сеул Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seul/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 10:42:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сеул Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seul/ 32 32 Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusko-mnr-ako-seul-mu-isporacha-oruzhje-na-kiev-ke-sledi-odgovor-od-moskva/ Sun, 24 Nov 2024 10:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=841236

Русија ќе одговори ако Јужна Кореја му испрати свое оружје во Украина, а таквиот потег на Сеул би имал негативни последици за односите со Москва, изјави денеска рускиот заменик - министер за надворешни работи Андреј Руденко.

Сеул мора да биде свесен дека можната употреба на јужнокорејско оружје за убивање на руски граѓани конечно ќе ги сруши односите меѓу нашите земји. Секако, ние ќе одговориме на сите начини кои ги сметаме за неопходни, изјави Руденко за руските медиуми.

Тој истакна дека малку веројатно е дека таквиот чекор ќе ја подобри безбедноста на Јужна Кореја и го повика Сеул внимателно да ја процени ситуацијата и да не презема „непромислени“ чекори.

Руденко истакна дека се надева оти раководството на Јужна Кореја своите одлуки ќе ги заснова на долгорочни национални интереси, а не на, како што наведе, краткорочни опортунистички размислувања кои му се пренесуваат од надвор.

The post Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва appeared first on Република.

]]>

Русија ќе одговори ако Јужна Кореја му испрати свое оружје во Украина, а таквиот потег на Сеул би имал негативни последици за односите со Москва, изјави денеска рускиот заменик - министер за надворешни работи Андреј Руденко. Сеул мора да биде свесен дека можната употреба на јужнокорејско оружје за убивање на руски граѓани конечно ќе ги сруши односите меѓу нашите земји. Секако, ние ќе одговориме на сите начини кои ги сметаме за неопходни, изјави Руденко за руските медиуми. Тој истакна дека малку веројатно е дека таквиот чекор ќе ја подобри безбедноста на Јужна Кореја и го повика Сеул внимателно да ја процени ситуацијата и да не презема „непромислени“ чекори. Руденко истакна дека се надева оти раководството на Јужна Кореја своите одлуки ќе ги заснова на долгорочни национални интереси, а не на, како што наведе, краткорочни опортунистички размислувања кои му се пренесуваат од надвор.

The post Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва appeared first on Република.

]]>
Севернокорејска хакерска група украла лични податоци од судот во Сеул https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severnokorejska-hakerska-grupa-ukrala-lichni-podatotsi-od-sudot-vo-seul/ Sat, 11 May 2024 14:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=777066

Севернокорејската хакерска група „Лазарус“ украла голема количина на лични податоци од компјутерската мрежа на судот во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, од јануари 2021 до февруари 2023 година, објавија денеска во заеднички договор јужнокорејската полиција, обвинителство и разузнавачки агенции.

Според извештаите, се верува дека хакерската група „Лазарус“ украла вкупно 1.014 гигабајти податоци и документи од компјутерската мрежа на судот во Сеул, објавија јужнокорејските медиуми. Јонхап.

Повеќето од протечените податоци вклучуваат детални лични информации, како што се имиња, регистрациски броеви на жители, финансиска евиденција и друго, покажа истрагата.

Истрагата заклучила дека хакирањето го извршила Северна Кореја, со оглед на начинот на кој биле извршени нападите. Полициската истрага започна минатиот декември откако судот спроведе сопствена внатрешна истрага за масовното протекување податоци.

The post Севернокорејска хакерска група украла лични податоци од судот во Сеул appeared first on Република.

]]>

Севернокорејската хакерска група „Лазарус“ украла голема количина на лични податоци од компјутерската мрежа на судот во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, од јануари 2021 до февруари 2023 година, објавија денеска во заеднички договор јужнокорејската полиција, обвинителство и разузнавачки агенции. Според извештаите, се верува дека хакерската група „Лазарус“ украла вкупно 1.014 гигабајти податоци и документи од компјутерската мрежа на судот во Сеул, објавија јужнокорејските медиуми. Јонхап. Повеќето од протечените податоци вклучуваат детални лични информации, како што се имиња, регистрациски броеви на жители, финансиска евиденција и друго, покажа истрагата. Истрагата заклучила дека хакирањето го извршила Северна Кореја, со оглед на начинот на кој биле извршени нападите. Полициската истрага започна минатиот декември откако судот спроведе сопствена внатрешна истрага за масовното протекување податоци.

The post Севернокорејска хакерска група украла лични податоци од судот во Сеул appeared first on Република.

]]>
Стрип-авторот Златко Крстевски награден во Сеул https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/strip-avtorot-zlatko-krstevski-nagraden-vo-seul/ Fri, 17 Feb 2023 12:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=610175

На 11-та манифестација за современа уметничка карикатура СИКАКО 2022/23 во Сеул, Кореја на која учествуваа уметници од 60 земји: САД, Франција, Чешка, Иран, Турција, Египет, Кина, кои се претставија со над 1500 дела на современ сатиричен цртеж и уметничка карикатура, награден е македонскиот стрип автор Златко Крстевски.

Правилата за учество на изложбата се праќаат исклучиво  оригинални  дела , на тема ,,Криза “ , потпишани од уметниците. Организатор  е меѓународниот Институт за современа карикатурална уметност СИЈОНГ од Сеул Кореја. Делата се предходно жирирани, а во моментов се изложени во Сити Паблик Галери во Сеул. Куратор на ликовната поставка е Др.Лим Ченг Сан. По завршување на настанот сите 20 дела од Крстевски ќе бидат дел од фондот на Сити Галери од Сеул .

Крстевски со свои дела застапен е и во антологијата ,,Бест Картунс оф Нипон ,, публикувана од Музејот Саитама Сити -Јапонија во чест на таткото на манга уметноста Ракутен Китазава . Крстевски покрај стрип,сатиричен цртеж активно се занимава со сликарство, масло на платно. Член е на ДЛУБ Битола, ГАПИ-Кореја, ХДК-Загреб. Застапен е и во најголемата енциклопедија на деветтата уметност  ЛАМБИЕК од Амстердам, Холандија .

The post Стрип-авторот Златко Крстевски награден во Сеул appeared first on Република.

]]>

На 11-та манифестација за современа уметничка карикатура СИКАКО 2022/23 во Сеул, Кореја на која учествуваа уметници од 60 земји: САД, Франција, Чешка, Иран, Турција, Египет, Кина, кои се претставија со над 1500 дела на современ сатиричен цртеж и уметничка карикатура, награден е македонскиот стрип автор Златко Крстевски. Правилата за учество на изложбата се праќаат исклучиво  оригинални  дела , на тема ,,Криза “ , потпишани од уметниците. Организатор  е меѓународниот Институт за современа карикатурална уметност СИЈОНГ од Сеул Кореја. Делата се предходно жирирани, а во моментов се изложени во Сити Паблик Галери во Сеул. Куратор на ликовната поставка е Др.Лим Ченг Сан. По завршување на настанот сите 20 дела од Крстевски ќе бидат дел од фондот на Сити Галери од Сеул . Крстевски со свои дела застапен е и во антологијата ,,Бест Картунс оф Нипон ,, публикувана од Музејот Саитама Сити -Јапонија во чест на таткото на манга уметноста Ракутен Китазава . Крстевски покрај стрип,сатиричен цртеж активно се занимава со сликарство, масло на платно. Член е на ДЛУБ Битола, ГАПИ-Кореја, ХДК-Загреб. Застапен е и во најголемата енциклопедија на деветтата уметност  ЛАМБИЕК од Амстердам, Холандија .

The post Стрип-авторот Златко Крстевски награден во Сеул appeared first on Република.

]]>
Потресни слики од Сеул: Што остана по стампедото? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/potresni-sliki-od-seul-shto-ostana-po-stampedoto/ Tue, 01 Nov 2022 09:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=568192

Според некои проценки, во текот на првата прослава на Ноќта на вештерките од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на улиците во областа во Сеул, позната по ноќниот живот, се нашле повеќе од 100.000 луѓе.

На потресните фотографии се гледаат лични работи на жртвите на трагедијата во текот на прославата на ноќта на вештерките во Јужна Кореја.

Чевли, облека, очила, документи и други лични работи на загинатите во стампедото во Сеул се наредени во една сала.


Според некои проценки, во текот на првата прослава на Ноќта на вештерките од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на улиците во областа во Сеул, познат по ноќниот живот, се нашле повеќе од 100.000 луѓе.

Во еден момент стотици се нашле на надолнина во тесна улица, од каде почнале да паѓаат едни преку други. Луѓето не можеле ни напред ни назад, додека масата притискала од сите страни.


Шефот на полицијата на Јужна Кореја изјавил дека контролата на масата во текот на прославата во Сеул била несоодветна – ова е прво признавање на некој службеник дека не направиле се за да ја спречат трагедијата.

Јун Хи Кеун рекол дека реакцијата на полицијата била разочарувачка и дека чувствува неограничена одговорност за јавната безбедност поради тоа што се случило, пренесува „BBC“.


Ветил дека ќе спроведе целосна истрага.

Јужнокорејските инспектори започнале со прегледување на снимки од повеќе од 50 државни и приватни камери, како и од социјалните мрежи, барајќи одговори на тоа како големиот раст на бројот на посетители на прославата за Ноќ на вештерките довел до трагедијата во која настрадале толку луѓе, пренесува „Reuters“.


Во фаталниот инцидент загинале 155 луѓе, додека уште 152 биле повредени.

Ова е најголема трагедија во Јужна Кореја од 2014-та година, кога потонал траект и се удавиле 304 лица, најмногу средношколци.

The post Потресни слики од Сеул: Што остана по стампедото? appeared first on Република.

]]>

Според некои проценки, во текот на првата прослава на Ноќта на вештерките од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на улиците во областа во Сеул, позната по ноќниот живот, се нашле повеќе од 100.000 луѓе. На потресните фотографии се гледаат лични работи на жртвите на трагедијата во текот на прославата на ноќта на вештерките во Јужна Кореја. Чевли, облека, очила, документи и други лични работи на загинатите во стампедото во Сеул се наредени во една сала. Според некои проценки, во текот на првата прослава на Ноќта на вештерките од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на улиците во областа во Сеул, познат по ноќниот живот, се нашле повеќе од 100.000 луѓе. Во еден момент стотици се нашле на надолнина во тесна улица, од каде почнале да паѓаат едни преку други. Луѓето не можеле ни напред ни назад, додека масата притискала од сите страни. Шефот на полицијата на Јужна Кореја изјавил дека контролата на масата во текот на прославата во Сеул била несоодветна – ова е прво признавање на некој службеник дека не направиле се за да ја спречат трагедијата. Јун Хи Кеун рекол дека реакцијата на полицијата била разочарувачка и дека чувствува неограничена одговорност за јавната безбедност поради тоа што се случило, пренесува „BBC“. Ветил дека ќе спроведе целосна истрага. Јужнокорејските инспектори започнале со прегледување на снимки од повеќе од 50 државни и приватни камери, како и од социјалните мрежи, барајќи одговори на тоа како големиот раст на бројот на посетители на прославата за Ноќ на вештерките довел до трагедијата во која настрадале толку луѓе, пренесува „Reuters“. Во фаталниот инцидент загинале 155 луѓе, додека уште 152 биле повредени. Ова е најголема трагедија во Јужна Кореја од 2014-та година, кога потонал траект и се удавиле 304 лица, најмногу средношколци.

The post Потресни слики од Сеул: Што остана по стампедото? appeared first on Република.

]]>
Во стампедото во Сеул загинаа 154 лица, а уште 149 се повредени од кои 33 се во тешка сосојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-stampedoto-vo-seul-zaginaa-154-lica-a-ushte-149-se-povredeni-od-koi-33-se-vo-teshka-sosojba/ Mon, 31 Oct 2022 10:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=567700

Бројот на загинатите во стампедото во Сеул се искачи на 154, уште 149 лица се повредени, од кои 33 се во тешка состојба, а меѓу загинатите има државјани од најмалку дваесет земји.

Јужнокорејските истражители почнаа денеска да ги прегледуваат снимките од над 50 државни и приватни камери, како и од социјалните мрежи, барајќи одговори за тоа како огромниот пораст на бројот на посетители на прославата на Ноќта на вештерките доведе до трагедијата во која загинаа толку многу луѓе, објави „Ројтерс“.

Премиерот Хан Деок-су вети темелна истрага, а властите рекоа дека се фокусирани на реконструкција на настаните и испитување дали некој може да биде одговорен за она што се случило.

Главниот полициски истражител Нам Гу-џун изјави дека ќе продолжат да испрашуваат повеќе очевидци, вклучително и вработени во околните продавници.

Премиерот Хан рече дека идентификацијата на жртвите е речиси завршена и дека може да започнат подготовките за погребот, а претседателот Јун Сук-Јол прогласи состојба на национална жалост. Претседателот денеска го посети спомен-олтарот во близина на градското собрание на Сеул и им оддаде почит на жртвите.

Трагедијата се случи во саботата вечерта за време на прославата на Ноќта на вештерките, кога во еден момент неколку стотици луѓе се нашле на удолницата, во тесна уличка широка само четири метри, од каде не можеле да се сокријат ниту да излезат, па почнале да паѓаат еден врз друг, објави агенцијата Јонап.

Стампедото започнало кога луѓето почнале да се превртуваат како „домино“ и да се натрупуваат еден врз друг во метежот поради гужвата, поради што многумина не можеле да добијат воздух или биле прегазени, велат очевидци.

Ова е најголемата трагедија во Јужна Кореја од 2014 година, кога потона траект и се удавија 304 лица, главно средношколци.

The post Во стампедото во Сеул загинаа 154 лица, а уште 149 се повредени од кои 33 се во тешка сосојба appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинатите во стампедото во Сеул се искачи на 154, уште 149 лица се повредени, од кои 33 се во тешка состојба, а меѓу загинатите има државјани од најмалку дваесет земји.
Јужнокорејските истражители почнаа денеска да ги прегледуваат снимките од над 50 државни и приватни камери, како и од социјалните мрежи, барајќи одговори за тоа како огромниот пораст на бројот на посетители на прославата на Ноќта на вештерките доведе до трагедијата во која загинаа толку многу луѓе, објави „Ројтерс“.
Премиерот Хан Деок-су вети темелна истрага, а властите рекоа дека се фокусирани на реконструкција на настаните и испитување дали некој може да биде одговорен за она што се случило. Главниот полициски истражител Нам Гу-џун изјави дека ќе продолжат да испрашуваат повеќе очевидци, вклучително и вработени во околните продавници. Премиерот Хан рече дека идентификацијата на жртвите е речиси завршена и дека може да започнат подготовките за погребот, а претседателот Јун Сук-Јол прогласи состојба на национална жалост. Претседателот денеска го посети спомен-олтарот во близина на градското собрание на Сеул и им оддаде почит на жртвите.
Трагедијата се случи во саботата вечерта за време на прославата на Ноќта на вештерките, кога во еден момент неколку стотици луѓе се нашле на удолницата, во тесна уличка широка само четири метри, од каде не можеле да се сокријат ниту да излезат, па почнале да паѓаат еден врз друг, објави агенцијата Јонап.
Стампедото започнало кога луѓето почнале да се превртуваат како „домино“ и да се натрупуваат еден врз друг во метежот поради гужвата, поради што многумина не можеле да добијат воздух или биле прегазени, велат очевидци. Ова е најголемата трагедија во Јужна Кореја од 2014 година, кога потона траект и се удавија 304 лица, главно средношколци.

The post Во стампедото во Сеул загинаа 154 лица, а уште 149 се повредени од кои 33 се во тешка сосојба appeared first on Република.

]]>
Том Круз во Сеул го промовира својот нов филм „Top Gun: Maverick“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/tom-kruz-vo-seul-go-promovira-svojot-nov-film-top-gun-maverick/ Sat, 18 Jun 2022 15:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=516689

Том Круз вчера дојде во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, за да го промовира својот нов филм „Top Gun: Maverick“.

На аеродромот Том го пречекаа голем број обожаватели, со кои кратко разговараше, а неизбежен дел беа папараците кои го следат секој негов потег откако излезе од авионот.

Том го привлече вниманието на обожавателите во тесна маица, со што го истакна своето вежбано тело.

Актерот го доведе своето тело до завидна линија, а поради вториот дел на легендарниот филм разви интензивна програма за тренинзи. Во една прилика откри и со какви спортски активности се занимава.

„Кајак, истражување на пештери, мечување, трчање на лента, кревање тегови, качување по карпи, планинарење, џогирање… Се занимавам со многу различни активности“, рече тој.

The post Том Круз во Сеул го промовира својот нов филм „Top Gun: Maverick“ appeared first on Република.

]]>

Том Круз вчера дојде во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, за да го промовира својот нов филм „Top Gun: Maverick“. На аеродромот Том го пречекаа голем број обожаватели, со кои кратко разговараше, а неизбежен дел беа папараците кои го следат секој негов потег откако излезе од авионот.
Том го привлече вниманието на обожавателите во тесна маица, со што го истакна своето вежбано тело. Актерот го доведе своето тело до завидна линија, а поради вториот дел на легендарниот филм разви интензивна програма за тренинзи. Во една прилика откри и со какви спортски активности се занимава. „Кајак, истражување на пештери, мечување, трчање на лента, кревање тегови, качување по карпи, планинарење, џогирање… Се занимавам со многу различни активности“, рече тој.

The post Том Круз во Сеул го промовира својот нов филм „Top Gun: Maverick“ appeared first on Република.

]]>