северен поток 2 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severen-potok-2/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Aug 2022 19:57:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png северен поток 2 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/severen-potok-2/ 32 32 Полскиот претседател бара укинување на гасоводот „Северен поток 2“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-bara-ukinuvanje-na-gasovodot-severen-potok-2/ Tue, 23 Aug 2022 21:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=543418

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, за време на посетата на Киев, повика на укинување на балтичкиот гасовод „Северен поток 2“, кој ги поврзува Русија и Германија.

Не може да има враќање во нормала на односите со Москва - порача Дуда на самитот на Кримската платформа.

Според Дуда, „потребна е нова политика која ќе го отстрани „Северен поток 2“, јави полската новинска агенција ПАП.

Полска и другите источни членки на ЕУ, долго го критикуваа руско-германскиот проект, посочувајќи дека тој му дава дополнително влијание на Кремљ во Европа во време кога енергетската безбедност на ЕУ е доведена во прашање.

Во февруари германската Влада одби да го пушти во промет гасоводот поради руската воена операција во Украина.

The post Полскиот претседател бара укинување на гасоводот „Северен поток 2“ appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, за време на посетата на Киев, повика на укинување на балтичкиот гасовод „Северен поток 2“, кој ги поврзува Русија и Германија.
Не може да има враќање во нормала на односите со Москва - порача Дуда на самитот на Кримската платформа.
Според Дуда, „потребна е нова политика која ќе го отстрани „Северен поток 2“, јави полската новинска агенција ПАП. Полска и другите источни членки на ЕУ, долго го критикуваа руско-германскиот проект, посочувајќи дека тој му дава дополнително влијание на Кремљ во Европа во време кога енергетската безбедност на ЕУ е доведена во прашање. Во февруари германската Влада одби да го пушти во промет гасоводот поради руската воена операција во Украина.

The post Полскиот претседател бара укинување на гасоводот „Северен поток 2“ appeared first on Република.

]]>
Шолц: Побарав оневозможување на процесот за гасоводот Северен поток 2 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholc-pobarav-onevozmozuvanje-na-procesot-za-gasovodot-severen-potok-2/ Tue, 22 Feb 2022 12:13:18 +0000 https://republika.mk/?p=461926

Германскиот канцелар Олаф Шолц посочи дека ЕУ денеска на одлуката на Русија да ги признае Доњецк и Луганск ќе одговори со санкции и дека наредил повлекување на документите, со што се оневозможува доделување сертификати за отворање на гасоводот „Северен поток 2“.

На прес-конференција Шолц рече дека ЕУ ќе се договори за пакетот санкции што ќе го усвои денеска.

Ситуацијата денеска е сосема поинаква од пред неколку дена и затоа треба повторно да ја анализираме. Побарав од Министерството за економија да го повлече документот од процедура и со тоа да го оневозможи сертификатот за гасоводот Северен поток 2 - рече тој.

Шолц рече дека Европа се соочува со тешки денови и дека 80 години по Втората светска војна, во Европа се заканува нова војна.

Наша одговорност е да го спречиме тоа. Апелирам до Русија да ни помогне во тоа - истакна Шолц.

The post Шолц: Побарав оневозможување на процесот за гасоводот Северен поток 2 appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц посочи дека ЕУ денеска на одлуката на Русија да ги признае Доњецк и Луганск ќе одговори со санкции и дека наредил повлекување на документите, со што се оневозможува доделување сертификати за отворање на гасоводот „Северен поток 2“. На прес-конференција Шолц рече дека ЕУ ќе се договори за пакетот санкции што ќе го усвои денеска.
Ситуацијата денеска е сосема поинаква од пред неколку дена и затоа треба повторно да ја анализираме. Побарав од Министерството за економија да го повлече документот од процедура и со тоа да го оневозможи сертификатот за гасоводот Северен поток 2 - рече тој.
Шолц рече дека Европа се соочува со тешки денови и дека 80 години по Втората светска војна, во Европа се заканува нова војна.
Наша одговорност е да го спречиме тоа. Апелирам до Русија да ни помогне во тоа - истакна Шолц.

The post Шолц: Побарав оневозможување на процесот за гасоводот Северен поток 2 appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Северен тек 2 зависи од однесувањето на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-severen-tek-2-zavisi-od-odnesuvanjeto-na-rusija/ Fri, 04 Feb 2022 08:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=453933

Пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2 ќе зависи од активностите на Русија, изјави шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен во интервју за Ханделсблат.

Во оваа акутна криза, сè ќе зависи од позицијата на Русија … Руската Федерација врши воен притисок врз Украина и го користи гасот како лост за да влијае врз ЕУ. Затоа, Северен тек 2 не може да се отстрани од списокот со санкции – тоа е сосема јасно, изјави шефицата на ЕК.

Подготвивме моќен и голем пакет финансиски и економски санкции. Тој се движи од ограничување на пристапот до странски капитал до контрола на извозот на технички производи. Овие ограничувања дополнително ќе ја ослабат руската економија, рече фон дер Лајен.

Се разбира, луѓето од опкружувањето на Путин и олигарсите може многу да настрадаат – од една страна, поради вклучувањето на лични санкции, но најмногу поради финансиските и економските санкции што ги подготвуваме, додаде таа.

The post Фон дер Лајен: Северен тек 2 зависи од однесувањето на Русија appeared first on Република.

]]>

Пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2 ќе зависи од активностите на Русија, изјави шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен во интервју за Ханделсблат. Во оваа акутна криза, сè ќе зависи од позицијата на Русија … Руската Федерација врши воен притисок врз Украина и го користи гасот како лост за да влијае врз ЕУ. Затоа, Северен тек 2 не може да се отстрани од списокот со санкции – тоа е сосема јасно, изјави шефицата на ЕК. Подготвивме моќен и голем пакет финансиски и економски санкции. Тој се движи од ограничување на пристапот до странски капитал до контрола на извозот на технички производи. Овие ограничувања дополнително ќе ја ослабат руската економија, рече фон дер Лајен. Се разбира, луѓето од опкружувањето на Путин и олигарсите може многу да настрадаат – од една страна, поради вклучувањето на лични санкции, но најмногу поради финансиските и економските санкции што ги подготвуваме, додаде таа.

The post Фон дер Лајен: Северен тек 2 зависи од однесувањето на Русија appeared first on Република.

]]>