северен поток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severen-potok/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Apr 2023 21:38:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png северен поток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severen-potok/ 32 32 Шведско обвинителство: Сè уште не е јасно кој стои зад експлозиите на гасоводот Северен поток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedsko-obvinitelstvo-se-ushte-ne-e-jasno-koj-stoi-zad-eksploziite-na-gasovodot-severen-potok/ Thu, 06 Apr 2023 10:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=627896

Останува нејасно кој стои зад експлозиите на гасоводот „Северен поток“ што ги поврзува Русија и Германија, соопшти шведското обвинителство, кое го истражува случајот.

Експлозиите се случија минатата година и доведоа до испуштање гас во Балтичкото Море.

Ние работиме без престан и бараме насекаде, не оставајќи ништо на случајноста. Нашата надеж е да откриеме кој го извршил злосторството, но треба да се забележи дека ова веројатно ќе биде тешко со оглед на околностите, се вели во соопштението на обвинителот Матс Љунгквист.

 

The post Шведско обвинителство: Сè уште не е јасно кој стои зад експлозиите на гасоводот Северен поток appeared first on Република.

]]>

Останува нејасно кој стои зад експлозиите на гасоводот „Северен поток“ што ги поврзува Русија и Германија, соопшти шведското обвинителство, кое го истражува случајот. Експлозиите се случија минатата година и доведоа до испуштање гас во Балтичкото Море.
Ние работиме без престан и бараме насекаде, не оставајќи ништо на случајноста. Нашата надеж е да откриеме кој го извршил злосторството, но треба да се забележи дека ова веројатно ќе биде тешко со оглед на околностите, се вели во соопштението на обвинителот Матс Љунгквист.
 

The post Шведско обвинителство: Сè уште не е јасно кој стои зад експлозиите на гасоводот Северен поток appeared first on Република.

]]>
„Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што ѝ треба на Данска за три месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gasprom-od-gasovodot-isteche-gas-kolku-shto-treba-na-danska-za-tri-meseci/ Sat, 01 Oct 2022 07:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=556192

Портпаролот на гасниот гигант „Гаспром“, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри природен гас по експлозијата што погоди два цевководи под Северното Море, пренесе агенцијата Тас.

Портпаролот Сергеј Купријанов преку видео врска на седницата на Обединетите нации изјави дека количината на ослободениот гас е еднаква на тримесечната испорака на Данска.

За потсетување, рано наутро околу 2 часот по локално време, меурчиња почнаа да се гледаат на површината на Балтичкото Море меѓу Шведска и Данска, на околу 23 километри југоисточно од данскиот остров Борнхолм. Тоа утро беше објавено дека притисокот во гасоводот Северен тек 2 паднал од 105 бари на 7 бари во текот на ноќта, што укажува на истекување.

Гасоводот Северен тек 2 е долг 1.230 километри и се протега од Русија преку Балтичкото Море до Германија.

Данска распореди воени авиони за да бара знаци на истекување и да идентификува област на морето како опасна за бродови. Времето на истекување беше потврдено со читања на сеизмолозите од соседните земји, кои регистрираа настан сличен на земјотрес со јачина од 1,8 степени, а потоа го лоцираа на речиси истото место каде што истекувањето излегуваше на површината.

Околу 17 часа по првото отчитување околу Северен тек 2, сеизмолозите забележаа второ отчитување североисточно од Борнхолм, што укажува на друг инцидент.

Набргу потоа, Nord Stream AG, операторот на Nord Stream 1, соопшти дека ги истражува причините за падот на притисокот во гасоводот. Сеизмолошките читања повторно го лоцираа инцидентот на одредена локација – на околу 55 километри североисточно од Борнхолм.

Следното утро, Шведската поморска управа издаде предупредување за две истекувања од гасоводот Северен тек 1 во нејзините и данските води, со што вкупниот број на истекувања се искачи на три. Северен тек 1 следи слична, но не идентична рута од Русија до Германија и се користеше за транспорт на руски гас во Европа од 2011 година до избувнувањето на војната во Украина.

По руската инвазија на Украина, Европа почна да ја намалува зависноста од гас од Русија.

The post „Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што ѝ треба на Данска за три месеци appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на гасниот гигант „Гаспром“, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри природен гас по експлозијата што погоди два цевководи под Северното Море, пренесе агенцијата Тас. Портпаролот Сергеј Купријанов преку видео врска на седницата на Обединетите нации изјави дека количината на ослободениот гас е еднаква на тримесечната испорака на Данска. За потсетување, рано наутро околу 2 часот по локално време, меурчиња почнаа да се гледаат на површината на Балтичкото Море меѓу Шведска и Данска, на околу 23 километри југоисточно од данскиот остров Борнхолм. Тоа утро беше објавено дека притисокот во гасоводот Северен тек 2 паднал од 105 бари на 7 бари во текот на ноќта, што укажува на истекување. Гасоводот Северен тек 2 е долг 1.230 километри и се протега од Русија преку Балтичкото Море до Германија. Данска распореди воени авиони за да бара знаци на истекување и да идентификува област на морето како опасна за бродови. Времето на истекување беше потврдено со читања на сеизмолозите од соседните земји, кои регистрираа настан сличен на земјотрес со јачина од 1,8 степени, а потоа го лоцираа на речиси истото место каде што истекувањето излегуваше на површината. Околу 17 часа по првото отчитување околу Северен тек 2, сеизмолозите забележаа второ отчитување североисточно од Борнхолм, што укажува на друг инцидент. Набргу потоа, Nord Stream AG, операторот на Nord Stream 1, соопшти дека ги истражува причините за падот на притисокот во гасоводот. Сеизмолошките читања повторно го лоцираа инцидентот на одредена локација – на околу 55 километри североисточно од Борнхолм. Следното утро, Шведската поморска управа издаде предупредување за две истекувања од гасоводот Северен тек 1 во нејзините и данските води, со што вкупниот број на истекувања се искачи на три. Северен тек 1 следи слична, но не идентична рута од Русија до Германија и се користеше за транспорт на руски гас во Европа од 2011 година до избувнувањето на војната во Украина. По руската инвазија на Украина, Европа почна да ја намалува зависноста од гас од Русија.

The post „Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што ѝ треба на Данска за три месеци appeared first on Република.

]]>
Захарова: Северен поток е саботиран на места кои се под контрола на американските разузнавачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-severen-potok-e-sabotiran-na-mesta-koi-se-pod-kontrola-na-amerikanskite-razuznavachi/ Thu, 29 Sep 2022 09:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=555490

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека истекувањето на гас во близина на брегот на Данска и на Шведска се случи во подрачје врз кое „Вашингтон има целосна контрола“.

Тоа се случи во трговските и економските зони на Данска и Шведска. Тоа се земји кои се целосно под контрола на американските разузнавачки служби, истакна Захарова во интервју за телевизијата „Соловјев лајф“.

Таа не наведе докази за нејзиното тврдење дека Шведска и Данска се под американската контрола.

Европска Унија се сомнева во саботажа како причина за истекувањето на подморскиот руски гасовод кон Европа и вети „силен“ одговор на секое намерно нарушување на нејзината енергетска инфраструктура.

Иако ниту еден од цевководите не бил во употреба во моментот на подводните експлозии, и двата биле полни со гас кој истекувал во Балтичкото Море, а првото истекување беше забележано на 26 септември. Шведската крајбрежна стража денеска соопшти дека е откриено уште едно истекување на гас од Северен поток 2.

Две од четирите истекувања се во ексклузивната економска зона на Шведска. Другите две истекувања на гас се во данската ексклузивна економска зона, изјави портпаролката на шведската крајбрежна стража Џени Ларсон.

The post Захарова: Северен поток е саботиран на места кои се под контрола на американските разузнавачи appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека истекувањето на гас во близина на брегот на Данска и на Шведска се случи во подрачје врз кое „Вашингтон има целосна контрола“.
Тоа се случи во трговските и економските зони на Данска и Шведска. Тоа се земји кои се целосно под контрола на американските разузнавачки служби, истакна Захарова во интервју за телевизијата „Соловјев лајф“.
Таа не наведе докази за нејзиното тврдење дека Шведска и Данска се под американската контрола. Европска Унија се сомнева во саботажа како причина за истекувањето на подморскиот руски гасовод кон Европа и вети „силен“ одговор на секое намерно нарушување на нејзината енергетска инфраструктура. Иако ниту еден од цевководите не бил во употреба во моментот на подводните експлозии, и двата биле полни со гас кој истекувал во Балтичкото Море, а првото истекување беше забележано на 26 септември. Шведската крајбрежна стража денеска соопшти дека е откриено уште едно истекување на гас од Северен поток 2.
Две од четирите истекувања се во ексклузивната економска зона на Шведска. Другите две истекувања на гас се во данската ексклузивна економска зона, изјави портпаролката на шведската крајбрежна стража Џени Ларсон.

The post Захарова: Северен поток е саботиран на места кои се под контрола на американските разузнавачи appeared first on Република.

]]>
Уште едно истекување на гас од Северен поток 2 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-edno-istekuvanje-na-gas-od-severen-potok-2/ Thu, 29 Sep 2022 08:08:09 +0000 https://republika.mk/?p=555425

Шведската крајбрежна стража лоцира четврто истекување на гас од Северен поток 2. Истекувањето е во близина на големата дупка пронајдена на блискиот гасовод Северен поток 1.

Две од четирите истекувања се во ексклузивната економска зона на Шведска. Другите две истекувања на гас се во данската ексклузивна економска зона, изјави портпаролката на шведската крајбрежна стража Џени Ларсон.

Четвртото истекување се случи на гасоводот Северен тек 2, во близина на голема дупка пронајдена на блискиот Северен тек 1, соопшти шведската крајбрежна стража.

Данските власти претходно објавија дека откриле дупка во двата гасоводи во нивните води.

Европска Унија се сомнева во саботажа како причина за истекувањето на подморскиот руски гасовод кон Европа и вети „силен“ одговор на секое намерно нарушување на нејзината енергетска инфраструктура.

The post Уште едно истекување на гас од Северен поток 2 appeared first on Република.

]]>

Шведската крајбрежна стража лоцира четврто истекување на гас од Северен поток 2. Истекувањето е во близина на големата дупка пронајдена на блискиот гасовод Северен поток 1. Две од четирите истекувања се во ексклузивната економска зона на Шведска. Другите две истекувања на гас се во данската ексклузивна економска зона, изјави портпаролката на шведската крајбрежна стража Џени Ларсон. Четвртото истекување се случи на гасоводот Северен тек 2, во близина на голема дупка пронајдена на блискиот Северен тек 1, соопшти шведската крајбрежна стража. Данските власти претходно објавија дека откриле дупка во двата гасоводи во нивните води. Европска Унија се сомнева во саботажа како причина за истекувањето на подморскиот руски гасовод кон Европа и вети „силен“ одговор на секое намерно нарушување на нејзината енергетска инфраструктура.

The post Уште едно истекување на гас од Северен поток 2 appeared first on Република.

]]>
Шведската разузнавачка служба отвори истрага за „саботажа“ на Северен поток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedskata-razuznavachka-sluzba-otvori-istraga-za-sabotaza-na-severen-potok/ Wed, 28 Sep 2022 16:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=555297

Шведската разузнавачка служба (САПО) денеска соопшти дека води истрага за експлозиите и истекувањата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море, нарекувајќи ги „саботажа“.

САПО ја презема истрагата од полицијата затоа што „тоа може да се однесува на сериозно кривично дело кое барем делумно може да биде насочено кон шведските интереси“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „не може да се исклучи дека странска сила е одговорна за тоа дело“.

The post Шведската разузнавачка служба отвори истрага за „саботажа“ на Северен поток appeared first on Република.

]]>

Шведската разузнавачка служба (САПО) денеска соопшти дека води истрага за експлозиите и истекувањата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море, нарекувајќи ги „саботажа“. САПО ја презема истрагата од полицијата затоа што „тоа може да се однесува на сериозно кривично дело кое барем делумно може да биде насочено кон шведските интереси“, се вели во соопштението. Во него се додава дека „не може да се исклучи дека странска сила е одговорна за тоа дело“.

The post Шведската разузнавачка служба отвори истрага за „саботажа“ на Северен поток appeared first on Република.

]]>
САД изразија подготвеност да и помогнат на ЕУ во истрагата за истекувањето на гасоводите „Северен поток“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-izrazija-podgotvenost-da-i-pomognat-na-eu-vo-istragata-za-istekuvanjeto-na-gasovodite-severen-potok/ Tue, 27 Sep 2022 19:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=555001

Вашингтон е подготвен да им помогне на своите европски партнери во истрагата за истекувањето на гасоводите Северен поток еден и два, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД.

Необјаснетите истекувања кои беа откриени долж двата гасовода што ги поврзуваат Русија и Европа предизвикаа истраги во голем број европски земји.

Се работи на различни верзии, меѓу кои и саботажа.

The post САД изразија подготвеност да и помогнат на ЕУ во истрагата за истекувањето на гасоводите „Северен поток“ appeared first on Република.

]]>

Вашингтон е подготвен да им помогне на своите европски партнери во истрагата за истекувањето на гасоводите Северен поток еден и два, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД. Необјаснетите истекувања кои беа откриени долж двата гасовода што ги поврзуваат Русија и Европа предизвикаа истраги во голем број европски земји. Се работи на различни верзии, меѓу кои и саботажа.

The post САД изразија подготвеност да и помогнат на ЕУ во истрагата за истекувањето на гасоводите „Северен поток“ appeared first on Република.

]]>