Серхио Перез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/serhio-perez/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Mar 2023 21:17:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Серхио Перез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/serhio-perez/ 32 32 Формула 1: Серхио Перез најбрз во Џеда https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/formula-1-serhio-perez-najbrz-vo-dheda/ Sun, 19 Mar 2023 21:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=621348

Серхио Перез ја искористи својата стартна позиција и дојде до победа на втората сезонска трка во Формула 1. Мексиканецот „леташе“ на патеката во Џеда со својот Ред Бул, па дојде до својата петта победа во кариерата.

Нова неверојатна трка имаше Макс Верстапен кој по катастрофата во квалификациите тргна од 15. место. Сепак, Холанѓанецот покажа зошто е шампион, бргу се проби низ поредокот и се позиционира зад водечките. Откако имаше и мала доза на среќа, Верстапен дојде на крајот до второто место зад тимскиот колега.

Главен предизвикувач на оваа трка му беше Фернандо Алонсо, меѓутоа само на старот. Шпанскиот возач со својот Астон Мартин успеа рано да го престигне Перез, а потоа темпото му беше пониско и не беше закана.

Зад водечката четворка финишира Луис Хамилтон, а по него следеше дуото на Ферари, Саинц-Леклер. „Црвените“ одново имаа проблеми, не ги посака среќата, но немаа ниту темпо за висок пласман. Во топ десет заврши и двоецот од Алпин, Окон и Гасли, пред Магнусен.

Нов катастрофален викенд имаше Мекларен кој е разочарување на сезоната, бидејќи Норис и Пиастри завршија при дното. Следната трка на календарот е на „Мелбурн Парк“ на втори април.

The post Формула 1: Серхио Перез најбрз во Џеда appeared first on Република.

]]>

Серхио Перез ја искористи својата стартна позиција и дојде до победа на втората сезонска трка во Формула 1. Мексиканецот „леташе“ на патеката во Џеда со својот Ред Бул, па дојде до својата петта победа во кариерата. Нова неверојатна трка имаше Макс Верстапен кој по катастрофата во квалификациите тргна од 15. место. Сепак, Холанѓанецот покажа зошто е шампион, бргу се проби низ поредокот и се позиционира зад водечките. Откако имаше и мала доза на среќа, Верстапен дојде на крајот до второто место зад тимскиот колега. Главен предизвикувач на оваа трка му беше Фернандо Алонсо, меѓутоа само на старот. Шпанскиот возач со својот Астон Мартин успеа рано да го престигне Перез, а потоа темпото му беше пониско и не беше закана. Зад водечката четворка финишира Луис Хамилтон, а по него следеше дуото на Ферари, Саинц-Леклер. „Црвените“ одново имаа проблеми, не ги посака среќата, но немаа ниту темпо за висок пласман. Во топ десет заврши и двоецот од Алпин, Окон и Гасли, пред Магнусен. Нов катастрофален викенд имаше Мекларен кој е разочарување на сезоната, бидејќи Норис и Пиастри завршија при дното. Следната трка на календарот е на „Мелбурн Парк“ на втори април.

The post Формула 1: Серхио Перез најбрз во Џеда appeared first on Република.

]]>