Украина, британското Министерство за одбрана дошлко до заклучок дека Русија има нова главна цел на бојното поле - Северодонецк. Тоа е град што се наоѓа во областа Луганск и чие освојување би било од големо стратешко значење за руските сили. Според Министерството за одбрана на Велика Британија, тоа е еден од „непосредните тактички приоритети“, бидејќи руските војници на тој простор го распоредуваат своето моќно оружје. Според британските информации, единствената руска оперативна компанија на тенкови „БМП-Т Терминатор“ веќе е распоредена на офанзивната линија Северен Доњецк во Донбас.

Првиот обид беше неуспешен

Руските сили веќе еднаш се обидоа да го освојат овој град, но безуспешно. Украинскиот претседател Владимир Зеленски исто така предупреди на крвави борби во оваа област, велејќи дека бомбардирањето на Северодонецк е „брутално и апсолутно бесмислено“. Тој додаде дека источните провинции Луганск и Доњецк - познати под заедничкото име Донбас - се претвораат во „пекол“ и предупреди дека на оваа територија ќе се случи „најкрвавата последна фаза од војната“.

Зошто Русите го сакаат овој град?

Северодонецк е првенствено еден од ретките градови во регионот што се уште е во рацете на Украина. На нешто помалку од 100 километри од него се наоѓа градот Краматорск, кој е административен центар на украинскиот дел на Донбас, од 2014 година, кога сепаратистите го ставија под контрола источниот дел на тој голем слив. Затоа, со заземањето на овој град, Русија би постигнала многу поголема цел од едноставно проширување на списокот на територии под нивна контрола. https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-borbite-na-istokot-se-brutalni-dnevno-ginat-megju-50-i-100-ukrainski-vojnici/

The post Руските сили подготвуваат силен удар врз градот што е нова главна цел во источна Украина appeared first on Република.

]]>