Северна Митровица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severna-mitrovitsa/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 09:53:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Северна Митровица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severna-mitrovitsa/ 32 32 Протест на Србите во Северна Митровица поради апсењето на политичарот Арсенијевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/protest-na-srbite-vo-severna-mitrovitsa-poradi-apseneto-na-politicharot-arsenijevik/ Thu, 10 Oct 2024 09:53:12 +0000 https://republika.mk/?p=825141

Пред полициската станица во Северна Митровица утрово почна протест поради апсењето и полициското приведување на лидерот на партијата на косовските Срби, Српска демократија, Александар Арсенијевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тој вчера беше петтипат уапсен за нешто повеќе од два месеци, откако повторно со свирење, заедно со негови сопартијци, протестираше поради доаѓањето на локалните функционери Албанци на шеталиштето во Митровица.

Арсенијевиќ и претходно беше приведуван за слични дејствија, но веста е дека сега апсењето е извршено врз основа на директна наредба на обвинителот со обвинение за наводно малтретирање, а врз основа на најмалку две пријави од шефот на кабинетот на градоначалникот на Северна Митровица, Висар Сиља, пишува косовскиот портал на српски јазик КоССев.

Лидерот на СД, сега првпат не е ослободен, туку му е одреден 48-часовен притвор.

Тој од вчера е во притворското одделение во јужна Митровица, а активистите на неговата партија синоќа најавија протест и бараат итно ослободување.

The post Протест на Србите во Северна Митровица поради апсењето на политичарот Арсенијевиќ appeared first on Република.

]]>

Пред полициската станица во Северна Митровица утрово почна протест поради апсењето и полициското приведување на лидерот на партијата на косовските Срби, Српска демократија, Александар Арсенијевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Тој вчера беше петтипат уапсен за нешто повеќе од два месеци, откако повторно со свирење, заедно со негови сопартијци, протестираше поради доаѓањето на локалните функционери Албанци на шеталиштето во Митровица. Арсенијевиќ и претходно беше приведуван за слични дејствија, но веста е дека сега апсењето е извршено врз основа на директна наредба на обвинителот со обвинение за наводно малтретирање, а врз основа на најмалку две пријави од шефот на кабинетот на градоначалникот на Северна Митровица, Висар Сиља, пишува косовскиот портал на српски јазик КоССев. Лидерот на СД, сега првпат не е ослободен, туку му е одреден 48-часовен притвор. Тој од вчера е во притворското одделение во јужна Митровица, а активистите на неговата партија синоќа најавија протест и бараат итно ослободување.

The post Протест на Србите во Северна Митровица поради апсењето на политичарот Арсенијевиќ appeared first on Република.

]]>
Куќен притвор за четворицата Срби уапсени завчера во Северна Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kuken-pritvor-za-chetvoritsata-srbi-uapseni-zavchera-vo-severna-mitrovitsa/ Wed, 11 Sep 2024 20:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=815494

Основниот суд во Северна Митровица им изрече куќен притвор во траење од 30 дена на четирите српски момчиња уапсени ноќта меѓу вторникот и средата во тој град поради навреди и напад врз припадници на косовската полиција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста во изјава за медиумите ја потврдија адвокатите на уапсените Срби, кои информираа дека тие пред судот признале оти ги навредувале косовските полицајци, но негирале дека физички ги нападнале.

„Обвинителството поднесе барање за притвор бидејќи се сомничат дека сториле кривично дело ‘напад на службено лице’. По одржувањето на рочиштето кое траеше доста долго, судијата во претходна постапка го одби барањето на обвинителството и им одреди куќен притвор. Се извинија и признаа дека ги навредувале полицајците, но не и дека физички ги нападнале“, изјави еден од бранителите, адвокатот Шиќири Сила.

Тој рече дека се согласува со мерката куќен притвор за четирите момчиња, за кои нагласи дека првпат сториле кривично дело.

Другиот бранител, адвокатот Небојша Влајиќ, рече дека денешната судска одлука е „мала победа на правдата“, бидејќи обвинителот побара да им се одреди притвор.

„Ова е мала победа на правдата. Мала, затоа што беше одредена мерката куќен притвор. Сметаме дека не требаше да дојде до тоа. Затоа ја нарекуваме мала победа, бидејќи обвинителот побара да бидат притворени“, изјави Влајиќ.

Судијата ја донел одлуката по неколкучасовен распит на тројца од четворицата млади момчиња, кој започнал околу 14 часот.

Младите Срби се обвинети дека нападнале службено лице, а биле уапсени додека се враќале од прослава.

Претходно денеска група граѓани од српска националност се собраа пред полициската станица во Северна Митровица на протест поради ова апсење.

Четворицата млади момчиња се уапсени под сомнение дека провоцирале и нападнале полицајци. Роднините на уапсените тврдат дека биле малтретирани при апсењето, тврдење кое косовската полиција го демантира.

Според медиумите, тројца од четворицата уапсени биле под дејство на алкохол.

The post Куќен притвор за четворицата Срби уапсени завчера во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Северна Митровица им изрече куќен притвор во траење од 30 дена на четирите српски момчиња уапсени ноќта меѓу вторникот и средата во тој град поради навреди и напад врз припадници на косовската полиција, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста во изјава за медиумите ја потврдија адвокатите на уапсените Срби, кои информираа дека тие пред судот признале оти ги навредувале косовските полицајци, но негирале дека физички ги нападнале.
„Обвинителството поднесе барање за притвор бидејќи се сомничат дека сториле кривично дело ‘напад на службено лице’. По одржувањето на рочиштето кое траеше доста долго, судијата во претходна постапка го одби барањето на обвинителството и им одреди куќен притвор. Се извинија и признаа дека ги навредувале полицајците, но не и дека физички ги нападнале“, изјави еден од бранителите, адвокатот Шиќири Сила.
Тој рече дека се согласува со мерката куќен притвор за четирите момчиња, за кои нагласи дека првпат сториле кривично дело. Другиот бранител, адвокатот Небојша Влајиќ, рече дека денешната судска одлука е „мала победа на правдата“, бидејќи обвинителот побара да им се одреди притвор.
„Ова е мала победа на правдата. Мала, затоа што беше одредена мерката куќен притвор. Сметаме дека не требаше да дојде до тоа. Затоа ја нарекуваме мала победа, бидејќи обвинителот побара да бидат притворени“, изјави Влајиќ.
Судијата ја донел одлуката по неколкучасовен распит на тројца од четворицата млади момчиња, кој започнал околу 14 часот. Младите Срби се обвинети дека нападнале службено лице, а биле уапсени додека се враќале од прослава. Претходно денеска група граѓани од српска националност се собраа пред полициската станица во Северна Митровица на протест поради ова апсење. Четворицата млади момчиња се уапсени под сомнение дека провоцирале и нападнале полицајци. Роднините на уапсените тврдат дека биле малтретирани при апсењето, тврдење кое косовската полиција го демантира. Според медиумите, тројца од четворицата уапсени биле под дејство на алкохол.

The post Куќен притвор за четворицата Срби уапсени завчера во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>
Ослободени двајцата функционери на „Српска демократија“ кои беа уапсени на мостот во Cеверна Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/oslobodeni-dvajtsata-funktsioneri-na-srpska-demokratija-koi-bea-uapseni-na-mostot-vo-ceverna-mitrovitsa/ Thu, 08 Aug 2024 16:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=804667

Лидерот на Српска демократија, Александар Арсенијевиќ и функционерот на таа партија Стефан Вељковиќ се ослободени откако денеска беа приведени во близина на Ибарскиот мост во Cеверна Митровица поради наводно попречување на полицијата.

Косовската полиција претходно ги приведе бидејќи ги „спречила“ комуналните работници да преминат преку исцртаните српски знамиња кај мостот на Ибар.

Тие лица и покрај предупредувањето продолжиле со попречување и спречување на завршување на работите, како и да провоцираат и поттикнуваат тензии. Со цел да се смири ситуацијата и да се создадат можности за работа, надлежните полициски единици биле принудени да дејствуваат и ги спровеле двајцата во полициска станица на разговор“, соопштија од полицијата.

По апсењето на функционерите на Српска демократија, група Срби се собраа пред полициската станица на северот на Митровица, барајќи ослободување на приведените.

На почетокот на дебатата „Меѓуетничка соработка, Општински комитет за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ во Собранието на општина Cеверна Митровица, работниците по налог на општината ги префарбале нацртаните српски знамиња во близина на главниот мост на Ибар, објави претходно РТС.

The post Ослободени двајцата функционери на „Српска демократија“ кои беа уапсени на мостот во Cеверна Митровица appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Српска демократија, Александар Арсенијевиќ и функционерот на таа партија Стефан Вељковиќ се ослободени откако денеска беа приведени во близина на Ибарскиот мост во Cеверна Митровица поради наводно попречување на полицијата. Косовската полиција претходно ги приведе бидејќи ги „спречила“ комуналните работници да преминат преку исцртаните српски знамиња кај мостот на Ибар.
Тие лица и покрај предупредувањето продолжиле со попречување и спречување на завршување на работите, како и да провоцираат и поттикнуваат тензии. Со цел да се смири ситуацијата и да се создадат можности за работа, надлежните полициски единици биле принудени да дејствуваат и ги спровеле двајцата во полициска станица на разговор“, соопштија од полицијата.
По апсењето на функционерите на Српска демократија, група Срби се собраа пред полициската станица на северот на Митровица, барајќи ослободување на приведените. На почетокот на дебатата „Меѓуетничка соработка, Општински комитет за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ во Собранието на општина Cеверна Митровица, работниците по налог на општината ги префарбале нацртаните српски знамиња во близина на главниот мост на Ибар, објави претходно РТС.

The post Ослободени двајцата функционери на „Српска демократија“ кои беа уапсени на мостот во Cеверна Митровица appeared first on Република.

]]>
Курти со повик до Србите во Северна Митровица да учествуваат во општинска дебата за потребата од отворање на мостот на Ибар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-so-povik-do-srbite-vo-severna-mitrovitsa-da-uchestvuvaat-vo-opshtinska-debata-za-potrebata-od-otvorane-na-mostot-na-ibar/ Wed, 07 Aug 2024 14:43:11 +0000 https://republika.mk/?p=804272

Косовскиот премиер Албин Курти им се заблагодари на безбедносните институции кои обезбедија непречено одвивање на денешниот собир на граѓаните од српска националност во Северна Митровица, кои излегоа на протест против отворањето на мостот на реката Ибар, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти во објава на својата страница на Фејсбук го нагласи фактот дека денешниот протест на припадниците на српската заедница во Косово заврши без никаков инцидент.

„Протестот одржан денеска во Северна Митровица заврши без инцидент. Им благодарам на безбедносните институции кои обезбедија непречен развој. Протестите се демократско право што сите граѓани на нашата Република го уживаат и можат да го остварат без разлика (на нивната припадност),“ напиша Курти.

Тој напомена дека утре општина Северна Митровица, чиј градоначалник е од редовите на неговата партија, ќе организира разговор со граѓаните на тема „Меѓуетничка соработка, општинско советување за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ и ги повика граѓаните од српска националност да учествуваат и да бидат информирани „за придобивките од отворањето на мостот“.

Курти рече дека загриженоста што ќе ја искажат граѓаните ќе биде истретирана од страна на  институционалните претставници и институциите на земјата.

„Општина Северна Митровица утре од 11:00 часот во просториите на Собранието на општината организира средба и разговор со граѓани, граѓански активисти и претставници на локалните медиуми... Ги повикувам да учествуваат нашите сограѓани од српската заедница на оваа заедничка дискусија на која ќе можат да се информираат за придобивките од отворањето на мостот и да ја изразат својата загриженост која ќе се истретира од нашите институционални претставници и институциите во земјата“, напиша Курти.

Косовскиот премиер вели дека мостот на Ибар неправедно го добил епитетот на делба и ненормални односи.

„Предолго не држи на дистанца митровичкиот мост преку Ибар. Неправедно му е даден епитетот на делба и ненормални односи. Мостовите нé обединуваат, а заедно да го направиме овој (мост) симбол на нормализацијата“, порача Курти.

The post Курти со повик до Србите во Северна Митровица да учествуваат во општинска дебата за потребата од отворање на мостот на Ибар appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти им се заблагодари на безбедносните институции кои обезбедија непречено одвивање на денешниот собир на граѓаните од српска националност во Северна Митровица, кои излегоа на протест против отворањето на мостот на реката Ибар, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти во објава на својата страница на Фејсбук го нагласи фактот дека денешниот протест на припадниците на српската заедница во Косово заврши без никаков инцидент. „Протестот одржан денеска во Северна Митровица заврши без инцидент. Им благодарам на безбедносните институции кои обезбедија непречен развој. Протестите се демократско право што сите граѓани на нашата Република го уживаат и можат да го остварат без разлика (на нивната припадност),“ напиша Курти. Тој напомена дека утре општина Северна Митровица, чиј градоначалник е од редовите на неговата партија, ќе организира разговор со граѓаните на тема „Меѓуетничка соработка, општинско советување за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ и ги повика граѓаните од српска националност да учествуваат и да бидат информирани „за придобивките од отворањето на мостот“. Курти рече дека загриженоста што ќе ја искажат граѓаните ќе биде истретирана од страна на  институционалните претставници и институциите на земјата. „Општина Северна Митровица утре од 11:00 часот во просториите на Собранието на општината организира средба и разговор со граѓани, граѓански активисти и претставници на локалните медиуми... Ги повикувам да учествуваат нашите сограѓани од српската заедница на оваа заедничка дискусија на која ќе можат да се информираат за придобивките од отворањето на мостот и да ја изразат својата загриженост која ќе се истретира од нашите институционални претставници и институциите во земјата“, напиша Курти. Косовскиот премиер вели дека мостот на Ибар неправедно го добил епитетот на делба и ненормални односи. „Предолго не држи на дистанца митровичкиот мост преку Ибар. Неправедно му е даден епитетот на делба и ненормални односи. Мостовите нé обединуваат, а заедно да го направиме овој (мост) симбол на нормализацијата“, порача Курти.

The post Курти со повик до Србите во Северна Митровица да учествуваат во општинска дебата за потребата од отворање на мостот на Ибар appeared first on Република.

]]>
Четворица косовски Срби обвинети за тероризам, поради напад врз изборна комисија во Северна Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chetvoritsa-kosovski-srbi-obvineti-za-terorizam-poradi-napad-vrz-izborna-komisija-vo-severna-mitrovitsa/ Wed, 13 Dec 2023 17:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=722668

Специјалното обвинителство на Косово подигна денеска обвинение против четири лица, осомничени дека во декември минатата година, во текот на локалните избори во Косово, фрлиле рачни гранати и шок-бомби врз канцеларијата на општинската изборна комисија во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обвинетите, косовски Срби, идентификувани во соопштението на Обвинителството со иницијалите М.М., А.В., Д.П. и М.В., се товарат за кривичното дело тероризам, со оглед дека „сериозно го загрозиле животот на официјалните лица на ЦИК (Централната изборна комисија на Косово) и на припадниците на косовската полиција“.

– Со цел сериозно заплашување на населението, незаконско принудување на јавен орган, во случајов ЦИК, да ги оневозможи локалните избори, како и со цел да се дестабилизираат или уништат основните политички и уставни структури на Република Косово обвинетите, заедно со засега неидентификувани лица, извршиле терористички напад со фрлање две гранати и две шок-бомби во правец на гореспоменатата висока канцеларија, при што експлодирале една граната и две шок-бомби и е причинета значителна материјална штета и сериозно се загрозени животите на функционери на ЦИК и полицајци – се вели во соопштението.

Косовските медиуми објавија дека меѓу обвинетите се Милун Миленковиќ и Дејан Пантиќ, поранешни припадници на косовската полиција, кои и претходно беа апсени.

Пантиќ беше уапсен на почетокот на оваа година, како главен осомничен за нападот на канцелариите на ЦИК минатиот декември, додека неговото апсење предизвика тензии во северно Косово, населено со мнозинско српско население. Граѓаните таму поставија барикади на главните патишта кои водат до граничните премини со Србија, Јариње и Брњак.

Барикадите беа отстранети по неколку недели, но само откако судот му го замени на Пантиќ притворот со домашен притвор.

Милун Миленковиќ – Луне, кого косовските медиуми го опишуваат како „еден од водачите на нелегалната организација, поддржувана од Белград, ‘Цивилна заштита’ и организатор на нападите врз припадниците на КФОР и косовската полиција“ на протестите против градоначалниците Албанци во општините со мнозинско српско население, беше упасен во јуни годинава. Тој беше обвинет за тероризам, промена на уставниот поредок преку насилство и загрозување на лице под меѓународна заштита.

Апсењето на Миленковиќ предизвика дополнително влошување на односите меѓу Приштина и Белград, нови протести на косовските Срби и, генерално, зголемување на напнатоста во северно Косово.

 

The post Четворица косовски Срби обвинети за тероризам, поради напад врз изборна комисија во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>

Специјалното обвинителство на Косово подигна денеска обвинение против четири лица, осомничени дека во декември минатата година, во текот на локалните избори во Косово, фрлиле рачни гранати и шок-бомби врз канцеларијата на општинската изборна комисија во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Обвинетите, косовски Срби, идентификувани во соопштението на Обвинителството со иницијалите М.М., А.В., Д.П. и М.В., се товарат за кривичното дело тероризам, со оглед дека „сериозно го загрозиле животот на официјалните лица на ЦИК (Централната изборна комисија на Косово) и на припадниците на косовската полиција“. – Со цел сериозно заплашување на населението, незаконско принудување на јавен орган, во случајов ЦИК, да ги оневозможи локалните избори, како и со цел да се дестабилизираат или уништат основните политички и уставни структури на Република Косово обвинетите, заедно со засега неидентификувани лица, извршиле терористички напад со фрлање две гранати и две шок-бомби во правец на гореспоменатата висока канцеларија, при што експлодирале една граната и две шок-бомби и е причинета значителна материјална штета и сериозно се загрозени животите на функционери на ЦИК и полицајци – се вели во соопштението. Косовските медиуми објавија дека меѓу обвинетите се Милун Миленковиќ и Дејан Пантиќ, поранешни припадници на косовската полиција, кои и претходно беа апсени. Пантиќ беше уапсен на почетокот на оваа година, како главен осомничен за нападот на канцелариите на ЦИК минатиот декември, додека неговото апсење предизвика тензии во северно Косово, населено со мнозинско српско население. Граѓаните таму поставија барикади на главните патишта кои водат до граничните премини со Србија, Јариње и Брњак. Барикадите беа отстранети по неколку недели, но само откако судот му го замени на Пантиќ притворот со домашен притвор. Милун Миленковиќ – Луне, кого косовските медиуми го опишуваат како „еден од водачите на нелегалната организација, поддржувана од Белград, ‘Цивилна заштита’ и организатор на нападите врз припадниците на КФОР и косовската полиција“ на протестите против градоначалниците Албанци во општините со мнозинско српско население, беше упасен во јуни годинава. Тој беше обвинет за тероризам, промена на уставниот поредок преку насилство и загрозување на лице под меѓународна заштита. Апсењето на Миленковиќ предизвика дополнително влошување на односите меѓу Приштина и Белград, нови протести на косовските Срби и, генерално, зголемување на напнатоста во северно Косово.  

The post Четворица косовски Срби обвинети за тероризам, поради напад врз изборна комисија во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>
Голема рација во Cеверна Митровица, запленети шок-бомби и опрема за наркотици и криптовалути https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golema-ratsija-vo-ceverna-mitrovitsa-zapleneti-shok-bombi-i-oprema-za-narkotitsi-i-kriptovaluti/ Mon, 07 Aug 2023 16:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=669713

Косовската полиција изведе акција во населбата „Три облакодери“ во Cеверна Митровица, при што запленила нелегална опрема за производство на дрога и криптовалути, како и муниција и шок-бомби, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменикот директор на полицијата на Косово за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека акцијата е спроведена по добиени информации за нелегално производство и трговија со наркотични средства.

По дојавите добиени од Секторот за борба против наркотиците – Cеверна Митровица, во соработка со Регионалната управа Север, извршена е контрола во стан на улицата „Колашин“... Во станот, кој е користен од лицето С.М. – пронајдени се и конфискувани 60 графички картички, машини „Антминер С9“, 13 вентилатори, електрични лампи за лабораторија, 51 куршум и осум модифицирани шок-бомби, информира Елшани.

Според Елшани, осомничениот не се наоѓал на местото на настанот во времето кога е изведена акцијата.

Медиумите во Приштина потсетуваат дека ова не е прв пат полицијата на Косово да преземе акција против дрога, или против криптовалутите во општините во северно Косово.

Во февруари минатата година полицијата откри три лаборатории за дрога во Cеверна Митровица, а во мај уништи две лаборатории во Ивор, во близина на границата со Србија, каде што беа откриени големи количества садници марихуана. Во април истата година беше уништена лабораторија за дрога во Звечан, при што беа уапсени четворица косовски Срби.

Неколку акции минатата година косовската полиција изведе на територијата на целата држава, вклучително и северот, против ископувањето на криптовалути, откако го забрани нивното производство поради енормниот трошок на електрична енергија.

The post Голема рација во Cеверна Митровица, запленети шок-бомби и опрема за наркотици и криптовалути appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција изведе акција во населбата „Три облакодери“ во Cеверна Митровица, при што запленила нелегална опрема за производство на дрога и криптовалути, како и муниција и шок-бомби, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменикот директор на полицијата на Косово за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека акцијата е спроведена по добиени информации за нелегално производство и трговија со наркотични средства.
По дојавите добиени од Секторот за борба против наркотиците – Cеверна Митровица, во соработка со Регионалната управа Север, извршена е контрола во стан на улицата „Колашин“... Во станот, кој е користен од лицето С.М. – пронајдени се и конфискувани 60 графички картички, машини „Антминер С9“, 13 вентилатори, електрични лампи за лабораторија, 51 куршум и осум модифицирани шок-бомби, информира Елшани.
Според Елшани, осомничениот не се наоѓал на местото на настанот во времето кога е изведена акцијата. Медиумите во Приштина потсетуваат дека ова не е прв пат полицијата на Косово да преземе акција против дрога, или против криптовалутите во општините во северно Косово. Во февруари минатата година полицијата откри три лаборатории за дрога во Cеверна Митровица, а во мај уништи две лаборатории во Ивор, во близина на границата со Србија, каде што беа откриени големи количества садници марихуана. Во април истата година беше уништена лабораторија за дрога во Звечан, при што беа уапсени четворица косовски Срби. Неколку акции минатата година косовската полиција изведе на територијата на целата држава, вклучително и северот, против ископувањето на криптовалути, откако го забрани нивното производство поради енормниот трошок на електрична енергија.

The post Голема рација во Cеверна Митровица, запленети шок-бомби и опрема за наркотици и криптовалути appeared first on Република.

]]>
Напад со рачна граната врз објектот на општината во Северна Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/napad-so-rachna-granata-vrz-objektot-na-opshtinata-vo-severna-mitrovitsa/ Tue, 27 Jun 2023 09:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=655585

Рачна граната експлодира синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата за експлозијата во дворот на општината, при што се оштеттени две службени возила на косовската полиција, во изјава за медиумите ја потврди полицискиот гласноворник, Баки Кељани.

Доцна синоќа непознат/и сторител/и извршија напад со експлозивно средство врз општина Северна Митровица. Врз основа на службените информации, постојат сомневања дека во дворот на општинскиот објект во Митровица, близу влезот на објектот е фрлено експлозивно средство, за кое се претпоставува дека е рачна граната, при што е причинета материјална штета врз полициски возила. За среќа нема извештаи за повредени лица, освен за материјална штета врз две службени возила. Во консултација со надлежен обвинител покренат е случај за „извршување терористичко дело, се вели во изјавата на Кељани.

Во северно Косово во последно време зачестија нападите со шок-бомби, рачни гранати и камења, главно врз објектите на четирите тамошни општини и полициските патроли, откако косовските власти извршија апсење на неколкумина водачи на локалните Срби, осомничени за терористички дела, меѓу кои напади врз новинари, врз припадници на полицијата и на Меѓународните мировни сили во Косово, КФОР.

The post Напад со рачна граната врз објектот на општината во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>

Рачна граната експлодира синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата за експлозијата во дворот на општината, при што се оштеттени две службени возила на косовската полиција, во изјава за медиумите ја потврди полицискиот гласноворник, Баки Кељани. Доцна синоќа непознат/и сторител/и извршија напад со експлозивно средство врз општина Северна Митровица. Врз основа на службените информации, постојат сомневања дека во дворот на општинскиот објект во Митровица, близу влезот на објектот е фрлено експлозивно средство, за кое се претпоставува дека е рачна граната, при што е причинета материјална штета врз полициски возила. За среќа нема извештаи за повредени лица, освен за материјална штета врз две службени возила. Во консултација со надлежен обвинител покренат е случај за „извршување терористичко дело, се вели во изјавата на Кељани. Во северно Косово во последно време зачестија нападите со шок-бомби, рачни гранати и камења, главно врз објектите на четирите тамошни општини и полициските патроли, откако косовските власти извршија апсење на неколкумина водачи на локалните Срби, осомничени за терористички дела, меѓу кои напади врз новинари, врз припадници на полицијата и на Меѓународните мировни сили во Косово, КФОР.

The post Напад со рачна граната врз објектот на општината во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>