сергеј сухарјев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-suharjev/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Mar 2022 21:53:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сергеј сухарјев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-suharjev/ 32 32 Во Украина загинал уште еден висок руски офицер: Сергеј Сухарјев припаѓал на елитен падобрански полк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-ukraina-zaginal-ushte-eden-visok-ruski-oficer-sergej-suharjev-pripagjal-na-eliten-padobranski-polk/ Fri, 18 Mar 2022 21:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=475218

Еден од најдобрите руски падобранци загинал во Украина, објавува „Лондон Ивнинг Стандард“, повикувајќи се на украински медиуми. Смртта на Сергеј Сухарјев, од 331-от ударен полк од Кострома, ја потврди руската државна телевизија по известување на украински извори.

Сухарев даде изјава за руската телевизија во јануари годинава по враќањето од Казахстан. Тогаш овој елитен војник изјави дека нивната мисија на протестите во погодениот Казахстан била да го одржат мирот и дека неговиот тим ја штити клучната електрана во Алмати.

Како што информираат медиумите, покрај Сухарев, загинале и високиот наредник Сергеј Лебедев, офицерот Александар Лимонов, капларот Јуриј Дегтјаров и капетанот Алексеј Никитин.

„Би-Би-Си“ потсетува дека 331. Воздушно-десантен падобрански полк, командуван од командантот Сухарев, учествувал во чеченската кампања, како и во петдневната војна во Јужна Осетија во 2008 година.

Според украинските и западните медиумите, руските сили досега загубиле 13 високи офицери во Украина, меѓу кои и четири генерали.

На 2 март, беше единствениот пат кога Министерството за одбрана на Руската Федерација објави број на загинати војници во Украина. Според тогашната изјава, Русија до тој момент имаше загубено 498 војници, а 1.597 беа ранети.

The post Во Украина загинал уште еден висок руски офицер: Сергеј Сухарјев припаѓал на елитен падобрански полк appeared first on Република.

]]>

Еден од најдобрите руски падобранци загинал во Украина, објавува „Лондон Ивнинг Стандард“, повикувајќи се на украински медиуми. Смртта на Сергеј Сухарјев, од 331-от ударен полк од Кострома, ја потврди руската државна телевизија по известување на украински извори. Сухарев даде изјава за руската телевизија во јануари годинава по враќањето од Казахстан. Тогаш овој елитен војник изјави дека нивната мисија на протестите во погодениот Казахстан била да го одржат мирот и дека неговиот тим ја штити клучната електрана во Алмати. Како што информираат медиумите, покрај Сухарев, загинале и високиот наредник Сергеј Лебедев, офицерот Александар Лимонов, капларот Јуриј Дегтјаров и капетанот Алексеј Никитин. „Би-Би-Си“ потсетува дека 331. Воздушно-десантен падобрански полк, командуван од командантот Сухарев, учествувал во чеченската кампања, како и во петдневната војна во Јужна Осетија во 2008 година. Според украинските и западните медиумите, руските сили досега загубиле 13 високи офицери во Украина, меѓу кои и четири генерали. На 2 март, беше единствениот пат кога Министерството за одбрана на Руската Федерација објави број на загинати војници во Украина. Според тогашната изјава, Русија до тој момент имаше загубено 498 војници, а 1.597 беа ранети.

The post Во Украина загинал уште еден висок руски офицер: Сергеј Сухарјев припаѓал на елитен падобрански полк appeared first on Република.

]]>