сертификати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sertifikati/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Oct 2022 09:01:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сертификати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sertifikati/ 32 32 11 лица во Белгија се осудени поради лажни сертификати за ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/11-lica-vo-belgija-se-osudeni-poradi-lazni-sertifikati-za-kovid-19/ Tue, 25 Oct 2022 09:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=565307

Вкупно 11 лица се осудени во Белгија поради лажни патни сертификати за Ковид, објавија локалните медиуми. Изречените казни се затвор од шест до осум месеци и парична казна до 2.000 евра.

Од вкупно 820 откриени случаи на измама, 80 отсто од фатените доброволно се согласиле да платат казна од 750 евра. Останатите 160 патници ја одбиле казната и се изведени пред суд.

Најголем дел од осудените добија казна затвор од шест месеци и парична казна од 1.600 евра. За еден од обвинетите, кој претходно бил казнет за фалсификување исправи, казната е осум месеци затвор и 2000 евра.

Како што пренесуваат локалните медиуми, сите обвинети биле фатени на бриселскиот аеродром „Завентем” по април 2021 година, кога делумно беше укината целосната забрана за несуштински патувања воведена поради пандемијата. Тогаш од патниците се бараше да покажат негативен ПЦР тест за да им биде дозволено да ја преминат границата.

The post 11 лица во Белгија се осудени поради лажни сертификати за ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Вкупно 11 лица се осудени во Белгија поради лажни патни сертификати за Ковид, објавија локалните медиуми. Изречените казни се затвор од шест до осум месеци и парична казна до 2.000 евра. Од вкупно 820 откриени случаи на измама, 80 отсто од фатените доброволно се согласиле да платат казна од 750 евра. Останатите 160 патници ја одбиле казната и се изведени пред суд. Најголем дел од осудените добија казна затвор од шест месеци и парична казна од 1.600 евра. За еден од обвинетите, кој претходно бил казнет за фалсификување исправи, казната е осум месеци затвор и 2000 евра. Како што пренесуваат локалните медиуми, сите обвинети биле фатени на бриселскиот аеродром „Завентем” по април 2021 година, кога делумно беше укината целосната забрана за несуштински патувања воведена поради пандемијата. Тогаш од патниците се бараше да покажат негативен ПЦР тест за да им биде дозволено да ја преминат границата.

The post 11 лица во Белгија се осудени поради лажни сертификати за ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Се укинува обврската за поседување сертификати за вакцинација, ПЦР и антиген тестови при влез во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-ukinuva-obvrskata-za-poseduvanje-sertifikati-za-vakcinacija-pcr-i-antigen-testovi-pri-vlez-vo-drzavata/ Tue, 19 Apr 2022 13:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=490558

Вицепремиерот Артан Груби на својот Фејсбук профил објави дека на владина седница е донесена препорака за укинување на обврската за поседување сертификати за вакцинација, ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во државата

На денешната седница ја усвоивме препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација, сертификат за прележан Covid 19, негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.Во врска со оваа одлука ја укинавме и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи, напиша тој.

The post Се укинува обврската за поседување сертификати за вакцинација, ПЦР и антиген тестови при влез во државата appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот Артан Груби на својот Фејсбук профил објави дека на владина седница е донесена препорака за укинување на обврската за поседување сертификати за вакцинација, ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во државата На денешната седница ја усвоивме препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација, сертификат за прележан Covid 19, негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.Во врска со оваа одлука ја укинавме и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи, напиша тој.

The post Се укинува обврската за поседување сертификати за вакцинација, ПЦР и антиген тестови при влез во државата appeared first on Република.

]]>
Плеврис: Нема да има промени во однос на европскиот сертификат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/plevris-nema-da-ima-promeni-vo-odnos-na-evropskiot-sertifikat/ Mon, 21 Mar 2022 14:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=476175

Европскиот сертификат останува регуларен документ, не се поставува прашање за негово укинување, прашањето е дали ќе го задржиме во целосната форма во врска со пристапот до одредени простори, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчкото радио „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Истакна дека целта на Владата е до почетокот на летото да има што е можно помалку ограничувања, но сепак сè ќе зависи од текот на пандемијата и одлуките на надлежната комисија на епидемиолози, а на есен укинатите мерки, одново би се разгледале.

Било кои укинување на некоја од мерките ќе биде под услов да се преиспита на есен, кога околностите ќе бидат поинакви. Го разјаснуваме ова. Било кои промени што би се направиле во делот на сертификатите, односно во можноста за пристап на невакцинираните во просторите каде што сега е забрането за влезат, одново ќе се разгледаат, бидејќи пандемијата не е завршена - објасни Плеврис.

Министерот за здравство на Грција истакна дека подваријантата на омикрон побрзо се шири, меѓутоа и покрај зголемувањето на новите случаи и зголемувањето на хоспитализираните лица, не постои притисок врз здравствениот систем.

Сметаме дека доколку продолжи ваквата состојба, односно да нема многу и сериозни заболувања од Ковид-19, како кон крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година, ќе продолжиме со деескалација на мерките - објасни Плеврис.

За невакцинираните здравствени работници кои се на принуден одмор до 31 март 2022 година согласно одлуката од пред неколку месеци, министерот за здравство рече дека ќе биде продолжена одлуката и по истекот на рокот и нема да можат да се вратат на работа доколку не се вакцинираат.

The post Плеврис: Нема да има промени во однос на европскиот сертификат appeared first on Република.

]]>

Европскиот сертификат останува регуларен документ, не се поставува прашање за негово укинување, прашањето е дали ќе го задржиме во целосната форма во врска со пристапот до одредени простори, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчкото радио „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Истакна дека целта на Владата е до почетокот на летото да има што е можно помалку ограничувања, но сепак сè ќе зависи од текот на пандемијата и одлуките на надлежната комисија на епидемиолози, а на есен укинатите мерки, одново би се разгледале.
Било кои укинување на некоја од мерките ќе биде под услов да се преиспита на есен, кога околностите ќе бидат поинакви. Го разјаснуваме ова. Било кои промени што би се направиле во делот на сертификатите, односно во можноста за пристап на невакцинираните во просторите каде што сега е забрането за влезат, одново ќе се разгледаат, бидејќи пандемијата не е завршена - објасни Плеврис.
Министерот за здравство на Грција истакна дека подваријантата на омикрон побрзо се шири, меѓутоа и покрај зголемувањето на новите случаи и зголемувањето на хоспитализираните лица, не постои притисок врз здравствениот систем.
Сметаме дека доколку продолжи ваквата состојба, односно да нема многу и сериозни заболувања од Ковид-19, како кон крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година, ќе продолжиме со деескалација на мерките - објасни Плеврис.
За невакцинираните здравствени работници кои се на принуден одмор до 31 март 2022 година согласно одлуката од пред неколку месеци, министерот за здравство рече дека ќе биде продолжена одлуката и по истекот на рокот и нема да можат да се вратат на работа доколку не се вакцинираат.

The post Плеврис: Нема да има промени во однос на европскиот сертификат appeared first on Република.

]]>
Се препорачува да се укинуваат сертификатите за вакцинација за влез во одредени затворени објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-preporachuva-da-se-ukinuvaat-sertifikatite-za-vakcinacija-za-vlez-vo-odredeni-zatvoreni-objekti/ Wed, 02 Mar 2022 14:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=466544

Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да препорача до Владата да се укинат задолжителното поседување на сертификати за вакцинација, за влез во моловите. Сега, повторно ќе има нова кампања за да се поттикне вакцинацијата, но без оваа рестрикција. Сертификатите за влез во кафеани и ресторани, остануваат.

Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде не е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни, рече д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата.

Портпаролот на Комисијата д-р Злате Мехмедовиќ додаде дека оваа мерка не е целосно укината.

Па така, ќе се контролира таму каде ќе се служи храна. Не би требало укинувањето на мерките да даде зголемување на бројот на заразени, кажа портпаролот Мехмедновиќ според кого вакцинацијата е на ниско ниво.

Мехмедовиќ кажа дека фокусот е на подигнување на квалитетот на имунитетот кој ќе биде основа за понатамошно олабавување на мерките.

Со потенцирање на вакцинацијата кај ризичните групи, ќе спречиме компликаиции кај оваа група на граѓани. 260 илјади граѓани се во таа група, 130 илјади не се целосно вакцинирани, а останатите нема бустер доза, изави Мехмедовиќ.

The post Се препорачува да се укинуваат сертификатите за вакцинација за влез во одредени затворени објекти appeared first on Република.

Пановски: Итно да се укинат сертификатите, околу 1.000 целосно вакцинирани умреле од ковид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/panovski-itno-da-se-ukinat-sertifikatite-okolu-1-000-celosno-vakcinirani-umrele-od-kovid/ Fri, 18 Feb 2022 08:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=460268

Микробиологот д-p Никола Пaновски во интервју за емисијата „Во Центар“ повика на итно укинување на вaкциналните сeртификати, откако прецизираше дека во време на oмикрон сојот нема никаква разлика помеѓу вaкцинираните и невaкцинираните.

Тој додава дека по правило би требало прелeжаните да се позаштитени од вакцинираните. Од сите прележани досега се починати 13, а некои од нив прележале пред 2 години, а од вакцинираните негде околу 1.000 е сега бројот, вели д-р Пановски.

По правило би требало прелeжаните да се позаштитени од вaкцинираните. Природен имунитет, кај нас сега последно кажаа дека 13 прележани починале. Од сите прележани, а невaкцинирани, досега се починати 13, а некои од нив прележале пред 2 години. Од вакцинираните негде околу 1.000 е сега бројот на починати. И сега некој кажува, министерот Филипче кажа, па го натера и премиерот, нашите врвни стручњаци ни кажаа дека вaкцината е многу подобра од природниот имунинeт. И тоа го кажуваа и нас не множеа со нула и светот го множеа со нула, кажа Пановски.

The post Пановски: Итно да се укинат сертификатите, околу 1.000 целосно вакцинирани умреле од ковид appeared first on Република.

]]>

Микробиологот д-p Никола Пaновски во интервју за емисијата „Во Центар“ повика на итно укинување на вaкциналните сeртификати, откако прецизираше дека во време на oмикрон сојот нема никаква разлика помеѓу вaкцинираните и невaкцинираните. Тој додава дека по правило би требало прелeжаните да се позаштитени од вакцинираните. Од сите прележани досега се починати 13, а некои од нив прележале пред 2 години, а од вакцинираните негде околу 1.000 е сега бројот, вели д-р Пановски.
По правило би требало прелeжаните да се позаштитени од вaкцинираните. Природен имунитет, кај нас сега последно кажаа дека 13 прележани починале. Од сите прележани, а невaкцинирани, досега се починати 13, а некои од нив прележале пред 2 години. Од вакцинираните негде околу 1.000 е сега бројот на починати. И сега некој кажува, министерот Филипче кажа, па го натера и премиерот, нашите врвни стручњаци ни кажаа дека вaкцината е многу подобра од природниот имунинeт. И тоа го кажуваа и нас не множеа со нула и светот го множеа со нула, кажа Пановски.

The post Пановски: Итно да се укинат сертификатите, околу 1.000 целосно вакцинирани умреле од ковид appeared first on Република.

]]>
Плеврис: Логиката на земјите од ЕУ е во март да се укинат рестриктивните мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/plevris-logikata-na-zemjite-od-eu-e-vo-mart-da-se-ukinat-restriktivnite-merki/ Thu, 17 Feb 2022 14:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=459947

Логиката на земјите-членки на Европската Унија е до средината или крајот на март да се укинат рестриктивните мерки, изјави  утрово министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Бидејќи минатата седмица одржавме состанок сите министри за здравство на Европската Унија, логиката на сите земји е дека до средината или до крајот на март ќе треба да се укинат рестриктивните мерки, секогаш во комбинација со притисокот што секоја од земјите го има врз здравствениот систем, но не треба да има опуштање, бидејќи сите експерти во Европа потенцираат дека треба да бидеме доста подготвени, особено од есен па натаму, бидејќи не знаеме што може да се случи со пандемијата, не постои крај на пандемијата, истакна Плеврис и изрази надеж дека сепак нема да има дополнителна ескалација на пандемијата.

За ситуацијата во Грција и одлуката да се олабават мерките, иако секојдневно во земјата има по 20 илјади нови случаи на Ковид-19, министерот за здравство објасни дека новозаразените се со сојот Омикрон и предизвикуваат многу помал притисок врз здравствениот систем во споредба со варијантата Делта, кога дневно имаше три до четири пати помалку нови случаи. Во однос на четврта доза и дали ќе биде потребна, Плеврис рече дека Владата функционира согласно одлуките на Европската агенција за лекови и додаде дека можеби ќе биде потребно вакцината против Ковид-19 да биде годишна како вакцината за грип, истакнувајќи дека сепак оваа дискусија сè уште е во рана фаза во Европа.

The post Плеврис: Логиката на земјите од ЕУ е во март да се укинат рестриктивните мерки appeared first on Република.

Д-р Даниловски: Цвета бизнисот со фалсификати, под итно да се укинат ковид-сертификатите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-cveta-biznisot-so-falsifikati-pod-itno-da-se-ukinat-kovid-sertifikatite/ Thu, 17 Feb 2022 07:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=459651

Епидемиологот д-р Драган Даниловски смета дека ковид-сертификатите треба да се укинат под итно.

Знаеме дека вакцините не штитат од заразувањето, а посебно што цвета бизнисот со фалсификати. Неприфатливо е што со стручно-неисправна и бесмислена мерка да се инсистира да се зголеми опфатот со вакцинација. Тоа е бесмислено, потенцира докторот.

Даниловски е скептичен за резултатите од скринингот што се прави на неколку локации низ Скопје, бидејќи според него, не се проведува пропорционални и систематски.

Не може по случаен избор да се собираат граѓани. Вака ова ѓутуре се вели народски, како кога се прават анкети за политички и разно разни работи. Аматерски е, вели Даниловски, додавајќи дека покрај Скопје како најголема територијална единица, има и други населени места сите имаат разлилна големина и треба пропорционално да се собере одрреден број граѓани за тестирање од секоја од тие територијални единици.

The post Д-р Даниловски: Цвета бизнисот со фалсификати, под итно да се укинат ковид-сертификатите appeared first on Република.

Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgija-razmisluva-za-ukinuvanje-na-kovid-sertifikatite-2/ Tue, 15 Feb 2022 10:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=458765

Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет.

Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид пас, што потврдува дека лицето е или целосно вакцинирано или прележало Ковид-19 во последните четири месеци.

Мањет порача дека од март Белгија треба да го укине овој сертификат. Бројни епидемиолози и научници одамна предупредуваат дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата, бидејќи таа најмногу се пренесува на места каде не е потребен овој сертификат, како што се училиштата и работните места.

The post Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>

Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет. Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид пас, што потврдува дека лицето е или целосно вакцинирано или прележало Ковид-19 во последните четири месеци. Мањет порача дека од март Белгија треба да го укине овој сертификат. Бројни епидемиолози и научници одамна предупредуваат дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата, бидејќи таа најмногу се пренесува на места каде не е потребен овој сертификат, како што се училиштата и работните места.

The post Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>
Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgija-razmisluva-za-ukinuvanje-na-kovid-sertifikatite/ Tue, 15 Feb 2022 09:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=458720

Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет.

Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид пас, што потврдува дека лицето е или целосно вакцинирано или прележало Ковид-19 во последните четири месеци.

Мањет порача дека од март Белгија треба да го укине овој сертификат. Бројни епидемиолози и научници одамна предупредуваат дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата, бидејќи таа најмногу се пренесува на места каде не е потребен овој сертификат, како што се училиштата и работните места.

Коалицискиот владин партнер сепак оцени дека сертификатот треба да продолжи да важи за патување во странство и доаѓање од странство.

The post Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>

Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет. Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид пас, што потврдува дека лицето е или целосно вакцинирано или прележало Ковид-19 во последните четири месеци. Мањет порача дека од март Белгија треба да го укине овој сертификат. Бројни епидемиолози и научници одамна предупредуваат дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата, бидејќи таа најмногу се пренесува на места каде не е потребен овој сертификат, како што се училиштата и работните места. Коалицискиот владин партнер сепак оцени дека сертификатот треба да продолжи да важи за патување во странство и доаѓање од странство.

The post Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>
Гевгеличанец со кредит отворил ресторан, финансиска полиција го казнила 7.000 евра и забрана за работа за лажен сертификат на гостите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gevgelichanec-so-kredit-otvoril-restoran-finansiska-policija-go-kaznila-7-000-evra-i-zabrana-za-rabota-za-lazen-sertifikat-na-gostite/ Sun, 13 Feb 2022 09:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=457792

Гевгеличанец, еснаф, зел кредит за да отвори ресторан, пишува Јован укузел на својот фејсбук профил.

Вработил луѓе, делел плата. Му се паркира финансиска полиција, му маваат 7000(!) евра казна и забрана за работа поради 4 гости кои покажале лажен кoвид сeртификат. Човекот, виден граѓанин е буквално скршен. Да ти еб*м системот.

The post Гевгеличанец со кредит отворил ресторан, финансиска полиција го казнила 7.000 евра и забрана за работа за лажен сертификат на гостите appeared first on Република.

Д-р Мехмедовиќ: Рано е да се укинат сертификатите, во фаза сме на широка трансмисија на вирусот, имаме голем број на новозаразени https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovikj-rano-e-da-se-ukinat-sertifikatite-vo-faza-sme-na-shiroka-transmisija-na-virusot-imame-golem-broj-na-novozarazeni/ Tue, 08 Feb 2022 13:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=455730

Се уште е рано да се укинат сертификатите, вели портпаролот на Комисијата на заразни болести доктор Злате Мехмедовиќ.

Во фаза сме на широка трансмисија на вирусот имаме голем број на новозаразени. Укинувањето на сертификатите кои важат за контрола на движењето на граѓани во затворен простор , може да предизвика поголема трансмисија на висурот, затоа што сертификатот има своја тежина ги штита они кои не можат да ги имаат, вели Мехмедовиќ.

Комисијата за заразни болести (КЗБ) водено предлага важноста на потврдите на лицата кои поминале ковид од 45 дена да стане 180 дена.

The post Д-р Мехмедовиќ: Рано е да се укинат сертификатите, во фаза сме на широка трансмисија на вирусот, имаме голем број на новозаразени appeared first on Република.

Наместо 45 дена, важностa на сертификатите за прележаност ќе биде180 дена https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/namesto-45-dena-se-predlaga-180-dena-vaznost-na-sertifikatite-za-prelezanost/ Tue, 08 Feb 2022 12:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=455718

На седницата на Комисијата за заразни болести (КЗБ) беше предложено важноста на потврдите на лицата кои поминале ковид од 45 дена да стане 180 дена.

Овие потврди служат за продолжување на рокот на пациентите кои се заразени со корона вирусот и можат да патуваат во странство или да имаат пристап до внатрешноста на нашата држава, без разлика дали не биле вакцинирани или примиле една или две дози имунизација.

Исто така, Комисијата предложи мерки за стимулирање на вакцинацијата со бустер доза бидејќи доказите покажуваат дека лицата со трета доза не завршуваат со фаталност од варијантата омикрон.

The post Наместо 45 дена, важностa на сертификатите за прележаност ќе биде180 дена appeared first on Република.

]]>

На седницата на Комисијата за заразни болести (КЗБ) беше предложено важноста на потврдите на лицата кои поминале ковид од 45 дена да стане 180 дена. Овие потврди служат за продолжување на рокот на пациентите кои се заразени со корона вирусот и можат да патуваат во странство или да имаат пристап до внатрешноста на нашата држава, без разлика дали не биле вакцинирани или примиле една или две дози имунизација. Исто така, Комисијата предложи мерки за стимулирање на вакцинацијата со бустер доза бидејќи доказите покажуваат дека лицата со трета доза не завршуваат со фаталност од варијантата омикрон.

The post Наместо 45 дена, важностa на сертификатите за прележаност ќе биде180 дена appeared first on Република.

]]>
Сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција имаат различно времетраење при влез и во внатрешноста на земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sertifikatite-za-vakcinacija-i-prelezan-kovid-19-vo-grcija-imaat-razlichno-vremetraenje-pri-vlez-i-vo-vnatreshnosta-na-zemjata/ Mon, 07 Feb 2022 09:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=455019

Согласно двете министерски одлуки, едната со предусловите за патување во земјата, а другата со мерките за заштита на јавното здравје во самата земја, што денеска стапија во сила, а со оглед на тоа дека рестрикциите во Грција важат и за туристите, постојат различни правила за влез во земјата и различни во внатрешноста, а се однесуваат на европските сертификати за вакцинација и прележан Ковид-19, кои имаат различно времетраење, јави дописничката на МИА од Атина.

Утрово стапи во сила новата министерската одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, а влез во Грција е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 33-те земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и  Македонија, кои ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, со прележана болест или негативен тест по направен ПЦР или рапид тест.

За патување во Грција валиден е европскиот сертификат за вакцинација до девет месеци од втората доза, но за влез во затворените објекти во земјата, валидноста на сертификатот е седум месеци, а иста е ситуацијата и со потврдата за прележан Ковид-19, што важи 180 дена при влез, но 90 за во Грција.

Поконкретно, како што анализира МИА, во Грција може да се влезе со европски сертификат за вакцинација, доколку не се поминати девет месеци од втората доза, но ако се поминати над седум месеци, посетителот нема да има пристап во затворените објекти, како што се малопродажбата, продавниците во рамките на моловите, банките, угостителските објекти, кината, театрите, археолошките локалитети.

Идентична е ситуацијата и со прележаните. Сертификатот за прележан Ковид-19, што се издава 14 дена по првиот позитивен тест со направен ПЦР или со рапид тест е со важност е до180 дена, кога станува збор за патување во Грција. Но, во внатрешноста на земјата, времетраењето е намалено на 90 дена.

Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен тест се задолжителни речиси за секаде во Грција, со исклучок на супермаркетите, аптеките, продавниците за храна,бензинските пумпи, а во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, музеите и археолошките локалитети, театрите, кината, не постои опцијата за влез со негативен тест.

При влез во сите објекти, сертификатите се скенираат со специјална апликација, а потребен е и документ за личен идентификација.

За оние кои примиле бустер доза, не постојат никакви ограничувања, ниту во однос на правилата за влез, ниту во однос на мерките во Грција.

Маската е задолжителна во Грција и во затворените објекти и надвор, а во јавниот превози и супермаркетите, задолжителна е или двојна маска или маска со висока заштита КН95.

The post Сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција имаат различно времетраење при влез и во внатрешноста на земјата appeared first on Република.

]]>

Согласно двете министерски одлуки, едната со предусловите за патување во земјата, а другата со мерките за заштита на јавното здравје во самата земја, што денеска стапија во сила, а со оглед на тоа дека рестрикциите во Грција важат и за туристите, постојат различни правила за влез во земјата и различни во внатрешноста, а се однесуваат на европските сертификати за вакцинација и прележан Ковид-19, кои имаат различно времетраење, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово стапи во сила новата министерската одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, а влез во Грција е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 33-те земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и  Македонија, кои ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, со прележана болест или негативен тест по направен ПЦР или рапид тест. За патување во Грција валиден е европскиот сертификат за вакцинација до девет месеци од втората доза, но за влез во затворените објекти во земјата, валидноста на сертификатот е седум месеци, а иста е ситуацијата и со потврдата за прележан Ковид-19, што важи 180 дена при влез, но 90 за во Грција. Поконкретно, како што анализира МИА, во Грција може да се влезе со европски сертификат за вакцинација, доколку не се поминати девет месеци од втората доза, но ако се поминати над седум месеци, посетителот нема да има пристап во затворените објекти, како што се малопродажбата, продавниците во рамките на моловите, банките, угостителските објекти, кината, театрите, археолошките локалитети. Идентична е ситуацијата и со прележаните. Сертификатот за прележан Ковид-19, што се издава 14 дена по првиот позитивен тест со направен ПЦР или со рапид тест е со важност е до180 дена, кога станува збор за патување во Грција. Но, во внатрешноста на земјата, времетраењето е намалено на 90 дена. Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен тест се задолжителни речиси за секаде во Грција, со исклучок на супермаркетите, аптеките, продавниците за храна,бензинските пумпи, а во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, музеите и археолошките локалитети, театрите, кината, не постои опцијата за влез со негативен тест. При влез во сите објекти, сертификатите се скенираат со специјална апликација, а потребен е и документ за личен идентификација. За оние кои примиле бустер доза, не постојат никакви ограничувања, ниту во однос на правилата за влез, ниту во однос на мерките во Грција. Маската е задолжителна во Грција и во затворените објекти и надвор, а во јавниот превози и супермаркетите, задолжителна е или двојна маска или маска со висока заштита КН95.

The post Сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција имаат различно времетраење при влез и во внатрешноста на земјата appeared first on Република.

]]>
Кривични пријави за скопјани кои биле затекнати без сертификат во угостителски објект https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichni-prijavi-za-skopjani-koi-bile-zateknati-bez-sertifikat-vo-ugostitelski-objekt/ Thu, 03 Feb 2022 11:28:54 +0000 https://republika.mk/?p=453523

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривични пријави против С.Р.(27), Ф.С.(35) и А.Ш.(25), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик.

На 11.12.2021, пријавените С.Р. и Ф.С. биле затекнати во угостителски објекти без сертификати за вакцинација против Ковид–19, што е спротивно на мерките на Владата за забрана за влез во угостителски објекти на лица без сертификат за вакцинација.

Додека, пак, пријавениот А.Ш. на 22.12.2021 бил затекнат надвор од својот дом и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид-19 и имал решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за домашно лекување и изолација.

The post Кривични пријави за скопјани кои биле затекнати без сертификат во угостителски објект appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривични пријави против С.Р.(27), Ф.С.(35) и А.Ш.(25), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик. На 11.12.2021, пријавените С.Р. и Ф.С. биле затекнати во угостителски објекти без сертификати за вакцинација против Ковид–19, што е спротивно на мерките на Владата за забрана за влез во угостителски објекти на лица без сертификат за вакцинација. Додека, пак, пријавениот А.Ш. на 22.12.2021 бил затекнат надвор од својот дом и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид-19 и имал решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за домашно лекување и изолација.

The post Кривични пријави за скопјани кои биле затекнати без сертификат во угостителски објект appeared first on Република.

]]>
Чешка ги укинува сертификатите за ковид за угостителските објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshka-gi-ukinuva-sertifikatite-za-kovid-za-ugostitelskite-objekti/ Thu, 03 Feb 2022 11:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=453518

Чешка ќе престане да бара пропусници за Ковид за влез во ресторани и други услужни или забавни места од следната недела, отворајќи ги за невакцинирани лица, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала.

Од 9 февруари, потребата за прикажување докази за вакцинација или неодамнешно закрепнување од Ковид-19 за влез во ресторани и други угостителски или услужни простори престанува да важи - рече Фијала, пренесува Ројтерс.

Владата од 18 февруари ќе го укине и задолжителното тестирање во фирмите и училиштата.

Сепак, мерките кои бараат носење маски во затворени простории и ограничување на бројот на луѓе на јавни настани ќе останат на сила.

Чешкото Министерство за здравство објави рекорден дневен број на новозаразени 57.226 во вторникот.

Вчера беа пријавени уште 43.307 случаи и повеќе од 7.000 повторно заразени.

Сепак, бројот на хоспитализирани сè уште не е зголемен и е далеку под нивоата забележани за време на претходните бранови на пандемијата.

The post Чешка ги укинува сертификатите за ковид за угостителските објекти appeared first on Република.

]]>

Чешка ќе престане да бара пропусници за Ковид за влез во ресторани и други услужни или забавни места од следната недела, отворајќи ги за невакцинирани лица, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала.
Од 9 февруари, потребата за прикажување докази за вакцинација или неодамнешно закрепнување од Ковид-19 за влез во ресторани и други угостителски или услужни простори престанува да важи - рече Фијала, пренесува Ројтерс.
Владата од 18 февруари ќе го укине и задолжителното тестирање во фирмите и училиштата. Сепак, мерките кои бараат носење маски во затворени простории и ограничување на бројот на луѓе на јавни настани ќе останат на сила. Чешкото Министерство за здравство објави рекорден дневен број на новозаразени 57.226 во вторникот. Вчера беа пријавени уште 43.307 случаи и повеќе од 7.000 повторно заразени. Сепак, бројот на хоспитализирани сè уште не е зголемен и е далеку под нивоата забележани за време на претходните бранови на пандемијата.

The post Чешка ги укинува сертификатите за ковид за угостителските објекти appeared first on Република.

]]>
Црна Гора ги укина ковид сертификатите за трговски центри, публиката се враќа на трибини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-gi-ukina-kovid-sertifikatite-za-trgovski-centri-publikata-se-vrakja-na-tribini/ Thu, 03 Feb 2022 10:51:38 +0000 https://republika.mk/?p=453502

Со укинувањето на ковид сертификатите за трговските центри и враќањето на публиката на спортските трибини, Црна Гора денеска ги ублажи епидемиолошките мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ на прес-конференцијата зборуваше за ублажување на епидемиолошките мерки согласно актуелната состојба и најави дека последната одлука ќе важи до 18 март. Галиќ рече дека бројот на новозаразени лица е намален за околу 50 отсто во последните недели.

– Без разлика на овие податоци, секојдневното ниво на заболување е сè уште високо и затоа не треба да има опуштање, рече Галиќ.

Според него, податоците за последните седум дена покажуваат дека по бројот на новозаболени на милион жители, Црна Гора е зад најразвиените европски земји како Данска, Франција, Белгија, Гер

Тој наведе и дека по 21 декември, кога во Црна Гора стана доминатен омикрон варијантата, бројот на пријавени смртни случаи е 0,3 отсто во однос на вкупниот број на нови случаи, што е за 4 до 6 пати помалку отколку кога делтата била доминантна. .

Директорката на Клиничкиот центар Љиљана Радуловиќ изјави дека во црногорските болници од коронавирус се лекуваат 257 пациенти. И покрај општиот пад на бројот на заразени, бројот на лица опасни по живот во Клиничкиот центар на Црна Гора е зголемен за околу 15 отсто во споредба со пред три недели, рече таа, додавајќи дека на 10 јануари 36 пациенти биле изложени на ризик во невакцинираните сочинуваат околу 90 отсто, јавуваат подгоричките медиуми.

The post Црна Гора ги укина ковид сертификатите за трговски центри, публиката се враќа на трибини appeared first on Република.

]]>

Со укинувањето на ковид сертификатите за трговските центри и враќањето на публиката на спортските трибини, Црна Гора денеска ги ублажи епидемиолошките мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ на прес-конференцијата зборуваше за ублажување на епидемиолошките мерки согласно актуелната состојба и најави дека последната одлука ќе важи до 18 март. Галиќ рече дека бројот на новозаразени лица е намален за околу 50 отсто во последните недели. – Без разлика на овие податоци, секојдневното ниво на заболување е сè уште високо и затоа не треба да има опуштање, рече Галиќ. Според него, податоците за последните седум дена покажуваат дека по бројот на новозаболени на милион жители, Црна Гора е зад најразвиените европски земји како Данска, Франција, Белгија, Гер Тој наведе и дека по 21 декември, кога во Црна Гора стана доминатен омикрон варијантата, бројот на пријавени смртни случаи е 0,3 отсто во однос на вкупниот број на нови случаи, што е за 4 до 6 пати помалку отколку кога делтата била доминантна. . Директорката на Клиничкиот центар Љиљана Радуловиќ изјави дека во црногорските болници од коронавирус се лекуваат 257 пациенти. И покрај општиот пад на бројот на заразени, бројот на лица опасни по живот во Клиничкиот центар на Црна Гора е зголемен за околу 15 отсто во споредба со пред три недели, рече таа, додавајќи дека на 10 јануари 36 пациенти биле изложени на ризик во невакцинираните сочинуваат околу 90 отсто, јавуваат подгоричките медиуми.

The post Црна Гора ги укина ковид сертификатите за трговски центри, публиката се враќа на трибини appeared first on Република.

]]>
Павловска-Данева: Дигитализација беше приоритет на Владата или тоа не важи за Министерството за здравство и новиот коалиционен партнер? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pavlovska-daneva-digitalizacija-beshe-prioritet-na-vladata-ili-toa-ne-vazi-za-ministerstvoto-za-zdravstvo-i-noviot-koalicionen-partner/ Tue, 01 Feb 2022 14:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=452539

Македонија е единствената држава во светот во која решенија за изолација уште се издаваат во печатена хартиена форма и патуваат до пациентите и лицата кои биле во контакт подолго од нивната болест и период на изолација! пишува професорката Ана Павловска Данева на својот фејсбук профил.

Дигитализација беше приоритет на Владата или тоа не важи за Министерството за здравство и новиот коалиционен партнер?, прашува Данева.

The post Павловска-Данева: Дигитализација беше приоритет на Владата или тоа не важи за Министерството за здравство и новиот коалиционен партнер? appeared first on Република.

Сали: Нема укинување на сертификатите и нема потреба од воведување на нови мерки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sali-nema-ukinuvanje-na-sertifikatite-i-nema-potreba-od-voveduvanje-na-novi-merki/ Mon, 31 Jan 2022 12:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=451963

Сертификатите за прележаност на ковид-19 нема да се укинат. Не се размислува за воведување на нови мерки за населението, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали, кој беше во посета на Клиниката за детски болести.

Комисијата за заразни болести заседава секој вторник и ја евалуира епидемиолошката состојба од претходната седмица. Сали признава оти веќе десетина дена има благо покачување на бројот на пациенти кои се хоспитализираат поради ковид - 19.

Ја контролираме ситуацијата, капацитети на кревети има сосема доволно, и од асапект на кадар сме добро организирани, нам ни останува да почекаме малку за бројот да почне да се намалува, вели министерот.

Според Сали, засега нема потреба од воведување на нови рестрикции.

Пикот на вирусот се уште продолжува, укинување на сертификатите нема да има, рече Сали.

Сали вчера преку фејсбук пост упати јавна покана до професорите на Медицинскиот факултет, Никола Пановски, Драган Даниловски и Вело Марковски да бидат дел од Комисијата за заразни болести или пак негови советници. Тие му забележаа дека не ги повикал лично.

Сега не е време да гледаме на кој начин и во каков формат била упатена поканата до професорите експерти, туку во услови на пандемија мора сите да ги засукаме ракавите и да дадеме свој придонес за што поскоро да излеземе од оваа здравствена криза, рече министерот Сали.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114.

Според Министерството за здравство вчера 21 пациент починал од компликации од ковид.Од вкупниот број на починати девет лица биле целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети. Биле направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 169 реинфекции.

The post Сали: Нема укинување на сертификатите и нема потреба од воведување на нови мерки appeared first on Република.

]]>

Сертификатите за прележаност на ковид-19 нема да се укинат. Не се размислува за воведување на нови мерки за населението, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали, кој беше во посета на Клиниката за детски болести. Комисијата за заразни болести заседава секој вторник и ја евалуира епидемиолошката состојба од претходната седмица. Сали признава оти веќе десетина дена има благо покачување на бројот на пациенти кои се хоспитализираат поради ковид - 19.
Ја контролираме ситуацијата, капацитети на кревети има сосема доволно, и од асапект на кадар сме добро организирани, нам ни останува да почекаме малку за бројот да почне да се намалува, вели министерот.
Според Сали, засега нема потреба од воведување на нови рестрикции.
Пикот на вирусот се уште продолжува, укинување на сертификатите нема да има, рече Сали.
Сали вчера преку фејсбук пост упати јавна покана до професорите на Медицинскиот факултет, Никола Пановски, Драган Даниловски и Вело Марковски да бидат дел од Комисијата за заразни болести или пак негови советници. Тие му забележаа дека не ги повикал лично.
Сега не е време да гледаме на кој начин и во каков формат била упатена поканата до професорите експерти, туку во услови на пандемија мора сите да ги засукаме ракавите и да дадеме свој придонес за што поскоро да излеземе од оваа здравствена криза, рече министерот Сали.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114. Според Министерството за здравство вчера 21 пациент починал од компликации од ковид.Од вкупниот број на починати девет лица биле целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети. Биле направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 169 реинфекции.

The post Сали: Нема укинување на сертификатите и нема потреба од воведување на нови мерки appeared first on Република.

]]>
Д-р Пановски: Сертификатите се срам на 21-от век https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-panovski-sertifikatite-se-sram-na-21-ot-vek/ Mon, 31 Jan 2022 10:26:19 +0000 https://republika.mk/?p=451876

Новиот министер за здравство Беким Сали јавно преку социјалните мрежи ги покани докторите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски да бидат дел од новата Комисија за заразни болести,а доколку не можат да бидат дел од Комисијата, Сали им предлага да станат дел од неговиот тим на советници.

Пановски строго му возврати на Министерот за здравство, Беким Сали, дека никогаш нема да биде дел од негова Комисија, а воедно упати и бесплатен совет.

Прво да ги тргнат сертификатите, па потоа да се разговара за комисија од која никогаш нема да бидам. Ова е мој бесплатен совет. Официјален советник на министер не би бил. Никогаш нема да сме доволно вакцинирани, и вакцинирани шират болест така да вакцини не ни штитат. Од тука не гледам потреба од сетрификатите. Против сум сертификати тоа е срам на 21 век, одговoри Пановски во утринско гостување во емисијата „Здраво Македонијо“.

The post Д-р Пановски: Сертификатите се срам на 21-от век appeared first on Република.

]]>

Новиот министер за здравство Беким Сали јавно преку социјалните мрежи ги покани докторите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски да бидат дел од новата Комисија за заразни болести,а доколку не можат да бидат дел од Комисијата, Сали им предлага да станат дел од неговиот тим на советници. Пановски строго му возврати на Министерот за здравство, Беким Сали, дека никогаш нема да биде дел од негова Комисија, а воедно упати и бесплатен совет.
Прво да ги тргнат сертификатите, па потоа да се разговара за комисија од која никогаш нема да бидам. Ова е мој бесплатен совет. Официјален советник на министер не би бил. Никогаш нема да сме доволно вакцинирани, и вакцинирани шират болест така да вакцини не ни штитат. Од тука не гледам потреба од сетрификатите. Против сум сертификати тоа е срам на 21 век, одговoри Пановски во утринско гостување во емисијата „Здраво Македонијо“.
 
The post Д-р Пановски: Сертификатите се срам на 21-от век appeared first on Република.

]]>
Не се проверувале сертификати, немало дезинфекција, вработените не носеле маски: Серија кривични за локал во Миравци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-se-proveruvale-sertifikati-nemalo-dezinfekcija-vrabotenite-ne-nosele-maski-serija-krivichni-za-lokal-vo-miravci/ Sun, 30 Jan 2022 13:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=451550

На 22.01.2022 во времето од 23.00 до 24.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при контролата било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19.

Меѓу прекршоците е забележано дека немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице - редар, вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски, немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати.

Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ.

The post Не се проверувале сертификати, немало дезинфекција, вработените не носеле маски: Серија кривични за локал во Миравци appeared first on Република.

]]>

На 22.01.2022 во времето од 23.00 до 24.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при контролата било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19. Меѓу прекршоците е забележано дека немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице - редар, вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски, немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати. Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ.

The post Не се проверувале сертификати, немало дезинфекција, вработените не носеле маски: Серија кривични за локал во Миравци appeared first on Република.

]]>