северна каролина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severna-karolina/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Jan 2023 12:18:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png северна каролина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severna-karolina/ 32 32 Петчлено семејство пронајдено мртво во Северна Каролина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/petchleno-semejstvo-pronajdeno-mrtvo-vo-severna-karolina/ Mon, 09 Jan 2023 12:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=594934

Пет лица се пронајдени мртви во дом во Северна Каролина, соопшти полицијата.

Се претпоставува дека една од жртвите убила четворица, а потоа се самоубила.

Полицијата во Хај Поинт потврди дека во куќата се пронајдени тела на двајца возрасни и три малолетни лица и дека сите се прогласени за мртви на местото на настанот, пренесе АП.

Властите не ја соопштија точната причина за смртта, но потврдија во соопштението дека злосторството се истражува како „убиство-самоубиство“ и дека нема постојана закана за заедницата.

The post Петчлено семејство пронајдено мртво во Северна Каролина appeared first on Република.

]]>

Пет лица се пронајдени мртви во дом во Северна Каролина, соопшти полицијата. Се претпоставува дека една од жртвите убила четворица, а потоа се самоубила. Полицијата во Хај Поинт потврди дека во куќата се пронајдени тела на двајца возрасни и три малолетни лица и дека сите се прогласени за мртви на местото на настанот, пренесе АП. Властите не ја соопштија точната причина за смртта, но потврдија во соопштението дека злосторството се истражува како „убиство-самоубиство“ и дека нема постојана закана за заедницата.  

The post Петчлено семејство пронајдено мртво во Северна Каролина appeared first on Република.

]]>
Во главниот град на Северна Каролина уапсен вооружен напаѓач, кој претходно убил пет лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-glavniot-grad-na-severna-karolina-uapsen-vooruzen-napagjach-koj-prethodno-ubil-pet-lica/ Fri, 14 Oct 2022 06:19:52 +0000 https://republika.mk/?p=560853

Во главниот град на американската сојузна држава Северна Каролина, Роли, денеска е уапсен вооружен маж, откако претходно убил пет лица, вклучувајќи и полицаец кој не бил на должност, соопштија градските власти.

Осомничениот за нападот, за кој засега ништо не се знае, ранил неколку лица, меѓу кои и полицаец кој работел со кучиња.

Неговиот живот не е во опасност, изјави претходно градоначалничката Мери-Ен Болдвин, изразувајќи жалење за тажниот и трагичен ден.

Првите истрели се слушнале нешто по 17 часот (23 часот по средноевропско време) на патеката во градот со 500.000 жители, главниот град на Северна Каролина.

Голем број припадници на полициските сили веднаш биле распоредени да го пронајдат сторителот, наведуваат локалните медиуми.

Го видов како минува пред мојата куќа, во градината. Имаше ловечка пушка со долга цевка и носеше маскирна униформа, изјави Роберт, сведок кој сакаше да остане анонимен, за локалната мрежа ВРАЛ (WRAL).

Градоначалничката Болдвин, на прес-конференција кажа дека „полицијата на Ралији околу 20 часот успеала да го опколи осомничениот”.

Осомничениот е во притвор, објави полицијата на Твитер.

Агенциите претходно јавија за шест смртни случаи во пукотницата.

Пукањата со смртни последици се редовна појава во САД, земјата која плаќа висока цена затоа што голем број луѓе поседуваат огнено оружје, што лесно се добива.

Во борбата против ова зло, мораме да направиме многу повеќе, повика видно потресената градоначалничка на главниот град на Северна Каролина.

Во 2021 година во САД од огнено оружје беа убиени околу 49.000 лица, додека година претходно беа застрелани 45.000, која важеше за година со најголем број жртви. Тоа е повеќе од 130 смртни случаи дневно, од кои повеќе од половината се самоубиства.

The post Во главниот град на Северна Каролина уапсен вооружен напаѓач, кој претходно убил пет лица appeared first on Република.

]]>

Во главниот град на американската сојузна држава Северна Каролина, Роли, денеска е уапсен вооружен маж, откако претходно убил пет лица, вклучувајќи и полицаец кој не бил на должност, соопштија градските власти. Осомничениот за нападот, за кој засега ништо не се знае, ранил неколку лица, меѓу кои и полицаец кој работел со кучиња.
Неговиот живот не е во опасност, изјави претходно градоначалничката Мери-Ен Болдвин, изразувајќи жалење за тажниот и трагичен ден.
Првите истрели се слушнале нешто по 17 часот (23 часот по средноевропско време) на патеката во градот со 500.000 жители, главниот град на Северна Каролина. Голем број припадници на полициските сили веднаш биле распоредени да го пронајдат сторителот, наведуваат локалните медиуми.
Го видов како минува пред мојата куќа, во градината. Имаше ловечка пушка со долга цевка и носеше маскирна униформа, изјави Роберт, сведок кој сакаше да остане анонимен, за локалната мрежа ВРАЛ (WRAL).
Градоначалничката Болдвин, на прес-конференција кажа дека „полицијата на Ралији околу 20 часот успеала да го опколи осомничениот”.
Осомничениот е во притвор, објави полицијата на Твитер.
Агенциите претходно јавија за шест смртни случаи во пукотницата. Пукањата со смртни последици се редовна појава во САД, земјата која плаќа висока цена затоа што голем број луѓе поседуваат огнено оружје, што лесно се добива.