серум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/serum/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 06:39:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png серум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/serum/ 32 32 Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/holandski-turist-kasnat-od-zmija-so-itna-pomosh-odnesen-vo-debar-zashto-vo-ohrid-nemale-serum/ Wed, 12 Jun 2024 16:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=786783

Во изминатите неколку дена во Општата болница со проширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи.

„Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт“, вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли.

Вториот случај, како што посочува, бил вчера, а неофицијално се работи за холандски државјанин, кој бил на одмор во Охрид.

„Колегите од општата болница од Охрид, кои не располагале со серум, ни се јавија за случајот и веднаш излеговме во пресрет, да помогнеме. Времето беше во прашање, кое не дозволуваше да однесеме серум до Охрид, поради што со санителско возило од охриската болница пациентот беше донесен кај нас, прими антивиперин и повторно беше вратен во Охрид“, додава Пашоли.

Според него, имајќи го предвид периодот на појава на змии, навреме се снабдиле со потребниот серум, посака да нема потреба, но, изрази подготвеност да се помогне доколку затреба.

The post Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум appeared first on Република.

]]>

Во изминатите неколку дена во Општата болница со проширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи. „Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт“, вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли. Вториот случај, како што посочува, бил вчера, а неофицијално се работи за холандски државјанин, кој бил на одмор во Охрид. „Колегите од општата болница од Охрид, кои не располагале со серум, ни се јавија за случајот и веднаш излеговме во пресрет, да помогнеме. Времето беше во прашање, кое не дозволуваше да однесеме серум до Охрид, поради што со санителско возило од охриската болница пациентот беше донесен кај нас, прими антивиперин и повторно беше вратен во Охрид“, додава Пашоли. Според него, имајќи го предвид периодот на појава на змии, навреме се снабдиле со потребниот серум, посака да нема потреба, но, изрази подготвеност да се помогне доколку затреба.

The post Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум appeared first on Република.

]]>
Научниците на чекор да произведат универзален серум за токсините на сите отровни змии https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nauchnitsite-na-chekor-da-proizvedat-univerzalen-serum-za-toksinite-na-site-otrovni-zmii/ Mon, 26 Feb 2024 09:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=748421

Повеќе од 100.000 луѓе годишно, главно во Азија и Африка, умираат од каснување од змија, а сегашните серуми обично се корисни само за отровот на еден вид змии, што значи дека треба да се произведе на различен начин и не е секогаш и секаде достапен. Но, научниците од Истражувачкиот институт Скрипс во САД дојдоа до големо откритие.

Тие развија антитела кои го блокираат ефектот на смртоносните токсини во отровот на разни змии од Африка, Азија и Австралија. Деталите за антителата, кои ги штителе глувците од инаку смртоносниот отров на отровниците, вклучувајќи црни мамби и кралски кобри, се опишани во Science Translational Medicine.

Новото истражување користи форми на токсини произведени во лабораторија за да испитаат милијарди различни човечки антитела и да ги идентификуваат оние кои можат да ја блокираат активноста на овие отрови. Тоа е голем чекор кон универзален серум за отров од змии, кој би заштитил од сите видови отров, соопштуваат од институтот Скрипс.

„Овие антитела делуваат против еден од главните отрови пронајдени во различни видови змии што убива десетици илјади луѓе секоја година“, рече Џозеф Џардин, професор по имунологија и микробиологија на институтот Скрипс.

Во новото истражување, научниците изолираа и споредија отровни протеини од различни видови отровни змии, вклучувајќи мамба, кобри и краит. Откриле дека типот на протеинот 3FTx, кој е присутен кај сите нив, има мал дел кој е сличен кај повеќето видови. Покрај тоа, протеините 3FTx се сметаат за високо токсични и одговорни за парализа на целото тело.

Со цел да откријат антитела за блокирање на 3FTx, научниците создадоа иновативна платформа која става 16 различни 3FTx во клетките на цицачите, кои потоа ги произведуваат токсините. Преку системот на елиминација, од повеќе од 50 милијарди антитела, откриено е она што има најсилна интеракција со сите варијации на токсинот – 95Mat5.

Овие антитела им биле дадени на глувците и потоа биле тестирани ефектите на отровот врз нив. Во сите случаи, 95Mat5 не само што заштитуваше од смрт, туку и од парализа што обично и претходи.

Иако 95Mat5 е ефикасна заштита од отровот на сите змии, тој не е ефикасен против отровот на змиите ѕвечарка, втората по големина група на отровни змии. Затоа сега ги тестираат антителата за други отрови и веруваат дека комбинирањето на 95Mat5 со нив може да заштити од сите отрови од змии.

„Сметаме дека коктел од овие четири антитела би можел да биде универзален серум за сите медицински релевантни змии во светот“, рече Ајрене Калек, истражувач на Скрипс и прв автор на студијата.

The post Научниците на чекор да произведат универзален серум за токсините на сите отровни змии appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 100.000 луѓе годишно, главно во Азија и Африка, умираат од каснување од змија, а сегашните серуми обично се корисни само за отровот на еден вид змии, што значи дека треба да се произведе на различен начин и не е секогаш и секаде достапен. Но, научниците од Истражувачкиот институт Скрипс во САД дојдоа до големо откритие.
Тие развија антитела кои го блокираат ефектот на смртоносните токсини во отровот на разни змии од Африка, Азија и Австралија. Деталите за антителата, кои ги штителе глувците од инаку смртоносниот отров на отровниците, вклучувајќи црни мамби и кралски кобри, се опишани во Science Translational Medicine.
Новото истражување користи форми на токсини произведени во лабораторија за да испитаат милијарди различни човечки антитела и да ги идентификуваат оние кои можат да ја блокираат активноста на овие отрови. Тоа е голем чекор кон универзален серум за отров од змии, кој би заштитил од сите видови отров, соопштуваат од институтот Скрипс.
„Овие антитела делуваат против еден од главните отрови пронајдени во различни видови змии што убива десетици илјади луѓе секоја година“, рече Џозеф Џардин, професор по имунологија и микробиологија на институтот Скрипс.
Во новото истражување, научниците изолираа и споредија отровни протеини од различни видови отровни змии, вклучувајќи мамба, кобри и краит. Откриле дека типот на протеинот 3FTx, кој е присутен кај сите нив, има мал дел кој е сличен кај повеќето видови. Покрај тоа, протеините 3FTx се сметаат за високо токсични и одговорни за парализа на целото тело. Со цел да откријат антитела за блокирање на 3FTx, научниците создадоа иновативна платформа која става 16 различни 3FTx во клетките на цицачите, кои потоа ги произведуваат токсините. Преку системот на елиминација, од повеќе од 50 милијарди антитела, откриено е она што има најсилна интеракција со сите варијации на токсинот – 95Mat5. Овие антитела им биле дадени на глувците и потоа биле тестирани ефектите на отровот врз нив. Во сите случаи, 95Mat5 не само што заштитуваше од смрт, туку и од парализа што обично и претходи. Иако 95Mat5 е ефикасна заштита од отровот на сите змии, тој не е ефикасен против отровот на змиите ѕвечарка, втората по големина група на отровни змии. Затоа сега ги тестираат антителата за други отрови и веруваат дека комбинирањето на 95Mat5 со нив може да заштити од сите отрови од змии.
„Сметаме дека коктел од овие четири антитела би можел да биде универзален серум за сите медицински релевантни змии во светот“, рече Ајрене Калек, истражувач на Скрипс и прв автор на студијата.

The post Научниците на чекор да произведат универзален серум за токсините на сите отровни змии appeared first on Република.

]]>
Македонија нема серум против беснило, доцнат тендерите на „Здравство“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-nema-serum-protiv-besnilo-dotsnat-tenderite-na-zdravstvo/ Tue, 07 Feb 2023 15:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=606122

Повеќе од една година нема серум против беснило во државата, а од Клиниката за инфективни болести во Скопје велат дека причината се проблеми во тендерските процедури за набавка, кои се во надлежност на Министерството за здравство, објавува РСЕ.

Серумот е неопходен бидејќи при секое каснување или гребнување од страна на животно, неопходна е консултација со лекар за да се провери дали станува збор за присуство на беснило.

Директорката на Инфективна клиника, д-р Милена Стевановиќ вели сепак серумот против беснило не се дава по автоматизам во секој случај и дека не е неопходно да се даде за беснило по каснување од куче, било да се кучиња скитници или миленици.

Дополнително, вели, во државава во изминативе повеќе од 40 години нема регистрирано беснило, но признава дека одредени количини мора да имаат на располагање.

The post Македонија нема серум против беснило, доцнат тендерите на „Здравство“ appeared first on Република.

]]>

Повеќе од една година нема серум против беснило во државата, а од Клиниката за инфективни болести во Скопје велат дека причината се проблеми во тендерските процедури за набавка, кои се во надлежност на Министерството за здравство, објавува РСЕ. Серумот е неопходен бидејќи при секое каснување или гребнување од страна на животно, неопходна е консултација со лекар за да се провери дали станува збор за присуство на беснило. Директорката на Инфективна клиника, д-р Милена Стевановиќ вели сепак серумот против беснило не се дава по автоматизам во секој случај и дека не е неопходно да се даде за беснило по каснување од куче, било да се кучиња скитници или миленици. Дополнително, вели, во државава во изминативе повеќе од 40 години нема регистрирано беснило, но признава дека одредени количини мора да имаат на располагање.

The post Македонија нема серум против беснило, доцнат тендерите на „Здравство“ appeared first on Република.

]]>