сериозна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seriozna/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 13:57:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сериозна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seriozna/ 32 32 Состојбата на Фицо е стабилизирана, но и натаму е сериозна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sostojbata-na-fitso-e-stabilizirana-no-i-natamu-e-seriozna/ Sat, 18 May 2024 13:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=779554

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но и понатаму е сериозна, изјави словачката министерката за здравство Зузана Долинкова.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина испука во него неколку истрели од пиштол.

Долинкова објасни дека вчерашната двочасовна операција за отстранување на мртвото ткиво од повеќекратните прострелни рани, која ги зголемила надежите за негово закрепнување, „придонела за позитивната прогноза“ за Фицо.

Словачкиот вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак им изјави на новинарите пред болницата каде се лекува Фицо дека неговиот трансфер во главниот град Братислава од малиот град во областа, каде што беше застрелан пет пати нема да се случи во следните неколку дена.

Според вицепремиерот, не било потребно официјално преземање на функциите на Фицо и има одредена комуникација со него.

Напаѓачот денеска за прв пат се појави во судницата во Пезинок, гратче недалеку од главниот град Братислава. Судската зграда ја обезбедуваше маскирани полицајци вооружени со пушки.

The post Состојбата на Фицо е стабилизирана, но и натаму е сериозна appeared first on Република.

]]>

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но и понатаму е сериозна, изјави словачката министерката за здравство Зузана Долинкова. Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина испука во него неколку истрели од пиштол. Долинкова објасни дека вчерашната двочасовна операција за отстранување на мртвото ткиво од повеќекратните прострелни рани, која ги зголемила надежите за негово закрепнување, „придонела за позитивната прогноза“ за Фицо. Словачкиот вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак им изјави на новинарите пред болницата каде се лекува Фицо дека неговиот трансфер во главниот град Братислава од малиот град во областа, каде што беше застрелан пет пати нема да се случи во следните неколку дена. Според вицепремиерот, не било потребно официјално преземање на функциите на Фицо и има одредена комуникација со него. Напаѓачот денеска за прв пат се појави во судницата во Пезинок, гратче недалеку од главниот град Братислава. Судската зграда ја обезбедуваше маскирани полицајци вооружени со пушки.  

The post Состојбата на Фицо е стабилизирана, но и натаму е сериозна appeared first on Република.

]]>
Николоски: Планираме сериозна реформа во здравството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-planirame-seriozna-reforma-vo-zdravstvoto/ Fri, 15 Mar 2024 13:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=755151

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање од Прилеп во однос на состојбата во здравството и случувањата во Битолската и Прилепската болница истакна дека состојбата во здравството е катастрофална, постои криминал и незаинтересираност поради што пропаѓаат болниците но ВМРО-ДПМНЕ планира сериозна реформа во здравството, прво крај на криминалот и корупцијата и втор чекор регионализација и стимулирање на здравствените работници.

„Во однос на состојбата со здравството таа е катастрофална, гледам дека еден поранешен министер за здравство почна јако да се рекламира последните денови веројатно мисли дека граѓаните заборавија што се случуваше во неговиот мандат, кога Македонија за жал уриваше црни рекорди по смртност во делот на пандемијата со корона и кога освен гол пи ар не се правеше ништо друго гледам дека со исти гол пи-ар се продолжува и сега, наместо да се лечат пациенти и да се спасуваат животи со камери им се влегува на операција што е дно, нема збор да се употреби и една работа која што е прашање на етика и морал. Така што во такви услови состојбата во здравството е катастрофална поделена е на личен пи ар на огромен криминал и на незаинтересираност и затоа пропаѓаат и Битолската и Прилепската болница. Не е тука прашањето дали некој е виновен во Битолската или во Прилепската болница, во двете болници нема соодветни услови за да можат соодветно луѓето да се лечат во Пелагонискиот регион иако тука планираме една сериозна реформа која што почнува со првиот и едноставен чекор а тоа е да запре криминалот и корупцијата во здравството, второ е веќе да се оди кон регионализација и јасно утврдување на тоа што е потребно за секој регион за да има квалитетна здравствена заштита и секако стимулирање на здравствените работници затоа што сметаме дека е основно да се подобрат условите на здравствените работници како би можело да даваат подобри услуги на граѓаните“, нагласи Николоски.

The post Николоски: Планираме сериозна реформа во здравството appeared first on Република.

Лајчак: Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата на северот на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lajchak-vuchikj-ja-razbira-serioznosta-na-situacijata-na-severot-na-kosovo/ Wed, 14 Dec 2022 16:58:17 +0000 https://republika.mk/?p=585692

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја разбира сериозноста на ситуацијата на северот на Косово, изјави специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по денешната средба со него.

Денеска во Белград ја продолжив мисијата со средба со претседателот Вучиќ. Имавме отворен и искрен разговор за политичко решение кое ќе ги намали тензиите и ќе овозможи отстранување на барикадите (на северот на Косово). Тој ја разбира сериозноста на ситуацијата“, напиша Лајчак на Твитер.

Вучиќ и Лајчак прво разговарале приватно, а потоа им се придружил и специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Вучиќ по средбите изјави дека имал „искрен и коректен“ разговор со Лајчак и Ескобар.

Лајчак и Ескобар денеска пристигнаа во Белград по дводневната посета на Приштина, во екот на зголемените тензии на северот на Косово, каде Србите од 10 декември ги блокираа патиштата поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Вучиќ најави дека на 15 декември ќе побара од мисијата КФОР одобрение за враќање на српските сили на Косово. Вчера во Приштина Ескобар изјави дека САД „категорично ја отфрлаат и воопшто не ја поддржуваат“ можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово.

Највисоките претставници на Косово денеска во Приштина ја потпишаа апликацијата за членство во ЕУ и најавија дека утре ќе и ја предадат на Чешка, претседавач со Европската унија.

The post Лајчак: Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата на северот на Косово appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја разбира сериозноста на ситуацијата на северот на Косово, изјави специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по денешната средба со него.
Денеска во Белград ја продолжив мисијата со средба со претседателот Вучиќ. Имавме отворен и искрен разговор за политичко решение кое ќе ги намали тензиите и ќе овозможи отстранување на барикадите (на северот на Косово). Тој ја разбира сериозноста на ситуацијата“, напиша Лајчак на Твитер.
Вучиќ и Лајчак прво разговарале приватно, а потоа им се придружил и специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Вучиќ по средбите изјави дека имал „искрен и коректен“ разговор со Лајчак и Ескобар. Лајчак и Ескобар денеска пристигнаа во Белград по дводневната посета на Приштина, во екот на зголемените тензии на северот на Косово, каде Србите од 10 декември ги блокираа патиштата поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ. Вучиќ најави дека на 15 декември ќе побара од мисијата КФОР одобрение за враќање на српските сили на Косово. Вчера во Приштина Ескобар изјави дека САД „категорично ја отфрлаат и воопшто не ја поддржуваат“ можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово. Највисоките претставници на Косово денеска во Приштина ја потпишаа апликацијата за членство во ЕУ и најавија дека утре ќе и ја предадат на Чешка, претседавач со Европската унија.

The post Лајчак: Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата на северот на Косово appeared first on Република.

]]>