Сергеј Михајлович Пинчук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-mihajlovich-pinchuk/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Feb 2024 09:29:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сергеј Михајлович Пинчук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-mihajlovich-pinchuk/ 32 32 Значајна смена во руската морнарица: Црноморската флота доби нов командант https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/znachajna-smena-vo-ruskata-mornaritsa-tsrnomorskata-flota-dobi-nov-komandant/ Fri, 16 Feb 2024 16:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=742966

Руското раководство донесе одлука да го смени адмиралот Виктор Соколов од функцијата командант на Црноморската флота. На негово место е назначен Сергеј Михајлович Пинчук.

Тој е роден на 26 јули 1971 година и е офицер на руската морнарица. Во моментов има чин вицеадмирал и досега беше заменик командант на Црноморската флота.

Во февруари 2014 година, Пинчук беше унапреден во контраадмирал, а во септември 2014 година почна да студира на Воената академија на Генералштабот на руските вооружени сили.

Пинчук дипломира на академијата во 2016 година, а во јули истата година е назначен за вршител на должноста командант на Касписката флотила, а на функцијата бил потврден на 20 септември. На 18 февруари 2021 година, тој е унапреден во чин вицеадмирал. На 9 мај 2021 година, Пинчук е назначен за заменик врховен командант на Црноморската флота.

Претходниот прв човек на Црноморската флота, адмирал Соколов ја извршуваше оваа функција од 14 август 2022 година, заменувајќи го адмиралот Игор Осипов, под чие раководство руската Црноморска флота го загуби разурнувачот „Москва“.

The post Значајна смена во руската морнарица: Црноморската флота доби нов командант appeared first on Република.

]]>

Руското раководство донесе одлука да го смени адмиралот Виктор Соколов од функцијата командант на Црноморската флота. На негово место е назначен Сергеј Михајлович Пинчук. Тој е роден на 26 јули 1971 година и е офицер на руската морнарица. Во моментов има чин вицеадмирал и досега беше заменик командант на Црноморската флота. Во февруари 2014 година, Пинчук беше унапреден во контраадмирал, а во септември 2014 година почна да студира на Воената академија на Генералштабот на руските вооружени сили. Пинчук дипломира на академијата во 2016 година, а во јули истата година е назначен за вршител на должноста командант на Касписката флотила, а на функцијата бил потврден на 20 септември. На 18 февруари 2021 година, тој е унапреден во чин вицеадмирал. На 9 мај 2021 година, Пинчук е назначен за заменик врховен командант на Црноморската флота. Претходниот прв човек на Црноморската флота, адмирал Соколов ја извршуваше оваа функција од 14 август 2022 година, заменувајќи го адмиралот Игор Осипов, под чие раководство руската Црноморска флота го загуби разурнувачот „Москва“.

The post Значајна смена во руската морнарица: Црноморската флота доби нов командант appeared first on Република.

]]>