Сергеј Наришкин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-narishkin/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Dec 2023 15:31:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сергеј Наришкин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-narishkin/ 32 32 Шефот на руското надворешно разузнавање: Треба да го спречиме надворешното мешање во претседателските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefot-na-ruskoto-nadvoreshno-razuznavane-treba-da-go-sprechime-nadvoreshnoto-meshane-vo-pretsedatelskite-izbori/ Fri, 29 Dec 2023 15:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=727994

Шефот на руското надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, во видео порака порача дека руските разузнавачи мора да вложат максимални напори за да спречат какво било странско мешање во претседателските избори во земјата, закажани за март следната година.

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на декември, пред воени офицери, обзнани дека повторно ќе се кандидира за функцијата. Путин, кој го наследи Борис Елцин на последниот ден од 1999 година, веќе има минато на чело на Кремљ повеќе од кој било друг лидер од Јосиф Сталин наваму, откако во меѓувреме ги надмина и 18-те години на чело на Русија на Леонид Брежњев.

Во новата година ќе има значаен политички настан - избори за претседател на Руската Федерација. Мораме да вложиме максимални напори за да спречиме можно надворешно мешање“, вели Наришкин во видеото пораката.

Путин ужива поддршка од исклучително висок процент руски гласачи - над 80 отсто. Според анкетите, актуелниот шеф на државата го обнови редот и поредокот во земјата и врати дел од влијанието што Русија го загуби за време на хаосот што го придружуваше распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

The post Шефот на руското надворешно разузнавање: Треба да го спречиме надворешното мешање во претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Шефот на руското надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, во видео порака порача дека руските разузнавачи мора да вложат максимални напори за да спречат какво било странско мешање во претседателските избори во земјата, закажани за март следната година. Рускиот претседател Владимир Путин во текот на декември, пред воени офицери, обзнани дека повторно ќе се кандидира за функцијата. Путин, кој го наследи Борис Елцин на последниот ден од 1999 година, веќе има минато на чело на Кремљ повеќе од кој било друг лидер од Јосиф Сталин наваму, откако во меѓувреме ги надмина и 18-те години на чело на Русија на Леонид Брежњев.
Во новата година ќе има значаен политички настан - избори за претседател на Руската Федерација. Мораме да вложиме максимални напори за да спречиме можно надворешно мешање“, вели Наришкин во видеото пораката.
Путин ужива поддршка од исклучително висок процент руски гласачи - над 80 отсто. Според анкетите, актуелниот шеф на државата го обнови редот и поредокот во земјата и врати дел од влијанието што Русија го загуби за време на хаосот што го придружуваше распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

The post Шефот на руското надворешно разузнавање: Треба да го спречиме надворешното мешање во претседателските избори appeared first on Република.

]]>
Русија тврди: Полска во соработка со САД подготвува план да преземе дел од територијата на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-tvrdi-polska-vo-sorabotka-so-sad-podgotvuva-plan-da-prezeme-del-od-teritorijata-na-ukraina/ Fri, 29 Apr 2022 07:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=495055

Директорот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, ги обвини Вашингтон и Варшава дека разработуваат планови за воспоставување воено-политичка контрола на Полска врз нејзините „историски територии“ во Украина.

Тоа е, всушност, обид да се повтори историскиот „договор“ за Полска по Првата светска војна, кога Западот, претставен од Антантата, го призна правото на Варшава прво да окупира дел од Украина за да го заштити своето население од „болшевичката закана“, а потоа да ги вклучи тие територии во рамки наполската држава.

Настаните што следуваа станаа јасна илустрација на колонијалниот поредок и принудната полонизација како основни методи за изградба на „Голема Полска -истакна Наришкин.

Како што објасни Наришкин, првата фаза на „повторното обединување“ треба да биде влегувањето на полските трупи во западните региони на Украина под слоганот за нивна „заштита од руска агресија“.

Модалитетите на претстојната мисија во моментов се разговараат со администрацијата на Џо Бајден. Според прелиминарните договори, таа ќе се одвива без мандат на НАТО, но со учество на „расположени држави“. Варшава досега не успеа да постигне договор со потенцијални членови на коалицијата, нивни истомисленици - вели Наришкин.

Според него, полските разузнавачки служби бараат претставници на украинската елита со кои ќе можат да се договорат за формирање на т.н. демократска противтежа на неонацистите, кои би биле ориентирани кон Варшава и кои би ги поддржале плановите на Полска да распореди војници во западна Украина.

Според пресметките на полската администрација, превентивната консолидација на западот на Украина најверојатно ќе доведе до распаѓање на земјата. Во исто време, Варшава суштински ќе добие контрола над териториите каде што ќе влезат „полските мировници“ - истакна Наришкин.

Како што наведува тој, планирано е „мировниот контингент“ на Полска да биде распореден во оние делови на Украина каде што опасноста од директен конфликт со руската армија е минимална.

The post Русија тврди: Полска во соработка со САД подготвува план да преземе дел од територијата на Украина appeared first on Република.

]]>

Директорот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, ги обвини Вашингтон и Варшава дека разработуваат планови за воспоставување воено-политичка контрола на Полска врз нејзините „историски територии“ во Украина.
Тоа е, всушност, обид да се повтори историскиот „договор“ за Полска по Првата светска војна, кога Западот, претставен од Антантата, го призна правото на Варшава прво да окупира дел од Украина за да го заштити своето население од „болшевичката закана“, а потоа да ги вклучи тие територии во рамки наполската држава.   Настаните што следуваа станаа јасна илустрација на колонијалниот поредок и принудната полонизација како основни методи за изградба на „Голема Полска -истакна Наришкин.