сертификат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sertifikat/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 15:12:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сертификат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sertifikat/ 32 32 Европски сертифицирана обука за дигитализација во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/evropski-sertifitsirana-obuka-za-digitalizatsija-vo-kinoteka/ Mon, 19 Feb 2024 16:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=745793

НУ Кинотека на Македонија во соработка со Р. Бугарија ( SCAS и Народна библиотека „П. Р. Славејков“ ) , Германија (Zeutschel) и Холандија (ERfgoedcentrum De Domijnen) како дел од проектот Мобилна евтина дигитализација на винтиџ филмови „МобиРеел“ во рамките на ЕРАСМУС+ програмата известува дека платформата Mobireel.eu е веќе достапна за сите граѓани.

Со оглед на тоа што првата проектна година заврши, со задоволство можеме да објавиме дека веб- платформата за проектот MobiReel е подготвена да се користи во сите пет јазични верзии: македонски, англиски, германски, холандски и бугарски јазик. Платформата нуди обука за дигитализација на таканаречените домашни филмови, снимени на ВХС, СВХС, 8мм, 9,5мм, 16мм итн.

Секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа обука може да се регистрира на платформата и да ја заврши обуката, а со успешно завршување на обуката се добива европски акредитиран сертификат, соопштуваат од Кинотека.

Активен е и YouTube каналот на проектот и сите можете да ги видите кратките видеа снимени од партнерските земји, направени за потребите на проектот: пет видеа за различните единици/модули што ги произведоа проектните партнери. Видеата се кратки објаснувања за темите на модулот. На каналот исто така можат да се видат и неколку кратки веќе дигитализирани филмови.

Како дел од проектот во моментот се работи и на снимање и на ново видео, а се подготвува и прирачник кој ќе биде достапен и онлајн.

Линк до платформата: hWps://mobireel.eu/

Линк до Youtube каналот: hWps://www.youtube.com/@MobiReel

The post Европски сертифицирана обука за дигитализација во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Укината обврската за поседување сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19 при влез во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ukinata-obvrskata-za-poseduvanje-sertifikat-za-vakcinacija-ili-prelezan-kovid-19-pri-vlez-vo-drzavata/ Tue, 19 Apr 2022 13:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=490574

Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, кокои и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.

За оваа одлука денеска со објава на својот фејсбук-профил информира првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, посочувајќи дека е укината и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи.

The post Укината обврската за поседување сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19 при влез во државата appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, кокои и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава. За оваа одлука денеска со објава на својот фејсбук-профил информира првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, посочувајќи дека е укината и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи.

The post Укината обврската за поседување сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19 при влез во државата appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести предлага да се укине задолжителното поседување на сертификат за влез во земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zarazni-bolesti-predlaga-da-se-ukine-zadolzitelnoto-poseduvanje-na-sertifikat-za-vlez-vo-zemjata/ Wed, 13 Apr 2022 12:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=487900

Комисијата за заразни болести предлага да се укине задолжителното поседување на сертификат за вакцинација или прележаност на коронавирус за влез во земјава. Тие предлагаат сертификатот да се поседува за влез во ресторани и барови.

Предлогот за влез во земјава без сертификат треба да биде изгласан и на Влада.

Владата вчера ја укина мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.

The post Комисијата за заразни болести предлага да се укине задолжителното поседување на сертификат за влез во земјата appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести предлага да се укине задолжителното поседување на сертификат за вакцинација или прележаност на коронавирус за влез во земјава. Тие предлагаат сертификатот да се поседува за влез во ресторани и барови. Предлогот за влез во земјава без сертификат треба да биде изгласан и на Влада. Владата вчера ја укина мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.

The post Комисијата за заразни болести предлага да се укине задолжителното поседување на сертификат за влез во земјата appeared first on Република.

]]>
Повеќе не е потребен сертификат за влез во мол, бремените жени се враќаат на работа: Усвоени препораките на Комисијата за заразни болести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povekje-ne-e-potreben-sertifikat-za-vlez-vo-mol-bremenite-zeni-se-vrakjaat-na-rabota-usvoeni-preporakite-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Tue, 08 Mar 2022 21:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=469819

Владата на седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од Ковид-19 кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести (КЗБ).

Согласно овие предлози, Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување Ковид-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на Ковид-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови.

Владата го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од Ковид-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно шест месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат.

Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да се укине барањето за задолжителен Ковид-19 сертификат за излез од територијата на Република Македонија.

The post Повеќе не е потребен сертификат за влез во мол, бремените жени се враќаат на работа: Усвоени препораките на Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>

Владата на седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од Ковид-19 кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести (КЗБ). Согласно овие предлози, Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување Ковид-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на Ковид-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови. Владата го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од Ковид-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно шест месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест. Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат. Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да се укине барањето за задолжителен Ковид-19 сертификат за излез од територијата на Република Македонија.

The post Повеќе не е потребен сертификат за влез во мол, бремените жени се враќаат на работа: Усвоени препораките на Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>
Мехмедовиќ: Во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mehmedovikj-vo-momentov-ne-moze-da-stane-zbor-za-ukinuvanje-na-sertifikatite-za-prelezan-kovid-19/ Tue, 15 Feb 2022 14:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=458963

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, изјави дека во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, односно кога кога нема да има толку високи бројки, ќе може да се разговара и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани.

Мехмедовиќ додаде дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19.

Тој посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие коишто немаат имунитет.

Денес сертификат искрено не можете да добиете доколку немате прележано болест, односно според тоа што го препорачавме од минатиот пат. Сега сертификатот ќе важи 180 дена, шест месеци, вакцините имаат неограничена важност. Тие кои не можат да докажат дека ја прележале болеста и на тој начин стекнале имунитет или се вакцинирале и на тој начин стекнале имунитет практично ќе бидат заштитени од тоа да не може да влегуваат во простории кои се од висок ризик за заразување со вирусот. И тоа е интенцијата во моментов на сертификатите, да не ги оставиме да бидат на таа страна тие кои немаат имунитет - додаде Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

The post Мехмедовиќ: Во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, изјави дека во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, односно кога кога нема да има толку високи бројки, ќе може да се разговара и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани. Мехмедовиќ додаде дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19. Тој посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие коишто немаат имунитет.
Денес сертификат искрено не можете да добиете доколку немате прележано болест, односно според тоа што го препорачавме од минатиот пат. Сега сертификатот ќе важи 180 дена, шест месеци, вакцините имаат неограничена важност. Тие кои не можат да докажат дека ја прележале болеста и на тој начин стекнале имунитет или се вакцинирале и на тој начин стекнале имунитет практично ќе бидат заштитени од тоа да не може да влегуваат во простории кои се од висок ризик за заразување со вирусот. И тоа е интенцијата во моментов на сертификатите, да не ги оставиме да бидат на таа страна тие кои немаат имунитет - додаде Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

The post Мехмедовиќ: Во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Затекнати 28 лица без ковид-сертификат во угостителски објекти, осум лица приведени, еден објект запечатен во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zateknati-28-lica-bez-kovid-sertifikat-vo-ugostitelski-objekti-osum-lica-privedeni-eden-objekt-zapechaten-vo-kavadarci/ Sun, 13 Feb 2022 12:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=457872

Полициски службеници во содејство со претставници на Државниот пазарен инспекторат и на Управата за јавни приходи вчера и денеска во раните утрински часови извршиле акциска контрола во угостителски објекти во Кавадарци.

Притоа еден угостителски објект е затворен, односно запечатен.

При контролата, затекнати се 28 лица без ковид-сертификати, како и осум лица кои работеле како обезбедување без да поседуваат лиценци за оваа дејност, по што тие се приведени - информираа од МВР.

Исто така, откриени се неправилности во работењето во доменот на надлежности на ДПИ и УЈП. За сите неправилности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Затекнати 28 лица без ковид-сертификат во угостителски објекти, осум лица приведени, еден објект запечатен во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници во содејство со претставници на Државниот пазарен инспекторат и на Управата за јавни приходи вчера и денеска во раните утрински часови извршиле акциска контрола во угостителски објекти во Кавадарци. Притоа еден угостителски објект е затворен, односно запечатен.
При контролата, затекнати се 28 лица без ковид-сертификати, како и осум лица кои работеле како обезбедување без да поседуваат лиценци за оваа дејност, по што тие се приведени - информираа од МВР.
Исто така, откриени се неправилности во работењето во доменот на надлежности на ДПИ и УЈП. За сите неправилности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Затекнати 28 лица без ковид-сертификат во угостителски објекти, осум лица приведени, еден објект запечатен во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
ЕК предлага едногодишно продолжување на дигиталниот ковид сертификат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ek-predlaga-ednogodishno-prodolzuvanje-na-digitalniot-kovid-sertifikat-2/ Thu, 03 Feb 2022 11:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=453544

Европската Комисија (ЕК) смета дека дигиталниот ковид сертификат на ЕУ треба да се продолжи до крајот на јуни 2023, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комисијата сега го поднесува предлогот на Советот и Парламентот на ЕУ за да имаат време до истекувањето на рокот на сегашната регулатива за ковид сертификатот да го одобрат ова продолжување.

Дигиталниот ковид сертификат го олеснува патувањето помеѓу земјите членки на ЕУ како и низа трети земји кои се приклучија кон системот. Овој сертификат содржи информации за дози на вакцини, прележаност и резултат на ПЦР тестови.

Европската комисија смета дека сертификатот треба да се продолжи уште една година, поради фактот што постои ризик од повторно зголемување на бројот на заразени во втората половина од годината, како и можност за појава на нови соеви, изјави портпаролот Кристијан Виганд.

The post ЕК предлага едногодишно продолжување на дигиталниот ковид сертификат appeared first on Република.

]]>

Европската Комисија (ЕК) смета дека дигиталниот ковид сертификат на ЕУ треба да се продолжи до крајот на јуни 2023, јави дописничката на МИА од Брисел. Комисијата сега го поднесува предлогот на Советот и Парламентот на ЕУ за да имаат време до истекувањето на рокот на сегашната регулатива за ковид сертификатот да го одобрат ова продолжување. Дигиталниот ковид сертификат го олеснува патувањето помеѓу земјите членки на ЕУ како и низа трети земји кои се приклучија кон системот. Овој сертификат содржи информации за дози на вакцини, прележаност и резултат на ПЦР тестови.
Европската комисија смета дека сертификатот треба да се продолжи уште една година, поради фактот што постои ризик од повторно зголемување на бројот на заразени во втората половина од годината, како и можност за појава на нови соеви, изјави портпаролот Кристијан Виганд.

The post ЕК предлага едногодишно продолжување на дигиталниот ковид сертификат appeared first on Република.

]]>
Од денес нови Ковид протоколи во Германија и Шпанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-denes-novi-kovid-protokoli-vo-germanija-i-shpanija/ Tue, 01 Feb 2022 15:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=452571

Согласно препораките од Европската комисија, за влез во Германија, за граѓаните на Македонија ќе се применуваат следните препораки. Важноста на сертификат за вакцина со две дози од призната вакцина од ЕМА/Германија ќе биде 9 месеци/270 дена, наместо досегашните 12 месеци, и соодветно патниците при влез ќе треба да имаат ја имаат предвид важноста на нивниот сертификат со цел да не им биде одбиен влез.

Сертификат за вакцинација со 3 дози призната вакцина од Германија засега ќе имаат неограничена важност.

Во Шпанија, според новите правила, се прифаќаат потврдите за извршена имунизација со две дози вакцини од надлежните органи на Република Македонија, доколку се поминати 14 дена од датумот на прием на втората вакцина и доколку не поминале повеќе од 270 дена од датумот на прием на втората вакцина. По истекот на рокот од 270 дена, сертификатот за имунизација издаден од надлежниот орган на земјата на потекло мора да содржи доказ за прием на трета (booster) вакцина.

Шпанските власти соопштуваат дека влез со PCR или NAAT тестови ќе биде дозволен само за патници кои имаат соодветна шпанска виза или дозвола за престој во Шпанија. Сертификатите за имунизација со две вакцини кои не се признаени од WHO и ЕМА ќе се прифаќаат само ако третата примена вакцина е признаена од страна WHO и ЕМА.

The post Од денес нови Ковид протоколи во Германија и Шпанија appeared first on Република.

Италијанците намерно се заразуваат со коронавирусот за да поседуваат ковид сертификат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italijancite-namerno-se-zarazuvaat-so-koronavirusot-za-da-poseduvaat-kovid-sertifikat/ Thu, 27 Jan 2022 21:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=450440

Италијанците намерно се заразуваат со коронавирусот со цел да поседуваат ковид сертификат.

Се почесто се организираат забави со луѓе кои се позитивни на ковид, со цел да се заразат други и со тоа да се избегне вакцинација.

Италијанските медиуми јавуваат дека многу луѓе оставаат реклами на социјалната мрежа „Телеграм“, за да можат да се заразат со вирусот.

„Јас сум во околината на градот Агриџенто, итно барам лице кое е позитивно на КОВИД со паричен надомест“ или „ Живеам во Тоскана и сум позитивен“; „ Барам позитивна личност во Верона“; „ Барам некој да ме зарази, подготвен сум на се, плаќам, кој било дел од Италија“ итн.

Многумина се подготвени да платат за да се заразат, затоа што во последно време повеќето позитивни луѓе во Италија поминале со симптоми на блага настинка.

Италија од 1 февруари воведува нови ковид мерки. Многу од европските земји ги олабавуваат рестрикциите.

The post Италијанците намерно се заразуваат со коронавирусот за да поседуваат ковид сертификат appeared first on Република.

]]>

Италијанците намерно се заразуваат со коронавирусот со цел да поседуваат ковид сертификат. Се почесто се организираат забави со луѓе кои се позитивни на ковид, со цел да се заразат други и со тоа да се избегне вакцинација. Италијанските медиуми јавуваат дека многу луѓе оставаат реклами на социјалната мрежа „Телеграм“, за да можат да се заразат со вирусот. „Јас сум во околината на градот Агриџенто, итно барам лице кое е позитивно на КОВИД со паричен надомест“ или „ Живеам во Тоскана и сум позитивен“; „ Барам позитивна личност во Верона“; „ Барам некој да ме зарази, подготвен сум на се, плаќам, кој било дел од Италија“ итн. Многумина се подготвени да платат за да се заразат, затоа што во последно време повеќето позитивни луѓе во Италија поминале со симптоми на блага настинка. Италија од 1 февруари воведува нови ковид мерки. Многу од европските земји ги олабавуваат рестрикциите.

The post Италијанците намерно се заразуваат со коронавирусот за да поседуваат ковид сертификат appeared first on Република.

]]>
Во Итaлија на сила суперзелен сертификат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-italija-na-sila-superzelen-sertifikat/ Mon, 10 Jan 2022 17:04:11 +0000 https://republika.mk/?p=442699

Во Италија од денеска до завршување на вонредната состојба на 31 март ќе важи суперзелениот сертификат (сертификат за вакцинирани против коронавирус и оние кои прележале Ковид-19, но не и за тестирани со ПЦР или антиген тест) кој станува задолжителен за хотели и друго сместување, за прослави по верски или граѓански церемонии, за изложби, за конгресни центри, за отворени простории на ресторани, за базени, спортски сали, за групни спортови, за бањи, за културни центри, за социјални центри, за активности на отворено.

Од денеска суперзелениот сертификат во Италија ќе биде потребен за авиони, возови и траекти, како и за јавен превоз. Одредбата за домашниот транспорт предизвика загриженост кај жителите на малите италијански острови, за кои фериботите и авионите се единствената врска со копното.

По писмото до италијанскиот премиер Марио Драги од Асоцијацијата на општини на мали острови, Владата одлучи дека може да има исклучок од правилото. За патување до и од малите острови, ќе важи обичен зелен сертификат издаден и по ПЦР или антиген-тест за коронавирус, но само доколку целта на патувањето е од здравствени причини или обука.

The post Во Итaлија на сила суперзелен сертификат appeared first on Република.

]]>

Во Италија од денеска до завршување на вонредната состојба на 31 март ќе важи суперзелениот сертификат (сертификат за вакцинирани против коронавирус и оние кои прележале Ковид-19, но не и за тестирани со ПЦР или антиген тест) кој станува задолжителен за хотели и друго сместување, за прослави по верски или граѓански церемонии, за изложби, за конгресни центри, за отворени простории на ресторани, за базени, спортски сали, за групни спортови, за бањи, за културни центри, за социјални центри, за активности на отворено. Од денеска суперзелениот сертификат во Италија ќе биде потребен за авиони, возови и траекти, како и за јавен превоз. Одредбата за домашниот транспорт предизвика загриженост кај жителите на малите италијански острови, за кои фериботите и авионите се единствената врска со копното. По писмото до италијанскиот премиер Марио Драги од Асоцијацијата на општини на мали острови, Владата одлучи дека може да има исклучок од правилото. За патување до и од малите острови, ќе важи обичен зелен сертификат издаден и по ПЦР или антиген-тест за коронавирус, но само доколку целта на патувањето е од здравствени причини или обука.

The post Во Итaлија на сила суперзелен сертификат appeared first on Република.

]]>