северна кореа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severna-korea/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 14:15:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png северна кореа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severna-korea/ 32 32 Дали војници од Северна Кореја се борат за Русија во Курск? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dali-vojnitsi-od-severna-koreja-se-borat-za-rusija-vo-kursk/ Mon, 28 Oct 2024 14:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=831754

Можам да потврдам дека војници од Северна Кореја се испратени во Русија, а севернокорејски воени единици се распоредени во областа на Курск, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Според него, распоредувањето на севернокорејските трупи во Русија претставува значајна ескалација на тековното вклучување на Северна Кореја во илегалната руска агресија, уште едно прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и опасно проширување на војната.

- НАТО ги повикува Русија и Северна Кореја веднаш да престанат со овие акции, изјави Руте по заседанието на Северноатлантскиот совет на кое учествуваше и делегација на Јужна Кореја и на кое, како што нагласи, се расправало за „зголемената вмешаност на Северна Кореја во илегалната агресивна војна на Русија против Украина“.

Јужнокорејската делегација вклучувала високи претставници од Националната разузнавачка служба и на Министерството за национална одбрана на земјата, кои заедно со некои од сојузниците од НАТО ги споделиле своите разузнавачки проценки.

- Продлабочувањето на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана и за индо-пацифичката и евроатлантската безбедност. Таа го поткопува мирот на Корејскиот Полуостров и ја поттикнува руската војна против Украина. Пјонгјанг веќе и достави на Русија милиони парчиња муниција и балистички ракети кои поттикнуваат голем конфликт во срцето на Европа и ги поткопуваат глобалниот мир и безбедност, рече Руте.

Според него, во замена, рускиот претседател Владимир Путин и дава на Северна Кореја воена технологија и друга поддршка за заобиколување на меѓународните санкции.

- Ова ја покажува важноста демократиите да стојат заедно за да ги поддржуваат нашите вредности и да се соочат со нашите заеднички безбедносни предизвици. Распоредувањето на севернокорејските трупи во Курск е исто така знак за растечкиот очај на Путин, додаде Руте.

Тој истакна дека над 600.000 руски војници се убиени или ранети во „војната на Путин“ и тој не може да го издржи нападот врз Украина без странска поддршка, бидејќи Украинците возвраќаат со храброст, издржливост и генијалност.

- Сојузниците на НАТО ќе продолжат да ја поддржуваат слободна и демократска Украина, бидејќи безбедноста на Украина е наша безбедност. Денеска разговаравме за потребата од дополнително зајакнување на воената поддршка за Украина. Активно се консултираме во рамките на Алијансата, со Украина и со нашите индо-пацифички партнери за овие случувања и продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата, изјави Руте, информирајќи дека за денеска има закажано разговори со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров

The post Дали војници од Северна Кореја се борат за Русија во Курск? appeared first on Република.

]]>

Можам да потврдам дека војници од Северна Кореја се испратени во Русија, а севернокорејски воени единици се распоредени во областа на Курск, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Според него, распоредувањето на севернокорејските трупи во Русија претставува значајна ескалација на тековното вклучување на Северна Кореја во илегалната руска агресија, уште едно прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и опасно проширување на војната.
- НАТО ги повикува Русија и Северна Кореја веднаш да престанат со овие акции, изјави Руте по заседанието на Северноатлантскиот совет на кое учествуваше и делегација на Јужна Кореја и на кое, како што нагласи, се расправало за „зголемената вмешаност на Северна Кореја во илегалната агресивна војна на Русија против Украина“.
Јужнокорејската делегација вклучувала високи претставници од Националната разузнавачка служба и на Министерството за национална одбрана на земјата, кои заедно со некои од сојузниците од НАТО ги споделиле своите разузнавачки проценки.
- Продлабочувањето на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана и за индо-пацифичката и евроатлантската безбедност. Таа го поткопува мирот на Корејскиот Полуостров и ја поттикнува руската војна против Украина. Пјонгјанг веќе и достави на Русија милиони парчиња муниција и балистички ракети кои поттикнуваат голем конфликт во срцето на Европа и ги поткопуваат глобалниот мир и безбедност, рече Руте.
Според него, во замена, рускиот претседател Владимир Путин и дава на Северна Кореја воена технологија и друга поддршка за заобиколување на меѓународните санкции.
- Ова ја покажува важноста демократиите да стојат заедно за да ги поддржуваат нашите вредности и да се соочат со нашите заеднички безбедносни предизвици. Распоредувањето на севернокорејските трупи во Курск е исто така знак за растечкиот очај на Путин, додаде Руте.
Тој истакна дека над 600.000 руски војници се убиени или ранети во „војната на Путин“ и тој не може да го издржи нападот врз Украина без странска поддршка, бидејќи Украинците возвраќаат со храброст, издржливост и генијалност.
- Сојузниците на НАТО ќе продолжат да ја поддржуваат слободна и демократска Украина, бидејќи безбедноста на Украина е наша безбедност. Денеска разговаравме за потребата од дополнително зајакнување на воената поддршка за Украина. Активно се консултираме во рамките на Алијансата, со Украина и со нашите индо-пацифички партнери за овие случувања и продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата, изјави Руте, информирајќи дека за денеска има закажано разговори со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров

The post Дали војници од Северна Кореја се борат за Русија во Курск? appeared first on Република.

]]>
Северна Кореја изведе симулација на нуклеарен контранапад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-izvede-simulatsija-na-nuklearen-kontranapad/ Tue, 23 Apr 2024 06:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=769508

Северна Кореја денеска соопшти дека извела симулација на нуклеарен контранапад „во која учествувалe супер-големи ракетни артилериски лансери“.

Државната новинска агенција КЦНА јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал вчерашното лансирање, првата демонстрација на новиот систем за управување и контрола на нуклеарното оружје на Пјонгјанг наречен „Haekbangashoe“ или „нуклеарен активирач“.

Според Генералштабот на Јужна Кореја, Северна Кореја во понеделникот истрелала неколку сомнителни балистички ракети кон отворено море.

На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел.

Наводните ракети со краток дострел по лансирањето полетале околу 300 километри на исток од областа околу главниот град Пјонгјанг и паднале во морето.

Во зависност од дизајнот, балистичките ракети можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава. И покрај меѓународните санкции, Северна Кореја продолжува да тестира ракети со нуклеарни способности и други системи за оружје. Пјонгјанг во петокот соопшти дека неодамна тестирал боева глава за стратешка крстосувачка ракета и противвоздушни проектили

The post Северна Кореја изведе симулација на нуклеарен контранапад appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја денеска соопшти дека извела симулација на нуклеарен контранапад „во која учествувалe супер-големи ракетни артилериски лансери“. Државната новинска агенција КЦНА јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал вчерашното лансирање, првата демонстрација на новиот систем за управување и контрола на нуклеарното оружје на Пјонгјанг наречен „Haekbangashoe“ или „нуклеарен активирач“. Според Генералштабот на Јужна Кореја, Северна Кореја во понеделникот истрелала неколку сомнителни балистички ракети кон отворено море. На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Наводните ракети со краток дострел по лансирањето полетале околу 300 километри на исток од областа околу главниот град Пјонгјанг и паднале во морето. Во зависност од дизајнот, балистичките ракети можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава. И покрај меѓународните санкции, Северна Кореја продолжува да тестира ракети со нуклеарни способности и други системи за оружје. Пјонгјанг во петокот соопшти дека неодамна тестирал боева глава за стратешка крстосувачка ракета и противвоздушни проектили

The post Северна Кореја изведе симулација на нуклеарен контранапад appeared first on Република.

]]>
Северна Кореја лансираше балистичка ракета: Итен состанок на воениот врв на Јужна Кореја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-lansirashe-balistichka-raketa-iten-sostanok-na-voeniot-vrv-na-juzna-koreja/ Sun, 25 Sep 2022 08:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=553978

Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на морето во близина на нејзиниот источен брег, во пресрет на планираните воени вежби на јужнокорејските и американските сили, како и посетата на регионот на американскиот потпретседател Камала Харис.

Јужнокорејската војска соопшти дека станува збор за проектил со краток дострел, истрелан од областа Таехон во провинцијата Северен Пјонгјанг, а проектилот прелетал околу 600 километри на височина од 60 километри, пренесува Ројтерс.

„Севернокорејското лансирање на балистичка ракета е сериозна провокација, која ги загрозува мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и меѓународната заедница“, соопштија од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.

По последното лансирање, врховниот командант на армијата на Јужна Кореја, Ким Сеунг-кјум и командантот на американските сили во Кореја, Пол Ла Камерадис, ја разгледаа моменталната ситуација и ја потврдија својата подготвеност да одговорат на каква било закана или провокација од Северна Кореја.

Советот за национална безбедност на Јужна Кореја одржа итен состанок за да разговара за одговорот на лансирањето и го осуди чинот како кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и неоправдана провокација.

Се огласи и јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада, кој изјави дека според јапонските проценки, ракетата достигнала височина од 50 километри и дека паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, па нема извештаи за проблеми со воздушниот и бродскиот сообраќај.

The post Северна Кореја лансираше балистичка ракета: Итен состанок на воениот врв на Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на морето во близина на нејзиниот источен брег, во пресрет на планираните воени вежби на јужнокорејските и американските сили, како и посетата на регионот на американскиот потпретседател Камала Харис. Јужнокорејската војска соопшти дека станува збор за проектил со краток дострел, истрелан од областа Таехон во провинцијата Северен Пјонгјанг, а проектилот прелетал околу 600 километри на височина од 60 километри, пренесува Ројтерс.
„Севернокорејското лансирање на балистичка ракета е сериозна провокација, која ги загрозува мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и меѓународната заедница“, соопштија од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.
По последното лансирање, врховниот командант на армијата на Јужна Кореја, Ким Сеунг-кјум и командантот на американските сили во Кореја, Пол Ла Камерадис, ја разгледаа моменталната ситуација и ја потврдија својата подготвеност да одговорат на каква било закана или провокација од Северна Кореја. Советот за национална безбедност на Јужна Кореја одржа итен состанок за да разговара за одговорот на лансирањето и го осуди чинот како кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и неоправдана провокација. Се огласи и јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада, кој изјави дека според јапонските проценки, ракетата достигнала височина од 50 километри и дека паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, па нема извештаи за проблеми со воздушниот и бродскиот сообраќај.

The post Северна Кореја лансираше балистичка ракета: Итен состанок на воениот врв на Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>