сериски силувач Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seriski-siluvach/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Dec 2023 09:46:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сериски силувач Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seriski-siluvach/ 32 32 Го набљудува влезот во училиштето и чепка по контејнерот: Објавени фотографии од серискиот силувач во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/go-nabluduva-vlezot-vo-uchilishteto-i-chepka-po-kontejnerot-objaveni-fotografii-od-seriskiot-siluvach-vo-belgrad/ Mon, 18 Dec 2023 15:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=724346

Српскиот сериски силувач, Игор Милошевиќ кој годинава беше ослободен, е уапсен на Врачар во Белград, во близина на ОУ „Владислав Рибникар“ каде во мај годинава 13-годишниот ученик Коста Кецмановиќ изврши масовно убиство. Милошевиќ е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено држење наркотични дроги.

Блиц објави фотографии од неговото апсење, на кои се гледа како Милошевиќ со детски ранец на грб го внесува полицијата во автомобил. На Милошевиќ му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, по што ќе биде сослушан пред обвинителот.

Игор Милошевиќ беше пуштен од затвор на 20 септември минатата година по издржувањето на затворската казна, а десет дена подоцна беше уапсен под сомнение дека сторил дело загрозување на безбедноста.

Но, поради недостиг на докази тој беше ослободен од обвинението и од април годинава повторно беше на слобода. Милошевиќ помина 15 години во затвор поради серија силувања.

Станува збор за човек кој повеќе пати го повторувал кривичното дело силување. Тој беше апсен неколку пати и е многу опасен човек. Наводно почнал да злоставува на 14 години.

The post Го набљудува влезот во училиштето и чепка по контејнерот: Објавени фотографии од серискиот силувач во Белград appeared first on Република.

]]>

Српскиот сериски силувач, Игор Милошевиќ кој годинава беше ослободен, е уапсен на Врачар во Белград, во близина на ОУ „Владислав Рибникар“ каде во мај годинава 13-годишниот ученик Коста Кецмановиќ изврши масовно убиство. Милошевиќ е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено држење наркотични дроги. Блиц објави фотографии од неговото апсење, на кои се гледа како Милошевиќ со детски ранец на грб го внесува полицијата во автомобил. На Милошевиќ му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, по што ќе биде сослушан пред обвинителот. Игор Милошевиќ беше пуштен од затвор на 20 септември минатата година по издржувањето на затворската казна, а десет дена подоцна беше уапсен под сомнение дека сторил дело загрозување на безбедноста. Но, поради недостиг на докази тој беше ослободен од обвинението и од април годинава повторно беше на слобода. Милошевиќ помина 15 години во затвор поради серија силувања. Станува збор за човек кој повеќе пати го повторувал кривичното дело силување. Тој беше апсен неколку пати и е многу опасен човек. Наводно почнал да злоставува на 14 години.

The post Го набљудува влезот во училиштето и чепка по контејнерот: Објавени фотографии од серискиот силувач во Белград appeared first on Република.

]]>