сергеј гуриев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-guriev/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Oct 2022 15:55:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сергеј гуриев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-guriev/ 32 32 Руски економист: На Путин му снемува пари за неговата војна, претстои „невидено лоша ситуација“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-ekonomist-na-putin-mu-snemuva-pari-za-negovata-vojna-pretstoi-nevideno-losha-situacija/ Tue, 11 Oct 2022 16:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=559762

Познатиот руски економист, Сергеј Гуриев, кој е поранешен главен економист на Источноевропската банка за развој ЕБВР, вели дека претседателот на Русија, Владимир Путин, ја ставил економијата во „невидено лоша ситуација“.

И покрај високите цени на нафтата, земјата е во рецесија - вели тој за германски „Ханделсблат“.

Според Гуриев, војната и западните санкции ја втурнале Русија во длабока криза.

Актуелниот ректор на елитниот универзитет Сајнс По во Париз, вели дека наместо економски раст од три проценти, што се очекувал на почетокот на годината, бруто домашниот производ (БДП) најверојатно ќе падне за шест проценти. Гуриев предвидува и „огромен пад на руската економија“.

Во март, веднаш по воведувањето на санкциите по руската инвазија на Украина, во Русија владееше „тотална паника“. Сепак, Централната банка на Москва беше во можност да преземе решителни чекори за да се спротивстави на ситуацијата. Во тоа време, руската економија можеше малку да закрепне главно поради фактот што само САД, но не и ЕУ, воведоа строги санкции против купувањето на руски енергенси. Но, со европското ембарго за нафта и забраната за купување руски нафтени деривати, главниот извор на приход на Русија ќе биде сериозно ограничен во иднина - вели Гуриев.

Тој додава дека руската индустрија е исто така тешко погодена од ембаргото за увоз, особено на високотехнолошки производи.

Овој увоз е преполовен, а сега има недостиг од градежни материјали и резервни делови, технологија и капитал во сите области на многу сектори. Западот мора да биде многу внимателен да не ги заобиколи санкциите: Доколку санкционираните стоки стигнат до Русија преку Турција или Кина, земјите извознички мора да подлежат на строги казнени мерки - објаснува економист.

Според Гуриев, санкциите влијаат и на опремата на руската армија.

Бидејќи руската индустрија повеќе не може да ги набавува потребните високотехнолошки компоненти, Русија повеќе не може да произведува напредно оружје. Наместо тоа, Путин мора да ги „отпакува старите, конзервирани тенкови од советската ера - вели економистот.

Тој објаснува дека пред се, недостасуваат чипови од Тајван, специјални челици од Германија и мотори од Франција.

Значително настрада и рускиот буџет. Само во јули недостасуваа 900 милијарди рубљи (15,2 милијарди евра) или осум отсто од БДП - заклучува Гуриев.

The post Руски економист: На Путин му снемува пари за неговата војна, претстои „невидено лоша ситуација“ appeared first on Република.

]]>

Познатиот руски економист, Сергеј Гуриев, кој е поранешен главен економист на Источноевропската банка за развој ЕБВР, вели дека претседателот на Русија, Владимир Путин, ја ставил економијата во „невидено лоша ситуација“.
И покрај високите цени на нафтата, земјата е во рецесија - вели тој за германски „Ханделсблат“.
Според Гуриев, војната и западните санкции ја втурнале Русија во длабока криза. Актуелниот ректор на елитниот универзитет Сајнс По во Париз, вели дека наместо економски раст од три проценти, што се очекувал на почетокот на годината, бруто домашниот производ (БДП) најверојатно ќе падне за шест проценти. Гуриев предвидува и „огромен пад на руската економија“.